Во состојба хаос, имам заприметено дека најдобро функционирам. Ама, овој пак, ми е поинаков од стандардниот хаос..Ме возбудува, ме тера да се посветам на задачите кои ми се зададени.Еден мерак што ми падна за презентацииве.. Па, еве ме. Се радувам кога некој забележува дека и за детали сум вложила труд.Не дека е којзнае што, ама ептен ми паѓа драго.Друго, добивам разбирање, од имењачката моја.Не ни можам да ви опишам која позитива ја има девојкава, колку се трудеше периодов (за што и успеа) да ми покаже дека не сум сама.Никако не ја изоставувам и една посебна феминка, за која верувам дека ќе се препознае.Уште малку, па ќе славиме и една година виртуелно другарување. Ако нешто научив, тоа е да се насмевнувам секој ден.И не ради-реда колку ‘‘да се каже‘‘. Разбирам дека баш тие најтешки денови, на секому еден од нас му се потребни. Сум останувала сама, сум наидувала на луѓе кои ме газеле.Сум се повлекувала, а сега стојам во нивна близина.Нема никаков страв, ниту горчина во мене.Спокојна сум. Кој вели дека немало машко со манири? Ако треба да се прави измена во Уставот, да е до мене со закон ќе го заштитам. Најпосле, викендот си пружам цели два дена одмор .Во кревет, ќебенце и филмови. А, да.И нека истура, па да ми се зголеми меракот уште двојно повеќе.
секогаш кога нешто лошо ќе ми се случи и животот ќе ме тресне од земја,моите секогаш се до мене да ми помогнат.колку и да ми е тешко и да се наоѓам во безизлезна ситуација полесно ми е на душата кога знам дека не сум сама.кога знам дека што и да се случи некој стои зад мене.
Она кога ќе ти дојде досадната комшивка на кафе-муабет, а таа пола час на мобилниот ќе разговара... Добар кафе-муабет, јас си седам на форумот а таа тука во позадина ја слушам како решава љубовни проблеми со дечко и. Одам шпагети да си сварам...
@IronLady честитки мила и дај Боже што повеке успеси да множиш. @H.VAGA многу јасно е тоа, дека твоите ти се најголем двигател и поддршка во животот. Поради тоа сеуште постои и светот. @Jenniffer Ми отвори апетит, а тестенини јадам како луда во последно време. На здравје. Пак се размуабетив ц ц ц тешко мојве дома ке ги окапам вечерва.
Ја сакам тишината. Го сакам звукот на ветерот, шумолењето на веќе потсушените лисја.Ја сакам музиката на дождот. За некои сум чудна кога кажам дека со недели не пуштам телевизор. Седам склопчена во агол со шолја топло какао во скут приготвено онака како тој ме научи дека е најубаво. Уживам во секоја голтка.И не мислам. Само се препуштам на музиките околу мене. Сакам да уживам во моментите со самата себе.
Да гледаш серии со над 50 епизоди за време од 3 дена не е нормално,еве ви кажувам.Јас мислам дека некоја патолошка болест е,да си барам чаре на психијатрија со време,на млади години А во симптоми да си додадам дека најактивно гледам за време на колоквиумска,испитна сесија и друг вид на тестирање од кое ми зависи понатамошната едукација и иднината,накратко животот. Ама не бре,мозокот не го интересира,очигледно делот за рационализација е исклучен. А баш неодамна прочитав еден артикл дека,неокортексот(дел од мозокот што не прави различни од животните) регулира такви одлуки,односно тој дел не тера пред тест да учиме,а да не излегуваме и губиме време. Мало морген И ај што ништо нема да биде од мене,немам ни серии за гледање. Една по една ги елиминирам,потоа испаѓаат нови епизоди по една на недела,па пак сакаш да гледаш нешто ново.И фаќаш нова,а повеќе време поминуваш во барање на совршената,отколку што ја гледаш. It's a vicious circle,people ПС:Дај препорачајте некоја јака серија,Ај хев натинг
Се грижам оти имам 24,а немам дечко и немам работа асолна. Се грижам оти немам доволно деца за спремање. Се грижам бидејќи сите мои колешки почнаа да стапуваат во бракови а јас сум предолго сама. Се грижам оти само мене ова ми се случува. Се грижам зошто другаркиве не ми се асолни. Петок вечер дома да седам.... Да, да нервозна сум.... И плачам ко мало дете и се се врти во круг Сеа си велам а кога че почниш ти асолно да живееш? Да се опуштиш? Глупача.... Цццц Мислам некој ќе донесе одлуки за мене. Дур не тргниш сам, никој не можиш. А само ти сам МОЖЕШ За ќотек сум... Знам... Се трудам да бидам подобра
Највероватно ова требаше да оди во тема: што ве насмеја денес... Како и да е, се прашувам толку ли станаа неинспиративни познати во своите модни најави, или јас до толку не се разбирам? Колку и да и го идеализирам маж и, толку она ми беше антипатична и како појава дури, ама па поради него и неа почнав да ја манијачам Викторија Бекам ја претставува својата нова колекција Не знам само петелот е моден детал или метафорична кукурику најава ?
Да ги гледаше вчера некој моите обиди да се вратам дома од работа веројатно ќе ме пишуваше во темава раскажувајќи за некоја будала што шлапала во вирови и се смеела ко улава, зошто веројатно повеќе ништо не и преостанало освен да се помири со фактот дека ќе закачи бронхитис. Не ми е јасно како можеше во рок од три секунди така да се отвори небото и да ме направи утоп до гаќи, преку чадор и преку стреа. Гром мислам на метро од мене лупна, луѓе трчаат ко избезумени...права идилична слика ко за почеток на една есен Инаку посебно благодарам праќам до прекрасната жена што се симна трчајќи по скали за да ме прими во влезот и да ми донесе столче за да се засолнам додека да помине невремето. Ме видела од прозор, па ме покани да и влезам и дома, да не седам на ладното и чај да ми направи. Кој што сака нека рече, добри луѓе си постојат, или пак јас сум таква среќа и постојано налетувам на нив. Боже, којзнае колку гревно сум изгледала уствари ...во понеделник и носам кафе спакувано со машна Си барав есен, ете ми ја
Сакав да му кажам што направи за мене, од каква јама ме извлече. Каква болка ми сопре во срцево. Од колкава меланхолија и монотонија ме извади. Сакав да му кажам колку многу ми значи ова нашево... Ама не можев.... Збор од уста не ми излегуваше. Немав храброст ни него да му признаам, ни себе да си признаам како се чувствувам. Си велам, следен пат нека е. Следен пат ќе му признаам. Ако има следен пат... Ya Allah, нека има следен пат....
@crimson че нека не те чуди дека културата почитта и подадената рака сеуште постои околу нас.. баш ми бодеше постот во очи за жената и нејзината култура. Секоја почит за ваквите луѓе, убаво е кога пред се си човек.. кога си Човечен!
Well...right. Јас сум личност која сака промени...мразам монотонија. Не се сакаме со неа. И затоа ми е убаво, затоа што секој ден ми е различен, убав на свој начин, исполнет, драгоцен...Со еден збор убаво ми е. Но градов е некако монотон, ист, но како и да е убав. Убав, затоа што е мој, тука сум се родила. Но сепак, едвај чекам да отпатувам во една од моите најомилени држави, да прошетам ,а после тоа пак и пак. Што почесто ќе одвојувам време за тоа сега. Имам таква потреба.
Сдк - поздрав до сите кои ја љубат есента, дождот, студот и гломазните џемпери и блузи! - поздрав до сите кои ја чекаат метлата и крпата бидејки на друг нема кој да им ја подадат! - поздрав до сите коишто ништото секогаш знаат да го претворат во нешто! - поздрав до сите домаќинки кои умеат позади кујната и се снаоѓаат од едно да прават две! -поздрав до сите оние кои пливаат во чоколадните задоволства без предрасуди! - поздрав до сите оние кои се трудат и неуморно работат за својата иднина! - поздрав до сите оние кои обожаваат да го поминат денот под ќебе, со чај во рака и убавиот пишан збор! -поздрав до сите оние кои веруваат во љубовта и силните емоции! - поздрав до сите оние кои сеуште имаат совест и човечност, кои ја подаваат раката безусловно и несебично! - поздрав до сите оние кои умеат со едноставноста, класиката и елеганцијата која им се наоѓа во гардероберот! - поздрљв до сите оние кои љубат да шопингуваат и се секогаш паѓаат и се забораваат во добриот бутик! Пријатна веќе викендска вечер!
Не ми се зборува за времето. Неќам да слушам ни за дождови, нит па бистрење политика. Кога би биле похрабри и би прифатиле нешто повеќе од нашата комфорна зона, би се буделе поинакви. Судете ми колку сакате, ама повеќе ме интересира заоѓањето на сонцето над талијанските езера Јас немам никого во Rimini, немам во Toscana, ниту пак во Rome... Имам само една заборавена љубов во Bologna. Да го љубев уште, ќе му речев Ti amo, ja tamo. Со одредени личности, некои средби ги паметиш по илјада ноќи..... Така е и со градовите, се сеќаваш на нив со месеци, години.... Не е Петрарка, ама е од Тоскана исто така.. Поздрав со Франческо и имајте поведар викенд, заинат на дождот.