Козметиката ја сметаат за луксуз, а нели луксузот се плаќа Многу мои пријателки се жалаат дека многу пари им земале кога оделе на козметичар...па мене не ми е јасно и еве јавно прашувам..-кога закажувате термин за депилација, нокти, шминка...не прашувате колку чини ??? Јас си прашувам...колку ќе ми кажат толку си носам.... П.С. Извини што реплицирам, знам дека не е на место, ама за да се надоврзи муабетот..
Да си се самоцитирам со дополнување. Фото сесииве од Екстрим Интимо се ужас над ужасите. Овој пат, за да се дополни впечатокот, не пропуштиле да и’ облечат и чевли на пижамите. Па и подобра фризура, појака шминка, прстени, и хулахопки... I can't even...
СДК - Пред да тргнете да ја барате среќата проверете!! може веќе сте среќни. Среќата е мала обична и незабележителна, па многумина неможат да ја видат.
Отсекогаш сум била убедена дека сме премногу различни со сестра ми, не само физички, туку и карактерно. Ама ете, има некои моменти кога потполно исто размислуваме, иако не сме свесни за тоа. Денес резервирам карти за во кино и дознавам дека и сестра ми пред неколку дена резервирала за да оди. Во ист ден, за ист филм, во ист термин, во иста кино сала, во ист ред. И седи до мене!! Се наежив! Ниту јас знаев дека ќе оди, ниту таа знаеше дека јас ќе одам, ниту пак сме зборувале претходно за филмот. Ама добро е што си кажавме, барем да одиме со иста кола и да не ни биде total surprise кога ќе се видиме таму
Лесни и едноставни чекори се пуштаат на подот кога душата сака да танцува во облаците. Низ свежината на воздухот струјат музички акорди како опојна напивка на задоволството. Здравица за успех и рој насмевки ја сочинуваат глатката атмосфера. Стилизирана силуета со наметка на расположение го запира здивот и го заробува погледот. Слатки движења во облик на одмереност наградени со громогласен аплауз се издигаат над бранот свежина. Мирис на гордост ја полни секоја клетка. Ѕвездите ги склопиле очите и го сонуваат сонот. Дождецот како редок посетител тропнува над секоја стреа. Ги измива матните ноќи и се збогува со раната мугра. Чисти, тивки и на моменти бескрајно долги сеќавања се ткаат во молчаливите денови обоени со кадифени тонови. На прагот на таинствена меланхолија. Есен во прегратката...
Како може едена тинејџерка да живее со толку злоба во себе и да мисли дека тоа е правилно и дека е точно така таа како ке каже ,оооо боже дајми памет мирна да останам спрема неа
Мoдернo ли е шетaњетo пo улици без грaдник? Ај и некaкo девoјки oд 20 гoд., aмa "гoспoѓи" oд 35+....некaкo не ми држи вoдa.
не ми се верува дека сме почнале а јас случајно дојдов чисто да проверам ситуација а кога таа од студентски прашања не ви е готов индексот јас добро бе луге па две недели поминаа да не некој за инает не сака да ми удри печат и да ми се потпише а кога видов една поранешна колешка што фуфа станала или била му се доближи на еден тип на прозорецот на колата ко последна ороспија се секавам кога бевме на факс (дремеа на кафе со тој тетовскиот живец и маалски финти) ко демек јас манекен па сликај ме па допри ме и на крај таа сигурно дипломирала а јас се отпишавкаде отиде светов ама јас сум девојче од пристојно семејство кое го знаат сите(цело маало) и не ми доликува таков односување а да не ви кажувам дека половина Тетово ми се роднини
СДК ... моментите кога ќе си угодиш сам на себе, дали е тоа со фина храна, или чашка вино и друг пијалок, со читање книга, испиена шоља кафе, позитивен разговор со драги луѓе ... или добар шопинг, несебично подадена рака или пак внимание на некого, релаксирање на места каде се наоѓа мирот ... Поминати убави моменти со личноста која ви значи ... Тие се важни во животот. Немаат цена, ама имаат вредност.
Уште ова мислев нема да го видам по улици, ама ете и тоа се деси да видам како на човек што проси му даваат пари и се сликаат со него како му ги даваат... Беа повозрасни мажи, ваљда македонци од странство (по табличките на кола), застанаа и му дадоа 20 евра...јак курац што му дале еј ајде да се сликаме Мене почна да ме пука туѓ срам....20 евра за нив се ко 20 денари за нас, не знам зошто толку се прават глупи со сила. Па уште му кажува еве ти пари купи си фармерки, блуза подебели за да се стоплиш..добро тој ако нема пари не е глуп, сам знае што му треба...а ако сакаш да му помогнеш тогаш помогни и замини. Мора да се сликаш? Мора да му кажуваш што да купи? На почеток мислев само ќе се слика и нема да му ги даде парите, ама среќа му ги остави. И баш ме интересира каде ќе ја остави сликата? На фб? На инстаграм? 20 евра му дал, ти се чини животот му го спасил веќе Да, за тој што просеше вреди секој денар ама што мора до толку да го понижува, да се слика... Ако имаш пари, ако имаш можност помини покрај него остави му ги парите и речи му со здравје нека си ги троши...доволно е тоа, а не да се сликаш, да изигруваш мајмун и да му кажуваш што да прави со парите. Знаеме, многу сте хумани п.с. Вчера ми пиша братучетка ми од Швајцарија на вибер (после 4356 год), за денес да сме се виделе на скајп, кое време од прилика да се укл .....................ииии скајпот се распадна Кога не оди, не оди...
Lugenca mili ne ve zaboravam,patem jas sum dobro,kako Feniks sum ajt da ve ostavam vo dobro zdravje i pravete sto ke pravite ama so um,sekoe dobrodo naredno citkanje.. p.s mi falite site,ova od srce ne e ironicno kazano
Од проблеми во животот, возење секој ден со автобус. Луѓево ко стоки се бутаат у автобус, пензионери ќе те убијат за место, а често и одвратна миризба има во автобуси, па посакуваш што побрзо да се симнеш. Капак на сето ова е да треба да менуваш 2 автобуси. Ова е само дел од секојдневните проблеми. Друг проблем е ако врне или пак е ладен т.е зимски период и немаш кола, па чекаш автобус, па мрзнеш. Еве денес затоа што чекав 30 минути осеќам дека се тресам, најверојатно ќе дигнам температура. Фала ти животе, фала ти.
Си правиш сајт, плукаш по се живо и лапаш 198 000 долари. Не, господа, работа, шлапање по интернет ви носи богатство. Алапачење за Министерство за џус, демек, проверка на факти,а го мрзи газот да го дигне да прочита, заработувал илјадници за алапачење. https://www.usaid.gov/news-informat...ndependent-media-macedonia-project-media-fact Ај некој нека ги замоли, ние ке плукаме по се живо, вака седнати удобно во фотељите,ќе викаме никој не чини, и ќе лапаме по околу 1000 долари месечно. Знаете, еден ден овие сите „независниве“ ќе покажат за колку пари се продале, бидејќи парите не им одат на име, туку на име на некоја „маркетинг“ агенција каде се програмски директори или одржувачи на веб сајт, ама ќе се појават парите, ќе се види за колку пари навредуваат се што е македонско. Филип Развигор зема илјадници на ден... А некој ќе мисли загрижен, па му верува. Некој да не сака за малце поише пари да напраиме сајт Уа Влада, да лапаме и ние вака пари? Кога може Филип, можеме и ние.
I'm in! Aко критикуваме, немам проблем да земам пари. Мислам, без притисок да фалиме некого. Проблем е да се продадеш за нешто вакво. Шала на страна, многу е потребен еден ваков сервис за проверка на медиуми. Некои од рецензиите се всушност добри. Кога би се држеле на целта да бидат независни и да ја проверуваат секоја сомнителна вест, би ги заслужиле парите. Во некој замислен свет.
премногу сум емотивна... уствари јас сум тажна... зошто конечно не го добијам тоа што сакам? Дете, да јас сакам едно мало бебе што мислам дека ќе ни го промене животот. Толку.
Гарант и ја сум ти роднина некоја П.С да не бидам офф, сдк дека како што минува секој час, минута, секунда, се повеќе и повеќе ме фаќа страв за испитот. Се надевам дека ќе положим, ама сепак сум спремна на се, зошто професорката е терсене, зависи како ќе и се погоди денот. Дефинитивно ќе ми треба многу среќа за утре, така да луѓенца држете ми среќа Имајте убава ноќ