Тврдам дека постојат многу луѓе што не се присебни во работите и глупостите кои ги прават , толку глупавост и несвесност на едно место не сум видела бе еееј .Туку ај Господ нека ги чува и нека им помага шо друго да кажам ,несакам да си ја грешам душата со нив
Цело време гледам и не ми се верува. Квизови во Македонија. "Се` или нешто". Дали забележувате кои се досегашните натпреварувачи. Сите се бизнисмени, полициски службеници, банкарски и разноразни службеници, пензионирани офицери и други разноразни богаташи на кои месечните примања не им се под 40 000 денари. Очигледно за да го поминеш кастингот треба да имаш пари... Хммм...
Како што се зголемува денот така се зголемува и мојата мотивација и инспирација. На еден лист сум нацртала нешто, на друг сум напишала некоја песна или состав, на трет сум напишала некои совети, резултати, диети... Тато ми вика џоа спремам некои плакати за избориве сега, па цртам и составувам некои оригинални реченици како таа што беше гласај за дела. Ги знаете вие моите кујнски способности и не знам така што ме спопадна некое лудило палачинки ќе сум правела, се си мислев ме бива мене за в кујна. И извадив потребни материјали и ајде земав правам палачинки на моите им викам за 20мин ќе јадете палачинки, специјалитетот на Дрим, ќе видите какви ќе ги направам. И овие со wat фаца само ми викаат добро, а брат ми прави њам њам, и вика ми се јадеа одамна палачинки. Се испофалив и тргнав во кујна да правам палачинки. И на првата палачинка, дојде и првата препрека. Почнав да ја вртам кога ми падна доле и си викам ај од прва не може. Пак пробав и од 3та успеав конечно, работава 3то па машко. И по 40 минути им носам на моите палачинки, дур исчистив, дур средив, 40мин ме фатија и земаа да пробаат и ми вика мама добри се, а тато да ја нервира мама ми рече подобро од неа сум ги правила. Брат ми со сласт ги јадеше, душичка,а мене не ми се допаднаа многу, ама како за првпат добри беа. За да биде штета поголема скршив и една чаша. Денеска исто насабајле многу ми се спиеше влегувам во училница и цела поспана кога се сопнав, ми вика една ее полека ќе скршиш глава после кој ќе ти ги гледа гревовите. За да ви ја доловам ситуацијата еве ваква бев, потполно иста. Воглавно супер ден беше.
Додека паметните мислат, будалите владеат ма све је отишло у неповрат Viktorijaaa5, кажи си душо, за тоа е темава опуштено. Со грешка или без грешка, ова е Сдк- безгрешни нема, ама некој друг на сите ќе суди
Да не бидам груба ќе премолчам. Барем да знаела за што се пости и што значи делот - пости за детето... верниците и тие работи околу нив...полни со лицемерие и форми.
Доволно е само еден мал гест за да ве убеди дека во светот(читај Македонија) сеуште постојат добри и фини луѓе. Луѓе кои се грижат за доброто. На ваков гест јас наидов утринава додека седев на една клуба во парк да се одморам од трчањето. Во паркот редовно има едно кученце кафенко кое не може да стапнува на едната задна нога. Секогаш сум му давала да јади, но сега немав, ама тоа е најмалку битно. Најбитно е тоа што човек, да не кажам дете кое што немаше повеќе од 19 години и кое беше на поминување, а притоа јадеше некој си сендвич се реши да го одели целиот(бидејќи забележав дека само што имаше започнато) и да му го даде на кучето. Ауф каква топлина помина низ мене. незнам дали беше од жал или од тоа што навистина сакаше, мило ми е што токму јас го видов тоа. Мило ми е што не сум единствена која го прави тоа и што со ова докажа дека културата и сожалувањето а пред се добрата душа и добриот човек сеуште го има во Македонија. Иако е пред истребување.....
сдк... Луѓеее,среќна сум повторно,среќна сум многу многу .Се е во најдобар ред сега. Ќе кажам уште нешто само.Претходно видов Vikica.cuci пишувала за добрината на луѓето кон животните,за тие мали гестови и ќе кажам дека и мене тоа многу ме радува.Јас искрено сум многу против насилството врз нив,ги мразам тие луѓе кои ги повредуваат.Секогаш е убаво кога ќе видиш такво нешто,јас сум огромен љубител на животните. Пријатна вечер форумџии
Утре си правам писмена по македонски јазик.Држете ми среќа да не го зезнам составот. И да ги наредам сите петки тромесечиево Добра ви ноќ мили форумџики И да СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТАТО!
Јас и ти. Само на сон. Јаве никогаш. Е, брате. Не знаеш што пропушташ. Ги стискам очите на минута.. па потоа забите. После тоа станува битка, битка во која се обидувам да не заплачам. А не можам.. губам. Се лизга солза, повторно. А јас со истата надеж.. дека можеби ќе биде последна.
Денеска денот совршен. Си ја поправив оценката по хемија, конечно . И да, тоа ми даде инспирација да учам повеќе и видов дека можам и дека ќе успејам. Утре пак тест по македонски јазик, ништо страшно Да се пофалам ослабев 4kg. Првиод ден кога вежбав се чувствував како пеперутка лесна ама кога станав сабајлето, грбот и нозете не си ги осекав. Се жалев неколку дена дека ме боли се, но сега сум ок и успеав "фајнали" . А чудно е како една личност може да ти дава толку инспирација, толку љубов на тоа што го работиш. Благодарејки на Џеси полека почнав да си ѓи остварувам соништата Незнам друго што да кажам денеска сум посебно расположена и тоа е, држете ми среќа утре за тестот Добра ноќ на сите
Како заспиваат луѓево навечер? Зарем не ги мачат нивните гревови? Имаат ли совест? Од секогаш,од кога знам за себе многу вакви прашања ми се вртат во главата. Инаку,почнува пролетта,почнуваат и многу нови работи. Мислите измешани,чусвтвата хаотични. Пролетта носи нови работи,се радувам на секој миг поминат на сонце. Се радувам и на секое цвеќе кое ќе го забележам. Се радувам на малите и ситните работи,можеби и тие ме прават најсреќна во животов. Сватив и многу работи,за многу работи сега различно размислувам од порано. Се чудам и за некои постапки од некои личности кои веќе не се дел од мојот живот. Не се дел бидејќи јас ги исфрлив,сметам дека сум доволно вредна и доволно се ценам себеси за да дозволам да бидам опкружена со такви луѓе како нив околу мене. Но сеуште многу работи не ми се разјаснети. Кога ли се ќе се среди ? Животов ми е хаотичен. На периоди се е во ред,на периоди ништо не е во ред. Незнам што да мислам,незнам како да постапувам. Несакам да ги повредувам луѓето. Ме изненадуваат и некои постапки и разговори кои мислев дека нема никогаш да се случат. Поточно не мислев,воопшто не размислував дека би се случило такво нешто. И се наоѓам во многу чудни ситуации. Некои личности се премногу тешки за гледање,едноставно мозокот ми го оптеретуваат. Неможам да ги гледам бидејќи неможам ни да ги смислам. Некои книги се многу тешки за читање,а многу песни се и тешки и напорни за слушање. Па можеби и мојот живот е таков гледан од страна. Но кој знае.. постои ли некој кој ќе ми објасни многу работи? Постои ли некој кој ќе ми каже како да се соочам со животот,како постапувам? И како да верувам после се што ми се случило? Како да им верувам дека не ми мислат лошо? Многу е лошо кога немаш доверба во луѓето. Едноставно ги гледаш,тие зборуваат а ти не им веруваш. И така .. си се тешам себеси дека се ќе биде подобро и дека на луѓето би требало да им се верува. Секогаш сум добра во советите што им ги давам на другите,но дали ги применувам на себеси? Сечиј живот гледан од страна изгледа многу лесно,но дали е така ... ?
Уз мораву ветар дува стари рибар тајну чува никоо за нас нмора да зна...руке ти ка мени лете сви још мисле да сам дете а на јесен жени чу те ја .....а мош и порано да да да