Ако имам моќ да посакам, универзумот има моќ да одговори. Ако не се сомневам во својата желба, не се сомневам ни во него
Не ги сфаќам оние што постираат слика од нив и во дескрипшн пишуваат лелел ужас сум,катастрофа сум на сликава,и ние грдите знаеме да сакаме...Па ако толку не си се допаѓаш,немој ни да ставаш слика.
Без оглед во кој период од животот се наоѓаме и какви ни се критериумите низ годините, на секој ни е потребна личност што ќе не држи за рака.
Сдк налетав случајно на реченицава, па сакав да ја споделам. -Тие што ве мразат, не ве мразат вас...тие се мразат самите себе, бидејќи вие сте одраз на тоа што самите сакале да бидат, а никогаш не успеале во тоа.
Како во некој друг живот, еднаш одамна го сретнав... Еднаш одамна неговата среќа побитна од својата ми беше, неговата тага и моја беше... Еднаш одамна тој ги кршеше сите срца на светот, за на крај и неговото да биде скршено од оние што најмногу му значеа... Еднаш одамна го тешев кога паѓаше, го бодрев кога требаше, се радував на секој негов успех како мој да е... Еднаш одамна знаев како дише... Еднаш одамна знаев каде е, како е, дали е среќен, дали тагува... Еднаш одамна ми рече дека секогаш ќе е тука за мене... Еднаш одамна ме праша: ,,Каков човек си ти? Реална ли си? Можно ли е да постојат сеуште луѓе како тебе?" Еднаш одамна сренав еден голем човек, еден човек кој остави уште поголем белег во мојот живот... Еднаш одамна тој ми беше најголемата причина за среќа... Сега далеку ми е, не се сеќавам кога последен пат сум го видела, не се сеќавам што точно последно си кажавме, не се сеќавам дури ни на гласот негов... Но, за мене еднаш одамна значи еднаш и засекогаш...
порака до цела фемина кој има за вадење виза во Холандската амбасада нека ме контактира во лп однапред ви благодарам
Не поминува ден без да ја помислам. Баш вчера и' ги дискутиравме месените специјалитети со мајка ми, убедена сум дека нема да најдам повкусни лиснати од нејзините. Секогаш ме пречекуваше со прекрасни јадења после школо, и секојдневно ме потсетуваше колку е важно да ги читам лектирите. Научив многу работи од неа, можам да најбројувам со денови. Ми беше како втора мајка, на мене и на сите посвоени деца кои ги чуваше, триесетипет беа ако не се лажам. Со некои сеуште сме во контакт, другите никогаш нема да ја заборават. Тешко ми е да го посетувам нејзиниот гроб, иако после тоа ме обзема некој неопислив мир во душава. Мојата дефиниција за вистинска жена и сопруга, бабо, недостигаш проклето многу.
"Повеќе работење помалку дрдорење!" Падна првата опомена. Па ја си кажав дека со свеќа ке ги барате тие денови кога глас не ми се слушало
Му влегувам додека е во веце и му викам, абе си приметил ти колку сум убава у последно време? Се смееше 10 мин и после сериозен, вика, да, сум приметил. Викам, фала, и си излегов. Ве поздравија моите хормони кои ноќеска не ме оставија да спијам, се смеев толку долго што и стомак и грб ме болеа
Кога имав три години испив две турски кафиња за да видам дали ќе ми порасне опашка. Од секогаш сум сакала да го правам забранетото и сум чувствувала некаква сатисфакција. Кафе можам да пијам како вода, ако ми е вкусно секако. Денес планот ми беше да научам две поглавја, но научив само едно и се чувствував преморено. Немам енергија за ништо и се чувствувам поспано. Ајде од утре повеќе учење, помалку губење време на гледање видеа на јутуб со слатки кученца.
Влегувам во маркет и на каса вадам пари, а таа одма во воздух ги крева и гледа немој лажни да се. Може нареден пат треба да влезам и со повишен тон да и речам "И дај ги сите чоколадни млека што ги имате! И тие зад каса".
Се потепав, тазе претепана. Дојдов, видов, се уморив. Грлото чинам повеќе ме фати, грепка ли грепка, ама нееее, фората е до тоа што не сум пиела топол напиток цели 7 часа. Да да. Ама преживеав, живеам. Денов, долг, напорен и тотално нехуман. Но, човек и покрај се сфаќа колку е убав животов... Буквално секој ден ми е нова лекција, повод за нови убавиње. Одам да се стоплам и наспијам, утре исто долг ден ме чека. Се гледаме некаде на чајче низ градов. Ако ме сретнете, викнете, ќе ве честам чајченце.
Баш тоа сакав да кажам. Ама денес сфатив дека има личности кои не сакаат љубов. Кои не сакаат да им пружиш љубов и да ги држиш за рака. Јас бар не можам да разберам...
Ааа какви се, најубавиии!! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=878062445620802&id=129315243828863
Јас дојдов да пофалам. Браво за тие што работат на шалтер. Браво за тие што маваат ракии. Браво за вие што можете да вежбате по дома. Браво за членовите што имаат нерви да ја полнат темата Абортус. Браво за сите оние што можат нешто што јас не можам. живели да сте ми живи и здрави. , ваша М,
Кој ѓавол ме тераше да ја отварам темата поинаков фемина инстаграм во ова ниедно време...ми се јаде, ми се плаче .