Па колку поцврсто стоиш на земја и си приземјен толку си посилен, оние што летаат во облаци се многу пашливи и лесно кршливи. Зошто тогаш упорно сакате да летате во облаци? Па може да бидете големи и додека стоите цврсто на земја, а не сте големи ако самолетате во облаци се потресувате за секоја ситница. А онаа реченицата „Да даде Господ да имаш па да немаш„ не му ја посакувам никому зашто нема ништо полошо од пропаднат бизнисмен кој сеуште живее во филмот дека е некој и нешто и дека уште му држи гласот и му се слуша името, мхм да. Не, не признаваат пораз, не не признаваат дека е готови, живеат уште на висока нога го претходно но овој пат со позајмици. Па имај достоинство човече, не го губи и тоа. Оно изгубил се ама егото не го дава. Абе почни од 0, скрати си ги тие луксузите и не ми носи чизми од 63та со крокодилска кожа само затоа што на времето си ги платил 5000 марки, а сеа немаш ни долку денари на сметка. Јбг се дешава, пари се, бизнис е, ризик е, ама имај бре малку достоинство и почни од 0, не се цепај уште дека имаш и си некој и нешто кога си готов. Моментот кога ќе ја прифатиш реалноста тогаш ќе имаш сили да создадеш пак нешто, или земи вработи се негде, по пријатели сигурно може да се анјде нешто, ете не си успеал да бидеш газда цел живот али заработи чесно некој денар, подигни кредит почни од ново, неможе се на стара слава... Језиво како и да е...
Сакам да кажам дека постојат жени овци. Жени кои немаат два грама памет. Навистина постојат таквите. Нешто демек ке читнат, ама брзо им здосадува. По некое време ако се започне муабет на таа тема, за која тие само читнале, ке бидат најгласни како се знаат. Дедо ми велеше дека со неписмен и писмен ке се разбереш. Неписмениот знае дека е неписмен и си признава, а писмениот лесно ке те разбаре. Но, полуписмените се најстрашни, ем ништо не знаат, ем си мислат дека се знаат. И обично останатите ги оставаат да летаат во облаци, се додека им прекипе, па трескаат од земја и сами се закопуваат. Страшна работа е инаетот на попуписмена овца-жена де. Често знаат да си менуваат мислење -дувни ветре категорија, но кога ке ги фати инаетот е тогаш и око ке извадат само за да не гледаат дека белото е бело и да тврдат дека е црно. Тоа е.
"На човека замери му онолку колку што знајт" Вака викат пра дедо ми, и во право е човекот. Да, пра дедо ми, уште е жив. Охоо...Ако сум излегла на него, долг живот ме чекат А и пра баба ми, и таа уште не направила 1 година одкако умрела. Ах само колку ми недостигат.... ...живот ...секогаш си одат тие што ги сакаме.
Јас ги сакам тие луѓе кои цврсто стојат на своите ставови, но сепак прифаќаат туѓо мислење.. А оние тврдоглавите и инаетливите ми се накако баш безвезе... Не знам, тоа веќе ми личи на докажување нешто, лечење комплекс, или хранење на его?!? Факт е дека за да бидеш во право треба да си во право со факти, не со претпоставки или од инает!!!
Se osekam kako mutantsko zombi,se plasham deka ovie hormonite ke me mutiraat i pretvorat vo nekoj cudak Ne sum vo PMS,tuku moram po niza okolnosti da primam vestacki sranja od hormoni ,za arno da e p.s samo mene ne mi e nisto posebno Manaki brothers festivalot ili kako i da se vika? Aman bre luge BT se desava ova ne e Holivud,ne se filmajte naprazno ova od mene e ne e pod dejstvo na hormoni,mozi sum hejter ama morav,mu stavile edno malo crveno kilimce i eden reflektor i site so keif se slikaat okezeni,pominuvaat sto pati na den,i jas slucajno pominaav od tamu i sega zvezda sum?
Никогаш не мислев дека некогаш ќе го речам ова, не важам за најголем патриот, ама прва работа кога ќе си дојдам, од аеродром одам право на четврт бурек и јогурт! Некој мрсен, нека капе бе! Од таму, продолжувам и си купувам десетка со кромид, лелелел, скариче, со буковче една рака одозгора фрлено, може и шопска да замезам успат, да има некое мрсно и солено сиренце одозгора, така убавко надробено, да не се штеди. На ова би додала некоја похована даска со бело бунарче, лелелелеееееееееее..... Да не спомињам некое топло кифличе со руска салата на пример, па пинџурче да си макнеш со биено сирење, па пирошки, иииииииии пржени лепчиња, па дека некогаш ќе посакав пржени лепчиња, самоиницијативно, мислам... па кад је бал нек је маскенбал, не сум обожавател ама и тоа ми се пријаде пустото, тавче гравче, со некое феферонче.... Се гледа дека зобав само марули и туна и стек пред да дојдам, а? Се исушив што се исушив, тука се досушив, ајде да надокнадиме. На сто места нарачав похован кромид тука, ееееееееее, само со јајца и со зејтин го пржат, еднаш и со готвачот разговарав, ви фалат бред факинг крамбс, ааааааа ми вика, ту експенсив, мора да се штеди, да ве штедне вас некој.... Па имав повеќе обиди за импровизација, шопската салата апсолутен хит беше, ама шо знам, сирењето ми беше чудно, од кај го ископавме и ние не знаеме... И скара правев, лично грилав како маж некој, и лепчиња пржев, ама тоа лебот на воздух и на шеќер е, јас одвај едно ќоше изедов, се цедеа од мрсно, ама овие тука ги излапаа, тејсти тејсти, френч тоуст, какви бре френч тоуст, ова петпати поубаво ако е направено како што треба. Па им печеше едно моме тука, море расолче, море турлитава, амаааааа не знам, убаво ама не како што сум навикната. Исто така, од целиот муабет, се гледа и дека ми се јаде. Ајде, кај и да е, а за некој месец ќе ви пекам за сите кузинс што тука ги јадат и ги мелат константно - типично американска, со сите нивни барбекјуа и сосови и меса и плешки и што ти знам што уште не, кинеска со вистински нудли и зачини и феноменален ориз (ставаат јајце додека го парат оризот, не знам како не се познава и не им се ,,кајганисува,, јајцето ), тајландска, мексиканска, италијанска, итн итн, да не почнувам, нема крај. На западу ништа ново, се влечеме на опашката на денот, најнакрај сме значи... Арни добри сите, ми викаат, ќе нема кој да се дере кога ќе си отидеш... викам најмал проблем, секој ден во толку и толку саатот, ако треба преку скајп, ќе испаднам во пресрет. Ле хефе некна ме трга настрана, (аааааааааа, откако покажав заби, бфф сме сега) слушај ми вика, многу работа ми заврши летово, многу те почитувам, многу ти благодарам, еве и како група многу те цениме, (едно 10 души ми се заблагодарија на јавно место, а ја мислев дека сите ме мразат оти сум престрога ) многу труд вложи, работата се крена едно ниво погоре, па еве да се почастиш нешто, земи... и ми тупнува нешто плус во рака. Аааааа викам, фала ви многу, па нели, ај апришиејт ит, па бла бла... најискрено не очекував, а се окезив како мајмун во фацата, да ви кажам право, ептен ми дојде мило.... заради тоа што тука е капитализам, ако ти се работи, работи, ако не, чао пријатно... И не е за парите, не е воопшто голема сума, нит ќе ме збогати ни ништо... за постапката е, да знаеш дека некој го цени тоа што си го правел. Му викам, шефе, ај уас треинд ин а џрмн мекдоналдс, ај ноу хау ту гет тингс дан. Се изнасмеа, се изнасмеав и ја, па ајде сега и картичка му купив за фала. Ми рекоа откако ќе сум отишла, ќе го напишеле тоа на ѕидот, цитат од мене, за успомен и вечно сечавање. Иииииии така, сега планирам да си го средам животот, некои баналности и тривијалности, од типот дипломска, возачка, лабаво де... Знаете, кога човек нема пари, сонува, сакам ова, сакам тоа, да си купам ова, она, ех, да ги имав парите, ех камоли ова, камоли она.... Е сега, не дека се жалам, кешки сите вака да се ,,мачиме,,.... напротив, ама стварно не знам што сакам следно. А, бе, дури не знам ни која маица да си ја купам, си викам, ааааами не ми треба баш тоа, а фармеркиве, па хммммм, некако не ми се по ќеиф, а чоколадово, мееееех, земи си сладолед поарно. Бог да чува. Па си викам, добро е некогаш човек и да не знае, се додека не забега и не почне да лута. Знам дека ја сакам слободата што ја имам тука, независноста, можностите што ми се отворени, колку брзо човек може да напредне во некоја нај, најобична професија, колку лесно оди да запознаеш нови луѓе, колку има паметни и нашетани, ама колку ги има и дно дна што стварно се губат во вортексот наречен избор. Знам дека не сакам да се врзам за сериозна работа, за сериозна врска, за сериозно нешто, оти сфатив дека има уште многу работи кои сакам да ги направам додека немам нешто што ме влече од некоја страна. Знам и дека сакам да си дојдам дома и да јадам тавче гравче, ама исто знам дека има нешто во мене што ќе ме потегне пак назад, ако не тука, тогаш некаде на друго, трето, петто место.... а се лажев дека еве, уште годинава и толку, ќе се заозбилам, доста беше будалеење. Ами, еднаш сме млади, нели... си викам, додека можам и додека имам желба, можност, финансии, трпение... гоу фор ит. Домата не ми бега во никој случај.
Секоја приказна бара свои зборови. Искрени, сурови, срдечни, љубезни, дрски, лицемерни, ладни, површни, ... ги има секакви исто како и луѓето. Во обидот да ја надоградувам мојата, ги нурнав мислите до дното на големата кутија и се впуштив во потрага да пребарувам низ купот за да го дофатам тоа што останало од некогаш. Потребни ми се затоа што тие се основата на мојата подигната суштина. Се уште го чувствувам нивниот мирис како оној на раните утра во есен, вдишен и познат, а во секоја следна сезона повторно плени со својата посебност. И тие се такви по својата природа, предизвикуваат со силината и рестриктивноста на употреба како скапоцен предмет кој ја чува својата енигматична приказна. Таинствени во својата појава до степен што подмолно ми се прикрадуваат и ме будат од сон кога моментите на опуштеност се само мои. Зборовите имаат и боја. Да... разлеана низ чувствата. Ја препознавам нивната богата колоритност исправена како статуа пред секој спуштен чекор. Нијанси и тонови ми го градат сонот и убедливо прониклово ме потсетуваат дека тие по кои трагам веќе се во бледо издание на дното. Облекле ново и тешко препознатливо руво кое го изгубило и квалитетот и квантитетот на постоење. Се менува се, па се промени и нивниот репертоар на игра. Не се интересни и не се вклопуваат во современоста. Истиснати од времето во невреме, не кријам дека ги сакам, ги употребувам и ги чувствувам како дел од себе колку и да не им ја препознавам вистинската боја секогаш ќе ја имаат единстевната вредност на значење. Убавите зборови некогаш беа почеток и крај на едноденоноќие, а денес возбудливо пријатно е да слушнам дел од нив, па дури и повремено, што ќе ми го измени познатиот израз на лицето.
Утринсково сонце ме расположи до бесвест! После напорната вечер, со добар сон, ранобудење, кафенце и фин појадок сум препородена. Многу брзам понекогаш, ама животот нуди колку и што зема... Само треба да знаеш кога и како да си се изменаџираш себе си. Сталин. Се зачитав, барам теории за неговата психоза, и се некако ми се врти низ мисли утрово. Имал параноја или не? Јас сметам дека сепак имал. Постојат теории нели кои велат , толку паметен човек, етаблиран во тогашната болшевичка политичка атмосфера како генерален секретар не може да има параноја. Отсекогаш сум за за теориите дека се е до психата. Многу просто, а толку комплексно. Ако тргнеме од фактот дека без психата би биле роботи, без чувства, емоции и мисли, дефинитивно сите диктатори низ историјава ни имале откачена жичка. Само, тоа не е обична параноја или шизофрениза. Мислам дека треба да навлеземе подетално на темава, потребна ни е некоја студија и теорија за постоењето на нова воена психолошка состојба. Кога би имале доволно средства во Македонијава за такво нешто.... би работела непресушно. Нејсе, одам да работам...
СДК од сабајлето колку глупости изработив некој цела година нема толку да направи. Како ми тргна наопаку, ај се надевам ќе се фокусирам малку повеќе и ќе тргне на арно
Љубов на прв поглед е,кога девојка без пудра ке ти го зашемети паметот со нејзината природана убавина
Па од моментот кога конечно се ослободив од стрес и една огромна работа што ми стоеше ко грутка на грлово.. јас не се прибрав дома буквално.. се препуштив на што сакам како сакам кога сакам...сега вејќе кога пак се вратив на старите обврски треба реално да си ја соберам опашката и да се фокусирам на себе своите преоритети..идеали и желби..Незнам ..и немам некоја причина но се чувствувам убаво.. убаво и спокојно.. нервите душава особено денес некако ми стивнаа ми издишија но на позитивен начин...ко да ми требаше да излупувам после се шшто си скратив и оооопп сега сум јас таа пвоторно која стартува со нова сила кон ново нешто...Есента полека си доаѓа ненападно тивко на прсти... си носи и таа некоја магија со себе.. си пуштив релаксирачка енигма музика..си запалив свеќи миризливи си направив во гооолема шоља едно планинско чајче се облеков во долги пижамчиња ..незнам што ми е ама своја сум си пак во спопствена кожа,среќна без причина ,обвземена со спокој..и уживам .. уживам и убаво ми е Убав преостаток од денот ми чикааааас
Сите последната година во некое школо најмногу се приврзуваат со соучениците и не сакаат да си одат. Јас едвај чекам, ми скисна од љубомора и простодушност, како и од Северина за време на одморите. Сакам да одам во нова средина, колку што ми е страв, толку и сум спремна да започнам одново. Само нека поминат и овие девет месеци...
Треба да чистам по дома ама уште малце па ќе бидам расонета.. Пред 3 саат физички и психички не функционирам.
Многу е тешко во животот да немаш човек кој ќе те подржува, човек кој ќе те потурне, кој ќе верува во тебе, ама најтешко е кога тој човек е сопствениот татко. Ми беше последна надеж, мислев дека барем тој ќе ми ја подржи идејата и ќе ми помогне барем да почнам. Не барав многу. Знам дека може да ми помогне затоа и барав. Ама наместо тоа добив "Ееј па што ќе ти се тие работи? само трошоци ќе си правиш и така ќе биде безуспешно". Мислам ме закопа на место, искрено не очекував поготово што знае дека тоа ќе ме усреќи, знае дека на тоа поле колку толку ќе ќе бидам успешна, знаејќи дека тоа е единственото нешто што можам да го работам. за жал . Останува да се надевам, да се обидам да најдам сама начин и да почнам. Овој разговор не ме скрши, напротив ми даде сила да се трудам повеќе и за да успеам, за еден ден да му речам: Ете тато, успеав и без тебе.
Деновиве ја видов мојата учителка од прво до четврто одделение. Во исто време се израдував како изгледа, животот не оставил ниту една трага на неа. И после 15 години изгледа исто, со истите брчки, со истиот лак за нокти, само фризурата ја променила. Од друга страна се разочарав бидејќи веруваше многу, премногу во мене. Мислеше дека ќе успеам во животов, дека сум многу паметна и интелигентна, а се стретнавме таму каде што ни јас не помислував дека ќе бидам некогаш. Еве од тогаш грутка ми стои во грло и не можам да се помирам колку сум се променила, сум станала неамбициозна, дури и сум оглупавела. Да, да добро е човек да е свесен дека оглупавел, само така може да се промени и да работи на себе. Како луди по дома бараме работа, вака веќе не се живее. Многу ми е криво што сестра ми факултетски образована не може да најде некоја работа по струка, па речиси сите огласи доаѓаат во предвид. Од никаде нема ни трага ни глас. Некаде преквалификувана, некаде преслаба, некаде нема искуство... одбивања еден куп. Јас денес почнувам со работа, можеби не е работа од соништата, но сепак е нешто што ми се допаѓа. Среда во последниов период ми се покажа како среќен ден.
Ама ич не ми е убаво кога мора некого да слушам за неговите проблеми кои пак воопшто немаат никаква допирна точка со мене...а знам дека очекува помош или некаква подршка. Упм, сум станал бесчуствителен...а не сум бил никогаш таков.
Абе коковчиња едни, част изузетцима, ради вас и вашите тролања почнаа да се исмеваат со форумот по социјални мрежи Оладете со вашите тролања алоооо, има овде и квалитетни дискусии и квалитетни членови, идете на некој тинејџерски форум тролајте. Ви дојде до темата +40 да ја заклучите а да погледневте што се дешава по другите теми? Се претера да, ама избришавте мислења и готово, што мораше да се затвара темата. Форумов стана тинејџерски, се помалку стари и квалитетни членови ќе се враќат