Zar ima lugje koi se sramat od svoeto poteklo? Jas sum sesute stapisana od eden razgovor vcera. Ako si roden vo Germanija, toa ne te pravi germanec. Bez razlika kade i da si vo svetot, od svoite koreni ne mozes da izbegas. Vtoro, vregjanje na nekoj narekuvajki go neobrazovan (zatoa sto ti si zavrsila fakultet, a toj sredno). Epa eve edna novost za tebe. Ima mnogu sto zavrsile, magistrirale, diplomirale, doktorirale, pa ne maftaat so svoite diplomi. Prazni razgovori od tipot jas ova, jas ona .. Mislam, who cares ? Omalovazuvanje na lugje koi ziveat vo pomali gradovi. Pa tvojot demek metropola nekoja e. Abe ne gi mozam vakvite lugje ama ic.
@Minnie 1 па кога ќе и чујам оние од помалите места во Мкд како се трудат да зборат ,,скопски,, , да употебуваат жаргони кои не се својствени за нивниот крај, ми се повраќа Доволно е да збориш литературно. Кријат дека се од на пр. Неготинско село... Што има лошо во тоа ??? Се чувствуваат инфериорни кога се во друштво на т.н. Скопјани (иако се помалку ги има во Скопје) па изводат бесни глисти. Значи постојат луѓе кои се срамат од своето потекло. Сами себе се омаловажуваат со тоа.
По дома збориме тетовски. Исто зборам тетовски после неколку чашки алкохол. Срамење од потекло, како не.
Тоа ти се ликови со комплекс на ниска вредност, немаат со што да се докажат па единствена опција што им преостанува е да мислат дека ако живеат во главниот град се мн попривилегирани од останатите. Страшна работа се искомплексираниве, што подалеку од такви луѓе.
Можеш да видиш колку е погрешно општеството по тоа што женењето им е тренд. Тренд е селфито, по таа нивна логика бракот е еднаков на едно селфи. Немам ништо против склучување брак, но сум против бидејќи го прават само затоа што другарите се ожениле, затоа што го прават заради другите, заради некој притисок, заради тоа што постојано им велат, ајде кога вие, само затоа што everyone else did. Невермајнд, секој со својот живот
Денес нели 22 септември: Светски ден без автомобили и се организираше до Школка возење со велосипеди или пак пешки идење, највеќе беа ученици од средно. Поштено сум си идела 10км пешки, ај добро е за слабеење, па на враќање трчање по автобус. Секој пат си викам нема да трчам по автобус ама не знам кого лажам, себеси најверојатно. Од сите средни училишта бевме по неколку деца, се влечеше како лотарија и точаци беа награди и имаше кациги мислам исто награди ама на крај си отидов, па не видов шо делеа. Се утепаа за велосипед да добијат, вриштење, урлање, бирање кој да го земат, си викам замисли нешто друго беше награда ќе ме прегазеа со точак на лице место. Искрено отидов на ова само затоа што сум ослободена од часови после. Секако дека од 2900 броеви нема јас да добијам точак, па не ни очекував нешто ама седев ете колку да се каже дека сум била. Слободен ден, јес, отидов да се релаксирам гледајќи некој филм.
5 години ве дружам, се чувствувам ко да ми е роденден. Ке частам после 12, оти сепак утре е 23ти септември, а од поклони.... сакам само Михајло да ми го среди проблемот со лозинката Другото можам сама.
Денешна љубовна идила.... ....Одат гушнати, од време на време се бацуваат и тој во рака држи стап за селфи и се сликаат...
Значи од такт може да ме извади кога некој демек на шала ќе ти префрли нешто, а ако ти тоа им го направиш носот одма во вис и лути се. Епа драги мои мора да се навикнете дека нема сите да ви траат има и такви што ќе ви вратат на ''шалата"
Постојат моменти во животот кога едноставно треба да се откажеме. Ги почитувам оние личности кои се борат до последен миг да ја остварат замислената цел, но дали секогаш вреди? Дали вложеното време, напор, труд, трпение, се доволни? Зошто покрај сите напори целта, сепак е предалеку? Не секогаш настаните се одвиваат онака како што ние би сакале. Работите си имаат свој тек, истите не зависат само од нас, туку индиректно се провлекуваат и одлуките на целиот свет. Понекогаш е потребно да се оддалечиме и со ладна глава да резонираме. Можеби нашата енергија би требало да ја насочиме кон нешто продуктивно, нешто позитивно, па макар се вратиле и неколку скалила назад. Не би требало само највисоките цели да предизвикаат среќа и чувство на исполнетост. И малите работи предизвикуваат насмевка, се што треба да направиме е да погледнеме од друга перспектива.
Имам толку многу потиснати чувства, емоции, сеќавања кои често знаат да испливаат на површина, и да не ме остават на спијам. Уште од многу мала се собирам во себе, ретко искажувам чувства во јавност. Имав 7 години кога мајка ми итно беше однесена во болница во Скопје. Мораше да се прави операција и ја задржаа околу 2 недели...постоеа мобилни ама беа скапи и ние уште немавме, па така да ја немав ни видено, ни слушнато 2 недели... Преку ден се правев дека ништо не ми е, а секоја вечер пред да легнам плачев. Многу ми недостигаше, ама пред никого ни кажав, ни плачев. Нормално дека татко ми сам ме имаше приметено дека ми е тешко и често ми раскажуваше приказни од неговто детство, а знаеше и баба ми често да се замеша со некоја анегдота...едвај чекав да излезат од соба и да плачам. Ми кажаа дека за некој ден требаше мајка ми да си дојде дома, малку се расположив, си гледав тв и случајно на програма начекав кај што пее Тоше. Го попуштив малку гласот на тв и почнав да си потпевнувам, одеднаш зад мене ми дојде баба ми и почна да ми се дере. Мајка ми била во болница, а јас сум пеела...што ќе рекле комшиите? Дека забава дома сме правеле? Се тоа помина. Се врати мајка ми, се уште никој не знае како ми беше тешко, и кои чувства ги имав тогаш. Следното лето татко ми го викнаа да оди во војната, во Тетово. Мала бев и не знаев што точно се случува. Татко ми не е ни полицаец, ни војник па така ми беше многу чудно што бара таму. Еден ден дознавме дека еден бил погинат, баш во групата кај татко ми. Мајка ми истрча пред врата и седна на скали, а по неа трчаше баба ми со апче и блага вода. Јас го стегав силно рачето на брат ми (кој имаше 2 години) и бев подготвена на се.....но....друг бил човекот што загинал, друг невин човек што оставил сирачиња. Еден обичен летен ден си седев во двор и одеднаш по улицата видов човек како доаѓа. Кога дојде поблиску сфатив дека е татко ми. Почнав боса да трчам по цела улица, му се фрлив во прегратка а тој силно ме гушкаше и плачеше. На прозор стоеше една комшивка, гледаше во нас и таа плачеше. Таа слика никогаш нема да ја заборавам. Помина и тоа.... Следното лето почина дедо ми. Најдобриот човек на планетава. Цел свет ми се сруши. Мајка ми само ми кажа дека бил болен и секој момент ќе починел, па сите заминаа таму...тоа беше се, никој не ме праша како сум ни за време на погребот, ни после тоа....сите чувства ги потиснав во себе, се правев силна.... Инаку во принцип имав срќно и исполнето детство. Бев весело, ведро дете што по цел ден си играв надвор. Имав многу другари од сите улици низ маалото и ретко се прибирав дома, ама ете овие моменти оставиле силен впечаток кај мене, што не ме оставаат да спијам.
значи пред малку го гледав видеото со новинарката што го сопнува таткото кој го носи детето и бега од сирија и се запрепастив ејјј какви луѓе постојат без душа без малку човечност пууу срам нека и е ..Кај отиде светов и паметот на луѓето
Добро што им е на луѓето што ќе направат се за да те спуштат доле само за да си го нахранат егото? Демек ке се усреќиш ако те засакаат тебе повеќе само заради една лага што си кажала за мене? GET A LIFE!!! Толку,и жал ми е за таквите
Наеднаш животов ми стана интересен и исполнет. Ако лани ова време не знаев што да правам со себе, и да го чекам по цели денови, сега имам толку обврски што едвај стигнувам да се погледнам во огледало. Ама дупло сум посреќна. Нов факултет, нови предмети, луѓе, случки. Нема ден да не сyм растрчана низ Скопјево. Ми фали еден точак полесно да ми биде co превозов низ град. Ама дур да си купам ќе се мкнам по автобуси. Ептен се изнервирав со електронските картички на надополнување и кредит. Сериозно? Не можеа нешто поглупо да измислат?! Ама затоа до Јануари ќе си се снабдам со точаче, па нема да имам таков проблем. Ме плаши возењево низ Скопје со толку многу невнимателни и луди возачи, ама се надевам ќе биде се океј. Друг начин за превоз за жал и немам, па ќе мора да се охрабрам. Се надевам од следна недела ќе се вклучам и во некоја организација, па ќе имам уште повеќе обврски. Ама ако. Што поисполнет календар имам и сум зафатена, толку помалку време за замарање со глупости. Немојте да дозволувате како јас претходните години, да се запоставите и да си ги заборавите желбите заради некој. Денес треба да се гледа прво за себе, да се заштитиме, и да се усреќиме самите. Мојата среќа зависи од мене. Ако си ги исполнувам своите желби и си ги следам соништата, ќе бидам среќна. А не да чекам некој друг да ме усреќи и мојата среќа да зависи од него. Ооо никако. Секој сам си ја крои судбината. Е така јас мојата си ја земав во раце од ова лето. Не можам да опишам колку сум спокојна и ми е мирна душата. Си ги правам работите со задоволство, се исполнувам и зрачам со позитивна енергија. Знам дека се што сакам можам да направам. И никој и ништо нема да ме сопре. Бидете ми поздравени и најсмејте се од срце бар еднаш денес. Колку и да ви е тмурен денот. Еве за мене
Се прашувам дали има крај на овоа домаќинукот и женските маки! Секој ден ручек - проблемот е што?! Секој месец пмс и тегоби - проблемот е како?! Секој месец - циклус и болки - проблемот е зошто ?! Силни души сме ние.. посилни од што мислиме!
Го мразам моментот кога ќе слушниш убава песна во автобус и не запамтуваш ни еден збор оти уживаш во мелодијата, а ни Шазамот не ја наоѓа, ќе си умрам