Ви се случило ли некогаш да ви кажат дека се е во ред, за што и да сте се грижеле, а вие пак да не можете да се смирите, и да продолжите со грижите, од страв дека пак нешто лошо ќе се случи? Баш тоа ми се случува сега. Ме уверуваат дека се грижам без причина, но јас пак продолжувам, за секој случај. Си мислам дека ако се грижам за нешто тоа ќе дојде како "превентива", за се да биде во ред. Чувствувам дека оваа вечер повторно нема да спијам. А кога ќе дојде утрото, ќе го барам тој поглед што секогаш кога ќе ме пресретне прави да лебдам во воздух, нозете да не си ги чувствувам, и на лицето да ми се појави насмевка. Насмевка кој знам дека ја забележува. Не сме заедно но истата љубов гори во мене. Со години. Години кои поминуваат во борба, во солзи, непроспиени ноќи. Нема потреба да ми кажуваат дека немам шанси. Знам каде стигнав и дека самата јас сум крива за мнногу работи што се случија. Но тоа не ме спречува да го чувствувам она што го чувствувам. Затоа што животот без љубов би бил празен, било да е возвратена или невозвратена. Болката е голема и мислам дека ми го кине срцето на парчиња, барам една единствена причина зошто продолжувам да сакам, да не спијам со ноќи и да полудувам. Но можеби треба да страдам. Можеби ќе ги забележи солзите во моите очи и ќе ми подаде рака, ќе ме прегрне пак и ќе ме стисне до себе, баш онака како што правеше. И ќе ми каже дека се ќе биде во ред. Тогаш кога ќе бидам пак во таа прегратка, и навистина ќе биде
Не би била толку голем оптимист.. Иако би било убаво да е така.. Сдк, психички се спремам за кафенцето вечер, држете ми среќа да не се распаднам како кула од карти. Дајте некое чаре за емоциите и чувствата. Не се трпам самата веќе. Него, требаше јас да учам, а не учам.. Пак си ги правам истите будалаштини, нели? Супер. Кул. Ептен сум пораснала и сум научила. И повторно ќе си ветам дека нема, дека следен пат ќе знам подобро. Ама нееее... Изгледа сакам да сум во тесно и небрано. И да се чешам после како ќе стигнам се на време, и после да се обвинувам зошто порано не сум го направила истото. Па добро. Може некој ден ќе си најдам лек за идиотизмов. Пеам на цел глас од сабајле, се обидувам сета негативна енергија да ја исфрлам од мене. Да се почувствувам силно. Си направив безброј третмани на лицево, да се расположам. Не бива, очигледно ќе ме чека една добра серија на агресивни вежби. Релаксирано после да пијам кафе, де. Инаку се жалев пред некој ден, сум ослабела немам панталони, а ни пари. Е среќа, баш за луѓенца како мене постои Евроазија. Два пара убави црни панталони за џабе. Ќе ви ги сликам за соодветната тема. Им се радувам како на лото исто. Си ги исправ, се исушија, сега ќе ги запеглам и спремни се за вечер. Останува да одберам горе што да носам. Како на бал да ќе одам, па припреми цел ден.
Жими здравството, кога на пациент што е носен 150км со брза помош да стигне до "клиника" му велиш да дојде наредниот ден!!!
Не знам зошто мисли дека немањето толеранција на оние кои ти мислеле во животот лошо е глупост? Да не треба чај со локум за нив?
Цел ден натаму наваму и ништо работа,ете таква ти е таа работа,да.Да собереш алишта,садови да средиш,ручек вечера,да се погрижиш за бебу и тоа е.Времето лето.Ајде ако не се пожалам овде на форумов нема каде Инаку,ова времево по малку ме нервира,дождов,пошто сме научени се надвор да бидеме.Денес и помогнав и малце на мајка ми.И направив ручек,ахм имав време и за тоа,се зачуди жената,хихиих И ми треба мотивација,еве повторно ќе уплатам за тој последниот предмет што ми остана и одлучив мора да се положи,МОРА!! Дополнителна октомвриска сесија,дополнителни повеќе пари,но ќе го положам,мајкеми.
Кажи му го ова на мојот. (јас ќе му го прочитам, да го здоболи малку) Мислам оти педесет проценти од кавгите ни се за неговите нокти. Веќе нема ниту што да гризе; ако му се понудам јас, може и моите ќе почне да ги грицка. Пред некој ден ме гледа така тажно со крупни очи и ми вика: Помогни ми. А кога му кажам, се лути. Како да го дресирам? Можеби прашањето ми е за во љубовни проблеми и совети. Иста и другарка ми. И другар ми. Не знам каде за помош да се обратам.
Понекогаш може да ви се чини како да сте го изгубиле патоказот и сте дошле до крајот на патот. Но, за среќа секогаш постои некоја мала земјена патека по која можете да продолжите. Можеби е каллива и тешко се движите, но важно е да ја следите волјата и да не се откажете, без оглед на околностите. Некогаш немате можност за избор и таа е единствената по која треба да талкате се додека пред вас не се појави чистината за која сте сонувале. Тогаш нештата стануваат посјајни. Извалканите обувки лесно се чистат, но тешко се прифаќа сознанието кога треба да се извалкаат чистите...
Иако на johnson's baby шампонот пишува дека не ги надразнува очите и не предизвикува солзење, јас сепак не се осмелувам да констатирам дали е тоа точно. Ризик јак- мила душа. Денес се чувствувам прилично депресивно, не можам глава да дигнам, притисокот низок, дождов не ми прија, ама баш ич...
Македонски повтараме нешто акцентирање на туѓи зборови. Патем, наставничката сака да го кажуваме цел слог кога кажуваме каде паѓа акцентот (што е и нормално). Меѓу зборовите за утре го гледам и екскурзија. Биче интересантно.
Сега ми е жал. http://www.aura.co.rs/proizvodi/nokti/stop-grickanju.html - помага! Другарка ми престана да ги грицка со помош на ова. После некое време и’ се врати навиката, ама битно имаше ефект додека го користеше.
Ако јас сум досадна со сликањето кога шетам, татко ми е бетер од мене. Втор ден сме тука и веќе планираме нова мемориска картичка за апаратот. Денес одиме во Deutsches Museum, па му викам: Тато, апаратот ќе ми стои во ташна, сигурно е забрането сликање овде. Ама татко ми мора на врата да си праша дали смее да слика, а типот му вика: Ja, ja, natürlich. Facepalm!! Отиде и мемориска картичка и батерии... Пет ипол саати шетавме и пак не успеавме се' да видиме. Од пеперутки и птици, до бродови, авиони и подморници. А кога си со татко ми, не ти треба водич. Особено кога влеговме во делот за физика, нуклеарна, атомска, фузија на јадро и некакви експерименти... Цел академски час. Тек па кога дојдовме до камерите и фотоапаратите - отиде саат ипол. Му викам: Ти да си професор, како ќе организираш час од 45 минути? Се' сака од одма да ти каже и објасни
Сум успеала да поминам цел пола саат само стоејќи пред огледало. Не пробував облека или нови фризури,туку само така си стоев и се гледав.
Доста ми е од разделби. Заминување, исчекување, лажни ветувања, давење надеж. Доста ми ееее, уморна сум не можам више. Сакам нешто постојано, нешто вредно, нешто трајно. Нешто за кое што ке се бориш, нешто вистинскоооо.
I feel like a lonely wolf Па не знам онака... Подобро се чувствувам кога ќе бидам сама или со одредени луѓе... Никогаш сум немала гооолемо друштво од 20 луѓе.... Моментално најдобро ми е вака.... ... Се прашувам да не забегав? Гледам некои другарки не ме бараат, макар што јас нив секогаш ги барам... Кога прават така одма се 'вртам' на оние кои им сум драга и сакаат да се дружиме. Ете таа моментално што седи и јади пица со другата ми должи 100 денари од летото...... И така..... Утре нов ден, нови победи, нови надежи.... Good night girls.
Dozhdov gi opishuva site moi chuvstva. Ama ne se predavam, kje si kasnam parche torta i kje si ja fatam knigata.
Нели кога толку многу вложуваш во одредена личност, и толку многу се надеваш на таа личност... нели е логично да очекуваш нешто за возврат? Да се потруди и таа, одредена личност...