^Фала му на Господа што ја затворија таа тема!! Ептен има "светци" тука па се напнуваа многу...жал да ти падне дури. Фала му на Господа!
Мадамославо Дали верувате во Господ...таа тема... П.с. Немат тема кај шо немат драма, читај кај сакаш
O тaпa ми е тaa темa, излеa нoвa ќе требa дa нaјдaм. Фaлa вo секoј случaј дрaгa Куклoслaвa. пoздрaвче! твoјa М,
Затоа се заблагодарувам на Бога шо конечно ја затворија. И да, верувам во Господ. Поздравчуле и до тебе моја М,♥
Цела куќа може да блесне во рок од 6 секунди, само кога некој ќе ти се јави дека доаѓа на гости за 5 минути. - Дома сте? - Да... - Еве ние сме во близина кај вас, па за 5 мин ќе дојдеме. - Ајде ве чекаме... И тогаш добиваш супермоќи да расфатиш се набрзина, алишта средуваш, миеш чинии, фаќаш глупости од маса, фрлаш некои ситници зад кревет, се е маскирано цакум пакум...а пред тоа цел ден те мрзело една блуза да оставиш на место. Инаку читам прееска хороскоп онака од занимација, и наидов на чудна реченица...Зарем вашата среќа е поважна од нечија друга среќа? Хм...па...да...поважна ми е...треба да се срамам заради тоа? Ваљда обратно требало да биде реченицата, ама добро ајде и онака се видела мојата среќа па уште дали ми била важна
Не може да има драма, не испобркаа пред да издраматизираме. Можеби се очекува од нас само да се лајкуваме, никако противиме. Шта ќеш. Сакам да кажам друго уствари. Има дебили пациенти, заради кои вистински болните не можат на ред да дојдат. Урлаат и се маваат од земја, само преку ред да поминат, а на крајот ништо итно и битно не им е. А посебно мразам врскаџии. Нема бе, нема врска да ви бидам. Милион пати вие сте можеле да ми се најдете, еднаш не сум побарала помош. И затоа културно ќе ве одјебувам за сва времена. И ако не ви чинев минативе 20 и кусур години, сега па ич не ми требате. Во погрешен правец фрлавте камења, Камелија не простува. И ве боли? Ако ви е, ако, се надевам столчињана по чекалнине се удобни.
Многу ми е мило и вечно ќе и благодарам на Фемина за нејзиното постоење. Запознав прекрасани личности и виртуелно и реално. Но понекогаш е потребна и одјава нели?! Како што е највата, така е потребна и одјавата . Понекогаш животот поинаку ги трасира патеките на движење. Бог ми даде и работа што излезе да те побараат буквално од дома - седење што би рекле. Важно ќе бидам во оддел на кондиторија, а тоа и реално ме исполнува. Можеби чекав малку подолго, но и тоа чекање се исплати. Овој мој досегашен живот, сега ќе тече во малку подруг правец. Ќе постои и надоградување на искуството, а се надевам и на местоположбата во фирмата. Но како и да е... една молитва веќе се оствари. Но не е причината работното место, туку посакувам малку да ве одморам од мене. Сепак можеби не активно, но пасивно ќе се навраќам често во ова катче каде оставив дел од себе. Личните пораки се и понатаму тука и ќе бидам тука за каква и да било потреба . Ви посакувам се’ што посакувате да ви се исполни. Се најдобро на сите и мило ми е што ми прифативте онаква каква што сум. Благодарам.
СДК ... Вербата е потребна, надежта е неизбежна ... ама љубовта е најважна. Во љубов веруваме, за љубов се надеваме, со љубов живееме или без неа не постоиме. Денес е убав ден, ме потсети која е суштината на нашето постоење. Нека е вечен.
Серафима, си ја донела одлуката и тоа е само твој избор. Јас не сум многу долго на форумот ама сепак имам впечаток дека форумот нема потреба од одмор од тебе, баш напротив ќе фали твоето присуство. Кога сум анализирала некои од членовите на форумот, секогаш сум ја посакувала како особина твојата смиреност и добрина, убав збор. Ти посакувам се најубаво на работното место и бог да ти дари се што си подакуваш за себе и блиските. Се надевам твоето отсуство нема да е засекогаш
Тешко на тој шо е болен Ќе оди некое чупе на пример да речиме да земи крв.Ќе се погоди страв да има и така да се онесвести.Е тука е најлошо ако пак се погоди малер доктор-паничар.Да го наречеме докторот Дуле.Падна чупето се струполи на земја и доктор Дуле паничи како прв пациент да му е кутрото: леле ми падна чупето,леле требаше крв да му земиме,леле сега шо ќе прајме..леле бе..кажи сестро нешто бе мори!Тој не е доктор Дуле,тој е Дуле Паника.Има сега мој термин,твој термин,наш термин не знам ми ти каков термин.Од кога излезе овој мој термин излезе дека пола Македонија е ретардирана,пардон полна е кофата македонска со болни луѓе...Тешко вас ако стасате до терминов.Вие ќе си имате мака палените,а ви закажваат термин за едно пет/шест месеци од закажаното.Кутрите ние!Еми замисли си чекаш пред чекална,чекаш,чекаш и никако да те викнат..и кога ќе речат Трпе Трпески,ти тогаш кожа и коски напраен,со ,млитаво гласче ќе речиш:ми чукна часо?не е рано?Пу,оу скраја да е.А,ако си под тешки дроги,пардон лекови..леле ако дојди да чекаш ред во аптека..тешко тебе ако пред тебе имаш стар чоек.Зашо?Еве ја...чекаат стари пред аптека како пред менза бе чоек.Ај пиле ако сакаш дај ми од тие црвените едно пакетче и тие зелените шо горчат,од тие пембе боја не сакам многу скапи ми се.И не дај Боже да ти се сврти да ти прај муабет дури му уплаќа фискална.Ќе земи ќе ти збора,пардон истушира со коњската узда,ова вилиците по сурато.Пазете се луѓе.Не е лесно да си здрав,а камоли болен да си. Ај поместете се сега од место.Еми не дај Боже да треба на операција да ојте..пу пу скраја.И замисли да ти речи ај чупче најди си анестизолог,знаеш мајка ти докторка е,ќе ти најди.Еми ако мајка ми не беше докторка да речам?Која дупка да ја копав тогаш за да најдам,бе дупки едни дупкосани?Сега одма ќе најдам некој за да можи да ме онесвести и кога ќе се разбудам после во болничкио кревет,кревето од времето на Гоце Делчев,па џам после да бидам.Има и некои трагикокомични луѓенца шо се болни.Ќе се сликаат еве ме болен Дојчин сум сега.Добро бе,дали то е за на фејсбук?Толку малце мозок ти држи таа тимбата бе кепец?Е ова е навистина кога ќе речат тешко на тој шо е болен.Стварно тешко,жалосно,плачливо дури.Еми некој ќе е настинат.Ама обично настинат,не да речиш ааааа кај ти беше памето кога со голо стомаче шеташе по улици на ова не знам како да се облечам време?Одат бре,за една пуста пустосана инфузија.Сте слушнале за чај,супи со оној кукурику подравка супите?Едно од овие и толку.Ги тормозат домашните за глупости.Ај да си стварно ептен настинат па да ојш да се креваш до болница,ама има некои без осет.За тешко болните кај нас,американците да слушнат како тераме ние со здравјето,тие и од ова филм ќе измислат.Па цела филмска приказна сме да не пукниме.
Нека ти е вечно името и би пробал од тортичкава ептен слатко изгледа , а ти да си жива здрава весела среќна и само убавини во живототда те пратат
Моиве омилени, Лајбах, настапуваа во Северна Кореја, оу ем џи, него јас дали некогаш ќе ги видам. Па и овие културно и ракоплескале. Да ги слушнам само, мислам дека по втор пат животот ќе ми почне. Еве, сега на Морисеј, и ми останаа уште десетина концерти на кои се молам и се надевам. Пошто кога никој не е, музиката е. Друго, сонував дека јас и тој сме танцувале некаков балски танц во нашите тренерки под едно огромно зелено дрво. Ако некој ме чита, нека ми го преведе сонот, знам дека е нешто убаво, ама душа сум, сакам да слушнам и од друг. Еве ви ги,