незнам што се замарате кој како пишува...дали --не можам-- се пишува одделно или заедно ,дали некој др збор се пишува со голема или мала буква,и ред др работи...можеби некој пишува набрзина ,можеби некој нема завршено филозофски факултет за да знае ова е форум и на такви работи не треба да се обрака внимание ,ако сакате толку отворете си тема и таму пишувајте правилно ....и не значи дека тој што не внимава како пишува дека е неписмен....така се пишувалао онака се пишувало па земете одржете им час за да знаат....
Не е лошо одвреме-навреме да се потсетите на основна писменост. Не се замараме, едноставно не е убаво луѓе со средно, со факултет да не знаат основни работи. И Пресиоса - празно место се остава после, не пред интерпункциски знак. Ова не е од пишување набрзина. Не е од невнимание, туку од незнаење. И не треба филозофски факултет да завршиш за да знаеш да напишеш просто-проширена реченица. P.S. НЕ ЗНАМ исто така се пишува одвоено.
Еве јас оставам празно место пред запирка и после неа.И сега јас незнам да пишувам хаха.Еве јас (не знам) одделно пишувам кога одговарам конкретно за нешто :Да , не , не знам и.т.н.И сега јас проста сум? Немој бре , важно има запирки и точки не е непрегледно.А кога пишувам поголем одговор си пишувам незнам.
Непрегледно е. Никој не рече дека си проста, ама не можеш да очекуваш некој да ти ги сфати мислењата сериозно кога не покажуваш основно ниво на писменост. Се учи до трето - четврто одделение. Ако тие работи сте ги испуштиле и уште се оправдувате дека е сосем во ред... не знам што да кажам. Заклучокот може да го извлечете сами.
Кога некој ќе те изнервира од сабајле, после цел ден ти тргнува обратно. Ако на некој му е зафркнат денот не мора на друг да ја истура нервозата, ни крив ни должен друг си го добива ццц
Ти беше онаа што се бунеше дека сме биле прости ние кои гледаме В.Брат , тука сега за друго се буниш изгледа немаш друга работа. Тоа е.И во други теми солиш памет во последно , да почнеме да идеме на часови кај тебе а ? Моето мислење погоре е непрегледно аха да - Секако. Друго да те прашам ти како толку учена и паметна зошто не ги разликуваш росфајт и росфрајт ? Денот совршен за излежување во кревет , може и некое благо да се направи до после не се знае.Обично ваквите денови ми даваат позитивна енергијаи мир.Ги обожавам.
Морам да ви кажам колку сум горда на моите колеги. Мали сме на број, но излезе дека сме големи на душа. Денес на факултет се организираше хуманитарен настан. Дониравме колку бевме моќни како студенти да го направиме тоа, а холот блескаше со позитивна енегрија која заедно со нашите надежи и желби ги испративме до едно мало сонце. Сите имавме една мисла... мисла за побрзо опоравување на малото душиче. Останува да се надеваме на најдоброто. Доста емотивен ден за емотивна личност како мене...
@Winter Lady оф леле... Не сум ни многу учена ни многу паметна. Кога не знам нешто прашувам. Не се правдам дека е во ред моето незнаење. А вие бевте тие што гледавте Голем Брат? Jaсно ми е се’
Многу ми се допаѓа овој мој начин на живот. Го нема веќе она стуткано, срамежливо девојче, кое на мравка не гази. Како да кажам, многу позабавно е вака!
воопшто не се замрам што ке мислиш за мене и не е од незнаење како сакам така ке пишувам....можеби на некој не му одел македнонскиот јазик и не можеш ти да судиш..ич не ме интересира каде е остава празно место немам потреба ....овде сме сите за совети...не сум овде на квиз или за оценка....на кој му треба нека посети часови по македонски......тој бил неписмен др бил неписмен вие да не сте случјно бриллијантни...... од денес кога ке зборувам со некој после секој збор ке му казам тука треба запирка со одвоено место,тука треба голема буква итн ...нема смисла
АПЕЛ, до сите оние кои во животот имаат некој на кој му значат и кој му значи и нив... Сакајте ги, почитувајте ги, бидете со нив, помагајте му, обожавајте ги.... За да не ви е криво еден ден како што ми е мене сега, за да не го доживеете чувството на самотија, живот без цел, без желба, без мотив, без потреба, без основа. Затоа што бесценето е да имаш некој покрај тебе во секој миг, некој што ќе ти помогне, ќе те гушне, ќе ти ги реши проблемите, ќе те направи подовар човек, ќе те научи, ќе те развесели, ќе се грижи за тебе... некој што ќе те сака. Никој нема премногу такви личности во животот, па кои и да се, колку и да се чувајте ги.. За да не се каете и да не си ја чукате главата некој ден како мене... Оти е неподносливо и неопростиво, најпрво од себе си.. а тоа е многу тешка работа... многу.
Не добив одговор , а добив сарказам.Гледаме В.Брат да не гледам редовно , гледам кога сум слободна и да кога ми е интересно гледам кога не ми е така е пуштен ТВ.Мислам нема ништо лошо во тоа кој што сака тоа ке си гледа.И нека ти е јасно ама баш сме си паметни ние што гледаме.Гледање на реално шоу или турски филмови не го одсликува карактерот на човек.Еве ако те занима гледам В.Брат, турски серии , гледам нашнл џиографик , фокс лајф , фокс крим , 24 Kitchen , Анимал Планет ,Раи Уно Tv 1000 , Cinemania.А тебе ако не ти е интересно да гледаш не мораш , оди гуглај си што е росфајт а што росфрајт.
Ова како сакам така ќе пишувам можеш да си го применуваш кај тебе на фејсбук, тука си на форум за дискусија каде има правила како се дискутира и пишува за другите да можат да те разберат. Еве едно потсетување: Користете интерпункциски знаци. Користете голема буква на почетокот од речениците. Разделувајте ги долгите мислења на параграфи (притиснете „Enter“ 2 пати). Користете го копчето „Преглед“ и проверувајте ги мислењата за грешки пред да ги испратите. Не пишувајте со ГОЛЕМИ БУКВИ. Не користете bold, italic, подвлекување или боја за целиот текст на мислењето. Користете ги овие стилови само кога имате потреба да акцентирате мал дел од напишаниот текст. http://forum.femina.mk/threads/Користење-на-кирилица-и-правила-за-пишување-на-мислење.747/
Леле бе па @RainBow па, амааан. Вака ни на писмена по Македонски не правевме! Сарказам беше ова, да бидеме на јасно.
Имам проблем. Не можам два дена да ја откачам песнава од глава хелп И кога сум тука, ај да споделам што се мислев сабајлево... Мене многу ме без врска тоа враќање на модата . Мислам како бе да носам купачи со висок струк?! А ѕвонарки?! Ох... И леле, о леле. Врв ми се тие „ланчињата“ црни пластични како нешто проплетено за околу врат. Гарант знаете за кој ви зборам. Значи на секој чекор ги гледам. Ај децава што ги носат, океј, сме се радувале и ние на времето, ама овие лични стројни моми трендсетери?! И дa. Ме густa ел дoждo Ваша М,