СДК Ех, да можеше сите да бидеме паметни, убави, згодни, без фрустрации и комплекси, без лоши навики и со доблести, луѓе на место...
Обожавам кога времето што ми е слободно го поминувам со позитивни личности. Тогаш се чувствувам исполнето, прекрасно.... Едноствно најубаво! Посакувам сите луѓе на светот да се позитивни (утопија) хахаха.... и да нема војни и дрн дрн.... Позитивната енергија е најјака храна, дрога, напиток и така натаму. Ширете позитивааааа, а не негатива (ова за негативците важи)...
Сдк уште денес да издржам и да заврши колоквиумскава оти ќе се фрлам од поткровје горе. Абер се немало на Медицинскиов за спиење. Зомби фејс проследено со темни длабоки подочњаци,отровни кафиња во 4,5 сабајле од кои гастрит ќе добијам најверојатно набрзо па на сето тоа и дебеливе книгишта во томови џоа Британика ама поголемо задоволство и љубов не сум осеќала. Морав да си се олеснам за да го протерам последниов испит неделава па кругот од почеток пак ќе врти. Се е навика ни рекоа и вистина е. Се навикнав на 2 саати дневно спиење вредно 10/10 анатомија. Прво па машко. Би прауд оф ме На здравје лепотици. Ми фалите. Ви посакувам пријатно и добро утро со не отров кафе. Сварете си сами, ја очигледно немам осет за ова.
СДК денес ми е роденден и ве канам сите на торта. Мission completed, си го дочекав весела и расположена - последица од неколку поминати денови со личности кои ги обожавам. Па и кога најдобриот другар ти е музичар, не е возможно да започнеш ваков ден без забава. Си го затвори настапот посветувајќи песна за мене. Си мислам, се додека имам вакви луѓе кои ги сакам и кои прават да се чувствувам посебно, ништо друго не ми е потребно. Добар почеток на денот. Па луѓе, повелете и заблажете се. Ви посакувам убав викенд.
Сакам да кажам дека според некои верник си голем или не по тоа што ке го принесиш во црква.Овие денови одам во црква и барам да купам свека од 2 денари и тоа не ме прави помал верник од некој што ке однеси килници масло.Кога имам носам,а кога немам тоа не ме прави неверник по втор пат кажувам. На моите блиски лажни дволични пријателки ви кажувам гледајте си ја мизеријата не ми водете мене сметка како и со што ке го гледам бебето и дали требаше порано да останам трудна.СРАМ ДА ВИ Е
Неможам да си поверувам на самиот себеси каков уствари човек сум јас,поминав премногу тежок живот облеан со црнила и неубави работи,сум бил сведок на многу лоши нешта во животов,но едно ме чуди,како послем толку лоши работи во животот јас останав добар?Зашто сакам да помогнам на секој?Зарем толку сум глупав?Понекогаш си се чудам на самиот себеси.
Не знам дали е до времето или луѓето околу мене или мојата душевна состојба но деновиве многу се навраќам на некои личности што не се одамна во мојот живот. Пријатели, познаници, врски. Меѓу сите ликови исплива и тој .Мојата некогашна лубов. Некој кој ме научи дека животот е еден и треба максимално да си го посветиш себе си. Некој кој ме научи дека е убаво некогаш да бидеш себичен и да си ги сакаш своите маани. Некој кој ми ја даде месечината на дланка , а јас се плашев да не ме изгори. Некој кој ми симнуваше ѕвезди, а јас сакав да бидам горе меѓу нив. . Некој кој ми го постилаше патот со рози, а јас сакав да летам со облаците. Некој кој сакаше да танцува на дождот, а јас се плашев да не ја измокрам косата. Некој кој ми ја даде сета своја љубов, а јас не знаев што со неа. Некој кој упорно сакаше да ме задржи, а јас го пуштив да си оди. Среќен е сега знам. И знам дека го заслужува тоа. Само ете, се запрашав, помислува ли и тој некогаш на мене? Се сеќава ли? Судбина ли е, случајност ли е? Јас после него секогаш бирав погрешни. Не, не беше тој погрешен, само беше присутен во погрешно време.
Средина на октомври пред 8 години, сив ден, рано наутро... Ме буди мајка ми на мобилен, со растреперен глас и ми соопштува за смртта на Тоше... Како гром од ведро небо да ме удри по глава во тој момент, се шокирав без да можам да се подмрднам... Таква тапа болка почувствував во градите, плач, неверување, зошто дотогаш не знаев што значи смртта... Плачев како за некој свој, затоа што за свој го чувствував - беше мојот идол уште од мала, затоа што растев со неговите песни! Затоа што за свој го имавме сите ние, сите ние кои сеуште ги пееме неговите рефрени! Сеуште ја чувам првата касета, првото CD, првиот автограм, првата слика со него, безброј постери и насловни, безброј интервјуа и исечоци од весници... Сеуште се смееме со другарка ми како му избегав на обезбедувањето на концерт само за да го изгушкам и да се сликам со него... за кореографијата со која настапи на Евровизија, а ја спремавме за патронатот на нашето училиште... По осми пат октомври поминува со неверување дека него го нема повеќе… Пустош, пустош и вечен непребол... Тоа е тоа што останува после смртта... За инат на октомври кој те сокри засекогаш - секој ден ќе те чувам жив засекогаш, секој ден кога ќе ја погледнам сликата со тебе што ми стои на биро, секој ден кога телефонот ми ѕвони со Beautiful to mе... Беше и ќе останеш еден и единствен... Затоа фалиш и ќе фалиш секогаш на сите можни начини, како пеач, но пред се како една исклучителна личност која сеуште ми е идол и пример во животот...
хахахахахахаха ова ми е омилена случка од детствц Хахаха повеќе од што ми кажувале, не дека паметам толку многу Воопшто не сакам кога денот ќе ми почне со касно станување. За мене касно е во 10 и 25 зошто порано бев научена да си станувам порано, па и во 2 часот по полноќ да си легнам. Си станувам таква уморна, без енергија и си одам во продавница си купувам ролати, чоколада, банани, ете втора машина пери и сега си викам што филм да гледам... не ми доаѓа паметот мене, не не.
СДК... Туѓите погледи и мисли сервирани низ љубопитните прашања удостоите ги со вжештени одговори кои ќе го задоволат безобѕирно скокотливиот немир исто како што тие саркастично ве послужиле со нивниот грижлив дел од животното мени десертно поставен некогаш и некаде.
Сакам некои денови да ми се избришат од календарот. Овој е еден од нив. Нека не постои, нека помине побрзо.
Седам, а во позадина бамбори бејби тв на германски. Беба заспа, љубовта моја трча да "избрка работи". Јас пробувам да ја избркам оваа грутка кај срцето, која некако почнува да ми го зема воздухот. Молчам. А рикам во себе. Што поедноставна околина, толку поголема идила што ја оставам зад себе. Боли. Многу боли. Само не знам веќе што боли. Она што го оставам или она што мислам дека го оставам. Проклетство. Не можам да се помирам со сѐ. Годинава ми донесе многу. Многу среќа, ама и многу тага. Нели, за да имало баланс. Не дај боже да се опуштам во благосостојба, да не ми се заарни. И јас не знам што да си кажам. Се карам сама со себе, се вртам во круг со муабетите. Ама ако. Треба да се навикнам. Секако ќе сум сама. Осамена. Со дете кое секојдневието ќе го поминува со туѓинци. Ладна земјо, рашири го рацете, пречекај ме, прегрни ме, и олади ми ја душата. Оти вака, не се издржува. Мекушка сум, сонувач, емотивец. Во свет во кој емоции нема. Не сум за тука. Дали воопшто сум за негде? Низ солзи гледам сѐ што створивме. Скоро ништо, а толку многу. Ме боли. Ме боли што воздухов што го дишам ќе биде само еден спомен закопан во моето минато. Сакам да го замрзнам времето. Да ги гушнам двајцата човечки и едното животинско членче на семејствово, и да застане времето. Да не мора да одлучувам. Да не мора да носам карпи на грбот. Да кажат луѓето веќе еднаш тоа што го мислат, да не молчат. Нереченото некогаш повеќе боли од реченото. Голтам зборови, голтам солзи. Делувам лудо во туѓите очи, но туѓи се и не се во мојата кожа. Да влезат за момент, да видат кои демони дивеат внатре. Сакам да се навратам тука, и да си речам - ова беше момент на лудило кој заврши за брзо. Ајде. Можам јас. Диши. Диши. Издиши.
Србите имаат една многу убава поговорка "чега се паметан стиди, будала се поноси". Жива вистина за се поголем број луѓе.
Времево ми е само за Балашевич. Кои го слушаат, знаат што зборувам. Радувајте се луѓе, жолто е надвор. Љубов ми е, мир ми е, спокој ми е, радост... Ах есен, ах убавино. Можам по цели денови да шетам низ градот со главата нагоре и да им се восхитувам на есенските лисја, па онаа сатисфакција кога ќе дувне ветер па ќе почнат да паѓаат, леле...