Како што телото има способност самото да се лекува и да ги зараснува повредите и раните, така може и душата. Само дадете ѝ време. На крајот ќе останат само лузните. Ќе боли и понатаму, ама нема да печат раните, туку сеќавањата.
ШТО ДРУГО ДА КАЖАМ АКО НЕ ОВА???? ШТО МОЖЕ ДА КАЖЕ ЕДНА МЛАДА ДЕВОЈКА НА КОЈА ЖИВОТОТ И ПОМИНУВА ВО ТУГИНА... На која ништо во животот не и е интересно само деновите кога саканиот е покрај неа... Кога од 365 дена живее само 60 дена, а каде се другите 300 ???? Кога не ја радуваат долгите прошетки и шопинзи со другарките, не ја интересира целодневното седење по кафичите и гледањето на кафе..... Сакам само да е до мене , да бидеме заедно и да бидме среќни, зарем многу барам ?? Не САКАМ богоатство, не сакам скап накит, не сакам ајфон, несакам да одам на одмор во Шпанија, не сакам да одам на зимување во банско, не сакам чизми од 100 е , не сакам да блескам со сваровски, не сакам да пијам скапо вино и несакам да имам на мене парфем од 4000 ден ... Сакам да сум дома , до саканиот , да пиеме евтино вино, да гледаме филмче и да уживаме во љубовта еден до друг , се друго за мене е луксуз. Не сакам луксуз и скап живот сакам скромен живот но со саканиот. За мене луксуз е кога тој е до мене, кога заедно се будиме , кога заедно го живееме овој скромен живот. Зарем животот е премногу долг за да се помине така сам ??? Ајде миличок мој печали уште малку , и конечно да се средиме заедно да бидме , дома да бидеме. Ке појдам и јас ке најдам некоја работа не е битно што е и конфекција нека е само нека биде нешто на работа нема срам ке работам по 12 саата само за да бидме заедно, Да те чекам кад се вратиш да ме сањаш да ме памтиш.... САМО ДРАГИ ДОЏИ КУЧИ http://www.youtube.com/watch?v=8YjgJ_hOI_Y
Кога нешто ветувам многу се мали шансите тоа да не го исполнам. Па така после секакви негативни коментари на мојот успех во школо успеав да поправам две оценки, по многуте качени кила се измерив и сум полесна 2 килограми. Некако периодов иако доаѓа пролет , иако се цвета и се буди, другарките и личностите кои ми значат ми се некако тажни, омалаксани, збунети, чудни...патем и јас. Незнам зошто... И така одморам после напорниот ден со огромна шоља чај и многу мед, и се спремам да ги почнам многуте домашни и многуте лекции за утре. Имајте убава вечер.
Според прогнозата на феминава наша нè очекува сончево време викендов. Јас ќе си ја извадам масичката надвор, ќе си исцедам сокче од портокали, ќе си направам кафенце и ќе се печам на сонцето со книга во рака. Поубаво здравје.
Што ми е слатка братучедка ми! Само 3 години е. Бељи правеше и за малку ќе паднеше од каучот и ја искарав. Таа знаеше дека направила нешто лошо и кога се смири, дојде ме гушна силно и ми се извини. Прво се зачудив зошто ми се извинува, но после се насмеав и и објаснив дека не ми згрешила ништо, туку сум се исплашила да не се повреди и дека за да биде безбедна треба да ги слуша мама, тато, баба, тетин, тета и дадите. Обожавам кога ги учам помалите.
Пријателството не е нешто што се учи во училиште. Но, ако не си го научил значењето на пријателтво не си научил ништо. Пријателството е најголемото богатство. Да имаш некој кој ти е како втора половина, да имаш некој со кој можеш да споделиш се, да плачеш и да се смееш, тогаш имаш се! Што друго ти треба? Љубовта која пријателот може да ти ја даде е нај голема. Реткост се вистинските пријатели, но ги има. А доколку имате некој таков, чувајте го. Вредат, вредат повеќе од било кое богатство.
Ха Ха ха...не ги знаеш моите соученици,и јас така мислев дека ова ќе трае ден два,нивното однесување,но од ден во ден е се полошо,така ако кажам дека ми е жал што се разделуваме само ќе кажам лага.....одвај чекам да завршам,и да се разделам од нив
Дали вие кои се китите со туѓи перја, кои се’ земате на готово, со врски... дали вие воопшто имате некоја грижа на совест? Дали помислувате како му е на оној од кого сте препишале лектира, се земале состав или нешто слично? Дали се ставате на нивно место? Како би ви било вам тоа да ви се случи? Сите вие сте кукавици. Особено зборувам за оние кои молат по темиве да има прераскажат лектира, на им напишат есеј, писмена и сл. Не ги знаат ни основните граматички правила, а на фејсбук се први, имаат по 300 лајкови... Бараат писмени бидејќи не знаат два збора да сврзат. Немаат речник, не читале... Задолжителните лектири не ги прочитале, туку читаат Белешките на Лајла Грејс. Ете толку знаат! Не ве разбирам ни вас, кои им ги пишувате. Демек им помагате, а всушност им одмагате. И јас сум помогнала на една девојка, но таа не отвори нова тема, ниту пак пишуваше на латиница, додека другите изгледаат вака: Девојката менe културно ми напиша ЛП и ме праша дали би можела да и’ помогнам за воведен дел на некоја тема, не знам која беше. Ми рече дека имала инспирација и знаела што да пишува, ама не знаела како да го напише воведниот дел. И’ напишав две-три реченици и ми се заблагодари. Тоа е океј. Ама наместо по цели денови да седат на фејсбук, би можеле да речеме на прочитаат некоја кратка драма ако ја имаат за лектира и да ја напишат. Ама зашто да се мачат, имаат фемина, имаат гламстик (веќе немаат), имаат и други сајтови кои ќе им ја завршуваат работата. Срамота! До кога вака?
Преубав ден исполнет со среќни мигови. Пресреќна сум. Денес наполнив 17 години роденден кој ќе го памтам засекогаш. Да би имала временска машина би го стопирала времето и да си имам секогаш 16 и или 17 години. Најубаво ми е, немам некој големи грижи, а и ова се најубавите години. Најблиските ми честитаа веднаш после полноќ, а утрово кога станав ме очекуваше изненадување. Најдрагите членови од семејството се собрале и ми приредиле роденденско изненадување. Си замислив скромна желба, не посакувам оваа година нешто големо, бидејќи најважното во животот го имам. А сега како што е редот да ве почастам и вас овде виртуелни пријателчиња, не можам да си го замислам денот а да не се оклучам на фемина најмалку еднаш, овој форум ми стана секојдневие. Спојлер
Кај нас е катастрофа,не си ни свесна,како е! Еден ден со мене,друг со тебе четврт со некој ЧКЉ!И само озборват пред мене неа ја озборува,после пред неа мене ме озбора.И јас повеќе ни им обратувам внимание на таквите! Затоа 2 полугодие 8мо ми е најубаво.Пред тоа се нервирав и едвај чекав да завршам,сега ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ,што зборат пред мене,што зад мене. Ме озборувате зад грб,тоа значи дека сте многу по назад од мене!-си одев по оваа 50% моја филозофија. Мислам сфати што сакам да ти кажам. Главата горе и оди само напред!
Навистина животните често знаат да покажат повеќе благодарност и искрени чувства од некои луѓе. Затоа и отсекогаш сум сакала дечиња и животни, секогаш ми го разубавуваат денот. Дури и од сите реклами, смешни видеа и слично, најомилени ми се оние со мали деца и животинчиња, едноставно нивните реакции се чисти и најискрени. Затоа и највеќе можат да ти нацртаат насмевка на лицето. Пред неколку дена, имаше едно маалско кученце околу моево школо. Го гледавме често на голем одмор и баш со другарка ми му дававме малце од тоа што го купивме за јадење. И душичето не` запамтило, си почна два - три дена да се вртка околу нас, кога излегувавме од школо после часови. Другарка ми, која патем и живее блиску до школото, од мала е ептен по животните а и нејзините родители понекогаш вдомуваат кученца, вчера реши да си го земе дома. А изгледа ќе сакам да идам секој ден кај неа, да си играм со него, колку ми стана мило. Ах бе, да сакаа повеќе мајка ми и татко ми миленичиња, ни ајфони ни лаптопи туку кученце одма би им побарала, најискрено. Ги зафркавам понекогаш, некој ден ќе си соберам некое малечко и јас, или ќе земам да позајмам некое од оние на другарки што ги знам, да го погњавам малце. А чудна сум ви јас во однос на кучињата... Сите си ги сакам јас и сакам да им помагам, иако ми е страв понекогаш, можете да ме видите испаничена ако видам некое големо куче да лае во близина, еднаш така ми се деси, за малце ќе закаснев во школо сабајле заобиколувајќи по друг пат. Ама па такви мили, за гњавење, ептен сакам. Особено некое питомо и паметно, што го прати со очињата разговорот кога луѓе зборуваат, чиниш ќе прозбори.. како тоа што го запознав пред некое време кај едни семејни пријатели. Ете, додека да ги убедам моиве еден ден, ќе си чувам папагалчиња и риби, одвреме навреме.
.. се чувствувам исполнето деновиве. Дефинитивно јас сум од тој тип на луѓе кои неможат да седат бескорисно ,без обврски и само да џаболебарат. Бев болна недела дена,и скиснав дома Лежењето и бескорисноста не е за мене. Само што почнав пак во школо и земав книга во рацете се чувствував подобро, инстантно. Знам дека звучи лудо и мене не ми е јасно што се дешава Дефинитивно одморот после напорна работа е подобар, померачки.
Уморна сум. Знам дека е период,дека ќе помине,ама немам буквално никаква желба за ништо. Ни за книги,ни за учење,ни смеа,ни забава,ама буквално ништо. Сакам само да лежам завиткана со ќебенце,да гледам филмови и да бидам подалеку од злобни луѓе. Да одморам малце. Уморна сум,а не знам од што. Толку. https://www.youtube.com/watch?v=F586JktJyEg
Секогаш си тука за мене , никогаш не ме оставаш сама за било што.Мојата единствена пријателка , една е мајка.Да бидеш жива и здрава уште 100 години , се за убааво да ни биде.Ти посакувам најпрво многу здравје , среќа и љубов.Биди сакана затоа што заслужуваш.Ниедна порака нема да може да ги искаже моите чуства за тебе.Да изнапишам уште 10.000 вакви нема да се споредаат со она што ти го имаш направено за нас. И да не одолговлекувам многу.... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМИЧКЕ ! ТЕ САКАМ !!!
Денов ми почна со дупло, јако, горко, турско кафе во двор, со празен бел лист хартија, омиленото пенкало.. цигарчето не ми идеше па го баталив. Истиот тој лист во текот на целиов ден, се исполнуваше, надополнуваше, шкрташе, пополнуваше..уште исто толку пати се гужваше во дланка.. за на крај да сфатам дека тие работи во него, јас не сум спремна само така да ги фрлам.. иронијата е во тоа што јас се осеќам..фрлено.. и можеби е пиемесов...стравот е во тоа дека не е.. Во суштина, не сум ранлива личност, и кон се макар нејасно за мене, макар причините за истото да ми се банални, глупи, несфатливи..секогаш ама баш секогаш пристапувам со разбирање... Можеби имам потреба и од вакви денови, можеби самата си ги праам вакви... едно никогаш нема да можам да сфатам, како човек може да се откаже од нешто драго за него толку лесно?! Како? Не ретко ми се дешава да ми е се измешано во главава, но емоциите, нив секогаш знам која на која полица сум ја остаила последниот пат. Патем.. нив секогаш е најтешко да ги доведеш во ред, затоа во нивни случај е потребна почеста генералка и јако одржување на системот. Ако некој ме праша што ми е и за што уопште ј*боте зборам... ќе одговорам -не знам. ПМС ли ми е? ...искрено се надевам дека е до тоа.
Колку ми е убаво кога ќе добијам посебно внимание од човек што го гледам како мој идол, човек на кој што му се восхитувам,го следам секој негов чекор и добро ја ценам и знам неговата работа Ееее фалаа ти многу,ми ја разубави вечерта
Доволно долго време,се посветив себе за да променам нешто во овој суров свет.Колку сум променила не знам.Но едно нешто ми е кристално јасно.Сите сме тука со некоја цел, па дури и луѓето кои не повредуваат.Животот е се, само случајност не.Тој е повеќе болка , отколку радост. Но , како се раѓа човек?Со болка.Но слатка , издржлива , зошто после неа доѓаат радостите. Затоа живеам за да се радувам.Живеам за оние мали нешта, кои ги прават големите. Се радувам на првите сончеви зраци,на светлината на денот. A денот?Kој знае може ќе ми донесе една голема радост? Tаа мисла ме буди секое утро.Oд неа црпам сила да ги исполнувам секојдневните обврски.Tие не се малку.Понекогаш дури и сама себе се чудам како сум успеала да ги завршам. Помислата дека еден ден се ќе се среди, ќе биде онака како што посакувам , ми дава невидена сила. Тајната е во исчекувањето.Колку ете може да бидеме трпеливи и да ја дочекаме големата радост.Толку многу голема за да знаеме што да правиме понатаму со неа. Зошто некои луѓе ја имаат , но не и се радуваат, затоа што не ја чекале , не и се надевале,и не ја препознават.