На членовите од форумов од исламска вероисповед би сакала да им го честитам денешниот празник. За многу години нека ви е.
Животот е постојана борба што не те остава да се опуштиш и да го живееш моментот како да ќе е вечен. Дури и да го живееш животот од соништата секогаш треба да имаш на ум дека еден ден ќе се разбудиш. И кога е се совршено треба да се запрашаш што не е во ред. Не постои совршенство, дури и ако твоите очекувања за него се скромни. Копни на површината на тоа совршенство и ќе здогледаш јами, темнина, незадоволство,болка иако и не си ни свесен дека постојат. Понекогаш прогледуваме низ прсти, премолчуваме работи, правиме нешто без објаснување за нечие добро, ама не секогаш некој ќе ја сфати нашата намера. И после од еден навидум не толку битен проблем излегуваат на површина сите недоразбирања, погрешни толкувања, несоодветни постапки. Тогаш застануваш во лична одбрана на своето однесување се додека не сфатиш каде грешиш. Па ти се отворат очите. Си признаваш, се трудиш да си простиш, поправиш. Ама битен е тајмингот. Можеш и илјада неуспешни обиди да имаш, ама моментот е еден. Постојано го слушам тоа " Среќата ја прават малите работи". И не се согласувам. Без љубов не си среќен, а љубовта не е мала работа. Љубовта е нешто што постојано те држи на штрек, нешто на што постојано треба да работиш, да ја негуваш, нешто што никако не смееш да го прифатиш здраво за готово. Љубовта не е вечна. Само ако малку се опуштиш верувајќи во нејзината сигурност ќе ја снема. А секогаш сум се прашувала ако љубовта е движечка сила, енергија, каде оди кога ќе ја снема? Во омраза, рамнодушност? Љубов е моето семејство, тие се мојата среќа, тие се сѐ во мојот живот. А животот е борба. Ама се додека имаме волја да се бориме, не се плашам од исходот.
Ви благодарам на сите за честитките за Бајрам. Повелете на баклава сите. Сакам кога сум била дел од нешто, сум соработувала и тоа испаднало како треба. И двете страни се задоволни. А и скоро сите што ме знаат и роднините кога ќе ги видат сликите од Мак Џинс веднаш се одлучуваат да појдат до продавницата и да си купат нешто. Баш ме радува тоа. Во последнава недела мислам дека таму најголем промет токму они прават. А и јас правев реклами и им кажував дека нема да згрешат што и да купат таму. Што и не е лага во никој случај. Mission Completed. ✓
Поминувајќи 3 години на форумов, заклучувам дека е совршен склоп на различни интелигенции, интегрирани во совршена целина. Ете, тоа ми лежеше на душата
Од агенции мразам најмногу реклама типа - за саааааааамо толку и толку евра. И потоа во аранжманот не е вклучено - и набројана листа од тоа што не е вклучено, а се вкупно во листата е колку и цената на целиот аранжман кој го понудиле. Која политика на работење ви е ова жити се? А јас сум тој тип на купувач што не сака скриени трошоци, не го мами почетната ниска цена, туку се нервира кога не е на чисто, па мора рачно да ги собира сите додатни трошоци и е во сомнение дека ќе излезе уште некој и се откажува на крајот. Извини ама 250 евра викаш, собирам, собирам и искачаат 550 евра. Немам проблем со 550 евра, од прва би ги прифатила ако ептен ми се оди, ама подлоста да ме намамиш со 250 евра кои очигледно не се, прави да ме одврати од идејата да ти ги дадам парите. На своја рака најпаметно или српски агенции. Како бе сами си викаме дека сме фин, топол народ. Па полош народ од нашиов во секоја сфера не сум сретнала. Ако до нова година не искочам од државава барем уште 2 пати, ќе се шекнам. Ми испари све. Се си мислам дека последно некаде бев пред две години. Па ми викаат - ау па ти хронично ќе го разболеш срцето? Не заебавај?! Стварно? Епа олабавиме од стресот и себе, оќе? П.С. Ви се десило некогаш да имате толку многу работа и да заборавите што се требало да направите иако имате ту ду листа пред себе? Онака, да зјаете како теле во шарена врата... и да се прашувате од каде ли да почнам, а како требаше ова? Мене да, веќе два дена... среќа па сработувам се, ама не се осеќам убаво сама со себе...
@Adina , @Kukla994 , @mirandaa , @girl-miri , @Minnie 1 (и сите останати муслиманки на форумот) kurban bayram mubarek olsun Спојлер Баклава чекам
Денoвиве сум изгoренa зa нештo српскo. Плескaвицa, Цецa.... сееднo. Ми се oди нa српскa свaдбa. Акo се мaжи некoјa нaтaкa, викaјте, oбеќaвaм ќе гo нaучaм ужичкo! Денес сум вo двoр ми е муд . Немa рaбoтa, дoсaдничкo ми е....и згoрa нa се, ми се јaде бaклaвa oд сликиве штo ги стaвaте. Ајде уште пoлoвинa сменa више!!!!! Вaшa М,
Абре луѓенца...знаето што? Сакам животот да ми биде како на Трнорушка,онаа заспаната лепотица шо е.Преспала 100 години онаму и училиште и работа,а на крај уште и принц добивааааааа бе....и јас сакам така хахах
Кога ќе идеш некаде надвор од Македонија на одмор и гледаш општеството и менталитет какво е све , и после тоа идеш на одмор некаде во Македонија и гледаш општеството и менталитето во околината што е.... Еден збор само ќе употребам ...... КАТАСТРОФА. А да и кејот ќе стане улица , супер , како што кажаа на фб , сеа сите копита со јаки коли ќе можат да дојдат да ручаат на бродовите....
Знам дека во последно време се повеќе има од геј популацијата ама секогаш пред такви личности не знам како да изреагирам. Ми влегува во продавница тип дотеран и ми вика Crystal Noir парфемот дали го имате, викам да и му го покажувам. И ми се врти и ми вика смеам да се прснам ( и ја имаше онаа фаца на мало дете кога моли нешто да му се купи), викам слободно ама знаеш дека е женски или не. И си добив одговор знам ама јас едноставно го обожавам парфемов и сите други женски парфеми. Не знаев како да изреагирам и само се насмеав. Цело време се обидувам да ги сфатам овие од геј популацијата иако имам и другар што е геј, ама сеуште ми се од оние несфатените. ПС. Нека им е среќен празникот на сите што го слават.
Денес е 24ти септември. Ама едно сонце, едно палаво исто како лани ова време. Се сеќавам се преселував, во Кисела вода. Тоа беше почеток на нова година за мене. За некој како мене што ја смета годината од септември до јуни Беше време кога едвај чекав да одам во Балет. Да им праам гримаси на оние постари чичковци што се врткаа околу мене, па да занишам некој од лустерите со силен замав. Мислиш го својувам светот. Каков медал, орден треба да ми се закачи . И ми закачуваа, накај 5 и нешто ... Оние од обезбедувањето, кога ќе дојдеа и со благопрјатен глас 'Девојки толку за денес, ајде'. Во Браво не идев по Балет , ама ја посетував мнооогу често таа една пекара карши Излет. Ее кога ќе се сетам на оној прониклив мирис од тапетите таму, како на нешто старо ветво, како на некои книжни весници... Живеев безгрижно (не, не живеев безгрижно), кој би знаел дека таков период ме чека истата година. Годината јас што ја сметам ( крај на 2014та , почеток на 2015та ) . Појма немав зошто некои работи се случуваат, мислев така оди тоа. Така им е на сите и мислев така треба. А пред сите изгледав задоволително, нели како кловн. Сите што ги забавува, а во себе не чувствува никаква радост или животст. Тоа беше едно грдо време,грдо многу грдо . Како љубовта, кога велат Таа е убава дури и кога е грда. Но, може ли љубовта да биде грда? Каква е таа ГРДА ЉУБОВ? Има и цела философија околу поимот Грдо . Таков е зборот, но не во суштина. Љубовта баш е убава кога е непоимлива, безусловна, без форма... Грда бе , кога е грда. Епа и тоа време, тој прелом што си го викам јас, беше грд. Ама онаков ГРД, толку многу што сега како убав го гледам. Како може да е тоа неубав период, кога тоа време е причина за моето постоење денес. Значи убаво, многу убаво. Како силно,бесцелно поточе. Тогаш се зачнаа многу љубови. Една посебна љубов чувствувам кон она откривање на нови бендови. Тоа за мене беше ВОЛШЕБСТВО. Ги разоткривав, се соживував со нив. Едни од омилените ми беа Haim, Camera Obscura, па и The Pierces. Хеххехе, еве сега од толку многу луѓе и од толку позитивна енергија, јас налетав на една форумџика со ист ник. Прво го видов, го препрочитав. И се зачудив, Јас верувам во законот на привлекување. Ги пуштив, ги преслушав. Се потсетив на оној фустанот со реси на ракавите што го имам и црните каубојки кои пропатуваа многу и многу. Се додека не стигнав до песната, која беше единствено нешто што ме поткреваше од тие денови. И така е, it's gonna take some time. If we want to. We could do what kings do.
Еве да Ви кажам имам СП до оние ,,будалетинките,, кои ставаат слики во ФЕМИНА ИНСТАГРАМ Имам порака до нив-која објави слика , одма ја наоѓам и и одам на ручек !!! Па човек од Вас поштено една проста диета да неможе да издржи. Срамете се !!!