Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Фала ти што имаш разбирање за моите глупости и лудории, што си секогаш тука да ми помогнеш да ги поправам грешките, што ме сакаш безусловно и секогаш го покажуваш тоа! Фала ти што се смееш и плачеш со мене. Без твојата поддршка би било тешко да се поднесе неуспехот, без твоето охрабрување не би можела да си ги остварам соништата! Ти ја посакувам целата среќа на светот бидејки ја заслужуваш, но, ти посакувам и трпение за да можеш да трпиш лудак како мене! СРЕКЕН РОДЕНДЕН МАМИ МОЈА!! :l:
     
    На Nana19 и Izaabella им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Проклето сакам илузии,можам да се изгубам сосема да се изгубам во нив.
    Можам сосема да излезам од своја кожа ,некоја друга на местото мое,и допуштам да ме води.
    Сенка во ноќта.
    Му се препуштам на ветрот.
    Тонам.Знам дека ништо не е реално.
    Знаеш среќата не може да се одглуми,таа доцни,често те поразува,а потоа ти го гледа ликот со стаклени очи.Цртам насмевки за момент успевам да ја излажам,на крајот и се предавам.

    Само еднаш се љуби.Потоа сакаш,само сакаш.
    Само еднаш ја даваш душата,еднаш се крши,а потоа ја добиваш назад,знаеш секогаш ја добиваш,но скршена на безброј парчиња,невешто ги лепиш во мракот,погрешно,сепак цела е.
    Потоа одново ја даваш,но никогаш иста.
    Во бучната тишина се откажувам од себе,го опуштам телото,го предавам.Не црпам сила.Одново немам.Потоа молк.Понекогаш си го слушам биењето на срцето и ја ставам раката на него,допирам живот.Заборавам на времето,измислувам време.Не чувам соништа зад трепките,ми треба време да настанат нови,да застанат во редот за исполнување,а гужва е ,понекогаш од чекање се уморни,ми се враќаат.Ме нема,денес имам нови зборови.Прости празнини.
    Мене ме боли нечиј поглед,затоа талкам со остатоците од таа приказна.

    Која боја ти се случува?
    Колку светови постојат?
     
    На thelittle17, Ethrnity, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Скоро е 3 часот наутро, а јас сум сеуште будна како последица од предозираност со нескафе.
    Две големи лажици шеќер, две нескафе и сосем малку млеко колку да разбие вкус во устава. Така функционирам денес цел ден, а така и ќе продолжам до крајот на наредната недела. Колоквиумска, да драги, сега чувствувам дека ме оправдувате до некаде.

    Деновиве ги жртвувам излегувањата и делумно го паузирам животов. Приоритетот го дадов на факултетот, кој единствено би ме доближил до остварувањето на мојата животна цел и најголем сон.
    Тогаш би можела да кажам дека сум независна и слободна. Ама, успехот ете не доаѓа така лесно...
    Пробувам да ги исправам оние работи кои ги згрешив, уствари кои ги сфатив премногу несериозно, а кои само ме оддалечија од можноста да создадам подобра иднина. Се надевам дека се освестив на време и дека среќата овојпат ќе биде на моја страна, зошто малку по полошиот пат морав да сфатам дека животов нема да ме чека да се стабилизирам од претходен удар, туку дека веднаш ќе зададе нов за да ме исчеличи уште малку. Или многу, зависи.

    Меѓутоа и покрај се', се радувам на сите работи што ги научив изминатиов период, се радувам на секој нов ден кој во рака ми подава шанса за да почнам од почеток, поучена од претходните грешки и искуства, се радувам на тоа што постојам и што други постојат само за мене. Ништо не било залудно. Ниедна солза, тешкотија која не дозволувала да склопам око, надеж која ме носела повеќе до дното отколку до површината и тивко, полека ме јадела одвнатре, ниедна доживеана мака и сознаена вистина. Ништо од ова.

    Убаво спијте, сонувајте нешто што љубите сами, уживајте во ноќта како јас во мојава.
    И никогаш, ама никогаш, не се откажувајте. Посебно не од соништата затоа што ви изгледаат како премногу голем залак. Се' може да се соџвака. И преброди.

    Ве гушкам!
     
    На DELFIN-15, Ethrnity, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    Луѓето велат отрпнав како да е нешто лошо. Епа и баш не е, едноставно стануваш отпорен на булшит и не се замараш веќе, не те допираат работи за кои порано глава си губел. 8)

    Напредувам, нареден левел плис!

    И баш е добро некогаш во животот да си речеш фак дис шит, и да почнеш за промена себеси да си угодуваш место на другите. |-) *смајлиштопаличоперизаминуваконизгрејсонцето*
     
    На sagittarius57, lana.del-rey, sadgirl21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Имам добра вест, супер вест, лоша вест и најлоша вест...
    Добра вест: времето е сочево, денот е прекрасен. Нема ниту едно облаче на небото. Имам чувство дека пролетта конечно доаѓа.
    Супер вест: Физичко имавме надвор, игравме КОШАРКА! Конечно! Имаше и машки и женски во групата.
    Баш беше интересно.
    Лоша вест: Во еден момент додека игравме кошарка, една од мојот тим ме бутна и јас се истеркав на игралиштето. Така убаво што не можам да одам и си направив дупка а омилените хеланки. Сега, план А, бидејќи дупката е мала, мама некако да ја поправи. План Б, да порачаме од Скопје ист број како мојот.
    Најлоша вест: Има информации дека натпреварот физика ќе биде кон крајот на март, а не средината на април. Нема официјални известувања за нас, но средните училишта ќе биле тогаш, а треба на ист ден. СЕ НАДЕВАМ дека средните и основните училишта нема да имаат натпревар на ист ден.
    Ај чао.
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    long time no see... :)

    Здраво на сите.

    Да, ме немаше долго, а и долго ќе ме нема...веројатно. Се заборавив која сум овде, ја заборавив ariela09 циничната девојка на која се' нешто и сметаше, за некого... За некого уметничката душа без која не се може. За некого само ник позади кој се крие една обична девојка. Не, не сум обична девојка. :)

    Понекогаш посакувам да ја отворам темава и да ви напишам километражен пост. А веќе кога ова бело поле ќе биде отворено сите мисли ми бледнеат,како тоа бело поле.

    Ве читам од време на време.
    Ќе пишувам од време на време.

    Ќе сонувам, цело време.

    :hug:

    Со задоцнување но... Среќен 8ми Март на сите девојки и оние кои се чувствуваат така... Се надевам не добивате внимание само на овој ден.
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon, Marossa, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.448
    Пол:
    Женски
    Не сум богата,но имам се што ми е потребно за убав живот,љубов среќа и здравје а тоа е и најважното.Сите материјални работи се минливи така да не се стремам да имам којзнае што ,туку онаа најпотребното што е доволно.И не само јас посакувам сите да имаат се што им е потребно.Не луксуз не барам,доволно е оваа што моите го створиле и ми го подариле :)
    Имам чиста душа и мирна совест а тоа е најубавото нешто што секој човек може да го има за мирно да чекори напред и без никаква грижа да заспива навечер.Никогаш не ги ценам луѓето по изгледот,нивниот статус,работата положбата.Сите ми се исти и кон сите гледам да се однесувам најдобро што можам... Што ќе постигнам ако душата ми е полна со омраза :?: Секако ништо,ќе се огорчувам и јас и сите околу мене а тоа ќе прави да се шири негативна енергија наоколу а тоа не го посакувам во никој случај.Лошите луѓе научив да ги препознавам и гледам да ги оставам далеку од мене ,нив не ги посакувам на мојот пат :)
    ''Големите луѓе ја кријат својата големина во срцата и лесно се препознаваат !''


    Уживате сите во денешниов ден,ви посакувам само убавини :*
    И морав да ве поздравам со оваа :
    :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=EZX4v9UW5l0#t=102
     
    На ana-girl и peperutka7 им се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Животот знае да биде суров. Многу суров.
    Но, уште посурово звуче 'Таква ми била судбината'..
    Која судбина?
    Некој, некаде, некогаш запишал каков ќе ти биде текот на животот?
    И ти на тој некој си само марионета?
    Мислам, бесмислен ми е изговоров.
    Има налик на апсурд.
    Ми звучи како вреѓање на нечија интелегенција.
    Се што е напишано во книгите, може и да се избрише.
    Затоа стиснете заби, и избришете го напишаното.
    Почнете да ја менувате судбината по која толку 'кукате'..

    **
    Друго што ме заинтригира денеска, се случајните средби.
    Случајни, ама со вистински луѓе.
    Можеби во гужвата разменивме збор, два, но зборови кажани од срце.
    Ми фалат тие луѓе. Без нив, ништо не е исто.
    Затоа радувајте се на случајните средби, и бидете секогаш средени.. Не се знае на кој се може да налетате ;)
     
    На LittlePinky, Marossa и Nana19 им се допаѓа ова.
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    моментот кога нема да го положиш предметот за 1 поен :@ Тек сум прва година, а ова го искусив речиси секој пат. Учи, читај ама не доволно. Мајка ми уште сол на рана ми става, ми вика "Значи исто како да не си го учела". Епа фала тиииии |(

    Одам да впијам од утринсково сонце зашто дома ќе полудам. И да, ми треба гушка. :hug:
     
  10. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug: :hug:
     
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Замисли, откријат бесмртност. И замисли, баш ти си една од личностите која има можност да биде бесмртен. Радости... билдање его, чувство на неуништливост, покажување моќ врз смртниците, заемна почит кон колегите бесмртници, магија...

    И поминува така некое време, ти потспласнува еуфоријата и почнуваш да се чувствуваш сосема обично, нормално, па ти фали малку драјв, ти фали цел, ама истовремено знаеш дека си бесмртен и само небото е граница, а целите се далеку повисоки од она што порано биле.

    Борба за моќ, за превласт, за контрола, борба за уживање на добрата и убавините за кои порано само си сонувал, ама не треба многу време за да направиш грешка која се вика незаконско делување, па те затвораат. Како одмазда на другите бесмртници на кои сакаш да им ја земеш власта, те ставаат во најлошиот затвор, наликува на пеколот и види чудо... вистински е пекол, зашто вечно ќе гниеш и скапуваш таму. А мислеше дека си неуништлив.

    Смртта не е најстрашна, напротив. Вечноста е најстрашна. Затоа животот е краток, за да го изуживаме колку што можеме и умееме.
     
    На LittlePinky, QueenElena и Marossa им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Во животот, не е дека некој човек го сменил својот карактер и сл., туку едноставно другиот не го запознал доволно добро.Поради тоа, нема тука ништо чудно...

    Инаку, патем, не ми се допаѓа, кога ќе прочитам дали на нет, на тиви, весник, како се користат странски зборови ( француски и др.) не зборам за српски и сл., во нашиот јазик со цел да се дефинира нешто.Не знам за други, барем мене никогаш не ми се допаѓало тоа.Различно звучи, не за друго.Конкретно мислам за сериозни текстови, не за некаква шега.Друго е кога ќе се стави странски збор, а до него во заграда значењето, пример како што има латински зборови, а сосем друго е кога туку така, наеднаш ќе се употреби таков збор и се продолжува со муабетот, а да речеме за истото има соодветен наш збор...Без разлика дали некој знае јазик или не. :wasntme:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Nana19, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Човек кој секогаш стои зад своите зборови, човек кој не паѓа под никакво туѓу влијание и кој не дозволува другите да одлучуваат место него. Е за таков човек можам да кажам дека е сигурен, стабилен и има изградено свои ставови. Во спротивно незнае што сака од животот. Толку.
     
    На Daydream, Nana19, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  14. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Денес е најтешкиот ден од мојот живот...

    Незнаев дека толку боли една разделба со еден човек кој го познаваш од 5 години и никогаш не сте се одделиле... Чоек шо вреди поке од илјада други шо ги познавам...
    Секако дека не е крај на светот, жив е ама јас тука тој Америка.. Одговорот на прашањето за колку време ке се врати никој не го знај, шо уште поќе ја отежнува работата..
    Некој кој никогаш нема да го заборам и никој нема да го замени :(
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се изненадив, додека слушнав еден разговор.
    Другарка обвинуваше другар, зошто по дома и` помагал на мајка си, зошто бришел прашина, си ја средувал собата и миел садови. Тоа било женска работа и било срамота машко да ја извршува истата.
    - Јас не чистам, а не пак ти ќе чистиш.
    Мислам... пофали се. Ова до сега го немав слушнато. Женско да не сака машко да работи „женски“ работи и да убедува машко, на овој начин? Па добро, во кој век живееме? :rofl:
     
    На cresa-jagoda, Monna.Monna, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Овратни ми се сите политички партии, сите си гледаат само за нив, да ги наполнат џебовите и да ни замачкаат очи, а кога ќе гледаат за доброто на народот, кога ќе гледаат од очите на правдата и се соочат со реалноста :devil:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Како времето затоплува така јас сум порасположен,сонцето ме полни со позитивна енергија. :)
     
    На Nana19, EMoonlight и QueenElena им се допаѓа ова.
  18. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Помина цела недела, видов дека може да ми биде лесно без него. Ми ѕвонеше, ми пишуваше, ама се беше за џабе. Овој пат одлучив! И на другарка баш се пофалив дека ми се нема јавено 12 цели часа, можеби конечно се откажал.
    И баш како за инает, еве го денеска после школо, ме чека пред автобуската постојка! Сега не беше фраерпт како пред една недела ;) хехехе..

    Ама дури и во хороскоп ми пишува. Овенот простува многу, се труди многу за тие што ги сака, ама кога ќе му дојде преку глава, готово е. И тој што најмногу го сака го брише од животот. 8)

    Само Господ да ми даде сила до истрајам, да не му се јавам, да не потпаднам под овие лажно-мили пораки...
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Убав ден, сонцето мами насмевка на лицата на луѓето, луѓето веќе почнаа да излегуваат надвор. :)
    Повозрасните на прошетка, возрасните на прошетка или по работа, децата, та играат, та шетаат. :D
    Го обожавам сонцето! :sun: :sun:
     
    На EMoonlight, QueenElena и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.085
    Пол:
    Женски
    Ништо не е толку тешко и недостижно колку губење на личната самодоверба.
    Минато,сегашност,неизвесна иднина...
    Првиот чекор е несигурен и бавен исполнет со сомнежи, повеќе бодликав помалку лесен,а другите се редат како низа од алки која останува зад нас.Таков е нашиот успех...
     
    На QueenElena, EMoonlight и Papillon.Papi им се допаѓа ова.