Тетки, баби, стрини, комшии и сите други што сте повеке окопирани со бебе отколку јас. Епа вака сакам бебе и се надевам ке го имам во брзо време но затоа што господ сакал, а не затоа што вие зборувате дека сум неплодна и уште што ли не. Сигурно ќе го крстам детето по некоја од вас
Она кога ќе го пратиш до пазар, и си иде дома по саат и пол, со полни кеси патлиџани, пиперки, грозје, праски и нов мобилен за тебе, спакуван со црвена машничка, оној што си го меркала 5 месеци, ама си немала да го купиш. И тоа ти го купува кога неговиот е цркнат, и ти вика дека може со стар, само за да види како се смееш од радост, од изненадување, од задоволство на исполнета желба. Најубав подарок е оној кој би го сакал за себе, а си го дал на друг. И не, не сум матријална, обично сама си купувам се, ама ова, дадено без никаков повод и причина ме направи среќна. А повеќе фактот дека е среќен и дека жедно бара искра среќа во моите очи од она што го направил. И како да не го сакаш после?!
Реалноста е таа...старееме. Ах имам толку многу непотребни стравови, овој најнебитниот. Најсмешниот. За сите освен за мене. Пак ќе речам, тешко е да ја скротиш оваа глава луда, инат и избувливост. Емоции. Полна емоции. Како извор, неиспиени. Сакам долги ноќи, кратки утра, малку пријатели, вистински моменти. Еден маж. Неизмерна љубов. Сказалките позади нас отчукаа 12, нов ден. Година плус. Времето тече а јас стојам. Да побрзам овој пат да не ме претрка. Да трчаме во исто темпо.
И ми се зборува со некој, и не. И ми се излегува да прошетам, и не. И сакам да запознаам нови луѓе, и не. И сакам да започнам ново хоби, и не. И сакам да не сум повеќе сингл, и не. Ах... П.С. Не сум во ПМС.
Светот продолжува, без разлика дали си ја изгубил работа, саканата личност, или само изгубил...Ако западниш наназад, тогаш и си оставен назад. Некои се обидуваат да те разубедат, но има прашања во мојата глава...зарем никогаш нема да бидиме пријатели некогаш, зошто не ми кажа дека нешто не е во ред? Ми недостига, ми недостига многу...но на крај си ја прифатив ситуацијата, и за да се поправам доволно е да најдам некоја нова исто како кога играчката ви се расипе и не може да се поправи, тогаш купуваш нова...но тоа е нерелевантна идеологија и не функционира кај секого. Во мојата идеологија верувам дека постои добра партнерка, и дека е казна да ја пронајдам на ваков начин...безбројни девојки, безбројни состаноци ниту една компатибилна, за на крај да се откажам. Во исто време кога се откажав и од тоа, ја преболев....уште ми недостига како дел од мојот живот, но прифатив дека сега е дел на минатото, нешто што не можам да го вратам назад...Таа е само претходно поглавје од кое што можам само да го препрочитам, но не да го преживеам тоа искуство повторно... Се откажав од потрагата, се откажав од прашањата...не им требаат одговори! Кога нешто се скрши, не секогаш е соодветно да се бара ново, не секогаш е најдобро да се бара нова играчка...во таа состојба учиш за независност, самостојност чекаш да бидеш силен, не треба да бараш нова играчка, чекаш да ја заслужиш, како подарок! Често викаат се се случува со причина, но не секогаш твоја работа се тие причини...понекогаш најдобар начин е да прифатиш и продолжиш...
Оддамна немам напишано некој реферат. Се навикнав да зборувам малку, по 2-3 збора. И во ред ми е тоа. Подобро ми е да си молчам и да одговарам со "да" и "не", отколку да зборувам без некој да ме сфати. И сепак не можам да пишувам. Како да исчезнале сите мисли од главата и чувства од срцето кои сакав да ви ги пренесам...
Има ноќи кога знаеш дека ти фали еден долг разговор, една силна прегратка и еден долг бакнеж за се да биде подобро. Денес ми е една од оние ноќи, и оваа и секоја друга. Сакам и мене некој да ме теши дека ќе е подобро, не можам секогаш сама, ми треба рамо за плачење и не било чие... Добра ноќ девојки. Јас одам да се дружам со учебникот уште малку, па после во кревет. Ех како ми се смени распоредот од кога тргнав на школо, како робот се осеќам, само едно исто правам и во круг се вртам. Само за викенд се живее, да да!!
Животов ми е една голема лага.. Многупати, се колнам многупати заминував не гледајќи назад. Газев се пред себе, и продолжував понатаму. И знаев, дека еден ден кога би се вратила, ништо не би било исто. И луѓето би биле сменети, и мирисот на градот исто, ни пејзажот не би ја имал истата убавина, ниту сјајот во очиве би ми бил ист. Можеби, и подобро би било да не се враќам, убавината на минатото да остане само во моите сништа. ...И така, до наредното сонување. Cheers
Јас сум од оние што мамурлакот го пребродуваат со домашните. И никогаш не ми пререкле пошто „доволно сум голема и (треба да) си знам лимит“. Така, си станам сабајле, седнам во фотељата ко клупче некое и почнуваат мајтапите на моја сметка. После мајка ми ми вари капучино со цимет, пијам еден Аналгин и се жалам како главата ми е ко олово. Обично иде: Внуче да чекам? - Не. Гола да не прошета? - Ерм...не? Се степа со некого? - Не. Епа, џабе те боли главата. Е, фино де. И после ти текнува на идиотска ситуација... ...ама си молчиш.
Тој е човекот со најдоброто срце за мене, тој е човекот што најмногу го сакам за себе, човекот што го љубам како никогаш, човекот со искрена душа.. секогаш спремен за било што за мене самп да ја види и почуствува мојата среќа и возбуда.. човек кој ме љуби.. човекот кој никогаш не се откажа од нас и покрај се, човекот кој неможам да живејам без неговото присуство, најубавиот и најдобриот за мене. Љубовта е толку прекрасна.. пишувана и опишувана низ романите прозите и поезијата.. доживувана и почуствувана од секое човечко битие.. емоциите се неопиливи и толку силни како ништо во животот. Кога си сакан си најсреќен и најблагословен бидејки ја имаш личноста што те љуби и почитува.. личноста која никогаш не ти ја остава раката и ти ја гали душата, никогаш не си осамен и фрлен, ја чуствуваш топлината која срцето ти ја грее и милува.. Љубовта е скапа.. таа е недопирлива и невидлива но толку вистинска и чуствувана.. кога градите болат, кога срцето пече а душата вика тогаш тоа е љубов..кога си стеќен и кога си возбуден.. кога целото тело ти трепери и очите ти сјајат и тоа е љубовта.. Би викала на сет глас.. би направила се на светот за човекот кој го љубам.. кој ме љуби и се љубиме.. за човекот што е мојот свет и зеница на моето око. Кога тој е среќен и јас сум среќна, кога јас сум среќна и тој е среќен.. љубиме да си правиме добра еден го друг и да ја сркаме среќата од нашите очи ..да ја чуствуваме од нашите души.. Пред љубовта и најцврстите и најгорденливите потклекнуваат, пред љубовта и злобата се руши и пропаѓа, пред љубовта и болните се лекуваат и најринливите стануваат, пред љубовта сите потклекнуваат и се поклонуваат. Љубовта е во секој од нас.. длабоко но искрено и силно, таа доаѓа кога сите си одат!
Настрана смешните прашања што неретко се среќаваат,најинтересно на форумов ми е кога некој ќе пиши совет на прашање од пред 2,3 години Па после и други се придружуваат,сите со мислењата,а првичната личност дотогаш и се омажила,оженила,раѓала деца,живот исживеела
Прилично исполнет ден. Се прибирам дома, се доближувам до оние семафори накај железничка спроти Оне зградата, баш кај онаа теретаната Атлетик или како се викаше. И стои една девојка се врти лево десно збунета. Ме глеа и вика кај се наоѓа Скопјанка. Викам не сум по потекло од Скопје али имав една колешка од факс што работеше во Сенатор на 100 метри подолу од другата страна на улицата. Кај треба да идеш ти? Накај Центар, кај требало да чека автобус? Од друга страна викам. Ај не чекам заедно ќе идеме ми вика. Океј. Идевме до Влада заедно можда саат време. И напраивме илјада муабети, ми сврте едно време муабети на политики дека била член на умс Дека од 2008 ја одбивале за државна работа, а веќе наполнила 30 години и сеа почнала да не иде на состаноци и на крај пред да се разделиме викам, мило ми беше и ми кажува име Маријанела, ја и го кажувам моето и ми вика оооооооооооо па ти не си бил Македонец и се тргна настрана како да ќе ја силувам пред соборна Македонец сум викам и и отворив фб, али многу глупо се осетив, што ако не сум?
Колку ми е убаво ова есенско време. Со душа го чекав и сега уживам во него. Не ми смета ладното, баш напротив. Уживам да си се облечам во нешто топло од дома и така да си се прошетам. Па да си седнам некаде и да си испијам топло чајче. Па уште малце и конечно чизмички, капче, шалче, снег...
СДК, одамна немам зборано со некој кој е малце поотворен во секој можен поглед и дури и да не се согласувам со нечие мислење можам да развијам уба дискусија на тивок тон, полн со разбирање, а не со препуквање. Мило ми е шо најдов некој шо не го гледа чоекот како продукт со етикета и рок на трање туку како живо суштество достојно за нечие внимание. Мило ми е шо најдов некој шо не дискриминира и има отворен поглед кон светот и ги сфаќа човековите емоции. Одамна, многу одамна вакви разговори ми недостигаа. Makes me feel closer to the person, како да го знам со години. И конечно после долго време добив инспирација да напишам нешто, кратка приказна веројатно.
Не знам за вас, ама мене ми оди убаво кога некој спикер на ТВ ќе рече - имајте мирна и тивка ноќ. Шо знам зошто... Ако има некој друг ко мене - ИМАЈТЕ МИРНА И ТИВКА НОЌ.