Кога ќе се потпреш самиот на себе и ќе сватиш дека можеш да живееш без секого...Е ТОГАШ СИ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ..
Седнувам да учам и почнува да ми се јаде, мислам кога имам автобус, ми се пие вода, ми се приспива, треба да се лакирам, па размислувам за Малезискиот авион...
И така се преместија плановите за 11 Октомври во 23 Октомври. Исто, и тој е продолжен викенд, ама е цели три недели далеку. Мислам дека ми треба сега да избегам оттука, да видам нешто ново и непознато. И секако, да ја видам другарката која не сум ја видела од лани летото. Како и да е, денес се сликав за новиот пасош, ќе го добијам на 12ти, така што на 23ти може да рипнеме и надвор од државичкава пуста. Уште подобро. Сум се зачитала на форумов, а треба да учам. Време имам, желба немам, аџанак баџанак. Седум часа имам леле, аџанак баџанак. Само да издржам уште три недели.
И повторно домче јеее! Нетрпеливо ги чекам викендите за да отидам дома,да ги видам моите,да излезам со другаркиве и да си поразговараме. There's no place like home. Туку,за друго наминав во темава...Деновиве не можам да се изначудам какви се некултурни и незрели луѓе се примени на факултет. Се знае дека не е баш ефтино да се студира,посебно кога си студент од друг град. Се знае и дека одиш на факултет да научиш,нели...Ама,некои студенти очигледно се' уште не сфатиле што всушност значи да одиш на факултет,па поважна им е новата слика на другарката на фб од материјалот што треба да го научат. На факултет не се оди за во текот на предавањата да скролаш news feed на фејсбук,на предавања не се оди за да трачариш со таа карши тебе,а уште помалку да дофрлуваш/да се потсмеваш кога некој студент погрешно ќе одговори на прашањето на професорот,во фазон како вие да сте најинтелигентните суштества во просторијата. Добро бе,сте се сториле толкави 19 годишници,а се однесувате како деца,имате ли вие малку памет и основна култура? Плаќате 200/400 евра за да одите на факултет и да учите,а не да се однесувате како на кафе да сте излезени,плаќате приближно 4000 денари месечно за студентски дом за да престојувате во текот на студиите,не сте во штала,па да кршите,да правите хаос.И да не знаат поединци да го ценат сето тоа... На тие години дозволувате професор на сред предавање да ве опоменува дека треба да престанете со разговори и да обрнете внимание на она што го објаснува. No comment. Човек треба да е благодарен што има можност да студира,да земе диплома и здравје после да се вработи. За жал,како што идат генерацииве,се понезрели се,наместо да бидат благодарни што родителите им овозможиле да се едуцираат,да станат луѓе,тие сето тоа го сфаќаат како една обична шала. Секоја чест на исклучоците,за таквите вреди да се потроши секоја пара на нивното образование.
Некогаш животов е толку мизерен...вчера се случи да немаме пари дома да купиме ниту леб, одамна не било така, најтешко ми беше кога помислив дека брат ми е во Ск без скршен денар и ми се идеше да излезам низ кожа од мака.Татко ми работи од 7 до 12 без одмор...вчера кога го видов на врата како влегува луѓе срцето ми се скрши колку беше изнемоштен и изморен, цел живот да работиш и пак да немаш, е тоа е нашата чудесна земја Македонија. Мака ми е, сакам да најдам работа, стварно се осеќам како само за тоа да зборам, ама стварно ми треба...Кај дечко ми иста ситуација, седиме двајцата и си велиме зар толку заслужуваме бе нека се носи се.
Почина Легендарната УСНИЈА РЕЏЕПОВА! Ова медиумиве и јавниве личности еден збор не искоментираа освен соопштението по ппрталите. СРАМ ДА НИ Е КАКО МАКЕДОНЦИ! СЕ ПОТРЕСУВАМЕ ЗА СМРТТА НА НЕЗНАЈНИ СВЕТСКИ ФАЦИ...А ОНА ШТО Е НАШЕ ПАЃА ВО ЗАБОРАВ...КО ДА НЕ ПОСТОЕЛА.. Вечна ти слава Уснија!
Пред околу 10тина години, во сообраќајка загина 4 годишно девојче од комшиите (а воедно и фамилија ни се нешто). Нормално родителите беа скршени од тага, посебно таткото пошто тој возел и се чувстувал виновен. Една беше таа, немаше ни браќа ни сестри. Беа премногу приврзани за неа, и се уште не им е преболена. После 3-4 год. од несреќата, сопругата остана бремена и роди син. Таткото не беше задоволен, сакал ќерка. Се гледаше и по понашањето спрема детето. После 2-3 год. повторно остана бремена со цел да се роди ќерка, но се роди уште еден син. Таткото ги сака децата, но исто како да се од некој комшија а не како свои деца. Сега пак беше бремена, и вчера се породила...пак син.... Прееска собирав алишта од тераса, овој таткото вадеше нешто од кола, а по улица поминуваше друг комшија. Го поздрави и му го честита синот, а новиот татко одговори: Фала, ама поарно ќе беше да не се родеше..... Јас се здрвив кога слушнав што рече, не можев да поверувам. Како со нож некој во срце да ме погоди. Да речеш така за сопствено дете, штотуку родено, треба стварно да си ненормален. Овој другиот комшија само му рече: Како не ти е срам вака да зборуваш, Господ ќе те казни... Не ми е јасно никако, што ќе се смени ако се роди ќерка? Тоа девојче си било посебно и вредно на свој начин. Неа никој не може да ја замени...ако се роди ќерка таа ќе биде поинаква, нема никогаш да биде иста како таа првата ќерка... До кај може да оди човековата глупост?? Инаку прееска се изгубив во шума. Да, буквално ме бараа 20тина минути Бевме со братучед ми и мајка ми, во селото од кај што потекнува баба ми. Сум била порано, ама ништо не памтам. И сега ајде ќе се шеткаме низ шума во близина, ама како и секогаш јас мора да сликам...муабети, ова, она, јас со телефонот занесена сликам (едноставно обожавам природа), види вакво дрво, види ваква печурка, малку лево, малку десно и одеднаш забележав дека сум сама. Викам по мајка ми, ништо. Викам по братучед ми, ништо. Се дерам, пак ништо. Леле кога ме фати паника. Само дрва гледам околу мене, друго ништо познато. СЛушам звуци, гласови ама како ехо, не знам од каде доаѓаат. Се препотив (само кој има осетено на своја кожа ќе разбере). Ни мрежа ни бутур. Ама и да имав мрежа, нема да знам да им кажам каде сум. Како ќе објаснам? Меѓу дрва сум? Зедов стап поголем од мене и стојам, не знам кај да одам. Не знам каде заминаа луѓево. Слушам звуци на лавови, диви свињи, тигри, слонови....ќе умрев... Ми идеше да плачам, ама што дека ќе плачам. Барем вода да имав со мене. Саатот го гледам 17:15...си викам ај уште малку ќе се стемни, па ќе престанат да ме бараат...готова сум...барем да имав мрежа ќе се јавев во полиција и нека ме лоцираат Се дерев, викав, одам со стапот и туку го слушам мннооогу далеку гласот на мајка ми...е сеа како да знам од каде ми вика? 20 ебани минути одев и се дерев. Повеќе ни јас, ни деца мои, во тоа село нема да стапнат....
Одвај чекам да го видам другар ми, денес си дојде од Америка, немаше ден да не се слушниме со него смеите ми беа најубај, мајтапите и се со ред, одвај чекам да се собериме и да се изжуркаме јако. Ги сакам луѓето од Тиквешијата, зрачат со позитивност, е тие луѓе се за мерак.
Сакам да кажам дека ќе направам глупост, осеќам. Пак ќе те побарам, а си ветив дека нема. Аман со кризава денес. Аман со сѐ што ме потсеќа на тебе и сѐ што ми ги враќа убавите моменти и чувства. Така сум осамена, издепримирана. И во вакви моменти те сакам само тебе до мене. И сфаќам дека те нема. Дека нема да ме гушнеш, да се стопам во тебе и сѐ со бакнеж да ми помине. Ооо... Ја мразам есента, уште повеќе зимата што таа ја носи, бидејќи сфаќам колку многу ми требаш да ме стоплиш и смириш. Ебате меланхолијата... Џабе ми сѐ и еден куп хобиња и чуда кога наутро се будам барајќите, а навечер заспивам сонувајќите. Што проклетство ќе беше? И ти и сѐ ова што ми остави. Труди се, бори се, да те избришам, никако не сакаш да заминеш... А најмногу од сѐ ја мразам оваа болка која ми ја остави.
Дај бе сопрете го некако времето, октомври дојде... Почнувам да ме плаши тоа како мислеш дека ништо не ти се менува во животот, ама кога ќе погледнеш назад сфаќаш уствари многу работи се промениле. Ланискиот октомври ми беше убав, се надевам и овој ќе ја задржи онаа убавина. Денес заклучив дека после некои личности, ништо повеќе не е исто. Ќе ти дојдат на мирен начин, ќе си отидат на мирен начин, ама во тебе ќе остават олуји. И после ти останува празнината, па се прашуваш како понатаму... Како бе може некој така, да ти се залепи за срцето, ќе се обиде да се скрие таму и никогаш да не го заборавиш. Сакам такви луѓе јас, ама ги сакам кога се до мене а не некаде далеку, а во срцево уште ги чувам. Октомври ми носи такви мисли, ете. До променливоста на времето е, како се менува времето се менувам и јас. А во душава сакав засекогаш лето... Е нема.
Аххх, зарем не би сакале да се вратите во времињата кога и се радувавме на оваа песна и ја пеевме заедно со нашите мајки, баби, татковци...? Јас се би дала, искрено. Песната ми буди толку прекрасни спомени.
Многу сакам да цртам, а ретко цртам за себе. Се плашам дека ќе заборавам да држам молив од пустиот аутокад. Сакам и да фотографирам, обожавам да документирам убави работи. Предмети, луѓе, природа, архитектура. И еве подобра сум, можам после две години едвај завршување обврски да фатам нешто сериозно. Има стресови што ми се убави, за тие живеам. А месецов е месец на убавини. Ладно време, почеток на семестар, fashion weekend, сите се враќаат во Скопје. Единствено ми фали некој ден кога ќе се разбудам без аларм.
Колку само се согласувам. Вчера ќе искршев нога при едно нагло кочење, прво во низата. Пред мене имаше еден дедо со бастум кој се подготвуваше за симнување и едвај се задржи да не се струполи.Ај да е еднаш се случува живи луѓе сме, ама кој пат да се возам со 22 иста песна. Страшно.