Некогаш ми се случуваат баш онака чудни моменти. Денеска чекаме автобус со другарките и си збориме рандом ствари. Некој од нив рече дека ја видел професорка Е, која ни е омилената професорка на сите, ангел беше. Ја зборевме некои 30 секунди и бидејќи јас посебно ја сакав кога некој речеше дека ја видел ја се жалев дека никогаш не ја видувам а тие секој ден ја сретнуваат некаде по градот. И сеуште зборејќи за неа, јас вртам глава и ја гледам професорката излегува од такси. Се израдував и изненадена бев пријатно, и бев восхитена на човечката интуиција.
Вечна ти слава *Тоше* Животот знае да те сκρши за сеκунда, знае и да те подигне Имајте пρијатна вечеρ феминчиња
Додека се грижиме за битни и небитни работи толку нешта се случуваат, разни процеси кои не менуваат нас и луѓето околу нас. Нашиот облик, нивниот облик...растеме, старееме и така кругот се врти. Додека трепнеш ти почнуваш да старееш и веќе ништо не е така исто. А посебно не е исто тоа што луѓето кои биле тука додека ти си растел, ја држеле твојата рака кога си бил болен, те тешеле кога си плачел за смешни ситуации сега веќе почнува да ги нема еден по еден. Се создаваат празнини кои никој не може да ги пополни затоа што никој не може да биде ист на оној другиот...оној кој никогаш повеќе нема да се врати освен во нашите сеќавања. Боли зрелоста, фали детството. Сакам да се врати за да можеме за миг барем да бидеме пак сите заедно, седнати на празничен ручек без ниту еден да фали. Секое столче да биде полно, да не не гледаат само од слики нашите најмили. Ах...
СДК ... неочекувано, изненадено увидов дека има луѓе - анѓели на земјинава топка. И не секој има привилегија да ги добие во животот за кратко време како вистински пријатели, мотиватори и помагатели. За таквите само посакувам повеќе пати да им се умножи се она што го поседуваат, даваат и добиваат.
@anel Не е важен датумот. Еве ќе ти кажам нешто. Дедо ми (татко на татко ми) имал роденден, кога баба ми (мајка на татко ми) починала, после 5 години на истиот датум и месец сум се родила јас (точно после цели 9 месеци, откако сум се зачнала во утробата на мајка ми).
Џабе ви се скапите парфеми луѓе, бањање требит бањање алоо, вода!! Кој век сме?!! Колку и да е јак парфемот, тоа што телото и косата не виделе вода една година одма се чувствуват жими се. Ауч, мирисот ми се врежил во нос
Подобро вози полека и задоцни 15тина минути, отколу да возиш брзо и никогаш да не стигнеш кај што треба да стигнеш...туку душата да ја оставиш по пат....
- Чуството кога те тепа носталгија, несоници и самосебни решавања на проблеми во глава, што и да е ќе помине, што било поминало... Меланхолија, сиви облаци и жолти лисја карши мојот прозор, ги гледам како паѓаат додека се топлам уз парното до прозорот, и мислам дали тоа паѓаат исто како и нас луѓето што паѓаме, полека и тивко, сосема мал шум на плач во нас. - Чуството кога за прв пат од овагодинешната сезона го палам парното,влегувам во собата и ја чуствувам онаа касна есенска бајка, топлина и мирис на она топлото ме огреа и ми го стопли срцето, ете.. баш ситниците знаат и те како да ми го разубават денот уживајки во топлината и парфемот на есента и мојот топол дом!
Памтам, 2007, четврто одделение бев. Таму ни рекоа, на школо. Посакав да не ни кажеа, барем уште малку да бидеме среќни... Памтам, со другарките си одевме накај дома, и заедно плачевме по улицата. Кога стигнав дома, и мајка ми плачеше. Цел ден заедно гледавме вести, можеби се надевавме дека некој ќе ни каже дека се` било недоразбирање, грешна вест. Памтам дека не можев да спијам таа вечер, ме гушеа солзите, едвај дишев... И сега, кога го слушам неговиот глас, ме издаваат чувствата. Постојано се прашувам, што ако... Нејсе. Ме обзема една носталгија, измешани чувства на тага, а во исто време и среќа што воопшто некогаш постоел таков голем човек на овој свет. Толку силно посакувам барем да знае колку сите се гордееме со она што го постигна во својот краток живот. Понекогаш се замислувам како старица која се`уште ги слуша неговите песни... Која на своите внуци им раскажува за Тоше, со солзи во очите и насмевка на лицето.
Знам дека не е важен, ама ете првата помисла кога го слушнав датумот беше тоа. Може зошто уште беше некако свежо, а многу семејни настани не поврзуваа со неговата музика. Инаку таа е најслаткото и најмилото девојче кое е премногу сакано од сите нас.
За малку ке заборавев... Пред неколку години (пусти се сите тие години без ангелов) се разбудив и отидов во собата на моите родители. Наидов на мама како зборува на телефон расплакана. Ми ја кажа тажната вест која ги срони срцата на цел балкан и пошироко. Во училиште само тоа се зборуваше, за неправедната смрт на оваа несебично суштество. Фали Ангелов. Почивај во мир, Тоше!
Не можам да си поверувам на тоа колкав баксуз сум само.НЕ МОЖАМ! Кога излегував секој викенд петок сабота само за да те видам те немаше никаде, и цела вечер ја поминував разочарана мислејќи те каде си, со кој/а си и сл.Разочарана дека нема да те видам,а знам дека ти и онака немаше да ме видиш и да поминеше покрај мене, на тоа не се ни надевав.Доволно ми беше само малку да те видам, на неколку секунди како поминуваш на широк сокак, оти и онака многу ретко те гледав,многу многу ретко. Имаше една забава,сеа на крајот од летото и си поминав прекрасно на неа и покрај тоа што '' по грешка'' цела пена која прскаше си го пронајде местото во мојата уста и во мооите очи кои ме печеа цела вечер.Прекрасно дека бевме еден до друг,денсавме ко два потполни странци дури се гушевме во пена.Се ежам кога ќе се сетам на тој момент и сакам да се врати, можеби би имала храброст да ти се приближам тогаш, којзнае.Да не бев обврзана да бидам до 12 и пол дома би останала цела вечер за да те гледам, да бидеш до мене.Знам дека и ти ме гледаше, знам знам знам.Знам дека и покрај тоа шо се понашаш ко да не ме познаваш, знаеш многу за мене.Али тоа не го менва стањето дека си идиот,извини. И овој период, кога се одлучив да не излегувам толку често баш ради причината дека на крајот на вечерта секогаш се враќам разочарана, ти магично почна да излегуваш и сите оние на кои не им значиш ни приближно колку што ми значиш мене, те гледаат.Ете баш денес се деси тоа.Добив порака од другарка ми дека сум била најголем идиот што сум останала дома.И минатиот викенд и преед минатиот беше така.Последен пат те видов 19ти септември, кога ни се разминаја погледите, ама јас од срам веднаш го свртив мојот.Будалетинка. Дали многу барам јас?Да го видам само, само тоа. -Дали ме сретна за да ме казниш?Да не те гледам, а да те сакам..Нема што не би направила за да те видам, душава плаче за тебе. И да, ќе заборавев. Уште го помнам 16ти октомври, 2007.Второ одделение бев кога дознав.Од почеток не изреагирав никако, не сфачајки сериозно.Она вистинското почна кога веќе пристигнав дома од школо, кога по сите програми се вртеше таа лоша вест.Помнам дека цела страна во работната по Природа и Општество ми беше натопена со солзи.Помнам дека отидов кај мојата најблиска другарка и заедно ги слушавме неговите касети и плачевме.И уште плачеме на твоите песни, и уште се потсеќаме на тебе притоа чуствувајќи измешани емоции.Тага дека повеќе те нема меѓу нас, но среќа што воопшто си постоел и си не наградил со песни и текстови кои ќе продолжат да живеат и во наредните години што следат. Почивај во мир ангелу, никогаш нема да бидеш заборавен.
Некои личности премногу размислуваат, разгледуваат и разглобуваат факти и настани, кои воопшто и не се однесуваат на нив. Им бега окото кај другите, оти тие имале малку, а овие другите повеќе. Не било фер. Епа не е, сега што правиме? Возрасните луѓе, што побрзо разберат дека, не треба да очекуваат милостина од никого, никој од страна нема да се секира затоа што немаат, никој нема да дојде да им ги реши проблемите, тоа подобро за нив. На некои луѓе не им е мака што тие не успеале во животот, туку зошто овие другите успеале. Не им е гајле што тие доцнат со осварување на сонот, туку како оние стигнале, таму каде што се.
Не се лажете себе си дека „со време се поминува“. Со време ништо не поминува. Освен времето. Само времето со време си поминува. Болката не се лечи со време, туку времето не навикнува на болката. Времето поминува, а ние се навикнуваме. Толку.
Никогаш нема да ги сфатам луѓето кои со сите се пријатели после само два разменети збора, со сите пијат кафе, делат ручек време, разговараат на различни теми, со сите се во стилот хахаха, хихихи. Голема великодушност е во прашање или уште поголемо лицемерие? Мислам, во ред е финоќа и култура, ама со еден куп луѓе натигодајмиго мене не ми е баш во ред или евентуално сум испуштила некоја лекција во школо на оваа тема...
Повторно сум во очекување на мал но за мене значаен животен пресврт. Позитивата е што ако се оствари ми претстои ново животно поглавје. Негативата пак, е што редењето на коцките зависи само од моќта на посредникот. Иако не сум човек кој се потпира на коинцидентниот универзумски редослед, овојпат немам избор. Сите расположливи атоми енергија се потрошени и сега што биде нека биде. Меѓувреме, не ми преостанува ништо освен да седам и колекционирам спомени обоени со ѕвездена прашина. Внимателно ќе ги редам по скршениве ми полици во умов. Секој нека стои на посебно место и бледее. Така е најдобро.
Моментот кога два часа го заспиваш црвчето и веќе си полна со нервоза, и таман ќе заспие ти е толку неодоливо нејзиното дебело обравче и и' лепиш еден огроомен бакнеж и ајде јово наново уште два часа ☺ Љубов... П.С. Моментот кога сум толку заиграна со нејзините играчки што дури ме нервира некој кога ќе ме прекине. Мајка...