Ме нервираат луѓе кои не се разбираат од збор, кога ќе му речеш на некој дека не излегуваш или не сакаш нема шо да инсистираш, да напнуваш, да не се разбирало.
Кога се возам со лифт, мора, ама мора да ми се случи три-четри пати да го стиснам копчето за спратот кај шо сакам да одам. Како да ако го повикам повеќе пати, побрзо ќе стигне..
Цела недела турбо ми помина. Ги положив испитите, сега уште најтешкиот остана. Односно предметов не е вооопште тежок, ама професорката е ептен тешка. Ама сега само ми останува да се молам на Бога и да имам среќа тој ден. Патем одозгора на ова, цела недела труп настината бев. Скоро две години не сум веќе на терапија, подобро дишам т.е подобрена ми е состојбата, а сега поради обичнава настинка повторно не можев до воздух да дојдам. Сума сумарум денес си го видов бебушот мал Тоа мало ангелско лице, само што го видов ми помогна да заборавам и на испитот и на болеста за момент. Сонце тоа на дада Едвај чекам да си го гушкам П.С какво е буцлесто, абе образи што да ви кажувам
Сдк i don't to live on this planet anymore Седеjки на тераса загледав едни дваjца мажи излегоа од кола и на тротоарот оставиjа една кутиjа одозжора отворена. Се провртеа уште малку и си отидоа. Прво што помислив беше дека се кучинjа или мачинja штотуку родени и оставени така. Ми падна жал што да им правам, а веке имам една мачка дома. А пак каj да ги носам воова време. И решив ке се симнам да видам што е. Со тешко срце идев накаj кутиjата надеваjки се дека не се животинчинjа. Не беше ништо помалку ни повеке туку ГУБРЕ. Па добро на сто метри од кутиjата има контеjнери. Раце нема да ви паднат ако отидете до контеjнерите.
Се повеќе ми се згадува од женскиве што ги гледам во последно време. Од изглед, од понашање, од преправање и глупирање. Понекогаш ми е срам што сум женско и што сум во нивна близина.. Нит женственост, нит нежност. Ништо!
Зошто животот мора да е волку суров? Зошто вистинските вредности на човештвото исчезнаа? Зошто во оваа проклета држава сè e преку врски? А што е со оние кои навистина се трудат? Што со нив? Зошто оние луѓе што не треба да успеат нешто секогаш успеваат? Зошто луѓето се толку лицемерни? Зошто...? Простете, пред еден месец тотално се разочарав од она што ми се случи, едноставно не можам да се помирам, немав на кого да кажам па си реков тука ќе се обратам. Добра ноќ на сите.
Затоа што за љубовта треба храброст. Лесно е да се заљубиш, но не и да останеш заљубен. Имајте мирна и спокојна ноќ.♥
оу да се пуштам на форумов после десет години хуапуахуахауахауаха романтика лвл бројче: тој *ме разлигавува сред чело* тој: знаеш што значи кога машко ќе ја баци девојката во чело? јас: што? тој: дека ја заштитува (љољ) јас *го бацувам сред чело ко баба да сум му* јас: знаеш што значи кога женското ќе го баци машкото у чело? тој: што? јас: ништо бахабахаба позич отидов на чај со папата
Чувството кога ги направиш првите три чекора... и се превртуваш во неизвесност. Да и нормално после тоа да се дешава нешто било што, но не неизвесност. Зборот ми беше, немам нерви за чекање!
Јас неможам да сфатам зошто ги користат на форумов (мислам дека во темата "Фемина Инстаграм" приметив)
Филингот кога кафето си го правиш мераклиски како што го обожаваш, со цел да се дружите во текот на ноќта, и после првата голтка, ајде уште една голтка, и има што да се види : - Една голема црнчуга си пливаше, очигледно си се замислуваше дека е Клеопатра па ајде во млеко да се бања т.е кафе млеко
Истрчани 5 км за 23 минути и 48 секунди. Малку се изненадив што два пати се одморав по 2 минути, али не сум баш подготвен моментално. Барем за 20 мислам дека можам да истрчам. Сеа чекам фотки да видам дали ме слика некој
Иако не умеам баш со неделите, ќе се обидам и денес да ја пронајдам мотивацијата за подобар и посветол ден Животот ни е непроценлив дар кој треба да го искористеме секогаш до максимум, има и светлини и темнини, но треба секогаш да се трудиме да живееме за светлините и најнепроценливите мигови, а темнините и суровоста се моменти кои никогаш не би не убиле, туку напротив секогаш не направиле посилни. Уживајте и живејте за сето она што ве исполнува како целина, љубете неизмерно и препуштете им се на чуствата, дружете се и најважно секогаш насмејте се од срце.... животот не е лесен, но зависи од нас самите како ќе си го скроиме теркот кон живеачката. Пријатен ден
Каде ќе ги собере тие 18 000 Цецини љубители, врска немам. Дојдов, јадам пастрамалија и се враќам во Скопје за спас. Како и се дава пари за таа, е друго што не ми е јасно кога веќе не знам колку време се мачиме и собираме донации за млади луѓе од потреба. Ама не, некоја кафанска певаљка мора да ги усреќи несреќниве. Друго, моето маало 85% е вмровско. За овој градоначалник, гласав и јас и мојата фамилија и покрај толку гласови, ние живееме во темнина. (прекрасна симболика!) Сакам ѕвезди, ама не се гледа бре каде одам. И толку многу мои соседи профитираа и си се сместија на удобна фотелја поради нашиот глас, а на никој да не му текне да се среди ова осветлување. Што е најинтересно, ако се запне и ќе биде, ќе ни донесат некоја бандера. Ама не, сите игнорантни суштества. И јас само хејтам по другари и по социјални мрежи и ништо не правам. Така и во државава, и секаде.
Смешни ми се тие девојки што уште од мали главна цел им е да се мажат за богат. Уште во прво одд. ги гледа машките кој какви патики и алишта носи, и одма му се лепи до тој со најнови нешта на него. За другарки ги бира тие што носат најнови фустанчиња, ранци и имаат секаов вид на боици, фломастери, пенкала, тетратки. Обично на почеток им служи како потрчко. Им купува јадење, им дава секој ден комплименти, им пишува домашна, им го лиже газот...само да се вклопи во тоа друштво. После кога ќе ја прифатат во друштвото, нејзините дома мора да подигнат кредит само за да и купат едни патики, или фармерки ама битно ќеркичката е во кругот на богатите. Истото продолжува во текот на целиот живот...се дружи со богати, за да запозне богат и да се мажи за него. Сите во друштвото на маса пушат marlboro, возат џипови, ауди, кабриолети, имаат ајфони какви што уште никој нема во Европа...а таа седната помеѓу нив ко некој партал со блуза купена од шутка, и фармерки купени од Еуро Азија, на попуст за 100 денари... Куќата секој момент ќе и се распадне на глава, татко и по 18 саати на ден работи, мајка и исто така, едвај колку леб да извадат ама битно е дека таа се "дружи" со видни луѓе. Не и е битен факултетот, кариерата, ништо не и е битно само цели кон богат дечко. На некоја и успева тоа, а некоја си останува на улица. п.с. Пред малку пуштен ми беше тв на канал5 и нормално ко секогаш има Македонси народни приказни. Мислам секоја граница ја претераа луѓево, бетер од индиска серија ги направиле приказните. Гледам двајца заврзани во рацете, нозете, седнати на столчиња во штала, помеѓу нив сено и демек беа киднапирани или не знам што правеа така...чекај стварно? Приказна е или акционен филм? Ајде уште зомбиња сега да се појават.... абе, едно нешто не прават ко што треба во државава. Колку беа убави порано приказните со Колозови, Тодоровски, Петрушевски, Бараков и останатите...а од сегашниве приказни, Бандини може го*на да јаде
И' пишувам во порака на фб среќен роденден,ми враќа пиши ми на timeline сите да видат..Ни фала ни ништо Толку ли е битно да има повеќе честитки на ѕид?