Негрижата за личните предмети сместена во реченицата од типот: “Не знам каде е алката, не се сеќавам каде ја оставив”- соопшува склоп податоци за погледите и постапките на една личност и не можам никако поинаку да ја толкувам освен како тотален хаос на (не) одговорност во отсуство од присуството на самиот себе. Многу, многу е полесно да запознаеш карактери од поголеми размери. Среќен е оној што поминал покрај такви со краен неред и се приближува до оние што покажуваат висока свест за подреденост на нештата.
Навистина не можам да ги разберам младите девојки кои гледаат турски и индиски серии. Се чудам како може да гледаат отров содржини. За тие минути и часови поминати со такви отапувачки серии, може да прочитааат некоја книга, да учат јазик, да вежбаат, да цртаат... Згора на тоа, уште ги фалат турскиве серии небаре се најиформативни емисии или совршени документарци. Те свекрвата ја бркала снаата, те снаата била трудна од друг, те мажот е теле, те свекорот е добар. Најозбилно како може да си дозволат вака да си отапуваат во мозокот?
Љољ. Не ви ја ни пипнав темата со причина. Него, тоа што гледаш (носиш, зборуваш) многу кажува. Мислам дека никој ништо паметно нема да научи од проститутки, пардон “старлети“, некои ликови со сомнителни гледања на светот итн. Види, што се однесува до мене, може и ,,гачице,, да слушате, тоа не значи дека сте одбрале паметен начин на забава. На овој свет се е еден клик далеку, со навистина квалитетни избори... затоа ќе си се чудам. Ајт!
Живееме во свет каде што луѓето не го кажуват тоа што го чувствуват и не го чувствуват тоа што го кажуват.
Знаеш колку ми фалиш ? Толку многу и толку силно што го почуствував твојот парфем оваа утро.Ми фали твојата насмевка и твојата нежност. Ми фали тоа ти што го нарекуваш дисциплина а јас што го нарекувам лутење. Ете, драги мои вчера воопшто не седна на фб дечко ми. Ми фали. Сме биле раздвоени и повеќе денови ама сум знаела дека се е во ред...а сега ?! Му пишав порака, мислам дека најкратката порака. * Како си ? Би сакал да разговараш со мене денес? l Ми врати по многу кратко време. Уште тел. го држев во рака Ми врати: * Секако, срце.После работа ќе одиме на ручек каде што сакаш. Чекај малку...како сега после изминатиов период, се ќе биде ок? а тоа дека јас плачев дома сама.... с с с с Еве ме, сега мислам што да носам, каде да одиме срце мое е тој
Кои ми се најтешки соработници? Тие со филолошки факултет што работат работни позиции за економист. Човече... ми оди тастатурата да ја изгризам, телефонот да го лупнам во ѕид, а во живо да им цртам, па да ги отерам во три лепе. Ако толку си сакала јазици, што не работиш тоа побогу? Ако си сакала да работиш ова, што не си се запишала на економски? Ау, извини, заборавив, тешко е... На економски не се станува економски експерт од старт, ама си ја градиш менталната конструкција да размислуваш со економска логика, а не да тресеш глупости. Развивала производи... за бога милога што ќе ти е да развиваш производ и да си КРЕАТИВНА, кога нема економски бенефит од чудото? И единствена маркетинг логика е текст како Викса што би смислил. Оди работи си по струка, аман! И сите вие што не работите по струка, а се пикате на такви позиции... само еден посто имате природен талент, се останато... луѓе ТРЕБА ДА СЕ РАЗВИВАТЕ И ДА ДОУЧУВАТЕ. Вие само се однесувате некако и ако успее-успее, ама немате способности, како не ви е јасно? Стварно ми го пукна филмот. Е овакви тастам кај претпостаени и не ми чуе, особено зошто беше арогантна на мојата учтивост и желба да и објаснам и помогнам.
Површно гледиште, според мене. Ќе се земам за пример, позната сум и на работа и дома како човек со одлична организација, дај ми хаос и ќе го доведам до перфекција. Ништо кај мене не смее да стрчи, да фали, секогаш точна и прецизна. Но прашај ме за небитни работи (за мене) како алка, шнола, клучеви од нешто што ретко користам, картици од телефони заборавени, стари документи скоро непотребни, работи што веќе долго не ги носам и слично, сигурно ќе бидат некаде добро спакувани, само нема да знам каде. Исфрлам веројатно небитно од меморија за да можам повеќе да се сконцентрирам на важни работи.
Па кога сакаш нешто да заштитиш и да го ,,кренеш,, некаде на сигурно, тоа исто како да си го кренала и од сите и од себе. Оди па најди го.
Ова е многу умно кажано а и вистинито така си е. Луцерке ако ти пишува некој манијак што го криеш изнесиго јавно тука на форум.
Луѓе во голема заблуда сте. Човекот баш го формира она што го гледа, чита и слуша. Ако бевте толку ителигентни, начитани, образовани како што велите, немаше да ја гледате оваа глупост. А најинтересни ми се оние кои викаат дека не им била интересна, а сепак од сеир ја гледале. Хахаха. Во човековата природа е нешто што не ти е интересно, да не го гледаш. Мене ми е мачење да гледам нешто што не сакам. И сега знам веднаш што ќе кажете, па затоа уште сега да одговорам. Не, не се сметам за поначината, пообразова од вас. Не се правам најпаметна тука, само оддалечете се и запрашајте се дали стигнавте до ова ниво да се кикотите и да фаќате сеир, да одделувате драгоцено време од денот за оваа тешка глупост. Дали воопшто вреди? Подобро земете истрчајте го тој еден час отколку да го поминете во гледање Големиот брат. Секако, кој што сака ќе си гледа, дрн дрн дрн, ама за оваа емисија немаш никаков изговор. Едноставно не е во ред и точка. Од толку емисии, баш најглупавата ја избравте да ја гледате и да ја браните врз сето тоа. Кај стигна светот, боже.
Обожавам кога станувам во 10часот,нешто почнав да ги обожавам деновите во есен. Ни многу топло,ни многу ладно тамн за прошетка,за шопинг.
Зошто кога изгледаш најружно (период кога имаш многу акни, проблеми со косата и сл. ) тогаш имаш и најмногу активности кои вклучуваат луѓе? Аман бре.
Колку се осеќаш моќно кога нечии очи те бараат во толпа. Тогаш знаеш дека само ти можеш да решиш нечиј проблем.
Значи во толку бутици во цел град нема едноставен елегантен фустан, сето со глупости на нив светликави, со 100 украси, добро зарем некој го носи она Не ми се верува дека еден фустан не можам да најдам, се разочарав кога видов шо има по бутицине.
Ретко може нешто да ме изнервира, ама некои луѓе се такви, така да не знам што да кажам Колешката на работа, постојано нешто ме прашува „Како се прави ова/она ...ај покажи ми, сакам да научам и јас! '' Нормално, јас ќе и покажам, објаснам ( а таа не капира, па морам да и поедноставам, како на дете) , за на крај, по секое подучување/објаснување да ми одговори “ Па си знам јас тоа, не сум толку глупа како што ме правиш ! ''