Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.489
    Ми фали времето кога можев да се наречам Среќна.
     
    На Candid, Rama, hermosa и 19 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се дразнам да дојдам до тој степен да се расправам, да прашувам, да се објаснувам, и да барам објаснување кај оние луѓе коишто не ме додираат со никакви посебни чуства и емоции.

    Игнор и пријатно.
    Тоа понекогаш значи многу повеќе отколку кажаните зборови..

    Како дошле, така и заминале, мојата почит и помош спрема секого е всушност мојата човечност и свест, оној што го прави спротивното и не умее од благодарност е негово лично право и одлика за неговиот живот, за мене тоа не менува.
     
    На eliesaab, danichap, Rama и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Дезодорансот ми е при крај, нарачав моливче за уста од авон како и маскра а се мислам за сенка и парфем на пур бланка да си нарачам еден-два.
    Ми се допадна една блуза вчера во еден бутик а ја меркав и една друга, парфемот ми е речиси при крај пудрата исто така.
    Ете кај ке ојт првата плата.
    Реков нема да ја трошам на глупости ама ова не се глупости, туку потреби :wasntme::D
     
    На eliesaab, Rama, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Целата древноиндиска филозофија била езотерична по својот карактер.:)
    Од езотеричните традиции, интересни и омилени ми се, Сихастите, како и Богомилите( иако будат различни асоцијации)сепак биле едни од тие езотерични култури што мене ми се допаѓаат... Потоа луѓето трагачи на вистината, кои ги има многу како Ѓурѓиефф, Питагорејците...
    Мевлевиите од дервишките редови, како посебни, тие луѓе кои биле вистински предани на љубовта. Дервишкиот познат танц, кој носи среќа. И Руми е еден од нив.:sun:
    Човештвото би било многу посиромашно ако тие не би поставиле патокази или одредени постулати, според кои ние би врвеле низ животот. Мистиците кои имале потреба од аскеза.

    Всушност најважното НЗС за хиндуистичката религија, христијанството, исламот .. за кое не ни требаат свети книги, верски институции е едно.

    Одговорот
    Еден е. А за него една е. А за неа молчи.За нас целата вселена знае и молчи. Зад нас целата вселена трае и молчи. Никој да не знае што е. Смеј се, огледало ќе сум твое.
    Смртта.

    Клучот на теозофијата, е религијата на мудроста. А таа пак, секогаш постоела и бидејќи била како последен збор на можното човечко знаење, грижливо се чувала.
    А каде? Се прашувам низ овој ароматичен чад со мирис на јаболко, кој го исполнува топлиот вечерен воздух, пресладок за моите сетила.

    Кај просветлените.

    11352084_904500026287986_1444140086_n.jpg


    Имајте убав продолжен викенд :f::sun:.
     
    На eliesaab, Snow-Star, anel и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    И за неговото seen сум му благодарна.. Почнав да се мрднувам јас... :|
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.211
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден внука ми ме прашува: ,,Тета, ти голема си ама се плашиш ли од нешто?'' Само се насмеав на нејзиното прашање и ѝ одговорив општи нешта, дека се плашам од височина, од змии, од летање...

    Истата вечер, кога си легнав и пробував да заспијам прашањето ми одѕвонуваше во глава повторно и повторно, а одговорите кои пробував да ги замолчам, ме оставија цела ноќ без сон.

    Вие можете ли без страв да си одговорите кој е вашиот најголем страв?

    Јас не, сеуште не можам... Јас не се плашам за самата себе, се плашам најмногу од самата себе... Парадоксално и иронично, но да, сакала јас да признаам или не...

    И така после долго размислување сфатив дека мојот најголем страв и непријател е болката, болката во сите нејзини форми и облици, болката која е последица на сите мои стравови... Зошто за се останато сум пронаоѓала логично објаснување и оправдување, олеснување... Само кога душата боли - нема лек...
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Snow-Star, Rama и 34 други им се допаѓа ова.
  7. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Фала ти! А и многу ми се допадна напишаното под советот.Потполно си во право и се согласувам со тебе.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски

    Мене искрено од мислите сопствени само ми е страв. Оти (не)свесно некогаш сами се уништуваме.
     
    На eliesaab, Snow-Star, anel и 16 други им се допаѓа ова.
  9. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.211
    Пол:
    Женски
    Не залудно рекле - Какви ти се мислите, таков ти е животот. А според тоа што го читам тука од тебе, немаш причина за страв, зошто зрачиш со позитивност и не се сомневам дека живееш среќен и исполнет живот. :sun: :)
     
    На eliesaab, anel, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ја обожавам есента. Ме потсетува на мојата најголема среќа, но истовремено и најголема болка.
    Зошто не ги послушав кога ми рекоа да се тргнам? Зошто не ја свртев главата оној далечен септемвриски ден пред три години, зошто не заминав туку останав да гледам и да се восхитувам на нешто што знаев уште оттогаш дека нема шанси да ми припадне?
    Го знаете ли чувството кога сте среќни и тажни истовремено? Го благословувате и го проколнувате денот кога сте ја сретнале таа личност.
    Иако убавите моменти се редуваат со тажните, јас се сеќавам на убавите. И тие спомени најмногу ме болат. Среќна бев кога тие раце ме допреа, кога ме прегрнаа. А јас летав од среќа, и толку несвесно успеав се да испуштам од раце, мислејќи дека среќата ќе трае вечно. Самата срушив се, и тоа најмногу ме боли.
    Бев среќна како никогаш, и знаев дека според некои многу грешам, дека сето тоа е забрането. Но продолжив, и продолжувам. Можеби е апсурдно да се борам, но јас сум таква. Упорна до бескрај, дури и кога самата се повредувам. Самата предизвикав да ме боли, но ова е слатка болка. А во љубовта се е дозволено
     
    На Rama, natemila, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Секогаш ја преферирам и почитувам кажаната ВИСТИНА директно во очи па колку год и да била таа болна и тешка.

    Мразам кога луѓето лажат за да нели "не повредат".

    Но не се свесни дека со нивното чажење и прикривање на страна видно повредуваат до срж.

    Вистината и не е болна онолку колку кажаната лага, превара и измама!
     
    На Rama, anel, kala21 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Мене па вака ми е најинтересно кога некој за друга тема ќе си се обрати во СДК да си се искаже, а во соодветната нигде го нема.
    И тука демек ќе чепне нешто, без нормално да цитира или повика некого, туку онака подло, цинично и си мисли леле колку убаво им кажав... (facepalm)

    Прво одма да ти кажам, да, се пронајдов во твојот пост, онака, сакав да ти пишам, не дека ми е гајле што мислиш за мене. Мојот став е јасен.

    За религија не се мавам во гради, верувам во Бога, во цркви, попови, обичаи НЕ.
    Ако за тебе простотилок е на некој да му ја шлапнеш вистината во фаца, без влакна на јазикот да му кажеш што мислиш за него, макар да е навреда или најдобар комплимент на светот тогаш до тебе е. Моето мислење е такво и формирано е врз база на лично искуство, а не од рекла казала муабети и да, се дрзнувам да изгенерализирам цела нација, а не го негирам тоа дека има исклучоци. Тоа е многу нормално во се.
    Дискриминирам да, ми се може, не сум многу либерална и толерантна личност, арогантна сум да, лоша сум, јбг никој не е совршен. Сама избирам со кој ми одговара да се дружам, соработувам, контактирам со кој не, и не ме интересира за другите, секој си одговара за сопствените постапки, ја можам да им се смеам, да ги жалам или да сочувствувам со нив и да ги сакам, ок? Искрено незнам што зборува тоа за мене каква личност сум, а и не ме интересира многу да ти кажам право, добро знам луѓето што мислат за мене во негативна смисла и знам да се носам со тоа, не ме трогнува многу, јбг...
    А ти и останатите слободно мижете пред вистината, сами сте си одговорни за вашите постапки, никој ништо не ве тера, ама вакво педерско прозивање во други теми е незнам искрено тоа што зборува за тебе...

    Како и да е, досадно ми беше вечерва, читав по темава, те прочитав тебе па се решив да ти пишам, а имав и храброст лично да те цитирам.

    Пријатна вечер. :)
     
    На danichap, Sky-butterfly, presiosaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Единствен е.
    Со какви (не)луѓе сум опкружена, искрено, фала му на Бога што ми го донесе во животот.
    И ќе го чекам.
    И ќе се трудам.
    И секој сомнеж што го имав, ќе го избришам.
    И секој страв што го имам, ќе го потиснам длабоко во себе.
    Злато од човек е, срцево ми се кине кога ќе му го чујам гласот.

    И вечерва, јас на забава, тој студентски.
    Ми врти, не му било добро.
    Сакал назад да се врати. Сакал да е до мене.
    Си прегризев јазик, го тешев дека ќе се навикне, дека ќе му биде подобро.
     
    На eliesaab, Sky-butterfly, Rama и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Многу ќе ми е мерак ако утре прочитам дека на @Sanjichka007 и се вратил љубавито. :)

    Добра ноќ пипл

    Ваша М, :makeup:
     
    На mimiiiii, eliesaab, purple..m и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Утре нема да биде, ама ако не е наскоро јас има туѓина да пребегам. :D
    :hug:
     
    На eliesaab, purple..m, kala21 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    9.516
    Пол:
    Женски
    i jas dobuv seen|(fala ti bree cc 8-|(facepalm)
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не знам што луѓето очекуваат од животот подоцна, особено оние во раните 20-ти, но животот никогаш нема да ви биде спектакуларен. Не, само ве очекува одење по зажарени џамлии или префрлање на животни желби и идеи од чашата за кафе во шолјата за чај.

    Знам, и јас сè уште замислувам како еден ден среќно ќе одам на работа и задоволно по работа ќе имам елан да ги остварам сите мои хобија и радосни желби, бидејќи нели, ќе бидам одлично платен и ќе можам да си дозволам сè што ќе посакам, но реалноста е како и сега, дека морам да правам нешта кои апсолутно не ги сакам, да трпам луѓе кои се трудат со сета сила да проверат до каде е мојот праг на толеранција и по работното време само сакам да одам дома да лежам, да јадам junk food и да се надевам дека некако магично нема да се здебелам.

    И ни останува на почетокот или на крајот на денот мислата, дека утре или барем задутре сè ќе биде подобро. Нема да биде. Ќе дојдат нови предизвици, нови проблеми, нови маки, нови нервози и ќе стискаме заби сите да дојде оној ден кога ќе има некаков повод за да се опиеме и да заборавиме на што и да е она што нè прави да сакаме да го преспиеме животот. „Најзабавниот“ дел од ова е што секој следен предизвик, проблем и мака ќе биде за едно скалило потежок за решавање од претходниот, па на некој начин со тоа во еден момент ќе дојдеме до апатија за оние малите проблеми и веќе нема ниту да ги гледаме како такви, ќе ни бидат секојдневие и ќе се мислиме и ужаснуваме од оние новите големи проблеми. И така до крајот.

    Веројатно затоа постојат сите тие планинари, кои некогаш не ги разбирав. Сиот тој притисок да бидеш човек, општествено подобен, исправен, 24/7 да се трудиш да ги направиш исправните работи и на крајот пак да згрешиш и бидеш прекорен од некој повеќе или помалку важен... создава желба за бегање во планина, а таму... никој не осудува, никој не бара ништо и единствената грешка која човек може да ја направи е кон себе, да не се заштити од студот, гладот или животните во мракот.
    Но, истовремено и да „јаде“ од благодетите на шумолењето на дрвјата, на жуборкањето на реката, на пеењето на врапците и нивното потскокнување околу тебе како да си кралот на планината. Мирот на планинарот е она што на секој од нас му треба. Штета што ние, децата од асфалтот ќе го изодиме патот до ридот Голгота без него.
     
    На 1209, mimiiiii, sia.bella и 28 други им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Што ме насмеа сабајлево :D Некој дечко на фб ги прави

    11030846_1561576727427454_107242935575318869_o.jpg
    10448530_1551606175091176_7199368409015443447_o (1).jpg
    10828176_1517509055167555_8265105634026254708_o.jpg
     
    На Arthur, eliesaab, 1slavjanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    Ова есенско време многу ми се допаѓа. Ми годи.
    Колку е пријатно да си се прошеташ, облечен во топла облека. Па да си седнеш некаде на топло чајче и само да си гледаш низ прозорецот дур врне.
    Па тоа смирувачко чувство. Чувство на љубов, топлина и безгрижност.

    Инаку, се прошетав вчера и на сите излози си бендисав по нешто. Морам да признаам, срцето ме заболе. :lol:
    Морам да одам на шопинг од понеделник, а пред тоа викедов да зборувам со тато и да ми даде некоја позајмица да се подновам.:lol: И да му кажам колку многу го сакам. :$

    П.С. Што е проблемот што си го сликате задникот и си го ставате на ковер слика? :^) Мислам, незнам што е целта, а многу е безвезе. Стварно.
     
    На eliesaab, natemila, samovila.red. и 14 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Живеам со полна пареа.
    Мислиш вчера се родив, а всушност зрелоста созреала одамна.
    И да не ми е денот како што треба ќе си го направам да ми е убав.
    Доста ми е од кукумјавчења, од жалопојки и тажни приказни.

    Кој има да се пофали за убаво, повелете кај мене...и ќе Ве дочекам убаво и ќе Ве почестам и ќе се радувам со Вас заедно.

    Ако немаш што да се пофалиш, пак дојди....ќе најдеме убава трошка од денот и ќе ја преувеличиме за да се радуваме.
     
    На eliesaab, natemila, samovila.red. и 18 други им се допаѓа ова.