Тројца внуци сме и на баба ми. Прееска заклучи дека брат ми е најубав од внуците, братучетка ми најпаметна, а ја имам некоја особина која очигледно уште не е откриена
Есента ко уште да не започнала за мене. Сеуште си шетам дома по кратки пижами како 30 степени да е надвор. Ладно ми е, а ме мрзи да се облечам. И после ќе ме видите цела настината...
Денеска си каснав 10 јаболки. Искрено, ни јас незнам кај ги сместив. Се зареков готово, реков дека оваа есен и зима ќе јадам многу овошје, а може и денес претерав. Напредуваме, горда сум на себе.
Толку многу неизживеани луѓе има низ градов, тоа ненормално нешто. А не мислам неизживеани по тоа кој колку има прошетано и видено, туку поради предрасудите кои ги имаат за секакви работи. Олабави се бе човеку, напиј се дијазепам, помири се со судбината а не да ми се мешаш мене во животот. Така требало, вака требало, а кој ви ги постави на вас тие граници бе? Жал ми е да признаам што дури и мајка ми е таква, што ќе кажале комшиите. Ма нека се носат и комшиите и сите што бркаат нос во туѓи животи. Јас си живеам за мене, си правам како ми оговара, а тие ако сакат нека озборуваат кај стигнат, ништо не им менува во животот. Сака да реши туѓи проблеми а своите не си ги гледа.
Прекрасен поминат викенд на планина Викенд исполнет со планинарење и пријатна и весела дружба со фини луѓе Си стекнав нови пријателства, па со душа ја чекам следната тура за планинарење. Било која планина, ме прави да се чувствувам преродена Битно си ги наполнив со позитива батериите за неделава што престои Имајте убав остаток од денов луѓенца, а ја идам да си го гушнам креветот
СДК на крајот од денот постои само една особа на која што можеме да и веруваме, а таа особа сме самите ние.
Имам забележано дека многумина ги мешаат поимите пророк и претскажувач - тоа се две различни работи. Пророците директно ја пренесуваат божјата порака и опомена - т.е. пророштвото - до луѓето. На пр. „Престанете да ги убивате животните.„ Пророштвото т.е. божјата порака, може меѓу другото да содржи и претскажување, но не мора. За разлика од тоа претскажувачите не пренесуваат нечија порака туку се бават исклучиво со кажување на настани кои би се случиле во иднината - претскажувања. Евреите разликата ја објасниле вака: „Исполнетото претскажување за претскажувачот значи успех, но за пророкот неуспех.„
СДК... Меѓу лекциите што секојдневно ги учите, ако не ви биде приоритетно поглавјето грижа за себе исто како да сте биле отсутни од часот кога се учи за личниот развој и себичноста.
Едноставно кажи си дека си неамбициозна личност или едноставно не кажувај ништо. Значи не можеш твоите неуспеси да ги темелиш на изговори. Кој сака, наоѓа начин, кој не, наоѓа изговори.
Многу ми се интересни комплицирани љубовни приказни за слушање, некогаш си мислам можеби е баш штета што немам живци за таква, (ама само можеби) . За меѓучовечни односи сум многу едноставна.... И очигледно нема да имам занимљиви приказни за моите внуци, ама крај краева, кој сака да слуша приказни за мали деца? ratujemo ti i ja, kao krpa i prasina.... ....A kako vece blizi se, bitka nasa prrestajeeee ваша М,
Гледам деца од дефункционални семејства, со секакви приказни, се смеат, се радуваат, се пробиваат во животот. Можеби и не и толку до смеа, ама ете, ќе седнат и молчејќи ќе си го решат проблемот. А, јас, од хармонично семејство, гледана, сакана, од мајка, татко, дечко што ме обожава и што го обожавам и пак морам да направам драма од сенешто. Толку сум навикната емотивно да се притискам што кога се ми е во ред, морам нешто ново да си најдам. Една од најболната тема ми е онаа за годините. Пред некој ден докторот кога ме праша колку години сум, морници ме фатија од моите дваесет и една. Такво детиште како мене, реално не знам каде ги носи. Па и имав кошмари дека полнам дваесет и две и дека никој не можел да ми дојде на роденденот, лигава принцеза, што да ви кажам. Не знам веќе во која фиока од мене да го барам внатрешниот мир. Тато ми вели, убаво е што сум била дете кое тешко се задоволува. Е, не. Сепак, мислам дека целата моја нескротлива енергија ќе се вкупчи барем на момент кога ќе седнам да читам и кога сум во неговите прегратки. Да не се лажеме, поголемо детиште е и од мене, но мирно дете, среќно дете. Друго, срам ми кога сите се претставуваат кои се и што се и за мене ќе кажат, па ете, таа чита, таа пишува. Кој ми прочитал што имам напишано, тоа е друга тема, но ајде... И забораваат да кажат дека мислење има баш за се' и обавезно мора да го издрдори и кога треба и кога не. А, тоа што го завршувам факултетот оваа година е уште една болна тема, зашто којзнае во кој ѕид подоцна ќе си ја чукам главата. Толку сум искрена и брза и секогаш пастата за заби ја претискам од средина. Едвај шеснаесет ќе си дадам. Тоа е се' што вас не ве интересираше, а јас морав да си го кажам. Еве ви песна за извинување, која секако нема да ја преслушате (освен ако не сте ми комшика)
Татко ми како човек што тврдеше дека не сака мачки, го размазил мачорот до толку што не сака да јаде ако предходно татко ми не го гали по главата. Деновиве размислува какво ќебе и креветче да му купи за зимово да не му било ладно.
Глеам една од средно што ми е генерација се сликала у локалниот партиски штаб. Па, за ова ли 5 години студираше илјадници километри од дома, за ова ли цела една година го учеше само јазикот. За ова ли учеше струка што во таква светска земја може да ти донесе каков сакаш напредок? За на крај во една соба од 10 квадрати да се сликаш насмеана пошо те избрале за претседателка на некоја богзнае каква комисија? Колку сакаш книги дај му на човек да прочита, ќе најде начин да покаже што му е во сржта.
Човек да не пише мислење во темата за сексуални фантазии,одма почнаа да фрчат понуди во пп.Фала ви на понудите,не сум педер. Боже не им простувај,знаат што прават.
Не е фер. Да не се случеше она што се случи, ќе се радував на утрешниот ден. И тоа боли најмногу, кога некој друг расипува се. Расипува се што е градено толку долго. Но не знам дали можам да обвинам некого. Можеби беше само сплет на околности. Среќна! Ќе бев среќна. заборавив какво е тоа чувство.Сум раскажала за ова, на мои блиски луѓе. И ми се смеат, мислејќи дека тоа не било доволна причина за да бидам среќна. Сме немале ништо "Ништо" Но за мене беше се, и барем тие спомени не може никој да ми ги одземе. Времето е безмилосно и поминува најбрзо тогаш кога треба да застане.Но ми недостига.И не знам како некој би се осмелил сето тоа да го нарече "ништо". За мене тоа беа најсреќните моменти во животот, моменти кога се што сакав беше да ги запрам стрелките на часовникот. Ми недостига толку многу што едвај дишам. Како да носам огромна тежина врз мене и како да ќе колабирам во секој момент. Ме држи само надежта дека времето тече, и дека можеби задоцнето, но пак ќе ја искусам таа среќа . Секако, тука е и стравот од иднината. Никогаш не можам да знам што ќе се случи утре, а не па за неколку месеци или за една година. но се што ми останува е да се борам. Ако ништо друго, барем знам дека сум силна и издржлива, и како што еднаш ми рече, многу храбра. Кој е крив што вака испадна, не е ни важно. Но знам дека веќе не сум онаа старата јас. Изгубив толку многу. како да изгубив половина од себеси. Се чувствувам како сенка на самата себеси. Гледам на календарот и ги бројам деновите. Ќе издржам ли? Дали пак нема да се појави нешто што ќе не раздели? Кога некој би знаел само колку сила ми треба за да преживеам еден ден. Сакам само да спијам. Но се држам и повеќето луѓе околу мене не можат да забележат дека нешто не е во ред. Ми треба разговор, ми треба поддршка очајно многу, а не ја добивам, добивам само осудување и прекорувачки погледи. А ништо не е во ред, се е толку темно и празно,се се растури толку лесно и брзо. Го проколнувам денот кога ги слушнав лошите вести. Утре ќе ја ставам маската на лицето и ќе пробам да преживеам уште еден од низата тешки денови, кои се нижат веќе година дена. Но кога ќе дојде тој ден, кога повторно ќе се најдеме на истото место ветувам дека ќе ја живеам секоја секунда како да е последна. И повторно ќе бидам среќна, исто толку како што бев.
Секогаш си патам од што сум стрвна. Денес прв пат пробав суши,фино беше,ај што пробав од секој можен вид,па и пробав по нешто и од остатокот од менито,па и го залив со чаша вино. И сега претпоставувате едвај дишам и мака ми е. За се во животот сум ваква,без мерка. Или се утепувам од учење или ништо не учам. Или не се прибирам дома или постојано сум дома. Или сакам некого или не. Нема средина кај мене,нема нијанси,од крајност во крајност одам. Утре имам важни обврски и се надевам ќе поминам супер и ќе ми се смири стомакот. Друго,памтите тоа што ви кажував дека чекам да ми се реши една работа,а чиста среќа е во прашање? Епа уште,чекам. Се надевам оваа недела ќе имам одговор. Инаку,уште едвај се воздржувам да не му пишам и се борам сама со себе. Оваа недела веќе ќе ми почне хаосот околу учење и обврски па се надевам дека нема да имам време да размислувам за него. Или тоа или ќе биде бетер зошто доаѓа пмс. Стварно не требаше толку да јадам.
Колку е убаво кога наместо потврдување на онаа минимална трема и страв, почетокот на новата етапа во твојот живот, баш напротив, ти носи излегување од некоја блага монотонија пред истиот. Кога обврските што ги извршуваш со ентузијазам и она што го учиш ти претставува извор на љубопитност и заинтересираност наместо товар и нервози... и најважно, кога се опкружуваш со нови луѓенца со кои кафе муабетот те исполнува со позитивна енергија, и со коишто се надоврзувате и си ги читате мислите почнувајќи од секојдневни you're not the only one муабети па сè до продлабочување на разноразни теми. Можеби ризикувам да звучам ко некој ултра семе синапово оптимист, ама навистина барем засега не дозволувам минималните вообичаени жалења за зафатеноста да ми го поматат тој ентузијазам... Бај д уеј, од утре почнувам и да парлам италијански на факс, а уште поише возбудена сум бидејќи се најдовме и заедно ќе имаме предавања со другарка од основно со којашто одамна не сме оствариле контакт. А денеска се потсетив на дефиницијата за тоа што значи совршена октомвриска недела - една долга прошетка на есенското сонце после успешно завршените обврски, со изговор да излезеш за да се стоплиш, покрај дрворед додека мелодијата од слушалките ти се меша со крцкањето на колку - толку насобраните лисја под нозе... и топол ајвар со сиренце кога ќе се вратиш дома. За крај, со едно релаксирачко песниче ви посакувам добра ноќ и убава работна недела луѓенца...
Имам кажано колку мразам да станувам рано? Да, имам 100 пати кажано знам, ама немам кажано дека мразам да патувам во недела И онака недела ми е најглупав ден ама кога треба да патувам, подобро да се фрлам некаде. Стануваш сабајле, не знаеш кај си, што си, зошто си (зависи каква саботна вечер си имал), каснуваш нешто набрзина и тоооооооолку ги земаш куферите Цел ден сјебан ми е така, и среќа со кола патував а да бев со автобус, сега немаше ова да го пишувам туку кој знае во каква состојба и расположение ќе бев Инаку ако приметите дека фризерката е нервозна, подобро ич не седнувајте да се шишате или да правите фризура...заминете...