Песимист сум. Голем. И не велам дека тоа ми било од помош во животот, напротив. Во повеќето случаи се покажало спротивното од тоа што сум го очекувала да се случи. Но со тоа што сум песимист, имам различно гледиште на работите. Не го гледам и не се надевам на најдоброто, туку сум спремна и мислам на најлошото. Знам кои се можните исходи од ситуациите и сум спремна за нив. Добрите ги занемарувам, затоа што ако се` добро се заврши, тогаш е во ред. Се фокусирам на лошите. Гледам да направам да се случи едно од помалите зла. Со тоа, на некој начин, се борам против нив. Но сепак ги очекувам.
Чувството кога гледаш некој познат по улица, на кој што не сакаш да му зборнеш, го вадиш телефонот и демек зборуваш, и баш кога треба да се узминете, ти со тел на уво иииии..... тогаш стварно некој ти ѕвони Зини земјо голтни ме.... Инаку кога ми е 100% батеријата, телефонот воопшто не ми треба и пајажина фаќа во џеб...ама затоа кога ми е на 15%, тогаш на сите им текнува да ме бараат, тогаш ми треба интернетот, тогаш треба такси да барам, тогаш ми кажуваат некој битен број да меморирам, тогаш ме бара претседателот
"Глуп си ако не се разбираш во политика". Хмм...дали некој ќе им каже дека веењето знаме на митинзи, одењето по штабови и вработување со врски не значи дека се разбираш во политика, туку дека се само едни од тие малите фигурки во шахот, што стојат напред да ги штитат кралот и кралицата?
Кој кур ми се прво колено роднини кога едвај и ме познаваат. Значи сите околу мене знаат каква сум со книги и колку ги сакам (и нивната ќерка ме молеше да и анализирам книги за домашна) и тие сите нивни книги ги донирале во библиотека!!! Извинете на себичноста, но јас баш знам во која најпрашлива соба ги бутаат најубавите, највредните романи. Цела колекција Андриќ ми се слизна, ми отиде, крај.... Барем таа колекција знам дека ја имаат, болно ми е да се присетувам на други. Ама затоа, баба му на дечко ми од еден крај на улицата влечела толкава вреќа книги, од еден комшија што сакал да ги фрли, само за да ме изненади. Ги спакувала грижливо во две кутии, тој ми го донесе и еве, сега тато ги чисти од прашина зашто сум алергична. Нели сум среќна со овие луѓе? А книгите се.... среќа!!! Мислев некои Тито ќе бидат, ама Достоевски, Дракул, Радован Павловски, Добрица... цели здрави колекции. Дечки, книги си посвоив!
Често гледам луѓе кои осудуваат некого поради некаква постапка, карактерна особина, навика или нешто слично,а иронијата е во тоа што она кое го сметаат за негативно кај друг го псоедуваат и самите тие. Па уште горенаведениве ако се погодат некои екстремно конзервативни луѓе кои не прифаќаат различно мислење на одредена тема, обавезно контра ти одат ако имаш поинакви приоритети и амбиции во животот,плус изиграваат дежурни душебрижници со совети кажани ради реда(без притоа човек да бара нивно мислење за одредена ситуација/проблем)... Хорор. Се јавиле совршените личности па ајде сега кај секого маани ќе наоѓаме. Ај фино лепо времето искористете го за анализирање на самите себе,а не за оговарање како стари жени на чешма. Согледајте ги вашите позитивни и негативни страни,потрудете се да смените нешто кај вас и надоградувајте се како личност, пробајте да бидете подобри вие,а другите оставете ги на раат.
Капка дожд за секоја пролеана солза во мојот живот, се губи некаде на земјата како што солзите се изгубиле во моето сеќавање. Нека плаче времево наместо мене, подобро. Емпатија имам со времево, едно такво чувство имам кога го слушам дождот што можам да го разберам само јас. Спокој за душата.
Не го сакам дождот, особено не кога врне цел ден и цела ноќ. Ми делува многу депресивно, како заробена се осеќам, да не можам да излезам негде, особено викенд, не можам веќе дома, ќе полудам. И од друга страна иако не го сакам снегот, но кога паѓа снег и целата бела површина ми делуваат смирувачки и позитивно. Можеби не го сакам снегот, само од една причина, а тоа е стравот од лизгање и паѓање кој постои од секогаш во мене.
Секогаш секаде обавезно има по некој/а што : знае се, пробала се,видела се,има се, може се ... Глупи луѓе брее
Толку сум баксуз, што и сопствената торта, што се измачив вчера цел ден да ја направам, од фрижидер ми падна врз глава
Имав една соученичка, во средно. Во принцип неписмена, ама глумеше бубалица. Беше баба на 15 години, единствено знаеше како грав се вари и се плетат миленциња. Тоа е супер одлика, секако, ама не баш на 15 години. Како и да е, никад немаше она дечко, имаше домаќинство за водење. Очекував од неа некој екстра факс да заврши, абре доктор на науки да стане и сите да не шие. Она заврши бош факс, не се вработи (како што ми кажа и не бара работа, домаќинува). Си викам... може ете, срамежливо е девојчето. Иако неписмена, мислев дека е бар упорна и далеку ќе догура. Сигурно ги знаете де оние цуци што учителките ги сакаат. Не се шминкаат, никад немаат подочњаци (не пијат), секогаш имаат домашно и се срамат од мрсни вицови. Сега глеам, на овие години, прв пат дечко си фатила. Прво ептен и се израдував некако, иако беше глуматор, викам ајде, мрдна од гравон, шуќур. Сега го спамира фејсбук, со некои хаштагови, што врска немаат - демек на англиски, ама англискиот вришти од што не е точен. Граматика, правопис.... почивајте во мир. Бевте сакани. Ај што нонстоп става слики од некои романтики кои ние како дечишта ги поминавме, онака, еј ми купи ружа дечко ми ајм гона мери хим, него и на секоја слика од себе лупа хаштаг #hemakemydeybrite. Е ај што на своја слика лупа хаштагови за него, него што хаштаговите се булшит. И си викам, поарно во животот уште како дете да правиш вакви глупости. Да плачеш по дечко од 2 недели на социјална мрежа. Срамота е на скоро 30. Срамота е да го споделуваш креветот со ружи на кој “водите љубов“. Имам уште една соученичка. Во принцип, имаше заебано детство, па некако ја разбирав за сите срања минатава деценија што ги направи. Ама не е океј да се сликаш гола со сексуалниот партнер и да си ставате голи слики на социјална мрежа, и да се препукувате кој е бољи у ебење. Не иде. Кога само луѓето би мислеле малце пред да си ги стават прљавите алишта на дофат на цел свет. Забавно ќе биде кога ќе си најдете нови дечковци, онака, и пак ќе го споделувате истиот кревет. Сакам да кажам де, светот не треба да ве гледа какви што сте. Никој нема да ви ја прости глупоста, ќе ви ја изрибаат од нос кога најмалце очекувате.
Сакам да кажам дека ми е роденден (океј де, ми беше до пред малку) и мнооооооооогу мноооооогу убаво си поминав.. Господ здравје да му даде на луѓето што беа околу мене и нека дозволи цел живот да славиме заедно!
Ќе решиш да излезеш на 20минути од дома НА ЦИКЛОНОВ И ЌЕ ПАДНЕШ ВО ШАХТА! Да де знам јас дека сум баксуз само ме занима до кој СТЕПЕН.Ок е,жива сум Не сум до толку ваљда баксуз. Ццц не се можам сама себе Шо чоек ќе бев
Прекрасна вечер. Се собравме фамилијарно и моите почнаа да бараат филм за гледање. Прочепкав на телевизија и го најдов еден од моите омилени филмови, The Shawshank Redemption. Го немаа гледано и среќа го фативме на почетокот. Татко ми ме има запознаено со толку добри филмови, редно време беше да ја вратам услугата. Не можам да ви доловам колку шали паднаа на моја сметка, вилицата не си ја чувствував од смеење. Се' се сведува на вакви мали моменти кои зрачат вистинска среќа
Го мразам периодов и периодот што доаѓа нова година и божик тогаш требаше да добиеме нов член на семејството тогаш требаше да се породам но ја изгубивме нашата принцеза и секој ден милион прашања зашто на мене ми се случи ова.Искрено незнам како ке го поднесам периодот што доаѓа,бев силна и јака ама сега од ден на ден ми е се потешко и потешко и ме мачи само едно каде е фрлено моето бебе што прават со тие бебиња?
Понекогаш посакувам да побегнам од овој град, од бучавата, од секојдневните обврски, презафатениот распоред, од непроспиените ноќи, од се. Признавам, се почесто ми се кружи оваа желба во мислите. Имам премногу желби. Стотици, милиони, безброј. Сакам да живеам во куќа покрај море, во близина на некоја плажа. Сакам да има тесни улички низ кои ќе минувам пред да се вратам дома, а одејќи, низ малите отвори помеѓу куќите, да го ѕиркам морето, и да се восхитувам на убавата глетка. Сакам секоја вечер да го гледам зајдисонцето, да уживам во сончевиот одблесок во мирната морска вода, да се радувам на колоритот кој се наоѓа пред мене. Ноќта, да излезам на балконот, да го гледам небото, да ги набљудувам ѕвездите. Денот сакам да го започнам со прошетка на плажата, само јас и моето куче. Сакам да уживам во звукот на брановите кои го заплискуваат брегот, црцорењето на птиците, да уживам во тивкото ветре. Но сепак, засега останува само напорна работа и парче надеж дека ќе дочекам да уживам во прекраснотии, во убавини.
Конечно сонце! Абе го обожавам, нема поубаво од еден убав сончев ден по толку тмурни и дождливи денови.Те тера на долги прошетки, ми влева некоја убава енергија и позитивност, воља да правам се и сешто.Го сакам во секој период од годината.Станувам прво гледам кон прозорецот, ако има сонце инстант расонување, во спритвно се вртам на друга страна и си се излегавам уште малку . Сонце си е сонце .
Значи ме вадат од такт типови на луѓе,не те виделе одамна и нели демек возбудени што те гледаат(вриштат) и во стил леле брат,од кога не сме се виделе ајде да идеме на кафе,и нели ти нормално прифаќаш да идеш на кафе со пријателот/пријателката,во најблиското кафе,и ти викаа ааа не не брат да идеме на некое убаво место,алооооооо не на некое убаво место него каде што сакаш да те видат.Епа јас не идам за да ме видат,него идам за да се видам со пријателите/пријателките.Ахх Скопје какви опинци те газааааат само да знаеш.