За време на пеколно топлите денови ,многу често посакував една ваква постудена ноќ.Да си ги облечам дебелите пижами,да си пијам чај и да се топлам под ќебето.Моментов ми е уште поубав зошто и мајка ми ја примив во мојот кревет и заедно да уживаме. Пријатна вечер на сите
Ако видите на улица некоjа со пола уста раскрварена и потечена, jас сум да знаете. Немав попаметна работа се закачав со мачката. Ама не може само jас да jа закачам, а таа мирна да седи. И така како што jа држев во раце, одеднаш скокна и пола уста ми jа раскрвари. Е така ми треба, ама коj да слуша кога ми викаат не се закачаj.
Добро бе идиотки едни, дали вие заслужувате да се наречете женски, девојки или подобро кажано понежен пол?Имате ли воопшто култура, хм?Некој се потрудил да ни направи убави тоалети, вециња(едни од најубавите во сите средни во бт ги имаме) за вие да мочате врз капаците крв и мочка и да расфрлате крвави влошки за на сите кои ќе влезат после вас да им се згади животот?Често се прашувам дали и дома правите така, или само тука бидејки хеј тоа не е ваше, зошто да ве брига дали ќе оставите гадотии позади вас или ќе си ги искршите рацете ако барем малку забришете?Излишни се зборови.. Вечерта е прекрасна, створена за ноќ помината под ќебе со топло чајче и некој релаксирачи филм,но физиката е тука да ме потсети дека со неа ќе треба вечер да се дружам.И вечер, и утревечер и се така.Кој ја измислил физиката во гроб нека се превртува, на душа ме зеде.Она с*ање јас не можам и не можам и не можам да го учам.Сепак мислам подобро е да си одам на тест со 0 знаење, ионака цела година си ја имам пред мене за поправање оценки.
Она чувство кога сè ти станува јасно. Кога ти се наредуваат сите коцки во мозокот и ти се појавува една сијаличка над главата. Како беше она... немам вода во очите? Епа, веќе немам. Одамна носам некоја одлука, ама никако да ја донесам. Епа, еве ја конечно: Не се дружам веќе со погрешните луѓе. Толку.
Najmnogu od se me nervirase koga nekoj ke si otide od Makedonija pa posle kao go puka nostalgija za doma mojot grad, moe Skopje itn. I sekogas si vikav, pa ako tolku si go sakal koj gavol te terase da si odis. Vikendov jas za prv pat se najdov vo taa pateticna uloga i taka me fati nekoja taga koga pominuvav niz mojot grad. Ete se najdov i jas za prv pat na nivno mesto.Navistina ne e lesno. Vo mestoto kade sto si se rodil i polovina od zivotot ti pominal tamu,doagas samo kako gostin i si odis... p.s. Nepovrzano so postov, sdk ne koristete toaleti vo avion, osobeno niskobudzetnive kompanii, osven ako navistina morate. Uzas !
Го навредив оној кој најмногу го сакам, му кажав многу лоши работи, тој ми прости ама јас не можам да си простам самата на себе. Како можев да бидам толку глупава Човекот што најмалку заслужува најмногу го повредив. Цела планина ми тежи на душата Се надевам дека наскоро ќе го видам, дека ќе можам да го гушнам и да му кажам колку ми е жал.
Никогаш во животот не сум била разделена од сестра ми. Втора година како е на факултет, а јас сеуште не можам да се навикнам на тоа дека не можам да ја гледам секој ден. Ми недостасува премногу. Нејзината насмевка ми го разведрува и најтмурниот ден. Те сакам малечко *
Што им е на денешниве деца, стварно не разбирам? Знам дека времињата се многу поразлични од онаа време кога јас бев дете, ама дека се дотолку претворени во дебилчиња...со извинување на исклучоците кои секако ги има. Бев на гости кај мали деца и ме тераа да им читам списание од тип Наш весник, некој застарен број, новогодишно издание.Задната страна исполнета со новогодишни желби на деца на возраст од 6-8,9 години, запрепастена бев кога видов дека на секое дете желба му е да има најнов модел Хтц, Ајфон, Таблет, Самсунг галакси, Епл лап топ и сл. Мислам... Родители дај бе воспитувајте ги децата на правите вредности во животот.Покажете им што значи среќно и исполнето детство, научете ги да играат џамлии, кленѕа војска, ластика, пуштете ги да се шлапаат во кал, по цел ден на улица нека трчаат...Па има ли поубаво детство.Не ги кривам децата воопшто, туку родителите. Навистина сум среќна и благодарна на онаа време кое го имав како дете.
Прееска барајќи некои стари учебници во подрум, си го најдов дневникот кој го водев пред добри 7-8 години, на кој имав комплетно заборавено дека постои и дека некогаш сум пишувала... Се прерадував кога го видов, кога се сетив на тој период, на средношколските денови, на првата љубов... Имав обврски скоро цел ден и одвај чекав што поскоро да дојдам дома, да го отворам и да се продлабочам во миговите кои го обојуваа мојот свет со она што се нарекува живот. Запишувајќи ги мислејќи дека тоа е единствениот начин да останат живи и запаметени... Читајќи страна по страна, како да се враќав назад во времето, како повторно да доживував се... Се потсетив на првата љубов... Учевме во исто школо, беше постар од мене 3 години. Бев презаљубена во него, секогаш кога ќе ми се приближеше рацете ми се тресеа, кога ќе ме поздравеше гласот ми трепереше, кога ќе ме погледнеше наведнував глава... Свиреше во бенд заедно со братучед ми и никогаш не им пропуштав свирка, секогаш во прв ред иако одвај слушав таква музика... После една свирка ми пријде и ми кажа дека бил среќен што ме гледал секогаш во публика, дека му значела поддршката, ме фати за рака и ме поведе кон излезот... Јас изненадена од тоа, не знаејќи што да кажам, како да изреагирам, побегнав со трчање... Наредните денови кога и да се сретневме ми беше срам да го погледнам, и така полека се оддалечивме... Дојде крајот на учебната година, него последна, потоа замина да студира во друг град... За мене правилото далеку од очи - далеку од срце не важеше, напротив се повеќе и повеќе го сакав и со нетрпение ги чекав викендите за да го видам... После тоа што се случи никогаш повеќе не ми пријде, а и јас никогаш не собрав храброст да му признаам за своите чувства... Но, собрав ''храброст'' да му се јавувам со скриен број, на почеток не можев да изговорам ниту збор, а тој секогаш кога ќе му се јавев ми кажуваше каде е, што прави, како да знаеше дека сум јас... Потоа полека се опуштив, почнав да зборувам но никогаш не му признав дека сум јас, иако длабоко во себе сигурна сум дека знаеше... Зборувавме со часови, пишувавме безброј мејлови, ми пишуваше состави по англиски, ми пишуваше песни, ми измисли прекар, ме викаше смајли... И така со денови, месеци, години... Цело средно така ми помина, како никој друг да не постоеше освен него... Чудно е колку одамна беше, а како се сеќавам на секој напишан и кажан збор... Чудно ми е како сум можела толку искрено, невино, детски некој да сакам, како целиот свет ми се вртеше околу него, како ми било доволно само да го видам и да го слушнам и сум била најсреќна на свет... Иако се остана само во виртуелниот свет, ми создаде безброј преубави спомени, на кои кога ќе помислам ме облева некое пријатно чувство, топлина, на кои со задоволство ќе се присетувам секогаш... Pieces of my heart... За еден Стефан, кој секогаш ќе го паметам по убаво...
Добрите дела не правете ги за да се пофалите кај луѓето- туку не ги кажувајте и правете ги со искрено срце. Доволно е Господ што ке ве види и знае за тоа па ке ви биде вратено со добрина, а доколку истите ги правите за фалбост- ви отидоа по вода.
Чуството кога цел ден онака од душа си врне, а јас уживам во капките кои меланхолично паѓаат врз кровот и го отсликуваат секој блесок и секоја помината и сеуште недоживеана емоција во мене.. Се прашувам што ќе ми сервира утре, за некоја ден, недела или месец животецов?! Што ли ќе почуствувам и што ли ќе доживеам?! Како ли ќе биде?!
Секогаш се трудам кај луѓето да ги гледам само нивните добри особини и ги занемарувам оние лошите. Нели, никој од нас не е совршен. Потоа следува како јас премногу се врзувам со оние кои би требало да претставуваат случајни минувачи во мојот живот, и секогаш кога некој си замине тешко го поднесувам тоа. Имав малку депресивна недела баш поради таква личност. Не знам зошто, но ете, таква сум. А си ја мразам таа моја особина. Со оглед на тоа што оваа недела е мојот ден од годината, решив денес да си се расположам со еден шопинг. Морам да признаам дека ми помогна. До викендот морам да бидам како нова, сакам да си ја започнам мојата 23-та година весела. Имајте убави сништа луѓенца.
A сега? Зошто не го исконтактираш сега? Ако не друго барем ќе си се посмеете, а може конечно и ќе бидне нешто ...
Кога се дружам со други хронично болни луѓе: "Ако пак заборавиш колку години имаш, јави ми се и ќе те потсетам".
Квалитетот на мојот ден го мерам по бројот на насмевки на моето црвче (ќерка ми). Фала Богу, по цел ден се кикоте☺ Да те волим мало је речи...
Знаеш ли колку пати сум помислила на ова? Еве, признавам Многу работи се променија од тогаш, пораснав, созреав, но што се однесува до тие работи, за жал останав истото срамежливо девојче...
Она кога сосема непланирано, од нигде никаде си даваш слободен ден од светот, макар било и после продолжен викенд или што год да е ... непроценливо добро.