-Не сакам денеска да јадам благо. -Лелеле, колку е убаво чоколадото, дај ми малку да пробам. -Ти реков не ми звони веќе. -Значи тебе ти е сеедно, така?!?!?! .... ПМС е многу јака работа, just sayin'.
Ја удри кола една девојка точно пред мене, на пешачки. Таа беше неколку чекори пред мене и точно во неа удри, а мене еден постар човек рефлексно ме повлече наназад...ама се така брзо, секундарно се случи што не сум ни јас свесна. За среќа одма дојде и полиција, па за 10-15 мин и болничка. Додека дојде болничка, девојката цело време лежеше на пешачки, и само и даваа по малку вода да пие. Беше свесна ама изгледа имаше скршеница некаде. Ќе биде добро, само што ќе има трауми некое време....а за него нема никакво оправдување, на пешачки удри човек...освен ако нема јаки врски па така да си помине.
Дефинитивно не е за секого возачка!!!!!!!!!! Како возат лудо и бесно, тоа е ненормална работа. Зелено светло, ти проаѓаш на пешачки и само што почнуваш да проаѓаш, некој лудак шиба со колиштето за 1 cm од тебе размак. Цела ме дувна, арно другарка ми ме задржа, иначе сега ќе бев ...пу пу скраја да е. П.С вие во Скопје многу лудо си возите, мислите дека сте во филмон Fast & Furious, не дека и во друго градови не возат, ама вие претеризам правите. Ти благодарам Господе што ме чуваше И и благодарам многу на другарката што ме задржа
Сакам да се заблагодарам на оној горе, што после дожливиот период, денес, ми подари еден зрак. Можеби нема целосно да ме огрее сонце, но овој зрак, ми е повеќе од доволен Прекрасно е чувството кога некој ќе ти дари верба
И јас да се пожалам, и мене денес со колегата ќе не згазеа.. Али бившиот, и тоа намерно. Нешто дечково одлепил, си има некој проблем. Му смета што почна да ме гледа насекаде, на факултет, на утакмици, или љубоморен е, или не може да ме поднесе.. Ама толкава злоба во очи не сум му видела. Како фино лепо ќе го згазеше колегава ни крив ни дужен, среќа го повлеков на време. Не знам што му е, ама треба да се свести малку. Ако нејќе да ме гледа, ич не ми е гајле. Јас како да сакам на него да налетувам на секое ќоше. И не, не сум опседната со него, туку баксуз сум па секаде почнав да го среќавам. Оди на утакмица и го влече другар му што не сака фудбал. Тоа е, порано заедно одевме, сега нема со кој. Колку мизерно изгледа луѓе, не ми се верува. Во очи му познавам дека не е среќен и дека е гневен. Ама тоа што сам си бараше, си доби. Јас сум добро, имам кризи се уште, ама со се помал интензитет се, не се давам. Не покажувам емоции дури ни пред најдобрата пријателка, ни пред мајка ми. Секој ден ми е исполнет од сабајле до вечер. Имам нови луѓе во животов, убав почеток на факултет, нови цели и голем ентузијазам. Новиот албум на Леона Луиз го љубам со цело срце. Кој глас го има, каква емоција додека пее.. за текстовите не ни зборам колку се предобри. Прееска слушајќи го на јутуб налетав на новата песна на Сиа, и ме освои. Честит Бајрам на сите феминки и феминковци Имајте убава вечер, јас ќе се дружам со книгите, утре немам настава, па да си поучам.
Примети ли дека дождот е многу корисен, како и дождливиот период.... Единствената мана е што не знае да врне нанагоре, па неспретно паѓа надоле, врз нас.
Понекогаш посакувам повторно да сум мала и единствена грижа да ми биде дали да го гледам Пепелашка или Убавицата и зверот. ( Се враќам во детството си го гледам "Убавицата и зверот" )
Прв пат после толку маки и страдања што ги видов за факултетот.после се што поминав размислувам да се одкажам.доста беше.здравјето го изгубив.утре одам си земам документите.
Зар не ви е убав животот?! Мене ми е, и покрај се што поминав и покрај сите предизвици, го сакам и го живејам и се борам секогаш за понатаму. Чуството кога си ги жнееш своите посадени семки е неописливо, ете затоа јас се борам.. се борам за тоа чуство и за тој успех. Поентата на сите нас е да успееме, да издржиме онолку колку ни приложат на асталот и тоа што нема да не убие да не направи троа посилни и повозрасни! Убаво ми е и покрај се.. чекорам и газам врз своите маки, се смеам за инает на негативноста и мракот и знам дека ќе ги згазам.. ќе го потиснам длабоко некаде, а кога ќе испливат повторно на површина, повторно ќе се изборам да ги нагазам и се така до недоглед. Единствено љубовта во мене ми помага да чекорам цврсто и одлучно, се додека таа ме води низ животот ќе останам таква каква што сум! Ги сефтосав и дебелите гломазни блузи од плакарот.. среќна сум бидејки конечно го начекав дождот, ладот и неговото уживање.
Е токму тоа ми треба во моментов.Зрак да ми дари верба. Предолго трае дождливиот период. Во принцип кога ми е тешко си поттиснувам во себе и не сакам кукање , ама денеска експлодирав. Се изнакукав за цел живот. Го напнав дечко ми и пред спиење , си се изнаплакав пред мајка ми и тешко дека ќе заспијам. Само сакам да кажам дека сум разочарна од животот тука. Државава не ми пружи ништо друго освен еден куп искинати нерви, а последните што ми останаа се дотенчуваат во моментот. Болно е да гледаш како на некој сакан му се руши целиот свет, а ти не можеш да сториш ништо. Само едно знам... Кога тогаш, ќе заминам.
Ги сакам ноќите. Можеби ја сакам темнината. А поготово ги сакам студените, поточно свежите ноќи. Обожавам да стојам на прозор или на тераса, да ја гледам месечината, а во меѓувреме да дува некој свеж ветар кој ме разладува. Тоа ме прави спокојна и ме смирува.
Истото ми се случи и мене пред некој ден,на пешачки со зелено светло на раскрсницата кај Мавровка.Кои лудаци земаат возачка!!Па,тие се за лудачка кошула да носат а,не коли да возат.Јуришаат со стотка!!Предлагам пред да им се даде возачка задолжително да им се прави психотест.Пешачкиот служи за да преминеш на другата страна од улицата а,не за на оној свет!
Ноќта и во своето најтажно руво никогаш не ми е тажна...ноќта е мудра тивка и посветена. Утрата се себични, ноќите сестрани. Размислувам за 1001 тема додека сонцето не не раздели под закрила на уморот. Ладна и поеднакво топла е оваа ноќ..ти си ми во мислите!
Кому ли да се обратиме пред да не испогазат како глувци по гигантскиве улици?! Расте бројот на удрени и прегазени пешаци, интервенција од страна на надлежните е повеќе од потребна, а од нив абер нема. Постои ли начин да се дејствува? Најдобро би било кога би се организирале маршови за да се подигне општествената граѓанска свест, од причина што овојпат се` работи за нашата лична безбедност која може да биде платена со смрт, и затоа сметам дека вреди ангажманот. Патем, читајќи ги исповедите по порталиве на блиските роднини и пријатели на Фросина и Давид, сакам да кажам дека многу ми паѓа тешко. Иако лично не ги познавав овие луѓе, чиј живот им згасна прерано, уште во цутот на младоста, се сочувствувам со болката на нивните семејства. Затоа, праќам апел до сите вас! Не брзајте штом видите зелено светло на пешачки. Ако треба десет пати свртете ја главата лево и десно како би се осигурале дека нема да бидете загрозени. Верувам дека подобро оправдание пред себе ќе најдете за доцнењето на работа или испит, отколку за инвалидитетот со кој можете да се здобиете за цел живот.
Пред да дозволите зборовите да излезат од вас размислете за нивниот ефект. Пред да направите нешто преиспитајте ја позитивноста на одлуката. Секоја акција започнува како мисла. Секоја мисла има своја цел. Ништо не е наивно и случајно сторено. И денешниот ден е дел од улогата во филмот претставен низ кадрите на нередот и бурните активности кога повторно посакуваме да ја забавиме или запреме набиената агенда на циркулирање и да се завртиме кон нешатата кои ни го будат задоволството што некогаш ни беше почетокот на крајот и крај на почетокот. Понекогаш, малите нешта се оние кои не спасуваат... Времето пресликано низ сеќавањата, детската насмевка во фотографиите и шолјата утринско кафе проголтано секој ден во ист миг со нови разгорени мисли...
Многу памтам датуми Некогаш тоа ми беше предност, а сега осеќам дека ми е мана. Родендени, имендени, годишници... Денес се сетив дека на денешен ден пред многу години душата ми беше повредена. Со денови името незнаев да си го кажам. Се прашувам, има ли начин да ја избришам меморијата ? Или можеби се плашам од среќата која ја доживувам па се потсеќам на лошото ?
Никогаш не сум можел да ги разберам луѓето кој се замараат со туѓите животи.А најаки ми се они џаболебари кој од дома на 30 години им даваат пари за цигари,а надвор се најпаметни.Абе брат знаеш јас за 200 евра плата не би работел,знаеш што се бе брат 200 евра?а дома кутрите за леб трпаат аххх мојата чудесна земја. Секогаш дружи се со оние кои знаат колку вредиш. Другите можеш слободно да ги заобиколиш.
Interesno razmisluvas....Spored mene ne si trebala voopsto da kjutis i da trpis..Plesni im sve vo lice i tie sto stvarno te sakaat kje ostanat so tebe a onie na koi kje im kazes se vo lice kje si zaminat..Togas ke znaes koj bil stvarno so tebe a koj bil tvoja senka sto na prvoto pomracuvanje ja snemuva...Samo drsko na fin nachin..Podobro osamari gi so vistinata..Iskrenosta za zal,kaj nas ne e mnogu ceneto nesto...Ako im kazes se vo lice ili ke bides idiotka,surova klosarka potenciram za onie koi nema da ja prifatat taa iskrenost ali zatoa vo necii oci kje bides sekad onaa iskrenata sto nema strav ili vlakna na jazik da ti kaze sto misli...Samo tvoe e da ne prekjutuvas...Ne moze samo ti da trpis a nekoj da ti ja narushuvaa tvojata psiha so toa sto sobiras se vo sebe.. Pozdrav