Денес навистина ме разнежнија пензионерите што така несебично и милно ги набљудував одоколу додека уживаа во животот а јас им се восхитував на сета таа нивна позитивност и човечност. Ми оставија преубав впечаток и спомен за тоа како треба да изгледа возрасен човек и покрај строста да не му фали ништо на себе. Така силно и милно блескаа кога сите заедно по парови дотерани и намерисани излегоа од околниот брод и несебично и несрамно пееја и пееја од љубов, си пееја гледајки се во очи како никогаш досега да не ја проживеале љубовта во себе, како никогаш да не љубеле од се срце.. пееја љубовни песни гледајки се во очи и поклонувајки си по еден букет цвеќе во има на својата вечна и долгогодишна љубов. Од нивните очи и срца се гледаше дека се љубат и милуваат како и првиот ден, се гледаше дека и покрај екот на нивната возраст тие сепак беа млади и неуморни во себе.. веруваа и им се поклонуваа на нивната љубов и подршка. Го гледавме сите ние и им се нежнеевме за преслатките љуновни мигови и целиот проживеан нивен живот.. што и покрај се сеуште неуморно се држеа сплотени за раце и се гушкаа, си изкажуваа љубов и си делеа воздишки. На крај се качија во бродот и си заминаа од каде што дојдоа, среќни, весели и насмеани продолжија да пеат и да живеат како никогаш досега. Се прашувам дали и ние ќе ги доживееме тие денови? Дали навистина ќе се љубиме со нашите најсакани и после долги и неуморни години? Дали и ние ќе го носиме истиот живот и дух во нас како и нив? Дали и ние ќе пееме и ќе се смееме од срце и после толку минати години? Дали и ние ќе ја задржиме младосѕа во нас и нашите срца? Дали ќе бидеме способни да живееме и да се носиме како и тие? Се прашувам..
Некогаш знам да исчезнам со месеци, но ете, овојпат испаѓа два дена во серија да пишувам - чуда се случуваат. Шала настрана, има премногу негативна енергија во мене изминатиов месец... со неколку „вишок“ луѓе се случи тоа што се случи и сигурен сум дека постапив правилно со тоа што се тргнав. Пијавици што цицаат позитивна енергија не сака никој, па ни јас не сум исклучок. Уште ме држи гневот и од синоќа... се пееше џурџевдански текст на „спектакуларната“ Бела Ноќ, се лееше алкохол на литри и сето тоа кулминираше со... *spoiler alert: она што ќе го прочитате е современ одраз на Македонштина, длабоко вкоренет во добар процент од нашето население. You've been warned.* ... кршење чаши и шишиња уз носталгичен екс-ју рефрен, среде кеј!??!?! Па чекај, на кеј нема кафана, колку што сум јас упатен!? Ма и да беше кафана, кршење чаши во 2015? Уште со тоа? Seriously?! Not to mention што другарка моја доби скршено шише во зглоб од ногата и заврши со изместен зглоб, па требаше да ја носам на рамо до најблиското такси... Душа... Настрада девојчето на сметка на туѓата неартикулисаност и срча парти. Oh well... ако ништо друго, самите моменти кога успевавме да се забавуваме и да дојдеме до збор (а не па реченица) во сета таа гужва и бучава, беше кул... Next stop, 16.10.2015 - Sander Van Doorn - после вчерашниот мега-спектакл/дебакл, ќе речам само едно: bring it on! Aх, кога само би распалил со изненадување од типот на Џурџевдане 2015 autumn remix, којзнае кое грмење на ниво ќе е во Борис Трајковски... ерм... ни јас не знам што зборувам веќе. Over and out!
Значи ептен ме бива да си го комплицирам животот. Еден хаос средувам правејќи друг. Ако ми е, сама сум си крива. Избегнувајќи да ги повредам другите, секогаш завршувам повредувајќи се самата себе. Камо среќа и другите да внимаваа така на моите чувства, денов немаше да ми биде толкава пропаст.
Како заспивате бре навечер кога рандом прашања ви се вртат низ главата? Пример: 1.Дали ќе можам да се преселам на Марс? 2.Зошто нема асален чоек да си направиш муабет? 3.Зошто мораше да умре Дерек од Вовед во Анатомија? 4.Колку пари ќе ми требаат да отпатувам и да го запознаам Damian Rice? 5.Дали љубовта е вечна? 6.Во кој момент стануваме возрасни? А оти не ми се врти материјалот за полагање што го учев цел ден? И слушајте го златово за лека ноќ,љубов ми е... Love let me down…so I tried to erase it,but the ink bled right through and I almost drove myself crazy...
Малку е чудно, ама на планина најмногу сакам да одам кога врне дожд Може и да вее снег... битно ти си седиш внатре на топло, огнот си пуцка, си лежиш и читаш книга, си пиеш чај или какао. Повремено ќе застанеш на прозор и ќе уживаш во глетката. Тоа секогаш ми делува смирувачки. Никакво море, ни плажа со палми и кокосови дрва не може да ме одмори толку како планина. Еден мал поздрав од мојата идила П.С. Што реклама им удрив на Good Nature, Алкалоид треба да ми плати
Моментот на избор на роденденски подарок го прогласувам за круна на денот особено кога славеникот кој со нетрпение го очекува громозгласниот аплауз е дете. Понесена од сликата на малиот љубопитен поглед надополнет со остроумни и лукави прашања изборот го насочувам кон индивидуалниот интерес кој го привлекува вниманието на детската љубопитност. Блиската комуникација со нив ме доведе до констатација дека секој предмет не е за секое дете. Корените на личниот развој се распространуваат од деновите на детството од кога почнуваат да се формираат карактерот и афинитетите на секој поединец. Брзиот син автомобил за некој е омилен дел од купот играчки по кој упорно се трага се додека не дојде на дофат, но за друг подредувањето на елементите од сложувалката е знак за амбициозно активирање на разумот и вклучување на логичката перцепција во средината. Розевата боја не е најпосакувана меѓу сите девојчиња. Светлина има и во сината јакна со цветови во различни бои и во зелените панталони кои се подеднакво удобни како и црвените со стереотипен предзнак. Децата се радуваат на подадениот подарок и не го забораваат моментот кога сме купиле нешто за нив, па дури тоа да биде само парче чокаладо. Предметите ги доживуваат со искрен восхит и им препишуваат непроценлива вредност каква што има само во детскиот свет. Големината на насмевката е одраз на нивната возбуда кога ќе ја забележат шарената декоративна ќесичка во нашите раце која им испраќа изненадувачки сигнал за тоа што се крие внатре, во споредба со минорноста на малиот еднобоен плик со пари кој директно го соопштува подарокот во сечиј очи, а вие со воодушевеност би го извадиле од чантата. Заборавете на нив барем кога имате можност да присуствувате на детска забава. Потрудете се да им подготвите изненадување и да ја задржите будна нивната нетрпеливост до моментот на отворање на подарокот. Овозможете им роденденскиот миг да биде запаметен по подароците кон кои е насочен нивниот интерес, наспрема вашата олеснителна околност да заштедите на време посегнувајќи по паричникот кој за нив е толку безначаен на тој ден исто како за вас што е незначително важен изборот на мени на една таква помпезно весела атмосфера исполнета со детски џагор, смеа, музика и игра. Децата не бараат толку многу колку што вие мислите. Тие го сакаат се она што некогаш сте го имале во вашите раце. Нивните желби се исклучителни кога станува збор за роденденски подарок. Иако ги живеат духот и детството во поинакво време, сите деца сакаат неочекуваното да биде она што потсвесно го посакувале.
Одиш на доктор да ти препишат сируп за искашлување, ти најдуваат уште триста бактерии, болести, све и свашта. Ех.
Запомни: Немој да му дозволиш, на оној кој не те познава, да ти кажува што треба да направиш, а што не.
А што е толку тешко да се стави крај? Во бизнис одлуки, партнерства, врски. Кога нешто не оди и нема здрави услови за решавање, ставаш крај, не се лигавиш и се убедуваш себе или другите дека нешто ќе се смени. Нештата се менуваат само кога излегуваш од комфорт зоната, а одлуките се донесуваат цврсто.
А што ако му дозволиш на оној што те познава ќе си направиш добро,о не туку немој да му дозволиш на оној што не го познаваш да ти каже што треба а што не
Ви љубоморам малку на сите кои имате време на мир да прочитате добра книга, со топло кафе до вас, ќебенце, оган. Би нашла и јас време понекогаш ама нема да е комплетен мир каков што сакам, и нема да можам мисливе да ги задржам на книгава, веројатно ќе мора по неколку пати да се враќам на почетокот од страницата затоа што ќе сум на средина а мислите веќе одлетале, поима ќе немам што сум прочитала. Да си вратам малку сталоженост, оти со овие на работа среќа што не сум почнала да тепам. Не се секирај маж ми вели, уште триесетина години и пензија. Јеееј Од друга страна пак знам дека и мирен период за брзо време ќе ми досади. Идеално би било 6 месеци на работа, месец или два дома. Милина. Каде има така, обавестете.
Денес сум горда сестра, денес мојот близнак Дипломира, неможам да бидам посреќна Све најубо, сега една работа со уба платичка, најпоќе го сакам
Премногу уживање во глетката на мојот двор. Многу си го сакам. Многу пати си помислував да живееме во стан, подобро ќе било, но дворов за ништо не го давам , сепак. Се слушаат звуци од птици, дува нежен ветер, се чувствува мирисот од цвеќињата и тревата... Воодушевувачки ми е секогаш кога седам во него, одмарам, пијам кафе или јадам. Најубаво ми е.
Интеρесно е она чувство κога на пола јадење сρ чувствувам сито и си велам па ајде доста ми е ама не бе моρа да се мачам додеκа да пρејадам и многупати си мислам веќе помалκу κе ставам и еве од денес ќе почнам да гја пρименувам оваа идеа