Звечарка, мојата грешка е лапсус, не е неписменост. Нема потреба јас да кажувам дали некој е прост или неписмен- постовите зборуваат наместо мене, а во нив многу добро се гледа што е лапсус, а што незнаење.
Она кога поспан седиш на јутуб и на крај завршуваш на нешто ненормално како оваа: и упорно ти се врти во глава...
за нашиот " најомилен" професор социологија на културата што другарка ми ми кажуваше ја меркал од глава до петициhug:
Почитта ми е основно и примарно средство за комуникација и општо за искрено дружење, сакање и колективност. Ако ја нема неа, ги нема ниту овие работи. Тоа е моето правило, затоа што спротивно од ова не знам, не сакам.
@sesilija јас своето мислење го избришав, но ако веќе сакаш да спориш, да имаш право постовите зборуваат за нашата писменост. И оние кои имаат доволно познавање од јазикот знаат дека лапсус или ненамерна, печатна грешка не се случуваа во ист збор повеќе од еднаш. И не е важно впрочем кој е писмен,а кој не, ова е форум и би можел да се сврсти во некој вид на неформална комуникација каде што писменоста и начинот на изразување нема некое суштинско значење.
Ех да имаше една таква тема како оние Состави и да се викаше Пари. И пишуваш, итно ми требаат 200 денари за утре и оп, некој ти ги пушта по лп Не, не, есента дефинитивно не е за мене, Фор гуднес сејкс, ам а самер лавер
Веќе неколку дена ми се случува неколку пати во денот да ме стегне срцето толку јако што мислам ќе се угушам, па само викам по некој кога ми се случи тоа. Бев на доктори, ми правеа различни снимања и никој не ме посочи што е конкретно или барем кај да се обратам за помош. Една ме испоѕвери за цел живот, ми кажа сум имала тахикардија, се помирив и отидов кај друг, тој ми кажа се' било супер, одам кај трет и ми препишува „бедоксин“ за да сум се смирила малку и ми вели дека веќе нема да се повтори, а во случај пак да се повтори одма да одам на доктор. Ми се повтори и брзо чукање на срцето, а и стегањето исто така. Е сега, имам толку голем страв да идам на доктор што мислам подобро да си легнам на постела и да чекам да ми испука срцето еден ден. А имам планови во животот бе ало, не ми е до умирање. За срамота, да не знае повеќе човек кај да се обрати за помош, само те праќаат во други клиники и градови. Планирам неделава пак да одам на уште еден преглед, ако пак ми го кажат истото не знам како да постапам, да почнам да се карам или да седнам и да плачам... Секој втор зима диплома за доктор, од толку „доктори“ веќе да не знаеме што да правиме. Сега дури можам да замислам како им е на старите, они ќе умрат девојче на 17 години, а не пак некој на 77. Срамота.
Negacija + glagol se pisuva oddelno. I jas ke se slozam so @zvecarka, iako tekst so gramaticki greski i bez interpunkciski znaci uzasno mi smeta sekogas i bez isklucok kade e tekstot. A zagleduvam Golem Brat cat pat, vidi bogati.
Prifateno. Sega procitav i iskreno apsolutno mi ima ispareno kako pravilo. Se izvinuvam i na @sesilija .
@Jenniffer Тотално те разбирам, и јас кога бев колку тебе, што е тоа пред 3 години, не е пред некој долг период, исто имав ваков случај. Имав една обична настинка. Затнат нос и грлото малце ме болеше. Матичниот мој пред умирачка ме направи. Незнам каква бактерија сум имала, па крајници, па триста глупости. Потоа кога се префрлив кај друг матичен, ми рече дека сум немала ништо од тоа. Така да, сега и на доктори да не му веруваш дојде времево бе.
@Emy867 признај многу беше среќна кога ја залови 'грешката' @zvecarka ти се молам, тука не зборуваме за некои комплицирани граматички правила. За точки, запирки, големи букви и наједноставни зборови. Мислиш дека треба баш стручно да го познаваме јазикот за да посочиме на нешто што се учи во основно училиште? Друго, кога веќе велиш дека доаѓа до израз нашата неписменост, фер би било да цитираш и да посочиш, никој разумен нема да се налути и да се оправдува за грешки. Секој прави грешки. Некој ќе ги прифати и ќе ги исправи, друг ќе убедува дека не е важно и ќе продолжи по свое. Не се работи само за писменост, туку за неверојатна тврдоглавост. Не е важно, мислам дека веќе ја исцрпивме темата и кажавме тоа што имаше да се каже.
Ептен, се подмочав од среќа дури. Немој да бидеш безобразна @LivingGlam , бев доволно доблесна да се извинам откако си ја увидов мојата грешка. Јас знам дека се потсетив на тоа што сум го заборавила и сум го пишувала погрешно, а не можам да ја разберам твојата потреба на огнот да дотураш масло. Мене не ми е проблем да си признаам грешка никогаш, а можеби и добро е што ја пронајдов наводната грешка зошто тој потег ме натера да прогуглам и да си ја поправам мојата.
СДК уживам во вакво време.Порано ја мразев есента. Сега ја обожавам,во последниве неколку годиини,уживам во овој период. Едноставно меланхолично,и покрај многуте проблеми, попладневните прошетки кои ги обожавам,кои се толку убави само во есен. Многу смирувачки ми делува,слушалките на уши ,топол џемпер...
@Emy867 се зезав малце. Не ми беше намерата да долевам масло во огнот. Се извинувам ако ме сфати така.
Немам кој да ми каже дека се ќе биде во ред, кој да ме прегрне, кој да ме утеши.. Попрво би си заминала на оној свет одколку вака.. Ама и тоа не смеам.. Е*ати животот мој мизерен!
@LivingGlam има тема Правопис каде може да се цитира или укаже на некоја грешка. Јас за никого не реков дека е неписмен, па немам потреба никого да цитирам. Кога зборуваш за ,,комплицирани“ граматички правила и некои ,,основни“ треба да знаеш дека за јазикот сите се подеднакво важни. Подеднакво е важна употребата на голема буква на почеток на реченица и на сите други места, да не набројувам каде сѐ се употребува. Сметам дека не постои човек кој завршил основно училиште, а не знае дека секоја реченица започнува со голема буква. Но на пример не е исто со употребата на запирка и на другите интерпункциски знаци кои многумина не ги употребуваат правилно. Нејсе, муабетот ми беше дека никој нема право другите да ги нарекува неписмени сметајќи за себе дека е писмен,а прави горе-долу исти грешки како сите ние на форумот.