Не знам дали е до сончевото време, до платата која ме ќе ја земам утре или до тоа што тој ќе ми дојде на гости денес, ама многу сум радосна! Едноставно бликам од среќа и задоволство Само нека ми потрае ова убаво расположение, да не се урочам Нештата одат во мнооогу добра насока, и тоа на секое поле. Само уште да ми тргнеше и готвењето по дома, ама ќе биде и тоа. Еве, уште сега почнувам да правам палачинки, која е гладна - бујрум! Уживајте во секојдневните работи кои ве опкружуваат, затоа што треба сите да сме свесни колку многу ни значат токму тие мали нешта
ИИИИИИИИИ ПЕТКААААААА,ПЕТКАААА! ПЕТКА со 88 поени од можни 90! ЕДНИСТВЕНА ВО КЛАС! Дека најјака сум! :geek: .Шо ми велат: Филозофче наше ,отепано од учење!
Ова петочно утро лошо се разбудив со страшни болки. Ама среќа што ги имам моите дома инаку што ќе правам. Татко ми беше дома,се стресе човекот кога слушна дека не ми е добро, па веднаш рипна од креветот уште рано изутрина отиде по лекови, па ми го направи омилениот доручек. Сеуште ме чува како бебе и настојува да ми угоди, уште пет минути повторно ќе дојде да ме прша да не ми треба нешто, си зеде и слободен ден. Можеби неможе да ми купува големи луксузи, но секогаш е тука да ми даде љубов, подршка, внимание и големо разбирање. Ете тоа ме прави среќна таа голема приврзаност со блиските и тоа што секогаш можам да сметам на нив.
Зошто некои луѓе се толку храбри на пример преку Скајп (бидеќи само тоа користам со фејсбукоот сум скарана година дена) А со истите тие кога зборуваш во живо збор не мозжиш да му извајш од уста. Дали се страмат или незнам шо е работава Како и да е Среќета не се чека,среќата се бара! Убав викенд.
Не ми се верува, заљубена сум! Леле, мајче и ова ме дочека. Сега циркузи на квадрат ќе бидат... Ма, не, тој не е толку убав, не е ни некој фраер. Тој е оној кој го сакам, ама не поради изгледот, (добро, убав е, ама не претерано, да не ме сфатите дека ви кажувам дека е грд) туку поради душата. Се знаеме од мали нозе и знам, сигурна сум дека го сакам правиот. Ама ова е еден предизвик во мојот живот... ќе видиме што ќе прави иднината.
Конечно од денеска терасата е активирана. Сабајле пред да тргнам на училиште му кажав на тато да ја извади масичката и столчињата кои што преку лето и пролет стојат на тераса и доколку мама има време да ја измете. И се враќам од школо, гледам терасата средена цакум - пакум. Таман денеска бев во библиотека, земав една книга за читање, која што ми делуваше интересно, си исцедив на соковникот, сок од портокал и од 15 часот до пред неколку минути, ја читав книгата на тераса. Цела ја прочитав, дури заборавив на времето, моите не ме ни викнале, иако малку заладе околу 5 часот, а и ми викаат дека толку сум се занела во книгата, и да ми викнале немало да сум ги слушнала, па и не сакале да ми ја прекинат забавата. Колку е надвор убаво, веќе јас мантилчето од понеделник не го носам, денеска буквално се сварив во школо, дека седам близу до прозорот, па цело сонце кај мене доаѓа, а завесите колку покриваат сонце, што да ви зборам, една скината, во некои училници е бела, а нема ролетни, некаде прозорите се готови да паднат, па преку зимо и со парно мрзнеме, па... Не дека не го сакам сонцето напротив, ама на училиште ми пречи дека пишувам, па и дека со долги сум , уште повеќе ми е жешко. Вчера така на училиште, први час математика, мене уште ми се спиеше, не знаев кај се наоѓам, а беше убав ден, веќе од 8 часот сонце имаше и на пола час позади некој кога ми ја тргна завесата, цело сонце на мене и дека бев готова да заспијам, знаете како ми дојде сонцето и кога му се развикав на сред час на тој што ја тргна завесата, знаеше дека после час ќе го рашутирам ако не ја врати, па ја врати, а наставничката како ме гледаше, охо. Стално со него се закачкам, ,,лошо дете‘‘ е, хаха, ама ако јас пак му кажав после час, дека ако уште еднаш ми ја тргне завесата, на сред час нема да го жалам, ќе си го добие. Ако зимата и есента беше дајте ми огромна книга и огромна шолја час нема да ми е доста, сега пролетта и есента ќе биде, дајте ми огромна книга и огромна шолја природен сок од портокал нема да ми е доста. Имајте убав ден, пролетта конечно пристигна.
Во овој дел од годината, како некое изгубено пеперутче сум , се нагоре ми е главата , во дрвјата преполни цветови , преполни живот ..оние на кајсиите и праските ми се најубавите .
Колку ми е грдо кога ќе видам девојче да пцува, колку и да е убава пцувањето одма ми ја руши сета слика за неа што сум ја имала. По одвратно нешто немам видено. Добро, признавам кога сум изнервирана и јас пцујам, ама не во јавност. Девојки со манири ми се поубави, отколку девојки со убав стил или убаво лице. За мене нема грди луѓе на изглед, само грди на душа. Јас можам да пронајдам убавина во сите, дури и во најгрдиот човек на светот. Штета што светот е исполнет со омраза. Само овде на форумот среќавам прави девојки, девојки за пример. Браво за тие. За ова ме поттикна една случка во школо, каде две девојчиња од мојот клас се испокараа па си кажаа секакви грди зборови. Едно време беа добри пријателки.. Си ги покажаа вистинските лица, само тоа.
Затоа слободното време на Фемина ќе го врвиш . Џени јас за тоа состав пишував денес СДК- денес од 7 часа на школо имавме 2 ,после на ракомет отидовме.(ослободени бевме,од директорката) Еми машките финале играа (со Тодор).И победивме 13:12 .Еден од Тодор во последна секунда гол даде,инаку со 2 ќе водевме .
Го знаете она чувство кога некој ќе ви рече нешто, а вие не знаете дали е комплимент или е... нешто кажано во спротивна насока? Што значи професор да ти каже дека си алтруист? Дека живееш за другите и дека тоа те прави среќен? Дека себе се жртвуваш, за да ја дадеш душата на други? Најпрво се насмевнав, а потоа сфатив дека тоа било кажано во негативна конотација. Дека треба да се променам и да не се оптеретувам со други. Но, што да правам? Како да се променам? Другарка ми позајми пенкало, го изгубив и и` подарив две. Но, од друга гледна точка, тоа не е подарување, туку само враќање, не? Зарем постои некој што барем малку не се нервира, за ситница? Како на пример да не ти врати некој пенкало? On the other hand, за храна сум невиден егоист. И покрај тоа што љубезно нудам, во себе си си викам: - Ај кажи дека не ти се јаде, кажи дека не сакаш. Во секој случај, ту мач философирање и можеби налудничави факти. Егоист за храна бе. Денес е петок. Јас најдов ново хоби, ако може така да се нарече. Во тефтер си препишувам рецепти, на мајка ми. Бидејќи не ги собираше во претходниот. Додавам нови, испробани од интернет и така. Пријатен викенд.
Оф, уф, ух, ау... Денес научив важна лекција! ВАЖНА: НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕПРАВАЈ ДЕКА ЌЕ ПАДНЕШ. Може навистина да паднеш. Мене тоа денес ми се случи. Па си паднав, онака, убаво на задникот. Сега задникот ме боли, не можам да се наведнам. А за работата да биде уште полоша, во недела имам натпревар кошарка и искрено немам идеја како ќе играм. Да се молам на Бога да ми биде подобро задникот или...тешко на мене, тешко.
O,Cveteto,сакаш нешто индиректно да ми кажеш? Или да се пофалиш? Оookay,bring it on,bitch.Ко да си единствена што добива петки
Да си се пофалам .Е аман де „Оookay,bring it on,bitch“ и шо имаше потреба од ова .Многу ми беше важна писмената и шо сега .Аман!
Има посебна тема Да се Пофалам .. Плус форумот не е место каде што треба да се фалиме,има друга намена.
Покрај мојата клупа во паркот под сонцето и под некој зафрлен облак кои не усшеваше да му ги скроти зраците па тоа ни ги галеше лицата, денес седеше старец,молкум уживаше во денот. Сам. Долго, седејќи се прашував која е неговата приказна? Каде е неговата сакана? Што му донеле,или подобро што му однеле годините? Не дознав и никогаш нема. Но знам сите имаме приказни.
Од секогаш ме нервирале прости муабети од типот "Јас стварно незнам што твоите се мачеле куќа да прават, кога имаат женско дете или пак можеби зет за да им донесеш ааа..." Комшии get a life!
Понекогаш останувам во библиотека премногу долго. Се заборавам,како без дом да сум. Денеска чист пример,останав подолго време за да ја прочитам кратката содржина на кориците од книгите за да решам која да ја земам. И библиотекарката поминува и само ме одмерува. Ме фати срам,зедов една книга и гитла. Ме смирува,начинот на кој се оставени книгите,и сета таа тишина околу нив. Ме смирува. Обожавам библиотеки. Да можам би живеела во нив. http://www.youtube.com/watch?v=pgxS4X_RTCU