Сакам снег ама оваа зима ја претера ДОСТА ни е од снеееег сакаме СОНЦЕ Еве вака изгледа моментално надвор а јас треба по ова време да одам на работа
Повторно јас. Но за инает на анатомијата ке излезам на кафе,ке се прошетам. Ете така да знаете. Ајде одам да го искористам остатокот од сончевото време. Од учење цело време нема спомени. Ете така.
Љубов? Да, тоа е она прекрасно чувство нели? Чувство, кога мислиме дека сме владетели на "Кралството на семожното". Тогаш можеме да ги чуеме сите мелодии на срцето и танцуваме на неговата музика, трепериме од невидливата прегратка на таа убавина. Допирот на дланките на љубовта ни вдахнува дополнителна сила да чекориме против сиот свет, храброст да ја искачиме највисоката планина и да погледнеме надолу без страв, знаејќи дека нашите дланки нема да бидат отпуштени. Љубовта се раѓа заедно со раѓањето на новиот ден. Колку повеќе ја споделуваме, таа со секое ново утро е се поголема, зар не? Не избираме љубовта со кого ќе ја споделиме, таа само срцето го слуша, па можеби и затоа не ни е секогаш возвратена. Е, тогаш загледани во хоризонтот ја бараме единствената насмевка што ја познаваме, топлата прегратка од која трепериме, допирот под кој се топиме. Збунети, како сите бродови да ни потонале во морето на љубовта, како да немаме повеќе ниту еден брод кој ќе не одведе до срцето на саканиот, немоќно талкаме во безвремен простор. Талкаме, се до раѓањето на новиот ден, зошто со секое ново утро љубовта одново се раѓа. Секое ново утро, срцето кришум ни шепоти: "Среќен е оној кој умее да ја сподели љубовта, тој секогаш ќе има љубов за сите, неважно дали ќе му биде возвратена." Со храброст и нови сили, во новото утро кое ни дава нова надеж продолжуваме понатаму, замавнуваме со рацете долж морските длабочини, итаме кон нашата среќа. На момент во далечините го гледаме брегот до каде што треба да испливаме, всушност нашата цел, но со секое замавнување како да сме се подалеку. Сепак, не застануваме, упорно се нурнуваме во сините води. Само оние кои до кои не допреле зборовите на срцето се откажале и не се издигнале на површината на морето. Тие никогаш не пристигнале како победници на брегот. Но, тие што срцето ги води, на крајот сепак се приближуваат до брегот, ги прават последните замави со рацете и тие веќе се тука, изморени, но среќни. И покрај се, љубовта е совршено чувство.
Да ме прашавте до вчера кој ти е најинтересниот,најзапаметен спомен од основно училиште,јас немаше да имам одговор.Ама од денеска па натака имам. Одиме од 2ри на 3ти спрат во кабинетот по математика,и се качуваме нагоре по скалите со другарка ми и само држејќи јас во раката,ќесата по ликовно со разно-разни ствари во едната рака и јакната во другата рака,кога треснав,све ми падна и се испружив колку што сум долга и тешка,другарка ми ми се изнасмеа,едни ми се смееа,други си поминаа,цело школо ме виде,трети ми ги собираа работите,дури и патиката ми летна. И така ми носат работите,некој ќесата по ликовно,некој патиката,а замислете да имав скинати чорапи ќе бев тема на зафркавање цела недела,па може и месец,па наставнички дојдоа,ме прашуваат дали сум добра,па класот цел ме виде,цела засрамена,набрзинка во училница влегов и цел ден од срам набрзина поминувам низ ходниците и не излегувам од училница,ни до вц не одев дури. И сега ќе звучам како оние на рекламите на топ шоп,но тоа не е се! И сега тоа беше на 2ри кон 3ти час и на 5тиот час имавме историја и седам таму на 1ва клупа и ајде почна часот и си ги испружив нозете,а заборавив дека наставникот дур седи си клоца со нозете и двапати ме клоцна,таман си ги потргнам нозете заборавам и по 5мин пак си ги испружувам и кога третиот пат ме клоцна ми вика,добро бе Кате не ми ги пуштај нозете,цел клас се смее и јас со него,а уствари цела засрамена. И тоа не е се! На последниот 7ми час си ги скинав хеланките на столот и гледам сите ме гледаат и викам што е,што ме гледате и они хеланките,кога се видов,леле огромна дупка,среќа црни хулахопки носев,па со јакната и ќесата се криев дур стигнам до дома. Што ден ќе беше не знам,среќа што избањата и чисто облечена бев инаку тешко мене ќе беше. Мојот најголем спомен од основно,03.02,2014,узпат ухх од што паднав имам модрица на ногата ама ме боли... П.С Не ми се смејте,доста сите ми се изнасмеаа денеска... Спојлер Ваква бев,само многу многу посмешно беше:
Здраво девојки и момци Нова сум на форумот, иако долго време ве читам (колку е клише муабетов ). СДК дека НЕИЗМЕРНО ВИ БЛАГОДАРАМ за советите, идеите, помошта кои индиректно ми ги дававте
Постојат такви личности со кои што не сакам никогаш да се сретнам никаде, во никој момент. Ама па понекогаш потајно сакам да ги сретнам, и по 5, и по 10 години, чисто за да им кажам само едно нешто, I know what I'm doing, even when I don't, I do.
Ако би можела и животот би го преспала. Никогаш не ми е доста од спиење. Денес понеделнички,расположено уште по сабајле. Ако музика неможе да те расположи,кој друг тогаш? Имајте пријатна вечер девојки.
Во последниов период се чуствувам многу депресивно...Како никој да не се грижи за мене и не го интересира како сум. Ај да не кукумјавчам многу ме дрмнаа бубачките во главата.. Имајте убава вечер!
Само јас не знам дека има нова СДК, туку чекам да се отвори старата ??? Туку, ај за убаво да ни е, убави работи да си пишуваме (иако некако тешко ), и стварно здосадија сите статуси, слики, цитати. Па, дајте луѓе нешто свое. Јас бев цел ден во природа и се поврзав со природата на ова сончево време...Си ја одморив душичката. Сфатив (по не знам кој пат) колку е досаден животот со секојдневни дотерувања и одење на кафе во гужва.
Денес имав среќен Понеделник. Почнувам да ги засакувам понеделниците или така ми се чини. Ај да не мрморам многу и да си го урочам овој прекрасен ден!
Помина јануари, најдолгиот, најдосадниот и најдепресивниот месец. Февруари ќе летне за минутка и додека да трепнеме излегло сонцето, се шетаме во лесни, шарени фустанчиња и уживаме во летото. Има надеж, има надеж... Годинава со мм сме решени да одиме на одмор (жими се, секоја година го пишувам истиов пост. ). Ни треба малку промена, релаксација, убавини... Имаме и посебен фонд на кој пишува За одмор, па си фрламе по некој денар таму. Ама нема поубаво од годишниот одмор, мислам дека цела година е некако подруг ритамот, кога имаш наполнети батерии. И стварно се надевам дека и годинава нема да ни пропаднат плановите, дека барем еднаш ќе успееме да ги изреализираме. Ајде Господе, не се смеј само над плановите наши, дај мала помош.
4 од 5 испити положени Утре е последниоооот ииии распуст до 24 Месецов ке биде месец на промени осеќам. Клучевите од новиот стан треба да бидат наши до кај 20ти. Цела сум еуфорична за тоа што како ќе се направи, во кои бои, каков мебел, теписи, завеси, слики, детаљи, свеќи цвеќиња. Одсекогаш сум сакала да ми даде некој стан да го опремувам, добро сум сакала и неограничена сума на пари што додуша нема да добијам, али добив картичка не е лошо. Толку, идеи, сонови, желби, планови, убаво почна годинава
На 02.02 искачаш со намера да си фатиш дечко, сириосли? Тоа ти се вика надежта последна умира. И така уште еден досаден понеделник тече и ќе помине, проблемите се собираат на купче, стојат, гувеат. Ништо што не може да се реши, ама искрено, смачено ми е од овие исцрпувачки бирократски битки, кои ти ја црпат не само енергијата туку и сржта, те дотолчуваат, те прават да се осеќаш безкорисно и немоќно. Помало од зрно грашок. Одлуките нека почекаат малку, моментално нема ништо побитно од топлата супа со кнедли една добра стара неповторлива мелодија http://www.youtube.com/watch?v=GzR51V82tnY Стиви, оставари ми чуда
Сакам во најбрзо време да ги решам сите мои проблеми. Онака , вложив труд за таа цел најмалку 2-3 месеци. Барем нека се исплати. Страв, нон-стоп чувствувам страв. Сакам да исчезне , да го нема повеќе.
...Си заминав од тој град пред 4 години. Ден пред да исчезнам, бев на прошетка со неа. Се колнев дека ќе ја оставам на безбедно, но немав излез. Бев приморана да ја гледам како заминува, бавно и болно. Никој не разбира што чувствував за неа. Никој не сакаше да знае, и никогаш нема да дознае. Никого не го интересираше, се додека не дојде на прошетка со мене. И никогаш не се врати... Следниот ден, бев опкружена со прсти вперени во мене. Во злото, на работ од црната дупка ќе се појави светлина од исчезнатото тело на ѓаволот. Морав да заминам како и секогаш, но овојпат без трага.
Премногу сум изреволтирана колку некои луѓе уште од пубертетлии стануваат агресивни и некултурни идиоти.Значи ок,разбирам,млади деца,летаат,вака-така,али се си има свои рамки и граници.Али ова е буквално за никаде. Никој-никого не слуша. И плус,нешто кое тотално ме вади од контрола,е некултурата,неоднесувањето било кон постар(а,во мојов случај спрема професор). Што е премногу,премногу е за еден понеделник. Единствена светла точка сега,е датумот за ескурзија кој ќе се погоди со мојот роденден. Не можев да си поверувам. И воедно се возбудив Ради ова последново ве честам.