Не ми се верува дека при крај на 2015 по фејсбук сè уште постојат луѓе кои паѓаат на scams од типот ти си 99999999 посетител, кликни за да потврдиш. Чекам да ми стигне одговор на порака, горе на табот ми излегува (1) и слушам сигнал за известување, и таман отварам - што да видам... нотификација за објава во група кадешто сум зачленета, некој објавил линк - Епл дава бесплатни Ајфони, уште толку и толку примероци се останати. И така уште 3-4 пати, што од Уран човек би можел да види дека е вирус, па ајде после на истото наседнал друг... Троа забезекната сум еве, шта речи, а не заплакати... Туку, вчера една од реалните причини да посакам да живеам во некоја куќичка на планина, ми беа комшии (и тоа точно до нас) без осет левел: на сред саботно сабајле во продолжен викенд (што со душа си го чекала цели 5 дена ветувајќи си дека ќе се изнаседиш ноќе и изнаспиеш поштено до пладне) - будење пред 10 саат со симфонија од чукање на чекан и брмчење на бормашина. Ама шуќур барем денес ми се оддалечи господинот Марфи, па во мир се излежував за цела измината недела, под ќебенце разгледувајќи релаксирачки содржини со мирис на цимет од кујната. И секако налетав на прекрасни слики за летање со паметот кои ми ја потврдија уште еднаш желбата од погоре... да можам со едно ранче полно со нај fluffy облека и книги да отидам на вакво тивко местенце за полнење батерии, тоа би ми било совршен поим за прекраснотиите на есента. Ај ариведерчи...
Слатки зборови, блескави идеи, надежи напишани на невидливо парче хартија кои ги забораваме кога нештата ќе ни се лизнат од рака. Неконкретни поими кои звучат убаво како некоја мелодија што може да се претвори во приспивна песна. Ветувањата не се физички опиплива работа. Анализата на мислите и сеќавањата перманентно се ставени на парчиња бели листови кои ни одекнуваат како ѕвоно на секој прв час. Тоа не е акција која е јасно зацртана. И не постои гаранција дека ќе биде онака како што велиме. Лесно е да се ракуваме со мислите. Тежината се чувствува тогаш кога ќе треба да ги прегрнеме и утешиме со нешто повеќе од споделен гест во залезот на сонцето. Ветувам дека ќе сакам со мојот висок сенс за хумор, иако ретко кој ми се придружува во рујните насмевки. Знам дека не ме разбираат, ама сакам да ме прифатат така како што јас се навикнувам на нивната посебност. Ќе зборувам толку многу што понекогаш ќе треба да ми ја затворат устата, иако наездата од зборови не е лесно својствена за мене. Ветувам дека ќе сакам низ лицето на моите (не) успеси, низ моите трудољубиви раце, низ мојот отворен ум дури и кога светлото само тлее, а не свети. Така е тоа. Понекогаш може да ме замолчат со едноставноста на нештата и нема да обвинувам, но ќе го повишувам тонот и ќе правам шеги тогаш кога ќе посакам да ги избегнам непријатните вистини. Игра на неред која е совршено несовршена за да фрлам поглед кон хоризонтот знаејќи со сигурност дека таму е поставена вертикалата што ги разграничува оние кои со вешта перцепција ја ловат смислата на животот и другите кои со отапени сетила го газат тлото и оставаат трулост зад себе претворена во рутински биоритам. Се што останува во сеќавање е она што навистина сме го сакале.
Седиме со сестра ми во 'Алекс' (прилепчани знаат за каде зборувам).... Повторно човекот од вчера и од завчера и од пред една недела... Збрчкан, со парталава облека имаше купено нешто од фурната и влезе внатре и и побара на жената најлонче... Ај реков фала Богу што му даде, а и собрал пари да си купи нешто за јадење барем вечерва нема да биде гладен... Дојдоа едни девојчиња да јадат и оставија пола кифла.... Ова што го видов потоа ме расплака... Човекот дојде од надвор и го зеде лиснатото откако заминаа тие... Ми се плачеше.... Не, човекот не си го купил лепчето што го носеше со себе... Туку ја собира храната што останува од масата.... Потоа излезе и почна да оди по еден човек и да го моли за пари..... Немам зборови..... Си ветив дека првата плата што ќе ја земам ќе одвојам да дадам на некој што навистина му треба пари.. За живот.... Позз женски Имајте убава вечер
Прво, ако сте победиле на некој фудбалски натпревар, не значи дека треба да пукате со пушки и пиштоли низ Центар на Скопје. Вакви дегени ги срамат сите нормални луѓе кои се израдувале дома со чашка вино и музика. Глупаци со оружје, срам ми е што дишам ист воздух со вас. Слично како и еден комшија, кој ја омажи ќерка му, од радост што ја испрати да не ја гледа, цел пиштол испразни среде густо населено маало, да се знае кој маж е он. Дебил. Заталкани куршуми, што беа тоа? А нема веза, се додека не го убие некој син ти со заталкан куршум нема да знаеш. Дополнително, не ми се мавајте од земја дека шоферите не чинеле и ги газеле велосипедистите - денеска еден од тие дотераните велосипедисти ме удри, од невнимание, од памет се извадив. Цел ден треба да се пазам да не сум прокрварела и да бидам под стрес, оти он имал точак. Треба да полагаат за возење точаци, очигледно не знаат што е пешачки, што црвено, а што зелено, до толку се неписмени. Се извинувам на хејтерски пост, ама можам да не ги гледам како глупаци горенаведените се додека јас не пукам со пушки среде Центар од радост, не пукам со пиштол кога ја мажам ќерка ми и не удирам трудници со точак оти не знам да возам. Понекогаш се тешам дека во светов мора да постојат и горенаведените бедни души, оти ако се сите паметни, нам, на паметните ќе ни е потешко. Или полесно без нив
Мудрецот и љубовта Во една мала земја си живееше еден мудрец. Тој подгрбавен старец, со побелени долги бради, збрчкано насмеано лице, плави тажни очи, мистериозен по природа, тивок и одмерен човек, тврдеше дека не постојат не одговрени прашања, не остварливи цели. Делеше беусловна мудрост помеѓу народот ѓи учеше на позитивност, ја пробудуваше љубовта во нив, ги советуваше како да се хранат и да имат долг и среќен живот. Кај овој мудрец доаѓаа луѓе од сите краишта и се враќа среќни и позитивни. Кога дозна кралот за стариот мудрец, нареди да го донесат во дворецот за да му ги каже одговрите на прашањата за кој тој мислеше дека непостојаат одговори. Стариот мудрец пристигна во дворецот, стоеше спокојно пред кралот гледајќи го право во очи непоклонувајќи ми се на неговата величенственост. – Зошто не се поклонивте старецу, јас сум твојот крал; – налутено запраша. - Вие сте како мене човек, јас се поклонувам и молам на БОГ. Изненаден од одговорот и храброста на овој човек кралот му се обрати на старецот. Вие сте мудрецот за кој зборува целото мое кралство, за вас се зборува повеќе од мене. Сега ќе ви поставам прашања, ако не ги знаете одговорите ќе ве погубам. Старцот само слатко се насмевна, а кралот уште поналутено запраша. - Зошто се смеете, зарем не се плашите од смрта? - Неможам да се плашам од нешто што не постои, а смрта не постои затао не се плашам. - Како не постои кога сите што сме се родиле ќе умреме еден ден. - Умира само физичноста, а не и душата. Душата на човекот е вечноста. - А што е ЧОВЕКОТ сатарецу? - Тоа што мисли; – беше одговорот на мудриот старец. - Што е најсилното на светот?; – запраша кралот. - Волјата; – беше одговорот на мудрецот. Додека волјата ја челичиме во нас, ние сме најсилното на светот; – дообјасни мудрецот. - Што е најбрзо на светот?; – беше новото прашање на кралот. - Мислата; – без двоумење во истиот момент одговори старецот. - Зошто постојано му зборувате на мојот народ за љубовта, кога таа не постои, ако постои каде е?; – го запраша кралот мудриот старец. - Таму каде што е вистината е и љубовта; – беше неговиот одговор - А што е најубавото на светот бе старче баш би сакал тоа да го знам?; – запрашал кралот. - Вљубеноста; – одговори мудрецот. Секој човек додека е жив има забелешки за својата убавина, само тогаш кога е вљубен заборава на нив и се чувствува убаво зошто некој го заскал онаков каков што навистина е. - Кажи ми уште ова старецу: што е она што безусловно му треба на секого?, а што е она што не постои? - Безусловна е љубовта која сите безусловно треба да ја делиме, а не постои невозможното. Кралот иако му беше лут на стариот мудрец и љубоморен зошто во крлството се зборуваше повеќе за него отколку за кралот, мораше да си го одржи кралскиот збор и му дозволи на стариот мудрец да си оди дома. Мудрецот се до последниот миг од неговиот живот делеше мудрост, љубов и среќа помеѓу народот.
Ако ти е за утеха, јас пред два месеца успеав да истурам пица во рерна. Да, добро прочита. Живото тесто кое штотуку го ставив на печење, при обид да го извадам за да додадам зејтин го истурив од страната со состојките, поради страв да не ги испечам прстите...
СДК ... ако не пробаш нема да знаеш. Ако не направиш прв чекор, нема да ти биде јасно ништо. Ако не се потрудиш и не бидеш упорен, нема веројатно да постигнеш барем нешто. И ако не љубиш искрено, не дадеш емоции, милост и позитива, нема да ти се возврати со истото. Луѓето се плашат, затоа спијат. Сонуваат и не се будат ... Ама ти немој да заспиеш, биди буден и сонувај буден. Можеби се што си сонувал еден ден ќе си ги оставриш соништата и желбите.
Ноќите се секогаш најтешки. Полни се со спомени. Со мисли за она што беше, а нема да се врати. И како да ја чувствувам истата среќа како тогаш, кога ќе се сетам на сето тоа се насмевнувам и за миг заборавам на сегашноста. Но неизбежно се враќам во реалноста, и знам, се што можам е да се сеќавам. На тој допир, на таа насмевка и на тие зборови. Не ми излегуваат од глава. Но зошто мора толку да боли?
Браво! Одлично кажано! Алал да ти е! Ме бендиса. Честам едно парче торта(знам дека е касно за благо )
Aплицирав пред 2-3 недели во една реномирана компанија. Ја немам бараната струка, али колку толку сродна е мојата и ми се јавува сабајле некоја Елена и ми вика зошто сте аплицирале, 5 години сте учеле тоа што сте учеле, а сега се пријавувате на овој оглас? И ме фаќа една смеа и ми иде сценава од Friends у глава Do you know why I don't need any toner? I don't need any toner because I'm gonna kill myself Така и оваа, зошо си аплицирал, пошо земам помалку од тоа шо заслужувам therefore I want to kill myself. Добро, не баш Па пошо давате +12 000-13 000 од тоа што сега го земам. Али не не, мора да изиграваме култура, па ново искуство ќе било, па човек учел додека е жив, тоа што го работат во оваа компанија сум го читал и отприлика знам што се бара
СДК,кога цел викенд ти е тапа поради одредени причини и имаш 4 саати среќа поминати на кафе со личност шо мн ти значи изнај да те насмеј и буквално да ти го попрај расположението. Да'тибам времето шо ми расипва 90% од расположението. Откако почнав да „живеам“ со мојте дома ми се чини живеат да ме провоцираaт, и пак времето е криво шо немам балансирано време од седење во мојата соба и дневната. За се е криво времето. Некој ќе вели Бранко е крив, ама мене времето ми е криво. Ај велат од утре сонце ќе угреј (малце, ама доволно ... и барем нема да врни), да ми се насмеј малце лицето
Во април годинава рандом отидов на работилница за шминка иако не се шминкам. Најдобра одлука во мојот живот. Не научив ништо ама си ја запознав сродната душа во вид на најдобра другарка. Нормално дека ќе го види ова, затоа пишувам.
многу се нервирам кога ќе ми дојдат гости и си пуштаат рандом музика на јутуб и после јутуб мене ми предлага некои тапа песни и канали според нивните . Значи аман колку лесно е превртлив!
Луѓето утепајте ги со љубов. Многумина неможат да издржат големи количини на љубов па лесно е да ги победите на тој начин.
Сум застанала во 3 сабајле, читам ли читам стари разговори и плачам Дури и почнав да се тресам, почнав да чувствувам како ми се стега срцето и да го чувствувам повторно и повторно секој збор како ме боли. Исто како прв пат да читам, како прв пат да ја доживувам оваа болка....чекај стварно? Одеднаш се запрашав што ми се случува и сфатив. ПМС. Пред саат време бев среќна, пеев и играв ама сите си легнаа, па и онака ми беше уклучен скајп, се сетив на некои личности, почнав да читам разговори (цели реферати) ама сфатив дека ми беше огромна грешка кога почна и носот да ми тече од плачење За момент се чувствувам најважна, за момент обична нула. Оваа слика треба со мене да си ја носам. На грб ќе ја залепам да знаат да не ми досадуваат многу. Како сум нервозна, и среќа утре што е слободен ден, инаку во состојба сум да претепам некој пензионер (пошто тие многу ми играат со нервите). Ете сум фрлила око на некој пензионер да тепам па што сака нека биде. Нека ме даваат дури и во Америка по вести, ете до толку е дојдена работата.
Прво го бараат твојот став,за потоа сто години да го тупат како тоа не е така и дека треба да си го промениш мислењето...
Многу сакам луѓе од збор, ама немат... Спојлер Мене златната рибка би ми рекла "Дај не сери озбилно те прашувам".
Знаете дека сопугот заинтересирано се труди да биде домаќин во кујната кога цедалката ја заменува со сејалка. Подобро да прави нешто од ништо... Со протекот на водата открива дека постои и друг сад со мрежа кој сепак му завршил работа во моментот кога е препуштен сам да се снаоѓа. А и јас ги осознав благодетите на неговото откритие. Цедена или сеена, водата не е таму каде што не и е местото..