^ пошто ако има ајфон 6 тоа значи дека треба да се расфрла со пари. -.- Пробав пред некој ден да си платам кафе со ситни парички затоа што ги имав премногу и келнерот ми вика: "дома ми е касичката девојче хехехе". На крајот на краиштата, и мене ми е глупаво земање кредити и гладување за скап телефон ама секој може што сака да си прави со своите пари и има различни приоритети.
^^ Често гледам на нетов смешки за ајфони, па ме интересира дали малку повеќе се преувеличени, како кога испаднаа шегите со Чак Норис па едно време крај им немаше, или вистина е толку битно да се има ајфон без разлика на финансиите дома? Што е работава стварно со овие телефони? Јас имам телефон колку да ми врши работа, ок не е од праисторија ама пак за понов ајфон или самсунг или небитно што не би дала пари, иако не би ми бил никаков проблем да купам. Па ме интересира, зошто? Што има ајфонот што е толку битно и неопходно а други поефтини телефони немаат? Зошто е толку важно да се има ајфон?
Некои луѓе едноставно се интесираат за технологија. Пратат трендови, следат иновации и сакаат да ги имаат направите што ги сметаат за најдобри. Приоритет им е да ги имаат најдобрите гаџети, дали телефон, таблет, лапто, шо да е. Можеби нема да се добро облечени и нема да јадат по ресторани, ама ќе го имаат тоа што го сакаат. Некои немаат што да им прават на парите. Други немаат пари за ајфон, ама ќе заштедат зашто сакаат да го купат (не мора да значи дека причината е да се покажат пред народ, иако и тоа стои како веројатност). Некои секако требало да купат телефон, па се одлучиле за ајфон. Некои добиле ајфон на подарок. За да ја решиме мистеријата на ајфонот треба секого посебно да го прашуваме зошто баш тој телефон. Па да направиме едно истражување на ниво на Македонија. И да, на тие шали од фејсбук е многу преувеличено.
Пред некој месец разговарав со синот на една колешка, момче 16-17 години. Сериозен проблем, мое мислење како стручњак, но и како мајка. И кажав на колешкава што да прави и ја посоветував да земе боледување/одмор малку повеќе да му се посвети во овој тежок период. Така и бидна,а и матичната истото и го кажала. По неколку дена друга колешка, па и малку со прекор кон мене, ми кажа дека мајкава изминативе денови се утепала од чекирање по кафичи, концерти. Сe' пропратено со оние симболи за одличен филинг. Немам фејсбук и ниту знам нит па ме интересираат тие работи, но јас бев запрепастена. Јас со денови го мислев детево. Не знам луѓе, може до мене е. Може јас предлабоко и пресериозно ги доживувам работиве. И викам на мајка ми ''абе што не ме роди да бидам онаква удри бригу на весеље". Јас со мојата посветеност на семејството, темелност во работата, приврзаност кон пријателите, се надевам дека на крај нема да се изгубам себе. И уште нешто. Во врска со преходно пишаното од @Captain-Omni. Ние за ова станавме свесни на почетокот на четириесетите (ние сме јас и маж ми). Ти си станал свесен претпоставувам пред триесетата. Ние тек последниве години почнавме да работиме на обезбедување оаза и стратегија за останување физички и ментално здрав покрај се'. Ти имаш време. И во право си, со годините станува полошо. Значи мој потпис и факсимил на твојот пост.
Точно, секој со своите приоритети и желби. Еве јас, не дај Боже, да останам без киндл исто вака може ќе бројам парички за кафе, може ќе рипнам некој оброк, ама има нов да си купам.
Кога сме кај ајфониве, воопшто не ја сфаќам поенатата во тоа да продадам ајфон 5, а да купам 6. Можеби е до мене затоа што не сум опседната со технологија. А и вака од тоа колку се разбирам, да ја имам издовено таа сума на пари за мобилен, сигурно не би купила ајфон. Ете ни визуелно не ми се допаѓа.
Се нервирам многу кога конечно ќе начекам некоја диксусија што ме интересира, а како за инает сум ја пропуштила и се појавувам по неколку часови и изгледам како да додавам масло на огнот. Затоа ова што имам да го кажам ќе оди во спојлер. Спојлер Прво се кренавте во вис за Големиот брат, па ние не можевме многу да се противиме бидејќи, нели, „ќе си гледате што сакате, ваше право.“ Ама, правопис? Јок. Можеби можевте да се кочоперите со правото да си гледате што сакате без никој да ви суди, ама правопис си е правопис, и нема сакам-не сакам, туку морам. Има точно и неточно, писменост и неписменост. Страшна работа е што не се знае, ама уште пострашна е кога не се знае, па уште и се инаети. Нема ништо страшно во тоа да прашаш ако не знаеш, сум прашувала и не сум се срамела, посрамно е да пишувам како сакам и после да ме исмеваат отколку да прашам и да дознаам. Да бидам искрена, кога ќе видам некое мислење целото испомешано, врие од правописни грешки и плаче за лекторирање, многу често се откажувам од читање, додека колку и да е досадно некое друго мислење, убаво и средено напишано, го дочитувам до крај. Отсекогаш ми биле најинтересни оние што велат дека, биле „писмени“, знаеле правописни правила и сè, ама ги мрзело, не знам што им било, не забележувале... Извинете на изразов ама немој да ме јебеш бе. Веројатно ова го кажуваат истите што кажуваа дека не им бил интересен Г.Б. ама го гледале. Разбирам секој си има свое мислење и сл., ама тоа во теми каде што има простор за мислења. Туку нема простор, или е точно или неточно. Крај. Не разбирам зошто упорно се инаетите. Ќе ме извините на долгово мислење, ама правописот ми е слаба точка.
Капетане,те цитирам не за реплика,туку истото ми се вртеше во глава,па да се надополнам со твоево... Најозбилно најглупо чувство е кога не можеш да задоволиш човек,да биде горд на тебе туку стално да сака повеќе,да те притиска додека не пукнеш. И потоа кога нема да успееш,кога ќе паднеш на некој тест кој ти ја дефинира иднината,душата не те јаде толку за тебе,туку другите што ќе каже,па зошто така,мислев дека можеш повеќе. И да,се разбира дека можеш подобро,секогаш може подобро,ама никој не знае како е во твоите чевли,во какви околности си дошол до таа состојба,до тоа мислење,до таа оцена. Во такви моменти самодовербата најмногу паѓа,колку и да си јака личност што знае колку знае,знае што сака и кои и се целите.И седиш и си ги тенчиш нервите,си велиш нешто не е во ред. А сите судат,јебига.Сите имаат нешто да кажат,сите нешто бараат,сите солат памет,додека не ти ја исцицаат целата енергија,целиот оптимизам и среќа во очите. И после ќе ти велат огорчена личност,антисоцијална,арогантна.Песимист. Па ќе бидеш богами,ќе бидеш. Е да,само планина е лекот изгледа...
Ич не труди се, бесцелно е за жал. Ние што немаме попаметна работа од таа да се грижиме за правопис, ќе си се нервираме до каде е дојден образовниот систем и какви важни вредности се негуваат (yup, мислам на Големиот Брат, ја ѕирнав и темата... Орвел се превртува во гроб).
„Секој човек си го планира некако животот. Но, никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и криви линии, допирните точки, острината на аглите. Не може ни со сигурност да се објасни кај му измрдала либелата. Можеби некој ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може нешто да измени…“- Петре М. Андреевски Одлуки донесуваме секој ден. Дали да појадувам мармалад и путер или да направам омлет. Кафето го пијам јако, без исклучок (една одлука помалку). Но, тоа и воопшто не е битно, за неколку часа, пак истата одлука, ручек- ко ручек. Но, кога се во прашање големите одлуки, не секогаш е лесно да кажам: џа или бу. Не е се така едноставно. Премногу опции, можности, последици... П.С. Изразувањето на една личност, тонот со кој зборува, учтивоста, одмереноста, комплексноста на речените, агилноста, зборуваат многу. Правиписот како дел од писменото изразување, исто така. И не, изговорот дека пишуваш на форум, а не писмена по македонски јазик, воопшто не е прифатлив. А и, мене ако ме прашувате, нема што тука да се внимава, не сум во дилема дали е "д" или "т". Јасно изразување и правилното пишување се навика, освен ако не правам бош- муабети на дијалект со другарка, кој го читаме само ние двете.
Денес денот се погоди за долга прошетка. Иако час е облачно, а час сонце пече - сончаница да добиеш, ме исполни и се изнауживав. Е сега, бидејќи е петок, а петок знаеме чиј ден е (на пензионерите, се разбира), на секој чекор се разминував со по некој и се чудам, буквално во дилема се најдов. Дали овие луѓе одржуваат лична хигиена, воопшто? И додека го пишувам мислењево, тешко ми е да си ги зауздам „влакната на јазик“ и да не почнам со навредливи зборови да пишувам. Влегувам во маркет, поминувам покрај старец и паѓам во кома. Се разминувам со пензионер на улица - друга реа ме удира. Дедо ми пред некој ден на гости ми беше, ѕидовите ја впија смрдеата која ја рашири низ цела куќа. Па добро, да му се невиди, дали и јас ќе бидам таква кога ќе остарам?! Дедо ми е човек со одлична пензија, плакарите му „крцкаат“ со нова и модерна, како за стар човек, облека, а тој се шета парталосан и усмрден. И ништо не е во прашање. Во прашање е само инает, потреба некој да го сожалува, а нема ниту потреба за тоа, а ниту заслужува. Разбирам јас, стари луѓе, па како на шега ќе речеме дека се бањаат од недела на недела, кога е ефтина струја, ама народе, што е многу - многу е, навистина. Па добро бе, дали покачувањето на пензиите е обратно пропорционално со одржувањето на хигиената? Им завидувам на оние кои може да се пофалат со баба/дедо кои убаво мирисаат, се грижат за себе и ти е мерак да ги гушнеш, не само затоа што не смрдат, туку и затоа што го заслужиле епитетот баба/дедо.
^Лејди јас некој што мириса на пот тоа неможам да го поднесам.Ако сакаат на 3 недели нека се бањаат ама нека употребуваат парфеми или дезодоранси.Па ајде бе.И јас несакам да сум таква освен ако ме удри склероза Кога сме кај правописот јас скоро никогаш не сум почнала реценица без голема буква и кај што треба . , си ставам е тоа ми е како навика дека и пред запирка оставам празно место.Знам дека не треба ама кога незнеш на човек не му суди.Еве може јас патам од OCD може имам друга причина.Веќе досадна стана темата ни никој цитирам ни сакам цитирање.Се држам до оваа дека мислењето дека ми е разбирлив постот како и други постови.Стварно ја утепавме темата.
Од што ни ги исекоа дрвата низ Скопје за да никнат згради, сум заборавила како треба да изгледа еден град. Овде одиш по тротоар и ти се чини дека се шеташ низ парк. Зелени, жолти, портокалови и црвени дрвја, тревници, живи огради, цветни грмушки... Толку смирува пешачењето низ таков град, каде природата доминира наспроти зградите. Ви се верува дека денес начекав градска верверичка? Ја испосликав. Обично верверичките се многу диви, ама оваа скокаше на дрвата околу зградите, додека луѓе се движеа наоколу. Ептен се припитомила Тука ми доаѓа една тажна слика од мојот град, каде веќе ни птици нема. И после ме прашуваат зошто толку често одам на планина. За да дишам!