И кога вака доцна навечер ќе се повлечам во својата постела, кога ќе пуштам некоја тивка музика и кога ќе ги затворам очите пред мене излегува неговиот лик насмевката, очите, усните.. Несвесно си се насмевнувам среќна што токму тие очи, таа насмевка и тие усни ми припаѓаат само мене. Се вртам на неговата страна од креветот, со раката ја допирам неговата перница и по неколку секунди ја прибирам во својата прегратка и го впивам мирисот негов кој преостанал. Ми недостига премногу, премногу се врзав за него, премногу нешта сум поминала со него. Сакам и вечерва да е тука и утре и засекогаш.. Сакам да ги слушаме нашите песни додека водиме љубов, сакам да заспивам и да се будам до него секој ден така.. Ете само тоа го барам од животот ништо повеќе.
Вратио се Шимее Пак јас и моите турнеи од играорна #ОнаКога твоите те гледаат запрепастени 5 минути на врата, бидејќи знаат дека си доаѓаш ден покасно, а ти ги изненадуваш со ден порано Па што бараш ти тука, нели требаше утре да си дојдеш? Унгарија и Србија на недела дена Секзард (без с после к-то), Панчево и Белград Се изнашетавме за сите можни пари Е сега тоа што настинав, не е моја вина што низ цел концерт на плоштадот дуваше ветер Нови познанства, прошетани преубави места, мачкања од глава до пети со шминки и помади во ниедно време, како да поминеш улица од 300 метри за 5 минути пошто има ненормална гужва, возење на еден уште поненормален рингишпил, уште најпоненормални напревни 1000 слики - предобра помината недела Ехеј, доста се испофалив, бидете ми поздравени и уживајте во викендов
Е, ова сакав да кажам уствари. Најсмешно ми е на форумов кога ќе видам некој нов член, ја отвара секоја можна тема од секоја категорија, и по ред си пишува мислења. Најчесто се по збор два мислењата, ама битно да ги има, па што?! Некоја тема пример, „Што носите у моментов?“ - одговор: „Пижами.“, „Што ви се јаде у моментов?“ - „Бурек со сирење.“, „Како сте денеска?“ - „Супер.“ Или па она, некоја тема за некој проблем отворена у 2012 и некој ќе го цитира првото мислење па ќе пише тек сеа совет. Најбоље ми е, ми иде пуканки да си зеам и маратон да си напраам, да ги отварам сите теми кај шо пишуваат и да си се посмеам.
Ова од кога сакам да го напишам и секогаш се премислувам. Или кога ќе видам некоја рандом тема од 2011та пак активна знам секогаш од кој член е отворена
Отвараш некоја категорија да си побараш тема некоја, и читаш секое последно мислење е од еден ист член.
А сум забележала дека ако отвориш Непрочитани мислења во вакви ситуации, сфаќаш дека некој или бил hungry, или бил horny Или ќе ја заредат Храна и пијалоци, или Секс Трето не сум забележала
^ или тоа да. Мада и тука важат истите правила, со по неколку зборови одговараат. Освен мажине, тие веќе advanced се, со по некое подолго мислење за да шармираат цурици и со рандом предлози за тројки.
Сакам да танцувам на дожд.Есенски дожд.И не сакам површно.Сакам да се поврзам со некој и да навлезам во длабочините на неговата душа.Да ги распрснеме чувствата насекаде.Да ја почувствувам онаа искра во очите.Да се кикотиме како мали деца и онака накиснати да газиме по есенските лисја додека јадеме топли костени.Да поминува со неговите прсти по моето накиснато лице и мокра коса.Да знам дека ме обожува и во такво издание и притоа да ми каже:прекрасна си.Потоа да ми го понуди своето палто бидејќи се грижи за мене и тука да почнеме да се расправаме бидејќи јас мислам дека сме еднакви, и мислам на него.Да ме кара до дома..да му викам зошто не се чува..пред врата да ме бакне и да ме исполни со позитивност се до следното гледање.На нашата клупа, под нашето дрво.Ете така, да бидеме посебни и свои,совршено -несовршени. Бек ту реалити..петок навечер, јас со чајче во рака слушам како врне надвор.Убавини. И да, малку си сонувам со отворени очи.Тоа е,шта чеш.Ќе се деси некад, мора.
Мора да се измисли некој апарат што те чешка по коса дур да заспиеш... Ќе биде корисен кога мажите/дечковците нема да се до нас.
Денеска дечково пак стоеше у близина и дојде ред да земаме јадење и се врти дали го гледаат другаркиве малку подалеку кои очигледно не го фермаа. Буквално се дереше и и вика на вработената у менза ,,Дај ми уште еден стек, девојката ми е на гости" . Oваа се смее и на шала му вика ти твојот стек ќе и го дадеш, не можам два да ти дадам. И братов ни две ни три и вика "Имам ја друго месо да и дадам" Koja простоќа и неумесност туѓ срам да те фати. Женава занеме скроз... Инаку не излегов денес, ме наврна дождот и мислам дека утре коа ќе се разбудам ќе бидам со фатено грло и температура. А закажавме фудбал у балон, ај ќе бранам ако сум омалаксан
Моментот кога крпата и џогерот те чекаат позади врата а мораш да ги земеш бидејки нема кој друг Пријатен викендски ден за оние кои решиле да го излуфтираат мозокот од секојдневието
Немам инспирација Сакам само да одам на море и да пливам и да се смеам додека ме плискаат брановите и да нуркам... Сонувам со ноќи како сум на море... Всушност, така заспивам, а после сонувам глупости.
Само јас си знам низ се што поминувам. Само јас си знам како ми е. Гледајќи од страна изгледам добро, нели. И тоа е добро, не секој треба да ми ги знае маките. Ама најмногу ме боли кога ќе ми речат ех добро ти е тебе што ти фали и јас ќе речам да добро ми е. Нека ми дојдат дома на една недела, па ќе сфатат сами колку ми е се "добро". Веќе ми се смачи да објаснувам. Некои не сакаат да слушаат, а пак некои "не разбираат". Се навикнав во последно време да велам, ништо не е. Уште колку ли ќе издржам преправајќи се дека сум добро? Се изморив.
Имам еден комшија и ниту еднаш не пропуша јас тил шанса кога ќе ме виде да ми рече: Ајде чадорче што чекаш мажи се, ќерка ми ќе те превари а ќерка му е втора на факултет и девојчето вика јас додека не завршам факултет и не се вработам по струка не планирам да се мажам. Значи многу мразам такви љуботини створења што ти е тебе гајле кога јас ќе се мажам и дали воопшто планирам такво нешто, наместо мене гледај го син ти генерација ми е а нема ни жанска, грижи се за него а не за мене Ехх Господе ццц како се нервирам вака ќе ти го зафркне цел ден
Значииии 3 месеци со ред се будам секој ден во исто време, да не речам 15 до 7 наутро, без разлика кога и во каква состојба сум легнала. И за преку недела ми е малтене рано, а не пак за викенд или годишен одмор. Не знам зошто воопшто се замарам да местам аларм. Дај умов нека ми ја примети опуштеноста на телото што ми се создава од самата помисла дека не ме чека никаква обврска и нека ми го помести часовникот нанапред барем за еден ипол час покасно. 8 и 30 евентуално 9 не ми изгледа на барање леб преку погача, не? Да не правам муабет па колку е језиво секој ден да отвориш очи и да ги видиш сказалките на истото место. Или нешто редовно се случува во комшилук тоа време, а јас не приметувам, или начисто сум откачила...
Не ми е потребна докторска диплома за да ја заклучам дијагнозата на луѓето кои се буквално опседнати со некого, односно таа личност им е преокупација. Сето ова во негативен контекст, секако. Психолошко нарушување е тоа. Дали има лек ,не знам. Но мислам дека можеби би им помогнало мал разговор со самите себеси, а тоа да доведе до сваќање дека животот не функционира така, да се посветат на себе си повеќе. Имаку тоа е сериозен проблем, барем така изгледа. Таа болна опседнатост, завист. Бај д веј, сабота ми е секогаш ден кога обавезно за доручек јадам бурек.Но овој пат не една четвртина, туку две. Да си кажам сега дека цел ден ми е забрането јадење? ! Епа не можам.