Патеката за велосипеди е патека за велосипеди. Толку треба, една секунда за да помислите на ова и ќе знаете како всушност треба да постапите.
Малку попушти времето се надевам ке се задржи така. Инаку правење ајвар и доаѓање месечен циклус ауу Мораше ли баш сега бе па.Кога те нема по 2 месеци сега па
Мајками и таткоми заминаа виена пред 7 дена на заслужен одмор после 10 години. Кога тргнаа како возбудени тинејџери ми беа. Јас и братко сами. Прв мој роденден без тато и мама. Јас си ги засукав ракавите и деновиве печев пиперки. Денес мама кога виде не веруваше а и баш знаев дека ќе ја изненадам. Денес конечно можам да спијам на раат. Мене душава ми се полни кога ги гледам среќни, исполнети.
Не знам зошто толку негативно гледате на предрасудите кога го глобала имаат основа.На никој не му текнало туку-така да етикира некој,е сега ќе се појави некој исклучок и одма пу,пу не важи.За исклучоците никој не прави проблеми,сите имаме разбирање за нив и ги прифаќаме ама тоа не ја менува вкупната слика. Спојлер: петиција https://secure.avaaz.org/en/stop_saudi_beheadings_loc/?cwrSTib не знам колку е во ред ама ако можете потпишете се
Да, вечерва си поминав ПРЕубаво. Јеааа Имаше рок и се изнаиграв ко ненормална си скокав,си правев како сакам.. Тих, шо ми е гајле за другите околу дури ич Да,испив една пијачка и доволна ми беше.Додуша само за една и носев инаку уш една ќе терав. Сите наоколу мене пиеа по 5...и ич ама ич не ми беше галје.. Шо сака нека мислат за мене. Не ги сфаќам... Цигара за цигара плус 5 чаши коњаци, вотки којзнај шо пиеа.... Се смеа демек ние као пијани. Една другарка за да се 'покажи' пред другите запали цигара и се напи 3 пијачки....и и вели т. Е. И се потсмева на еднс друга шо испи 2 пијачки.. Демек не си тренирана... А бе... Биди си природен ко што те дал Господ.... Ај гуд најт
Колку тешко и тажно детство имала мајка ми. На само 2 години останала без татко, останала сираче. Баба ми сама млада жена (останала вдовица на 25 год, а денешниве девојки на таа возраст си се сметаат за деца уште), сама со две мали деца морала да гради куќа. Живееле под кирија ама имала проблеми со газдите и не можела да си дозволи децата да и бидат цел живот прибрани некаде, и само да се преселуваат. Колку храбра жена, и се восхитувам. Цел живот и татко, и мајка им била. Цел живот како лавица се борела со сите предизвици што и ги дал животот, никогаш не се откажала. После кога дошло време за по факултети да се запишуваат, почнала мајка ми ама морала да прекине на пола пошто пари немале...ни стипендија, ни ништо не им давале. Одлични ученици биле и до средно, после и на факултет тие испити што успеала да ги земе се 10ки и 9ки...ама ете, државата наша од секогаш била ваква...не сакала да им помогне финансиски. Во периодот кога студирала мајка ми, баба ми и го давала цело примање за неа (нешто како за самохрани родители што им давале, од тоа да живеат цел месец), пошто студирала во друг град (нормално во нашиот ништо немало)....а за себе одвојувала само околу 1000 денари, со 1000 цел месец да го помине....сепак не можеле така да продолжат кога им намалиле од примањето (може околу 7000 ден земале, па уште им намалиле)....морала да прекине... Често мајка ми се присетува како оделе да го посетат гробот на татко им, малечки дечиња појма немале што се случува, само ја бакнувале сликата негова на споменик и стоеле мирни до него. Секогаш баба ми ги воспотувала да се чесни и поштени. (и многу погрешила што ги воспитувала така). Не била воопшто строга, ама децата сами гледале дека мора да ја слушаат за се, да ќутат, да собираат се во себе. И ден денес се такви, тивки луѓе. Но, прееска така седевме и мајка ми почна да ни раскажува нешто од младоста...за промена тоа беа среќни моменти што се присетуваше. Моменти кога се сретнале со татко ми, кога правеле младешки глупости. Па кога почнала да работи и успеала да дипломира. Срцето ми се радуваше кога слушав дека имале и такви добри моменти....ако не од детството барем од младоста... Колку и да имате падови во животот, секогаш сетете се дека има за кога да се борите и да станете на нозе. Не се откажувајте, следат подобри денови.
Има да се изнавозам денес. Точакот прашина ми фатил. Осеќам денес душата ќе му ја извадам Само да ја довршам саботнава чистка, и да заборавам дека имам куќа
Есенските утра имаат некоја посебна убавина. З а работните денови гледам да станам порано и да си испијам некој час со вкус на некое овошје, преубави ми се тие, цела куќа мириса на нив. А сега, конечно утро во кое не ме разбуди алармот, алармофобија веќе ќе добијам, си станав малце подоцна од претходно иако легнав прилично рано, во 6 часот секој ден станувам, во 21-22 часот си легнувам. Која разлика, а пред некој месец во 6 си легнував, во 15 часот станував. Си направив чај, си отворив фемина, седам во омилениот џемпер, уште камин ми фали за да биде уште подобро, но и вака се живее. Инаку ми се оди во село...или пак на некоја планина. Без интернет, без социјални мрежи, без многу народ. Сакам да одам многу...ама за жал се враќам во реалноста дека сега книгите ме чекаат...
Единствен страв во животот ми е монотонијата. Среќа,периодов глава не можам да кренам од промени. Се се случува толку брзо, да немам време ни страв да ме фати. Големи работи се на повидок. Нека бидат. Јас се навикнав да се сакам себеси повеќе кога се вадам надвор од комфорна зона. Најубаво се учи така. Никогаш не сум била толку возбудена за проект. Се надевам интуицијата нема да ме извиси бидејки сум спремна да менувам држава и работно место само за да успеам побрзо да си ги остварам целите. Имајте убав викенд
Vcera bese prekrasna vecer. Ne deka pravevme nesto posebno, bevme na koktel i posle toa vo kino ama mene mi bese najubavo. Interesno mi e koga lugjeto ke kupat, sok , pukanki, cips kao za filmot, a dodeka zavrsat reklamite se izele Btw go gledav The Visit. Ok bese filmot, samo krajot mozese mnogu pointeresno da se napravi.
Да се доискажам од вчера. Батали што се два пара панталони, ќе преживеев месецов некако, ама едните големи ми се. Веќе омилените фармерки заминаа кај мајка ми. Минатата години ги купив, ги носев до пролет и еве сега ми се големи. И со каиш да се стегнам џабе е, пак ќе паѓаат, и ќе бидат широки кај колениците. Е така и панталоните кои вчера ги носев. А, се облеков, се мрзнев, за да личам на девојка и пак џабе. Иначе, направив глупост. И тоа не во момент на криза, туку така од чиста мира. Ај што му пишав, па и на кафе го викав. Е ако ме разбира некој на светов... Не можам мирна да седам, не можам да чекам да помине, никако. Мора пак да му правам муабет, пак да барам одговори?! И зошто. Не знам, или не сакам да погледнам доволно длабоко во мене, да си одговорам. А знам. Ама пак се будалам. Го знам и неговиот одговор, го знам она што следува. И пак со ги правам истите грешки. Уствари сега е мој избор, не е грешка. Бреј Кјукли, си ја бараш бељата. Не кажувам овој пат на никој, ќе ме испокараат иначе. Може и бројот да му го избришат. За мое добро де. Ама што е сега мое добро? М? Лелеее, боли глава кога си ваков инает и си ја трескаш од ѕид, ама упорно. Е така, морав да си ги искажам глупостиве некаде, иначе ќе кажам на некој, па ќе поминам лошо. Тука вака, мирна сум. Одам да си направам топол чај и да и се посветам на книгата. Полагам во понеделник. Да, оној предмет што го знам на памет и имав трема да полагам досега. Не бе, не сум океј јас. Ми фали нешто. Море сега ми текна, до Лозано е зошто му пишав, ме разнежни со песните да му се сневиди. Бидете ми поздравени.
Некои се обидуваат да возат точак по тесната портокалова тактилна патека околу градска болница во центарот на Скопје. За тие што не знаат, тактилната патека е наменета за слепи лица. Не случајно е направена со бразди.
Ја ова ручек паузава ке си ја користам за спиење. Да..најарно ке е така.. Ја поубо да сум не јадена отколку не наспана
По кој знае кој пат се уверив дека имам јака интуиција. Вчера сабајле станав со помисла дека некаде ќе го сретнам. Некако се на него ме потсеќаше, се на него ми мирисаше. И ете, вечерта каде што најмалце би помислила дека ќе биде он, после година дена стоеше пред мене. Нозе ми се пресекоа, не можев ни да дишам. Фала му на Бога што имав луѓе кои ме сакаат до мене па не ме оставија ни на момент сама за да не направам некоја глупост. Секогаш си замислував ситуација кога би го сретнала како ги реагирала. Она моето синојќа не беше ни приближно на тоа како си замислував.