Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Не знам каде ќе оди светов со ваква полова дискирминација?
    Да ми кажеше некој дека ќе ми се деси ова, ќе го пријавев во психијатриска установа, но ете изгледа нема граница веќе за малоумноста како чест епитет. Се мислам, да не е некоја нова мода со која не сум запознаена, ама не може бе...
    Фино лепо си седнувам во кафич и нарачувам пиво, верувале или не, пивото ми стигна со цевка. СО ЦЕВКА ЗНАЧИ. Со ЦЕВКА!!! :fubar:
    Тоа се коси со сите физички, хемиски и општествени закони!

    Јас стварно немам зборови со кои би го оправдала потегот на дотичниот господин, ако некој може да ме просветли го замолувам за појаснување на горенаведената дешавка.
     
    На kikav и jovana03 им се допаѓа ова.
  2. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    Да имав далинско за мењавање годишни времиња, на зимата ке и стиснев `skip`. |(
    За моја среќа, а верувам и на повеќето- некако не напушта. ]:)

    Сакам сончеви денови, ми ја креваат енергијата до максимум, за разлика од зимата во која расположението ми е тмурно колку и самата таа. Колку и да немам енергија, ако ја подадам главата од креветот и видам сончеви зраци кои наѕираат низ спуштените ролетни, одма рипам и брзопотезно отварам прозорци, кревам ролетна, варам кафе и спремна сум за акција! ^_^ :D Па потоа будам све живо и диво.. за да можам да си пуштам музиче на раат и ловам жртви на телефон за дружење. Ич дома не се прибирам. |-) Па го напнувам и дечко ми со планови за летото, што, како, кога итн, итн.. :lol: иако ни пролетта не е дојдена. :D

    Убав ден, посебно ако се разбудиш покрај саканата личност. :l:

    ..*le sexy time* ово, оно, и имаш инстант насмевка цел ден! ^_^
     
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Сакам да си легнам, ама немам инспирација да станам од еден кревет да одам на друг
    Ах тежак је овај живот
    Да не можеш да решиш на кој кревет (би сакала наместо кревет да беше друго нешто :lol: ) да си легнеш али јеби га
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Се чудам како не можат еден авион да најдат, зборам за оној за кој пишува по нет, дека исчезнал.При се на дофат на рака, врвна технологија, па и со сателити, да не можат да го најдат, чудно :| ни на небо, ни на земја, го немат никаде :geek: па и немало малку патници :| Језиво.
    Постојано читам за тоа, небаре роднини имам таму, не дека имам, ама страшно ме интересира како не можат да го најдат, криминалци пронаоѓаат, ова еден авион не може да пронајдат.

    Да не им е човек во кожата на тие луѓе.
    Страшно, човек никогаш не знае што може да го очекува во иднина.
     
    На Silver.E, Daydream, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Значи пред малку ја направив писмената,сега ќе дознам што добив на тестот по математика.
    Аман значи 2 реченици заборавив!Држете среќа да добијам сега 5 на математика на писмената.
    Ух колку е напната атмосферата сега.Бацки од Цвететто :*
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Држете ми среќа на тестот по математика да добијам двојче! 8) :rock:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Аман бе,Игорче Трпевски x2.
    Напната е атмосферата ииииииииии каква двојкааааааа...Двојка,двојкаа!!!
     
    На anuskaNESTLE, Lella, Silver.E и 3 други им се допаѓа ова.
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Да сум секогаш вака расположена, убаво би било. Пукам од позитивна енергија, го насмеав секој што стигнав. :^) На арно само нека е.
     
  9. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Немој двојка ќе се разочара девојчето. Ајде сите во еден глас да навиаме: петка, петка, петка :clap: :party:
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК каде е времето кога најголем проблем во животот ми беше писмената по македонски, или пак цел час повторување. Па бегавме од школо со екипата, се смеевме, вртевме низ град, одевме дома кај онаа што е сама моментално. Гајле ни беше, и после тоа кога требаше да се оправдаме ќе се тресевме сите како глувци, што да лажеме :lol: Колку само беше убаво тоа време, колку е убав тој период од животот. Младост лудост :) ... Ми фалат школките другарки со кои минувавме денови и ноќи заедно. Со тие најблиските уште сум во контакт, иако се омажија по други држави комуницираме постојано, се смееме се зезаме, а кога се враќаат во Мк обавезно искачаме се дружиме. За тоа овие учениците што ни е овде на Фемина нека си уживаат во овие ученички денови максимално, и нека не брзаат да бидат возрасни. После ќе им биде криво.
    И СДК денеска петок е 8) друго си е кога не очекува топол викенд, мора да се прошета во природа.
     
    На Monna.Monna, Golden, sweet-star и 10 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Итно ми треба одговор на едно прашање од физика,ако сака некоја феминка да ми пише лп. :$
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Elissa што ти требаше да ме потсетуваш на тие убави средношколски денови,кога све ни беше рамно,мама меси тато носи,а ти се зезаш не се секираш за ништо,неможам да ги разберам денешниве деца што сакаат да пораснат пред време,наместо да уживаат во школските денови,ах да можам да се вратам во тоа време,со задовлство воопшто не би се мислел.
     
    На Elissa и Rubiii им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    БИЛКИТЕ НА БАБА РАДА....
    Значи незнам што да кажам. Во ред е да се има таква емисија, да се искористуваат прекрасните билки од природата но да се кажува еден лек за 101 болест е тоа не верувам .
    Кога и да се јаве некој гледач тааа му го препорачува истиот лек што предходно за разноразни болести ги давала на други.
    Постарите генерации ги заменија сите лекови со билки но сите знаеме дека во некои ситуации е пресудно да се зема лек а не чаеви ако е така нема да постојат болниците.
    Сведок сум на еден човек кој што сите лекови од дома ги исфрли одкако почна баба рада и почна да зема чаеви , и луѓе со дијабетис кои што биле на инсулин престанале да го зимаат и почнале да зимаат чаеви.
    аххх ова Баба Рада ке ги уништи луѓето со тие чаеви а се гледа дека ПООООЈМА НЕМА !
     
    На Anabelle.Amorette и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ми велат дека сум се променила, не сум онаа истата од порано, сум требала на секоја лага очи да затварам, да ги сакам сите, да живеам за сите. Не, јас живеам за вистинските пријатели и ги сакам само оние кои мене ме сакаат за другите ич гајле не ми е за тоа што размислуваат, тука во мојот живот важат само моите правила..!
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Петок е ајде, радувајте се.
    Чувствувам како цела недела ми минува, очекувајки го петок.
    А петок таман дојде и одма помине.
    Сабота не ја сакам баш, само петок. :rofl:
    Моментално ви личам на Ребека Блек знам јас. :lol:
    И да, ми треба ден помеѓу сабота и недела. Онака за поголемо уживање..
     
    На lana.del-rey, Anabelle.Amorette и leighton23 им се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Ме очекува прекрасен викенд, можеби најубавиот во мојот живот :wasntme: сонце, Јас и Тој, прошетки, уживање... има ли нешто поубаво од тоа :angel:

    Музика, сок од портокал и сонце друго ништо не ми треба... :)
     
    На Silver.E, Ketrin.Moon, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.458
    Се прашувам како им е на луѓето што се постојано сериозни?Си мислам дека понекогаш тоа го прават само да изиграваат примерни и паметни а не за друго.Не сакам и не можам да имам постојано фаца исто како на прасе кога мочка :D Не дека тоа ги прави,ама си филмаат :D Не можам а да не се окезам кога ќе видам некоја издувана муцка :rofl:
    А и јас понекогаш се трудам и сакам да бидам озбилна ама не можам ... досадно ми е :D
     
    На sweet-star, Silver.E, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Петок, преубав, сончев ден! :sun:

    Утре ми е роденден, ќе си станам полнолетна :$ Повелете на торта :D

    Пред малку видов едно видео на интернет како еден стар човек, господин, почнува да пее во градски автобус на ЈСП. Баш ми ја разведри душата, што убаво бе. :wasntme: Ги расположи сите во автобусот. Се радувам што постојат и такви фини дедовци, а не само напнати пензионери кои сакаат да се караат. :)
     
    На Golden, lana.del-rey, Anabelle.Amorette и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека една од најважните работи во животот е човек да си постави одредена цел која сака да ја исполни и да знае што сака во животот, бидејќи животот без цел е безмислен.
    Ако немаш цел си како мува без глава. Не знаеш кај тераш и не се трудиш да постигнеш ништо.

    Но што кога целите кои ги поставуваме се преголеми и имаме преголеми очекувања, а шансите за остварување се мали?
    Тогаш се јавува разочарување, и, или се откажуваме од се` или пак уште повеќе се стремиме кон исполнување на замисленото.

    Потребно би било целите кои си ги поставуваме во животот да бидат реални. Ни преголеми, ни премали.
    И да не очекуваме премногу.
    Бидејќи никој не е совршен и ничив живот не се состои од совршенство.
    Животот има безброј пречки и никогаш не може да биде потполно совршен. Дури и да имаш се`.

    Подобро очекувај помалку и биди позитивно изненаден, отколку да очекуваш повеќе и да се разочараш.
     
    На Silver.E, Ketrin.Moon, lana.del-rey и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.738
    Пол:
    Женски
    Koга на самиот факт дека е петок + веселото расположение предизвикано од временцево, ќе им се додаде и еден долгоочекуван успех, насмевката на лицето е неизбежна и те држи цел ден. :sun:
    Koлку повеќе сме се посветиле на нешто и колку повеќе ни се оддолговлекувала таа обврска, толку поголемо е задоволството кога конечно истата успешно ќе ја оставиме зад себе.
    Верувајте во себе, трудот кога - тогаш се исплати и не` прави горди и исполнети. ^_^
    А сега, it's time for relaxation... :mm:

    http://www.youtube.com/watch?v=FpPJQMljtOw
     
    На Ketrin.Moon, lana.del-rey, Tiki-lolipop и 8 други им се допаѓа ова.