TIL, или Денес научив, дека форумот фемина во оние делови од типот на брак, деца, бебиња и слично, се места каде ниту еден стрејт маж не треба да кликне. Едноставно, сфаќањето за овие работи е толку многу различно меѓу половите што дури не можам ниту да разберам како една цртичка во хромозомите може толку да прави да се разликуваме. Секогаш мислев дека мажите и жените имаат исти чувства, сфаќања, мислења и потреби, а се разликуваат само по интелект, но изгледа дека сум грешел. Како и да е, ќе морам да го прифатам фактот, дека бракот и децата за жените се нешто кое мора да се постигне, слично како кај мажите што мора да се постигне ерекција во секој момент. Не можам да го разберам тоа, но морам да прифатам дека целта на жените е да се омажат и да имаат куп деца. Следствено, да скројам стратегија како да ги натерам да мислат дека ги разбирам и оправдувам.
Очекувајте го најлошото, а надевајте се на најдоброто само така може да се избегнат големите разочарувања
Ако од нешто најмногу се плашам тоа се дечки презависни од нивните родители. Нивните знаат каде се, со кого се,што прават, зошто прават и зошто не прават, на што си ги трошат парите, кои им се плановите во иднина, уствари они немаат планови за во иднина, они имаат договор со нивните за нивната иднина. Такви кои не се согласуваат со еден куп работи на кои ги убедуваат нивните, но немаат храброст за поинаку затоа што нели...ќе ги навредат, читај, мислат ќе ја изгубат љубовта и поддршката и ќе останат сами. Па секоја нивна одлука е базирана на стравопочит према родителите... Нема ништо лошо да си ги сакаш и почитуваш родителите. Ама дечко,ако не си ја поминал фазата гневен сум кон вас, денови исполнети со лутење и карање, што уствари претставува сечење на имагинарната папочна врвца, не си созреан. Замисли мораш да го поминеш тоа и ти се случува во брак, тогаш веќе жена ти ќе го јаде и ќе ја читаме на една тема тука. Такви...ве молам не ми се приближувајте. Еве пролет, живи сме. Не е лесно, оти е живот. Промени. Старо-нови ликови, животот ги враќа за да видам колку всушност сум созреала. Добро е. И да, си пиев на балкон и ми слета жолта пеперутка на рака. Ете толку сум нежна и фина и добра и кротка... Женава што чисти си отиде пред саат време, па морам еве вака сама.
И,што рече,зошто тебе те е гајле за тоа? Здраво,поздрав,чао. Ах,да,не си го гурај твојот љубоморен нос таму каде што не му е местото.
Надвор се чувствува мирисот на пролетта, растенијата во дворчето почнаа да цутат, сонцето милува со својата топлина, небото блеска со своето синило, толку е пријатно и убаво. Доста ми беше од зимата од тоа тмурно,магливо,дожделиво и досадно време. Сакам цутови, сакам топлина, сакам светлина, сакам зеленило, сакам да го почувствувам тој опоен цветен мирис. Ги сакам тие пролетни и лесни комбинации. Сакам да си го облечам тоа најубавото пролетто фустанче кое има посебно место во плакарот. Да се шетам низ град и да не смрзнувам ниту пак горам, сакам умерено сакам пролетно. Те чекам убавице дојди поскоро.
Промената, ќе делува кога сите би направиле нешто за да се смени овој суров свет.Тешко дека ќе има позитивна промена, ако секој си го тера своето... Инаку, да секој човек е со некаква цел тука, велат човековиот живот завршува, тогаш кога ќе заврши неговата мисија во овој свет.Токму така и тие кои не повредуваат, бидејки тоа што го прават е со цел човек да издржи, да биде челичен, но и да не биде како нив, да ги научи трагедијата и среќата, за да може подеднакво да се носи со нив.Само не секој човек може да ја издржи суровоста на овој свет, па затоа некои креваат раце од се...Човек треба да премине преку се, не потклекнувајки пред секоја препрека, единствен начин за да продолжи понатаму.Животот е болка, радост, како што е времето, еднаш облачно, еднаш сончево. И, нели за да премине човек преку се, мора да си го зачува здравјето, без тоа, тешко.
Терасата дома - светната, средена и подготвена за пролетта. Секогаш во овој дел од годината ми е омилена и најпосетувана соба, да е до мене и некоја фотелја, кауч би пренела таму, а по можност и бирото, за да си учам со мерак. Дома ме зафркаваат, тебе Спешл штом ќе се запролети како резиденција ти е терасата. И така, со мислите одлетани некаде, пеперутки во стомак и лесна книга, денеска не сум одовде, ме фати она пролетното. Е... ми текна, ете уште една ваква, троа поголемка чинија ми фали за да ми биде туто комплето! Ве поздравувам, ариведерчи!
Наскоро почнува мојата турнеја по Мк,многу и се радувам ке биде многу забавно и интересно,прв посетен град ке биде Штип а за понатака сега нема да ви откријам,стрпете се малку не е фер сега све да ви откријам
На моменти имам потреба од осамување.Се препуштам на мислите и потонувам во друг свет. Пребарувам низ мојата кутија,прередувам,копам низ спомените,го сакам минатото.Тоа ми е столб за сегашноста,а и доволна поткрепа дека нешто сум постигнала во животот.Правам комбинации од бои, темни и светли,но црната ми е омилена.Ја прикривам душата или сакам да бидам елегантна,едноставно таа е мојот избор. Се дружам со пенкалата и се потешко го прифаќам сознанието дека едно мало црно копче успеа да ги истисне од употреба. Го сакам мирисот на цвеќе,пролет,сандалово дрво. Се радувам на корицата на списанијата,а книгите ги чувам како големо богатство. Подреденоста на предметите околу мене ме прави тотален перфекционист. Тоа што создава гнев во мене,другите го прифаќаат со рамнодушност. Навидум тивка,а во душата немир кој сама го скротувам.Секогаш умерена,а никогаш импулсивна. Интуицијата на моменти ме плаши,иако ми е водич.Љубезна и амбициозна,но доволно претпазлива. Многу испишани листови кои ќе останат во неа како дел од едно битие. Комплексна и тешка,таква е мојата кутија.Ја сакам и ја чувам.
ПЕТ ПРАВИЛА ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ 1 Сакај се себеси 2 Прави добро 3 Секогаш простувај 4 Не повредувај никого 5 Биди позитивен
Значи некогаш кога ќе се изнервирам има сите гла со гла да ги мавам,можи некој сега ќе речи ај што труе оваа во ова тема ама ајде да си ја олеснам душата малку сакам ,абре овие луѓето не дај боже да те видат дека си добар кај на глава ти се качуваат па уште нож во грб и забиваат страмота бе страмота,едно само нека му биди јасно на сите дека има господ и све дека,гледа можи сум тажна изнервирана и никогаш во животот не сум се чуствувала по осамена може моето срце е скршено и мојата душа отруена,но уште имам сила бе уште не ме до отепавте уште не ме убивте и поразивте,за инает на сите ќе успејам за инает на сите ќе стегнам заби и вака со скршено срце ќе одам напред и ќе успејам да се колнам дека ќе успејам,и еден ден ќе оздравам ќе оздрави мојата душа да еден ден...
mime87 еден совет од мене секогаш биди весела и среќна,не дозволувај твоите непријатели да ти се ситат на твојата болка,кога те гледаат тажна и нерасположена тоа нив им претставува задоволство,поточно егото така си го хранат,затоа главата горе биди насмеана,горда на себе си и само напред не се враќај назад.Поздрав
Бесмртноста е ужасна бидејќи ке гледаш како сите други умираат. Ке ја видиш смртта на сите сакани, апотоа и ке прекинеш да сакаш од страв дека пак ке умре некој кој го сакаш. И така, мртов ке живееш. Пострашна е смртта на саканите, отколку сопствената.
Во вакви лежерни денови, без поважни обврски ми се јавува дури грижа на совест дека не работам ништо. Taпа сум или само колку да се каже присутна . Ма онака без везе... ќе помине, ќе жугне Озбилна. Него, ај да си кажам штом сум тука. Спортувам бе луѓе. Долго време си барав жртва за пешачење, трчање. Ама се дембел до дембел никој задник не сака да поткрене. И така, како последна ми остана снаава. Снао, остај ручекот свекрва ти ќе го направи, децава на старово ќе му ги оставиме да ги почува.. Ма одиме сестро златна, да спортуваме додека сум загреана. Ова - она не сакам.Кој луд кој збунет, ако кажа Татко ми кога не виде така ко за на маратон заврте очи Каква золва, таква снаа. Иди бегај бе, во здраво тело здрав дух. Би како би го фативме патот. Првиот ден се залета Озбилна, пет ипол километри уздуж и попреку. Како за почеток и без физичка активност, бомба.Е сега наредниот ден што не можев да станам од мускуливе тоа друга работа. Ама бидна, помина си дојдов во нормала. И ви кажувам. Јас напред таа помене, збори, кажуј од пред ратот што било .... можевме и до граница да стигнеме. И така, еве една недела кај мериме километража и преживуваме со салата и овошје. Ама денеска ја заеба работава, ми клакира сиротата. Не ни приметив дека без здив останала многу назад Си збори Озбилна, кој да ја чуе. Тетко тетко, другарка ти вика да се вратиш не може веќе. А бре тетка да си ми здрав и жив... да збирала секоја трмка мед, стоока. Па се вратив назад да ја поземам. Дадо, ќе ти умрам ќе ме имаш надуша Дадо ме викаат од брат ми па се до една сурија братучеди. Демек како постара. И така си му ја вратив на брат ми пред да ја имам на душа. Еве ти ја жена ти нека спортува в кревет, за друго брате не ја бива. Не ја бива брате мили, ме остави на пола пат да зборам сама ко удрена. Ебати среќата
Јас сум среќна. Можеби не среќна среќна, но колку толку сум среќна. За разлика од многу други, и те како сум среќна. Кога ќе помислам колку живеат многу полошо од мене, без куќи, без родители, без пријатели.. сфаќам дека не е се во материјалноста. Можеш да купиш работи кои те прават среќна, но ајде купи љубов, здравје или пријатели? Мене отсекогаш малите работи ме правеле среќна, тоа е и целта на животот. Бидејќи ако очекуваме нешто големо, нема да добиеме ништо освен разочарување.
Уште малку му се наближува роденденот на татко ми. Добро де, не е уште малку, ама има уште деветнаесет дена. Сакам да му спремиме едно бомбастично изненадување. Доста он на сите машки у фамилија им купуваше папучи, оти биле папучари. А пред некое време, јас им го местев креветот на моите. Им го наместив и мајка ми ми рече: - Ама јорганот наопачки си го ставила. Тоа што е розевото, треба да биде кај главата, не кај нозете. Не може тоа што било кај нозете, да го ставиш кај главата. Добро. И утредента, мајка ми полнеше машината со алишта, татко ми го местеше креветот. Доаѓа до кај мене и ми вика: - А бе кај требаше да стои ова розевово? Со сестра ми се пукнавме од смеење. - Добро де, прашав за да не вика после. Ама не, нема да му купиме папучи. Нешто пооригинално. Ние папучи по дома не носиме. За Осми март, татко ми го отвори именикот во мобилниот и почна да честита празник. Мајка ми му вика: - А бе ти на сите им честита, а на мене? - Па ти честитав, на децата им дадов да си поделат петсто денари. - Па на децата им даде, на мене не. - Е добро, сега ќе ти честитам. И` се јави на мобилен и и` честиташе. - Многу убав ручек си направила. Многу убава торта си направила. - И јас сум многу убава. - Убава си, ама многу брзо старееш. Значи што убави комплименти дели, не сте свесни. Кога и да излезе на тераса, да фрли ѓубре или што било... само ќе каже на глас: - Еве комши, пружам алишта, што да правиш. Жената си лежи, јас чистам по дома. Ме нашле едно машко дома, па... Ај поздрави по дома. И да збори со некого и да нема никој надвор, он си збори. Некој да не го знае, којзнае што ќе си помисли. Среќа па ретки се тие што не го знаат, па не си помислуваат. Инаку, јас сум супер. Денов ми измина одлично. Сестра ми излезе, кога ќе почнам сега да си гледам епизоди од Два ипол мажи, охооо.