А кое ти беше прашањето за да добиеш одговор? Јас мислам дека ти одговорив - не разликував, прашав, добив одговор, сега разликувам. Што е тука нејасно? Проблем е кога си убеден дека си најпаметен, некој ти укажува на грешка а ти упорно продолжуваш и велиш дека грешката е супер, не чинат овие што ти укажуваат на неа. - ова? Еве го одговорот: Нема тука ништо саркастично. За Голем Брат ич не треба да ми се оправдуваш. Гледај си што сакаш. Тој муабет го завршивме пред некој ден. Да, го отсликува карактерот.
Океј е, еден мал дождец зароси и одма собраќајќи, полиции, брза помош, затворени патишта.... Скопје не е есенско дете, дефинитивно. Евентуално хеликоптер да имаш, па да стасаш на време некаде. Освен со чадор, друго не гледам со што би можело да се стаса до некоја локација. Шеќерен град, нема што.
Скопје е никаков град. На пролет и есен врне - сообраќајки, дека не' изненади дождот. Зимно време не' изненадува снегот, па и тогаш се случуваат несреќи. Летно време е топло, па од жештината сите некаде брзаат, паѓа концентрација и се случуваат сообраќајки... Тоа е Були. Тоа е Скопје.
Universe, universe ти направи повеќе од што јас некогаш замислував. Знам дека посакував да ми биде подобро , ама не ни сонував дека ќе бидам пуна себи. Ова се должи на мојот труд и верба у комбинација со тебе секако . Што ми ги примаш сите 8000 желби у денот. Во сето ова сфатив едно нешто, и сакам да го споделам. Сакам да кажам дека никој не треба да го интересира, зошто на другиот му се свиѓа нешто друго. Тоа не е негова работа и затоа не треба да му биде гајле. Беспредметно е да се објаснува тоа . Тоа бранење ставови, свои мислења и глупости всушност е Правдање. Јас не сакам никој да го интересира зошто ја читам Бенедикт Рут , Курпатов , што ти ја знам таму Зденка Андриќ ја следам, Руми или зошто појадувам овошје насабајле и се туширам по спиење. Ете така сакам, и еве мене многу ми е убаво. Од кај знаете , може ако ги правам работите што вас ви се интересни мене просто нема да ми биде убаво . Ете така киссссссс
Епа ако сакаш да заштедиш на време, еве еден совет- помалку време одзема да ставиш точка, па потоа да притиснеш еднаш на space за празно место, отколку трите точки што ги ставаш наместо тоа. И не, не може да се лутите кога ви велат дека сте неписмени кога самите сте довеле до тоа некој да има такво мислење за вас. Правилото дека кога ја завршуваме реченицата ставаме точка, а потоа другата ја започнуваме со голема буква се учи во основно образование. Значи во основно, а не на факултет. Трите точки кои толку љубиш да ги употребуваш се користат кога сакаш да ја оставиш реченицата недовршена, немаш веќе зборови... Баш поради тоа јас така ги читам твоите постови, читам, па оставам некоја празнина поради трите точки, па пак празнина, како некоја тажна жена која гледа во далечина и зборува во паузи. Затоа и постојат сите овие интерпукциски знаци, бидејќи кога пишуваме немаме други алатки освен нив- со нив искажуваме тага, радост, возбуда, меланхолија, ги немаме фацијалните експресии за помош. Исто е и кога читаме, само со нивна помош можеме да се внесеме толку во некој роман, да си создадеме наши слики кои се толку живи што потоа ни сниманите сцени во филмот за истиот роман не можат да ги надминат. Јас сѐ што сум научила околу интерпукциските знаци и граматика било во основното образование. Потоа во средно и на факултет се учат стручни предмети (освен на филолошки факултет нели каде што јазикот е основниот предмет на интерес). Зборот ми е дека нема изговори, ако нешто го научиш потоа ти е влезено во глава и автоматски го применуваш. Јас никогаш не би завршила реченица вака!!! освен ако не сум превозбудена, ниту вака... освен ако не мислам да ја оставам недовршена. Сфатив секогаш ми го коригираа професорките и во основно и во средно, не знам зошто не му давав некое значење, меѓутоа со тек на време тоа го променив, сега ми е чудно како сум пишувала сватив. За не знам научив овде, а дилемата ми се разреши од една слика во групата Пуздер правам од македонскиот јазик. Еве за тие што не знаат- значи не со глаголи се пишува одделно, меѓутоа со именки се пишува заедно, т.е. слеано (немоќ. неспокој и слично). Не е срамно кога нешто не знаеш да прашаш, или ако забележиш дека нешто грешиш да се поправиш, ама многу неубаво изгледа да се инаетиш за нешто што не си во право кога некој ти укажува на тоа, па плус да пробуваш и да навредуваш. Во тие моменти зборувањето дека не сте прости само укажува на спротивното. И кога веќе ова стана долг пост да си кажам и за други некои зборови кои забележувам дека често се користат, а погрешно се пишуваат. Пример, отценка- наместо оценка; искрајно наместо искрено; воздраст наместо возраст, страм наместо срам. Никој не тера да пишувате прози, да користите зборови како восклик, прекраснотија, воснес и слично, меѓутоа точка на крај на реченица и голема буква на почеток на нова, е a must.
Де бе, ајде уживајте и милион точки ќе ставам, мој проблем, јас си знам колку знам, колку сум писмена и немам намера да ти се објаснувам тебе. Ако си дојдена за дружба овде дружи се. Не сум овде за оценка. И не ме цитирај, искулирај го мојот пост. Не се инаетам јас за ништо. Ако единствен проблем во животот ви е да гледате на други грешки, дали некој пишувал неможам и незнам како не треба тогаш НЕ ЗНАМ што да ви кажам... Дискусијата е завршена тука. Чао, чао...
А мене баш кога станува збор за grammar nazi issues, едно нешто што не ми е јасно е... оние луѓе што знаејќи дека не знам/не можам и слично се пишуваат одделно, неформално и на брзина го пишуваат споено - што ли прават со сето тоа заштедено време? Just askin'...
Интересно ми е како оние кои пишуваат без врска и по нивни измислени правила упорно тврдат дека се писмени. Не сте. На писмен човек душа не му дава да пишува така, без разлика формално или неформално. И уживајте сите! Како инаку би се разликувале ние писмените од неписмените?! Сноб сум, да.
И во случајов би било кои, наместо кој, затоа што се работи за множина. Често среќавам и којшто, наместо коишто. пр. Човек којшто (ед.) Луѓе коишто (мн.) Корегира, наместо коригира е исто честа правописна грешка. Или пак користење на зошто, наместо зашто. Зошто? - прашален збор. Зашто = затоа што пр. така ти кажав зашто искрено го мислам тоа. Јас се надоврзав и заборавив, ама и мене искрено ми пречи неписменост. Не жаргон, туку потенцирам неписменост. И долги несредени постови без никакви пасуси, коишто реално заморуваат и дури и да имаат некаква поента, престанувам да ги читам.
Кога се трудите некому да му посочите дека е неписмен, внимавајте, зашто во вашиот пост доаѓа до израз вашата неписменост. Само во случај ако стручно го познавате јазикот можете да тврдите дека другите, а не вие, се неписмени.
Прочитав една глупост: "Кога умира некоја Скорпија во рок од година дена пред или после, во семејството се раѓа дете. Но и раѓањето на новата Скорпија поврзана е со умирањето. Повторно во рок од година дена, пред или после раѓањето на Скорпијата умира некој член на неговото семејство." И после ми текна дека дедоми починал по 2-3 месеци после моето раѓање, мојата фаца во тој момент
Леле блубери, сега ќе пријавам да ми го поправат постот. Ова дефинитивно сум притиснала погрешна буква, ј и и се една над друга, инаку оваа грешка не ја правам никогаш (може да се види од моите претходни постови на форумот), а и мене многу ме нервира кога ја гледам, неразликување на еднина од множина. Ете ова е иронија, ќе пишуваш, пишуваш, и една погрешна буква веднаш ќе фрли друга сенка врз целиот пост. Фала ти што ми потенцира, кога видов дека си ме цитирала прво мислев намерно имаш така напишано во мојот пост како пример, па се навратив да видам дали навистина така сум напишала.
Не ми пречи нечија неписменост или пак ако гледаат глупости како Велики Брат. Но, ми смета кога се прават многу паметни и се најгласни во бранењето на својата неписменост. Како што е и воопшто во животот, нели.
@RainBow , а дали може да се отвори тема: Неписменост или ако има таква мислењата да се префрлат во неа за дискусијата да се продолжи во истата?