Прво нешто што забележав кај дечко ми се неговите контури ла ликот. Типичен овен. Тогаш се' уште не му беа толку добро изразени, ама затоа сега се за умирачка. Еве, толку долго време го сакам, а некогаш и не го сакам во исто време, но слабоста кон овие строги контури е иста. Уште да се научи да го спушта капакот од ве-це шолјата, и го земам.
@LivingGlam Седнале па го гледаат. Не разбирам, зар треба некој да се оправдува што и зошто гледа нешто на ТВ? I mean really? Tи се правдаш некому зошто гледаш некоја серија, зошто слушаш некоја музика? Секој со свој вкус
Секако дека треба да размислиш на кој начин го користиш своето време. Не треба мене да ми се оправда некој што следи Голем Брат. Како си се оправдувате себеси? Кога слушам музика, одбирам нешто што ми ја храни душата. Кога гледам серија, одбирам нешто интересно кое не е само за губење време. Дури сум се чувствувала виновно кога сум трошела премногу време на серија која знаев дека е глупава, ама сум се 'закачила'. Па сум престанувала да гледам и сум го користела времето покорисно. Во свесноста е разликата. Дали го трошиш или го користиш времето? Свесни сте колку драгоцени моменти ви поминале онака по ветер? Се’ можам да сфатам. Игри, форуми, социјални мрежи, дури и читање Николас Спаркс и Гијом Мисо... ајде и тоа нека биде. Голем Брат не... едноставно не е во ред да дозволите некој да ви ја силува интелигенцијата на тој начин.
@LivingGlam Како начитана и некој што бира квалитет, треба највеќе да знаеш дека сите луѓе се различни и секој има различен капацитет. А зошто да се оправдуваат себе си? Штом го гледаат, значи не се против, интересно им е. Времето им поминува на нивен начин. За секоја роба има купувач
A kade procitavte deka ako eve jas go gledam souvo, nemam citacki staz? Citam od koga znam za sebe, ne cik lit, ami seriozna literatura, nikogas nemam ostanato bez kniga na lager... I sega?
Перев едни марами на рака и еве, го затнав лавабото... Како успеав и со што ни сама не знам. Не бре, кога не те бива, не те бива за домаќинлук. Место да си седам мирно, ја работа си отварам тука.
Aма зошто Голем Брат... зошто? Се расправам со моиве дома за турски серии секој ден. Не знаат да објаснат зошто. Велат уморни биле, не сакале да размислуваат и затоа не гледаат добри филмови и документарци. Не ги ни гледаат серииве, само да е пуштено и да џамка телевизорот. За жал тоа е секојдневието во секое македонско семејство - почнаа со една серија, па две, па безброј. И се создаде зависност. Сега уште и Голем Брат и турбофолк шоу, се’ тоа на Сител. Добра стратегија на перење мозок има телевизијава, ништо друго не се пушта на тв. Кога видов пред некој ден дека гледаат такво турбо шоу, се прели чашата. Па јас со комшијава се нервирам кога ќе пушти таквo а не па дома да го слушам. Не може. Еве свечено ветувам. Нема да остарам во пасивно суштество што гледа и слуша тоа што му се сервира. Нормално дека секој има вкусови. Ама треба да знаеш зошто го правиш тоа што го правиш и со што придонесува за квалитетот на твојот живот. Ако си свесен дека гледаш глупост и продолжуваш да го правиш тоа, нешто не е во ред со тебе. Ако не си свесен дека Голем Брат е глупост... нешто не е во ред со тебе! Колку си го цените животот ако трошите време на такви работи?
@LivingGlam Ете тоа, можеби едноставно не секој после напорен ден и секојдневните проблеми сака да чита книги и да филозофираа со серии, туку да си се релаксираат со такви шоуа и да не размислуваат што и како. Ама тоа не значи дека автоматски сите се помалку интелигентни или глупави.
баш значи тоа што значи. Човекот го определува она што го интересира. Само, може да ми го објасниш делот со филозофии? Никако не го разбирам.
Јас знам да се загледам велики брат на тв навечер пред спиење. Што пронаоѓам? Набљудувам како велики брат си прави експерименти со 15тина луѓе во затворен простор . Со некои игри стварно знае да го извлече најлошото или најдоброто од нив како му е кејф. Исто така интересни ми се нивните различни карактери и кој со каков карактер може да функционира. До сега никој ми нема кажано дека сум неинтелигентна и неначитана. Напротив. Е сега тоа губење на време, си го трошите животот и таков тип на приказни ми се безвезе. Сите ние на некој начин го трошиме времето. И вие го трошите што се замарате со нас дали гледаме или не. Јас лично не ценам интелигенција по тоа кој што гледа и каква музика слуша. Имав еден професор на факс со високо реноме, кој често знаеше да вмеша некоја туркса серија во предавањата. И што тој е простак или неинтелигентен. Гледајте си вие нејшнал ѓеографи, енимал планет, дискавери и ценете си го животот. Не го трошете со замарање кој што гледа.
едно ке кажам и јас не сакам да слушам рок песни ,хеви метал и др такви ствари не сакам рокери,металци па никогаш не сум им пристапила да им кажам не се облекувај така не слушај таква музика и не значи дека таквите луѓе не се паметни или интелигнетни и дека не треба да се ценат едноставно така одлучиле да живеат и готово...ми сметаат стварно ама која сум јас да им наредувам во животот.....паметните и интелигентните луѓе никогаш нема да те прашаат ЗОШТО.....(гледаш реално шоу,зошто слушаш српска музика,зошто слушаш рок итн да не набројувам) а и па ако не се тие српски шоуа за таленти нашите овде ке пропагаат....
Од денес почнувам само ЛАДНОКРВНИТЕ да ги поштовам. Оти во овој ужасен свет освен ладнокрвен др не можиш да си.
Напишав еден тоооооооооооолкав есеј за животот, колку само паметна се правам, а грешам како да имам уште 3 животи резерва демек овој ми е за експеримент.
Бев на предавање ,,Истражување на вселента со супернови" и сфатив колку не знам ништо од оваа облaст, физика и астрономија. Премногу информации ми беа некако за 30-40 минути. Мислам дека ќе го упишам курсот по астрономија шо почнува за десетина дена.
Скоро сите што ми честитаа и се "израдуваа" за вработувањето, прво ме прашаа дали имало некаква работа и за нив таму нешто да видам да сторам да прашам. А бе што луѓе ке беа бе Демек на шега им е тоа ама во секоја шега има и троа вистина За блиски луѓе станува збор иначе..роднини Ццц да не се израдувале на туѓата среќа, а како само јас се радувам и од срце им честитам кога му се случува нешто убаво на нив. Така и треба мислам...така е нормално ама изгледа не за сите. Јас не сум таква со лошо на лошото да вратам. Тешко ми е што немам блиски со кои би ја споделила радоста и среќата која ретко ја имам. Љубоморни или касканџии шо би се рекло. Но добро, си викам мене да ми е добро, нее важно што едвај изустија со среќа и лесно да ми било... Ке ми биде, како нема. Си ја засакав работата па што сакаат нека ми мислат. Господ ми ја гледа намерата како и на сите,па се наслонувам на Него. Живејте си го животот за себе, не за другите.
Доволно се сакам себе за да не морам да ги толерирам сите. Не го почитуваш моето време, не те почитувам тебе. Тоа е тоа.