Каков ден...прво плачев онака без врска за ништо после ги извадив сите алишта од плакаров бришев прашина,диплев алишта,перев,пеглав Спојлер не дека се фалам ама тоа смирува дефинитивно пробајте и се смирив,сега уживам во самотијава ... Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=65utgRBqZ3o
Одсекогаш сум се плашела од животов.И сеуште се плашам.И од животов и од луѓево.Ни малку не замислував дека се вакви луѓево.Знаев дека животот не е розев,ама не знаев дека било до толку.Малите како мене (мислам на средношколците) со сила се рават возрасни жени и мажи и се одвратни,а возрасните сосила се прават паметни само ззатоа што се возрасни и се исто така одвратни.Е доста е веке...Не знам за вас,ама мене доста ми е.
СДК СТАНАВ ЕКСПЕРТ ЗА ВАДЕЊЕ МАСТИКИ НАРОДЕ!! Се враќам дома и прво што забележав е дека сум си го изгубила омиленото сјајче Соблекувам капутот, и клекнувам и гледам ми се лепи газот за чорапата. Соблекувам хеланките МАСТИКА толкава голема баш на газот!! И за да биде иронијата поголема - чунга лунга А највеќе ми е страв од мајка ми оти не ми е прв пат мастика да залепам И чепкам, чепкам со ноктите, па останува И ајде брзо барам на чичко Гугл и вика да ставам ракира и да тријам со крпа. Брзо го правам тоа и гледам делува ама не е тоа тоа. И мислам мислам и ми текна еднаш чистев лепак со ацетон. Брзо зимај ацетонот - И ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ речиси ја исчистив! Се познаваше само малку. После земав ставив врз местото хартија и со пеглата врз тоа Сега само малку се познава, се надевам ќе се среди тоа со перење Ако некогаш ви се случи да залепите мастика (само на душмани) барајте ме мене
A нареден пат за уште полесно да извадиш мастика земи коцка лед и триј каде што е мастиката излегува за секунда без никаква трага Имај добра ноќ
Еј, не ми се отвара темава во последно време. А, омилена ми беше. И не само оваа. Цел форум е окупиран од деца. Отварам модни критики, гледам, наместо коментари почнале со оценки да се оценуваат модните комбинации. Колку да се бројат мислењата. Не дека имам нешто против децава, ама стварно се досадни. Ја отупеа со школово, со тестовите, оценките... И секој пост исто па исто. Еден пост темата на писмената, па после другиот во исчекување на оценката, па третиот конечноо оценката од писмената и пак истото. Истите работи се вртат во круг. Сфаќам, деца сте, ама претеравте. И човек ви кажува да престанете да се однесувате недолично, за ваше добро, и уште се правите паметни и се карате. Убаво ви кажа една од феминките...излезете, играјте, бидејќи и ние на ваши години го правевме тоа, а не им се качувавме на глава на луѓето со своите "мислења". Или пак, ако толку не можете да се одлепите од форумов, останете, ама не пукајте не со истите работи секој ден. Има многу членки со истите години, но со многу поквалитетни мислења. Значи до некаде, не е ни до годините. Фала, чао!
Си дојдов дома и си викам ај набрзина да видам што има на форумов и гледам, се чудам за 3 часа се испишале 5-6 страни ај реков да видам што толку битно се случило па толку коментирање... подобро да не гледав... како што не сум расположена деновиве овде кога ќе читнев некое мислење ќе се расположев, ќе се насмеев, ќе се пронајдев во нечии зборови, а сега дури и овде караници и нервози, нема смисла стварно Читам и се чудам... расправии меѓу феминки кои не се познаваат (претпоставувам), од мало нешто испаднало големо... Не сум доволно долго на форумов за да судам некој дали е досаден или не. Но сепак морам да се согласам со тоа дека треба да имаме почит кон постарите феминки и дека нема логика 1-2 личности да се спротивставуваат на 10-тина или повеќе. Спојлер И да, многу би сакала да бидам пак на тие години (12-13), ама со сигурност не би го поминувала времето на форуми и воопшто на интернет. Да не ме свати некој погрешно... не дека имам нешто против помалте феминки, некои од нив баш пријатно ме изненадуваат со нивните размислувања само навистина мислам на тие години може поубаво да се искористи времето. Добра ноќ од утре да си биде се по старо, а вака не! Само што го напишав сето ова, видов дека се избришани караниците, па морав да допишам : ПАМЕТНО
Немам мир во себе, нешто ме мачи. Се трудам да не мислам на тоа. Но, најдов лек за тоа. Ни еден момент од денот оваа недела не останав сама, освен кога одам во маркет и во тоалет. Искрена сум, но друштвото, тоа што сум постојано опкружена со блиски луѓе ми дава чувство на сигурност, исполнетост. Тоа е она кое што ме тера да не размислувам на ништо. Често се разочаруваме од луѓето, вакви се или такви, но факт е животот не се живее во осаменост. Сакам многу работи да проживеам, онакви работи кои што ме личат на годините да ги правам, а потоа да се реализирам како што сум замислила. Жални се само оние кои ништо немаат видено во животот, неговата суштина, а ги има многу.
Ако денот по утрото се познава тогаш ке имам супер убав ден,исполнет со прошетка и пиење кафе со добро друштво.
СДК дека денес ми е роденденнн Си наполнив 18, полнолетна и јас.. Епа драги мои пријатели, повелете сите на торта! ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ УБАВ ДЕН!
Здраво девојки , јас денес ќе одам на надпревар по англиски, многу ми е битно ова ве молам стискајте палци за мене. Во меѓувреме Среќен роденден mili4ka и се најдобро во животот .
Кажав што имам да кажам....иако на некои тоа не им одговараше.... Не дека нема да има ништо друго што ќе сакам да кажам и во иднина,но....толку.... се одјавувам за подолг временски период....до кога? Па најверојатно до времето кога ќе се кристализираат работите,до времето кога ќе зборува разумот,совеста,човечноста....а не злобата,иронијата,лошотијата.... Голем поздрав до сите....до некое поубаво време.
Полна месечина и повторно јас и моите кошмари! Не сакав да спијам, бидејќи беше полна месечина иако на тинк имаа објавено дека на 16 март ќе биде полна , ама уморна бев и си легнав. И се разбудив цела препотена, па и соновите ми текнаа (редок случај кај мене) кој што 100% нема да ги заборавам. Замислете кабли местев во сонот, мислам не за мене ме викна демек комшивката компјутерот на син и бил расипан од играње дота хахаха, а не ми е комшивка туку е мајката на бившиот симпатија и воедно бившиот најдобар другар, а јас во сонот 15 - 16 годишна и ми вика на крај мајка му еве ти пари и јас не не треба ние сме школски со син ви какви пари?! И имаше уште некои глупости, ама сепак глуп сон, после уште еден како вујна ми ја исекла баба ми на парчиња и ни ја пратила за ручек, е ова е врвот. Во третиот и последниот сон сонував како со мама сме иделе по ѕидови, а има змиишта и пајаци, буу. Само замислете ме во ситуацииве. Не барам толкување, иако ги напишав тука соновиве чисто онака ги напишав да се смеете, буквално јас се изнасмеав, иако во првиот бев во многу непријатна ситуација во сонот, не знам зошто ама бев цела усрамена, па на крај и другарка ми се измеша во сонот, абе турски сапуници што да ви зборам. А можеби го сонував ова, за да му се одолжам за една ситуација, хм, хм се е можно. За некои месечината е украс на ноќта, а за мене е кошмар. Ајде добро утро!
Goooooood morning folks! Еве јас завршив со диета,7 кила послаба,идам конечно да пијам кафе и да доручкувам ко човек.Е,да идам и да мењам фризура и боја,па држете ми среќа. Сабота,welcome!
Понекогаш посакувам да избегам од се и да се вратам назад во детството. Времето во кое кога станував не гледав во часовникот, туку гледав набрзина да се спремам и да излезам надвор. Дружината секогаш беше веќе собрана и кроеше нови планови. Имавме направено наша кукичка, мала и убава од картони и дрвца. Секогаш сонувавме да ја дотераме да ја обоиме, зголемиме и зацврстиме, но еден ден дождот ни ја уништи. Иако вложивме голем труд деца како деца не жалевме многу па веднаш си најдовме нова занимација. Правевме украси и слични чуда ко божем ќе ги продаваме, на наша радост ни ги купи еден старец кој многу не сакаше, а ние цели радости. И тоа не за парите, бевме среќни што нашата изработка му се допаѓа некому. Исто така правевме торти од песок и од домашно брашно, шеќер и други реквизити. И многу бевме добри во тоа. Да бре дури и едно момче се излажа да проба од нашите колачи. Е деца, деца незнаете што пропуштате со дремење цел ден пред компјутер. Се распишав јас, долгите постови не се вообичаени за мене. Како и да е ќе имам што да им раскажувам на моите деца. Имајте убав викенд феминки.
Кога сте нервозни и бродовите ви паднале во вода. Кога имате негативна енергија,потрошете ја на генералка. Можеби изгледа смешно,ама it works everytime. Имајте убав ден.
Ме немаше овде 2-3 дена..бев цел ден надвор.Уживав на прекрасново време со сите што ги познавав,барем три дена не го фатив компјутерот и не седев по 7 часа онлине. Ве читав вас малку,едни писмени,други факлутет,трети љубов..интересни сте станале. Епа да ви се пофалам вчера си останав со модрици целата..Пред сите од училиштето се испотркалав по скалите..како палачинка,топка..така нешто.После тоа само што си дојдов при себе ме лупнаа со вратата по стомакот..ме испогазија на роденденот,а кога сите беа крај тортата јас паднав врз едно машко . Ех..баксузе еден
Sharkey уште во 85' испеа "a good heart these days is hard to find", па што останало за денес 19 години подоцна...
Настинка, саботно мотање со шал околу врат, тулумби и на мајка ми развиорениот глас низ кујна. Нема нешто погушкачко од фактот дека тука ми се родителите, живи и здрави колку што можат да бидат. Мириса на пролет. Одамна. Се држиме за гранчињата што пуштиле пупки и душкаме гладно за нешто ново, убаво, чисто, полетно. Денес ќе присуствувам на важен чин. Венчавка на мојот најдобар другар. Бебето им е на пат. Срцата полни. Нов фустан и затнат нос ама што има везе? Во меѓувреме, ролеркостер емоции. Лебдиме некаде измеѓу, но си ги бакнуваме очните капаци. Ме потресе наталожениот умор што го собирам, од толку мислење, љубење, боење емоции, свиткување нови листови на половина, чкртнување некои идеи. Живи сме. Ни зреат дефинициите што ги немаме на дофат. Ме гушка и истовремено ме нервира. И тоа е факт. Но тој е мојот најдобар пријател, мојот партнер и никогаш сфатена индивидуа. Чудесно е како си правиме портрет за луѓето во нашиот живот. Си ги држиме така мислите, да не побегнат кон реалноста. Но, реалноста е тука. Чука на врата, често пати и бесно ѕвони како инкасатор, барајќи си ги даноците назад. Не се плашам... Впрочем, посреќна сум од вообичаено, зошто сум свесна. Во меѓувреме, песната ја склопивме, текстот е натокмен и ќе ја промовираме на You tube. Штом добиеме дозвола, ќе ви ја пуштам и тука. Падот, е ново станување. Нели. Бушко вели дека срцето ми било ко подиум - да внимавам кој тоа таму танцува Со Маја и Коки на чај и љакмаџун во Галерија 7. Тивки муабети, гушкања со радост. Маврово не’ почасти со снег, топла ракија, а јас запалив оган неколку пати во каминот и сум бескрајно горда што сама успеав! Философија на животот - да запалиш оган и да свариш грав. Вчера и тоа бидна. Со наненце, со луто пиперче. Симфонија за отпосле Подари ми чевли, си велам, Љубов! Со нив да го отпатуваме светот. Сакав да кажам... Не ми се седи веќе овде. Не ме инспирираат тргни/застани предели. Морам да завршам со поглавјето наречено Јас, за да тргнам кон ново Ние. Во спротивно би била прегазен примерок од сопствената гордост. Растете си, луѓе... И ќе боли. Ко грлово што ме моли, не пиј пиво, ме боли!