Мислам, Морисеј вчера ми го удри ќотекот кој мене ми требаше. Неговиот концерт тотално ме промени. Не сум истата од вчера (иако не знам оваа состојба колку ќе ме држи, реално.) Баш пораснав со него, со мене бил кога никој друг немало и еве го сега на неколку метра од мене се поти и пее, се заморува, си вели ајде уште овој концерт и си одам дома. После патувањето, концертите ме одржуваат во живот. Баш ми се точка, извичник, прашалник кога најмногу ми требаат. Кој како си ги доживува. Како што сум хиперемотивна, среќа не колабирав таму.
Зошто Господе вакви игри играш? Зошто е толку суров животот? Зошто млади луѓе си заминуваат од овој свет одеднаш преку ноќ? Зошто не знаеме да ги цениме тие околу нас, туку само кога ќе ги нема повеќе сфаќаме дека мнооогу ни значеле? Зошто не знаеме да живееме во животот, да уживаме со тие околу нас? Зошто секој ден не им кажуваме колку ги сакаме, зошто? Како може дечкото што го гледаш пред 2 саати насмеан, радосен, весел, здрав, прав, млад... за секунда да го снема? Толку вреди човечкиот живот? Толку млад дечко, цел живот беше пред тебе... зошто си замина одеднаш? Зоштооо? Животот е курва, немилосрдна, си поигрува со нас ко што сака.... Гушкајте ги сите околу вас и кажувајте им колку ги сакате...не знаете што ќе биде после 5 минути....
И јас сум расположена за роденден, викајте, од мене имате грицки Нервоза саде нервоза. И кога ќе остарам, ќе бидам бабата со мачките, зашто нејќам веќе луѓе. Само одбрани сакам. Паметни и начитани. Другите морам до пензија да ги трпам.
Буквално цел ден се спремам да учам. Јадев, си ја средив собата ( не можам да учам кога е растурено), си сварив чај, ги испив витамините, завршив неколку телефонски разговори што требаше да ги направам... И дојде време за ручек И одново јадев, си сварив чај... Добро го почнав семестаров, но како доаѓаат колоквиуми, така мотивацијата ми паѓа... Ах... Се исклучувам од интернет, ќе го тргнам телефонот што подалеку и почнувам да учам! МОРАМ, САКАМ и МОЖАМ! Имајте убав ден coffee:
Знам дека не е на денешен ден, не успеав вчера да напишам, но не е важно. Иако беше пред 8 години, се сеќавам како вчера да беше. Забаваче, мајка ми ми го става кроасанот во ташната, одам полека на училиште. Си ги собувам обувките, влегувам во собата за забавчиња. Децата веќе се таму, седнувам. Учиме, цртаме, пееме, се смееме... Тогаш седнавме во круг на килимот и си игравме смеејќи се. И тогаш ѝ заѕвони телефонот на учителката. Прво шок, а потоа тага... Ја става раката преку устата, очите ѝ се насолзуваат. „Златно дете, златно дете...“ повторува. Ние молчиме, внимателно седиме. Го завршува повикот, го пушта радиото. И тогаш сите слушнавме. Нешто во мене се скрши во тој момент. Сите бевме здрвени во место, никој ништо не зборуваше. Учителката седеше тивко до радиото. Тензијата леташе насекаде во уличницата, а нашите погледи вперени во подот. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Не требаше вака да биде. Требаше да живее. Зошто баш тој? Тој ден шестгодишно девојче бавно се врати од училиштето, а во главата само една мисла. Си дојдов дома, и сите се разбравме со еден поглед. По цели осум години, тагата е иста. Зошто? Никој не знае. Така требало да биде. Сепак, тој е единствен. Знам дека еден ден ќе им раскажувам да моите деца и внуци за ангелот што беше на земјата, иако кога беше жив јас бев мало девојче кое по цел ден ги пееше неговите песни. И до ден денес, ништо не може да ми смири како неговиот милозвучен глас, неговите волшебни песни... Почувај во мир, англелу наш. Недостигаш исто како првиот ден.
Весниците одамна го фрлија стариот изглед и облекоа ново руво во помал формат. Во детството често ги гледав чичковците седнати на клупите во градскиот парк со раширени раце речиси до крајни граници на нивниот распон, ги држеа отворените весници, нешто мрмореа, воздивнуваа или крадешкум го вивнуваа погледот наоколу. Ја набљудував нивната физиономија и си поставував прашања на кои не сакав да имам одговор. Но си создадов убава асоцијација за позитивната страна на глетката распослана на дрвените предмети за седење со широк потпирач, а на неа некое непознато превиткано тело со став нога врз нога на кое одвај се забележува брчкосаното лице од големината на црно-белата хартија. Ги доживував како непролетани птици кои си создале свое удобно гнездо настрана од градската врева. Можеби тогаш наивно верував дека ги читаат лините коишто до денес останаа непознати за мене. Некогашните шеталишта со зелена површина ги изгубија своите стари посетители кои секојдневието го започнуваа молчешкум во друштво со новото издание на дневниот печат.
Сака да биде ист како сите за да "се вклопи", а не сфаќа дека е различен. А другиот пак мисли дека е тој е тој 1%, различен, а тој копија и ист како и сите. Разликата како личноста погрешно се цени себе си
Пресмешно ми е кога ќе открие некој нов член за форумски игри и одма знае колку години имаат сите според мислењата Бев во сити мол денес. Јас не сфаќам што е со предизајнираните алишта, шљокици, реси, крзна, чипки, се испомешано на една маица. Немам ништо против ова, ама во умерени количини. А да не ни почнам да зборувам за квалитетот. Маица како за процедување млеко, цела 1990. Аааа да, сигурно.
Сакам да кажам, денеска ми доаѓа симпатијата од Кичево. Имам трема а не знам зошто, не помнам дека некогаш сум се чувствувала баш вака. Чудно е што сум незадоволна од тоа што во последно време многу нешта почнаа да ми одат од рака. Многу е глупаво кога го гледаш светлото на крајот од тунелот, а не сакаш да излезеш од него. Дали е во мене проблемот, или меланхолијата е удобна исто колку што дава чувство на безнадежност? А се знае, еднаш штом ја прифатиш безнадежноста, надежта секогаш доаѓа како непоканет гостин и преоптоварува. Нејсе, сакав целиот викенд да го поминам стуткана во ќебе слушајќи ја Comfortably Numb уморна од светот. Но судбината не сакала така. Доаѓа момче кое може да ме направи среќна, но дали навистина сакам да бидам среќна? Не знам, не знам, не знам, не знам, не знам, не знам ...
Вчера вечерата се вратив во мојата Битола.На кафе кај мене дома ги викнав мој драги другарки. Имаше сликање, прикачување на инста, фб.Па смеење и ми кажува што има ново низ град поради тоа што навистина ништо не знаев. Потоа се отворив...кажував за мојата врска после нормално кога видов дека сите си ги кажаа проблемите. Една другарка ме праша следново -Што ти се допаѓа кај него, секако сте 5 години скоро разлика - Без двоумење и кажав... Не сме во таква долга врска како таа, таа е во врска 5 години.Но, сепак...и го кажав следново. Не знам нешто ме привлекува толку сулно и толку моќно.Толку се чуствувам убаво кога сум крај него и истовремено и заштитено.Кога сум покрај него се чуствувам многу синта а тој кога ме гушка, ме прави да се чуствувам како мал скапоцент камен. Имавме падови и кавги, ама никогаш не ја тргнав неговата слика од мојот новчаик.Искрено, мислам дека ми носи среќа. Ми фали најмногу. Со душа чекам да го гушнам
Neznam od koga pocnaa da gelat decata. Ne sum navistina partiski opredelena ja podrzuvam navistina prekrasna idea za gradinkata daj boze na site decata da ni se blisku i da ni e tolku olesneto no naslovot be mini fini budzetcinja..... A kade uci vaseto dete? Nekako ova mi e bezveze e ok so naslovot se se rusi nekako se osekam kako vednas da mi e omalovazeno deteto
Се будам обвиткана во есенски влажни бакнежи. Чадор немам... ко по навика. И така секој ден. Љубам.. суптилно и детски себично. И се чувствувам празно зошто насекаде околу мене во сите луѓе и работи што ги сакам оставам парче душа. Па ќе го погледнам изморениот поглед на мајка ми, па скришум ќе и пријдам и силно ќе ја изгушкам. После ќе се фрлам во брат ми.. па ќе го задевам додека не ме избрка... на крај мачката. Обично она ме задева мене па ќе ми се стутка во скут и знам дека ме сака, зошто да си стуткан во нечии прегратки е најубаво чувство на светот. Па ќе се насмеам и ќе ги исплеткам рацете околу неа. Многу, многу, мнооогу промени. Нови светови, нови погледи, нови перверзии, нови длабоки очи жедни за топлини... И како по некое непишано правило, нови војни можеш да добиеш само со доволна количина кафе!
Од бура, невреме и грмотевици најмногу ги сакам оние кои се појавуваат длабоко во мене. Онаа бура од емоции без разлика дали се добри или лоши. Не за друго така знам дека уште има човечност во мене ,уште сум жива .А од луѓе? Па најомразени ми се оние мртви пувала кои ни на живо се смеат ни на мртво плачат. Живеат, а всушност длабоко во себе се мртви личности.
Си гледаме работи за дома, мебел и други ситници.. Си се смешкаме и замислуваме , очи полни радост. За денес само нови шољи за кафе и нова постелнина, доволно е за почеток, соврешено за неделно мрзливо утро..