Кога ќе ми текне за крпата со која се бриши рачката кај што се грее млекото за кафе,се прашувам како уствари луѓето можат да пијат кафе со млеко по локаливе.
Dafuq Прв прат слушам дека во 7мо одделение учат за тоа како се користи кондом, немам коментар хахаха... O
Си мислам, да имав едно меурче, па да се засолнев во него.И кога некој би се приближил, наместо да ја гледам двојната фигура, да ми се исцртаа сите карактерни особини. Ме мачат одамна затворени теми, а јас чепкам по нив. Дали тие денови биле моја илузија за неговите ‘вредности‘ или дали биле вистинити барем приближно повеќе од што треба? Можеби сепак, некоја комбинација од двете..?
Она кога во автобус ќе слушнеш песна од којашто едвај ќе запамтиш неколку расфрлени зборови и фрази, ќе ги пребаруваш така натрупани на гугл и на крај од прва ќе успееш да ја најдеш... Прајслес!
Боли кога си осамен помеѓу толку многу луѓе, уште повеќе боли кога не си сфатен, а најмногу боли кога најблискиот ќе ти заврти грб... Боли убива... Ти го/ја сметаш за нешто најблиско а тој/таа си оди кога ти е најпотребен/на... Немам зборови какви се сите направени. Очајно посакувам да го вратам времето назад.
Ama ne e samo krpata za rachkata. A mrazot so race shto se fakja skoro sekade? Limonite shto ne sekogash se mijat. Krpite za poliranje na chashite... Bezbroj raboti se. Ne samo vo kafulinjata i restoranite. Pa i doma. Sungjerot za mienje sadovi ima premnogu bakterii. I se ostalo. Ako gledame taka na rabotite da ziveeme pod zvono ako ne. just sayin' Dobro jas nokjva kje zaspijam li?
Не можам да заспијам.. На 20ти ноември ќе бидат 5 години од смртта на баба ми. Искрено, тоа ми изгледа толку нереално, дека поминало толку време.. Ја видов два дена пред нејзината смрт, ми кажуваше една приказна што и се случила по стоти пат.. Но, и да сакам не можам да се сетам на зборовите, за што се работеше. Веќе не го паметам нејзиниот глас, мирис, карактер, насмевка и прегратка. Во мислите ми изгледа како некоја далечна фигура за која не можам да си створам проекција во главата. Појасно се сеќавам на денот кога таа почина, и брат ми ме разбуди во 8 да ми каже. И тој беше тогаш сеуште дете, 21 година.. Пуштив само една солза, не плачам. Отидовме кај вујко ми и дедо ми, овојпат со татко ми - беа скарани, но ко да се чека нечија смрт да ги зближи луѓето.. Тажно. Мајка ми ја имаше сменето бојата на лицето од плачење, а вујко ми демек храбро ме пречека. Дедо ми не сакаше да ја прифати ситуацијата, и прилично се држеше, дали дека од неверување.. Искрено.. Чувството што најмногу го доживеав во тие моменти беше неверувањето. Дека нема повторно да ја видам, нема кој да готви според рецептите од Храна и вино, нема да ми се насмее или да ме искара.. Она што не го знаев е дека после тоа, нивната куќа никогаш нема да биде иста, ќе се чувствува некоја празнина и отсуство, и се ќе се престори во.. Пустолош. Не беше болка и тага она што го чувствував, нешто друго.. Непоимливо. Мене не ме боли толку физичката смрт на некој близок, неизбежна е и понекогаш добра. Ме боли кога некого ќе загубам емотивно, кога ќе изгубам контакт со некој близок или кога тој ќе доживее душевна смрт. Се плашам од загуби, многу... Се молам барем да ги сочувам оние луѓе што ми значат во моментов. Малку сте, но ве сакам.
И еве ме мене пак.Мислев дека испраќањата и дочекувањата завршија,дека ги оставив некаде далеку позади мене. Се радував на средбите,на состаноците.На ведрите ноќи,на патувањата во ниедно време,на изедените сендвичи после полноќ,на оладените кафиња наутро,на зготвениот ручек со вино. Се радував на мрзливите денови лежејќи во кревет,на изгледаните филмови,на одењето на гости,на шетањето на кучето,на купувањето тренерки,на фотосесијата во шума. Се радував на украдените погледи,на случајните бакнежи,на неочекуваните прегратки. Сето тоа со него.Но ете,повторно заминување,повторно испраќање. Повторна средба ?! Којзнае...
После 40 и кусур години конечно научив дека доботата и глупоста биле сестри ! Ако си добар-глуп си. До кое дереџе дојдовме...со својот сопствен народ да бидеш лош.
Одамна не сум плачела толку од среќа...еве пак почнав Тетка ќе станамсестра ми е бремена. Од срце ви посакувам на сите да си дочекате ваква убавина.
Годините не се мерило за мудрост и зрелост. Можете колку сакате да пробувате да изгледате зрели и мудри и да глумите во склад со годините , но некои постапки ве издаваат. На жалост, ве издаваат.
Штом врие млекото значи температурата е доволна да се уништат бактериите Така ако гледаш ни леб ќе купиш од продавница, ни во ресторан треба да влезиш.
Јас имам таква кафе машина дома, па да си кажам . Баш треба една башка крпа само за нејзе, и после секое затоплување на млеко потребно е истата да се навлажни и да се помине рачката. Во спротивно, доколку еднаш пропуштиш, се создава како кора на истата и џабе ти е пребришување во остатокот од денот.Мене ми се има случено и само со оцет успеав да ја извадам. Инаку си ја брцкаш кората во наредната доза млеко. Ама жешка е рачката, ако е некое олеснување. Се што е залепено ваљда е изумрено
Добар ви прекрасен несончев ден. Толку се подразмислив за животот што ми преври кафето. Потоа прашањето беше да се пие или не. По долги пресметки, анализи и испитување на степенот на мрзеливост го истурив во лавабо зашто животот е премногу краток за да се пие кафе без кајмак. Поздрав хипстерштио со вкусно турско.
Е многу мразам вака значи Ќе се станам расположена, кафенце, музика, убав муабет... И ќе ми текне на нешто и ајдее одма цел свет ми е крив ..