@Cka ако си така ревносен борец против корупција си го згрешила местото каде да се бориш против неа. Не знам дали навистина не знаете или не смеете да кажете. Не одат тие пари во џебот на некое локално политичарче, туку на сметка на партијата како спонзорство. Избори се ближат, мора партијата да се финансира. Доста крадеа од народот, сега и од сопствените членови ќе земаат. Кого да пријавиш, партијата, власта?
А Бриџит ко дежурна во слободно време од чистење германски вецеа, знае кој е на одмор, на боледување, на пауза Да не сакаш скенирано доказ оти не сум на работа Оти јас не сум лажга како тебе Анел, чим знаеш, оти бе не пријавиш? Еве јас не знам кај одат парите. И Реин бриши не. Се видоа лагите.
Znam deka ke bidam pak napadnata ama aj... @Cka jas nit ja poznavam @Bridget nit sakam da znam za nea, ama devojkata/zenata si napisa eden post na temava i ne te ni navredi tebe a ni nikoj drug. Zarem tolku slobdno vreme imas za da se zamaras dali toa sto go napisala e laga? Kako se drznuvas da nareces nekoja licnost lazga sto napisala samo eden post vo temata Sdk... Sto ti e gajle dali laze ili ne, sto se zamras so nea? Makedonska rabota....
^^ Нема зошто да и е срам, јас не се чувствувам навредена, не чистам германски клозети, па и да чистам тоа не е навреда за мене. Сакам само уште еднаш да ги наброи дипломите за кои вели дека ги стекнала, често ги пишува низ темите, па да ги споредиме со начинот на кој пишува, се изразува, паметот што го носи во себе, и да пропаднеме во земја кој се денес се стекна со секакви дипломи.
Zosto da brise rein? Ete da receme moze da se napravi soodvetna tema pod naslov Dali vo Makedonija se kupuvaat rabotni mesta,da se smesti vo politika i da se prodolzi diskusijata. Mozebi trebase odma da se zapocne taka,moze sega malku ke se pomaci,ama dosta dobri temi se pocnuvaat ovde i vaka.
Можеш сè да одглумиш, освен начитаност и интелигенција. Џабе е, труди се да пишуваш литературно, користи големи зборови, отворај теми што не ги разбираш, ќе излезе на површина твојата способност.
Da i jas imam slusnato za toa. Deka ako sakas da te vrebotat treba prvo da si platis odredena suma na pari, pa posle ke ti dadat ili resenie ili dogovor da potpises vo zavisnost od toa kolkavii vrski imas najdeno
Она кога ке отвориш СДК и гледаш испишани многу страни од последниот пат кога си посетил и едвај чекаш да ги прочиташ убавите мислења и на крај се што гледаш се расправии со тон глупости.
Сама себе се закопа. ЦЦЦ вреѓање по основ на пониска и повисока работа. Јас знаев дека помеѓу големите зборови што се труди да ги употребува се крие некоја површност, ама сега се уверив. Мој совет тие да не се натегаш со човек кој што причина да ги гледа луѓето од висина е партиско работно место во администрација. Што би пишувала да беше на некоја повисока позиција се прашувам. Сите ние сме фејк само она е риал.
Сите си го чуваат она своето националното...не го вреѓаат...го рекламираат, го нудат...се фалат со него Само денешните новопечени македонски домаќинки :,,фуј...ајвар..бљак..нит го јадам нит го правам..кога сакам ќе си купам една тегла и таа ќе фати мувла,, Не велам дека мора да се јаде, ама немора вака да се коментира. Сте чуле италијани јавно да ,,пљукаат,, на пица ?
Македонче не е македонче ако не се испокака самото себеси. А бе македонштината и националното треба во срцето да се размножува а не да се пљука и кака. Затоа државава кој стаса странец ни је резили поготово соседите, ние самите не си ја крепиме и сакаме а не пак некој душман ќе не тинтри. Колешке рефке целосно си во право
Да се приклучам на темава, работев во администрација 2ипол години, не ми го продолжија договорот ни мене ни на колешката со која 90% од предметите ги сработувавме и ја носевме работата во мал прст, ама затоа и го продолжија на една колешка која ниту живее во општината во која работевме ниту пак е партиски активна, колку што знам јас. Точно е дека повеќето наоѓаат работа партиски, ама јас и покрај тоа што работев на такво место ниеднаш не бев прашана за која партија гласам, не бев повикана на митинг и не бев условувана со тоа. Јасно ми е дека на мое место дојде партиско човече, ама јас не планирав да дремам во штаб за да задржам работа. Е сеа, сакам да го демантирам и фактот или ќе работиш за партија или ќе работиш како келнерка. Не се тепајте сите економски, правен и англиски да завршите, запишете технички факултет па после кукајте. На работава кај што сум дојдов сама и со моето така подебелко CV, затоа што имам искуство и работам откако дипломирав, едина пауза ми е оваа од 2ипол месеци бидејќи реновирав по дома па не барав работа, ама штом почнав за две недели почнав да работам. Ако ви се работи има работа, ама да почнете со време а не на 30 години да ви е првото работно искуство, така никој не ви дава работа, ве смета за неработник. Не можеш до 30 години да си го шеташ светот и да си дојдеш дома да кукаш по државата работа немало. Врски ко врски за вработување сум немала, ми кажале ваму бараат вработени иди, евентуално да ме најават, ама да ми фаќаат врски не. На последнава работа со мене имаше уште едно девојче, во CV имаше само две искуства од пракса по 15 дена и толку, а од мене 3 години постара. Епа сестро од курсеви низ светот не се стекнува искуство, па ти ако сакаш и цел свет прошетај го и биди експерт за осветлување, ако на дело не си покажала џабе ти се.
Нема зошто да се бришат мислењата на темава, со овие постови воочивме всушност на кого му останала човечноста и културата пред се, и се запрепастив навистина, немам ниту збор ниту коментар за изразувањето и речникот на некои членови, браво македонци, браво, секоја ви чест. @Bridget бидејки повика на апел до сите кои виделе со свои очи еве се пријавувам да кажам дека лично видов човек кој беше претходно во Авганистан за да спечали "повеќе евраци" притоа не погледнувајки пред и зад себе за ризикот и околностите за да потоа се врати и си го "потплати" работното место за плата од 250 евра, бидна што бидна после 2 години откако му истече договорот, наместо да му го продолжат како што било договорено го избркаа и го ставија чистач во истата институција каде што го вработија претходно како професор. Страшно, болно и вистинито. Ако почнам можам да напишам реферати и примери за нашата ни корумпирана држава, но не, не сакам да си ја трујам барем јас душата, веќе доволно видов и слушнав, доволно се запрепастив, бидејки никој не е доволно компетентен за да проба да промени нешто најнормално дека ќе си го бара своето чаре каде год има можност, со кукање и надеж во себе нема подобро.
Сублиматот од нештата кои непогрешливо се точни - биди убеден дека за нешто те бива и кога не те бива, ќе станеш се. Некои не ги добиваат шансите да се докажат кои се од таквите кои се убиваат да се покажат што се, а не се т.н. нарциси. Секој ден го гледам пред очи и се чудам, и да, верувајте, им успева. Фејк ит тил ју мејк ит. Може не е мој начин, ама пречесто е туѓ. Има еден тон луѓе кои се убедени дека се најдобри, но се далеку од тоа, но сепак успеваат и такви кои се подобри од најдобрите, но не успеваат затоа што се поповлечени и немаат самодоверба, зошто нели... се реалисти и тоа сурови према себе. И биди сега реална. Нека не партиска книшка со која си влегла, биди искрена и признај уште еднаш дека и самата пиша тука дека си влегла во општина преку врски. Па нормално е дека ќе имаш работно искуство кога некој ти помогнал со врски. Можеби и таа би била примена и тие курсчиња низ светот ќе и биле нешто плус на нејзиното богато CV благодарение на врската. Како сакаш сфати ме, тоа ќе си стои како такво и дека овде каде што си сега, најверојатно покрај другите квалитети кои можеби ги имаш, се должи и на таа врскичка благодарение на која ти имаш работно искуство. Те потсетувам само што пиша самата, одамна пред 2 години - свекорот ти помогнал. Да не се сфатиме погрешно, од свое искуство и воопшто согледување на нештата, можам да го изведам тој заклучок и пред се да бидам потолерантна према помладите или па понеискусните колеги. И при тоа да не се перчам. Не ги потценувај квалитетите на другите само затоа што немале шанса да добијат ветер во грб. Не друго, обично тие на крај изненадуваат со успехот... нив им касни, ама кога ќе дојде затвара усти за сите пари... (добро не секогаш, ама многу често). Поправете ме ако грешам. P.S. Ау сега видов што муабет сте имале претходно, ама нема врска, ова останува и понатака да стои. А што се однесува до темата што сте ја начнале. Немојте ве молам... банално е да зборуваме веќе (и јас сум зборувала на темава), кога во секој случај работите стојат така. Секој од секоја страна сака да се пикне лежеечки, дали вмро или сдсм. Како народ не чиниме, а партиите користат за свои интереси. Имам прилика да бидам во присуство на еден сдсмовски партиски послушник каде пазете што вика - вмро сите сељачишта и неспособни ги вработи, способните седат дома и потоа следи муабетот - јас своите деца да ги пикнам, да видат они убаво. А ве молам... едното дете факултет и заврши со врски, други му пишуваа семинарски и дипломска... ама дека нејзино е поспособно од останатите. Ова е типично однесување на ниско интелигентна, ниско интелектуална и пред се недуховна нација (не мислам на нерелигиска, туку недуховна, а тоа многу различно). Кој сака нека дојде и нека владее, овој проблем СЕКОГАШ ќе го има се додека сме такви како луѓе, самобендисани и себични. Ни треба нас шифт, ама во друга насока и смисла, а не политичка. Оштетена нација сме, со чувство на виша вредност, гниди.