кој рече дека е лесна социологијата? а социолоска анализа па леле леле леле да ги знаеш сите научници, социолози од кога до кога живееле, нивната мисија која била свакам јас дека е премногу обемен материјалот, па ке се договорам со професорот да му отидам на консултации (еднаш ме виде со поотворена близичка) и верувам дека ме запамти ама има и уште една професорка така да типов може да ме заебе и да отидам кај неа така да ништо од консултациите
Знам дека веќе сите ме знаете како пијаница ама еве јас уште еднаш да ви потврдам. И го славевме роденденот, од 7 приквечер до 8 сабајле. 3 торти, скајп видео од најсаканата нејзина личност која не е во земјава, подароци што сакала да ги има а не си ги пружила, и многу, мнооооогу алкохол! Сабајлето на враќање го поткупив со бурек татко ми, за да не испадне проблем што се враќам во 8 сабајле, куфер напраена. Шо сакав да кажам... Нека и е најсреќен роденденот, добро е што ја имам! Човек како нејзе еднаш во животот се среќава а цел век се памти.
Секој со свои приказни за раскажување. Секој со свои тајни упорно затскривани од светот. Ги сакам оние насмевки од кои не можеш да прочиташ ништо. Што ќе те остават сам да откриваш што уствари се крие зад нив. А тие насмевки се најтешки за глумење...затоа и се најубави. Тие тежат злато. Тие усни ќе станат наутро, изморени од зборови за поддршка..за утеха..за сочувство. Тие усни ќе заборават на се што се случило и ќе направат една широка насмевка само за тебе да ти го разубават денот. Тие усни може ќе проколнуваат и тажат во себе, ама пред тебе ќе ги изговараат најмудрите зборови. Тие насмевки нема да се грижат за тоа што се случило, туку ќе испреплетат позитивни вибрации околу тебе кои ќе те штитат од целата негативна енергија во текот на денот. Тие усни ќе те бакнат за добра ноќ и додека ти спиеш ќе смислуваат начини да ти го разубават наредниот ден, криејќи ја целата нивна тага во совршена насмевка. За тие насмевки, твојата насмевка е најубавиот подарок за нивната жртва.
Стојам вчера на автобуска и пијана дечурлана урла, беснее, небаре ѓаволот дошол да им ја ваѓа душата со пинцета. Ама толку се иритантни, дури не се опишува со зборови! Wanna be famous девојки everywhere. Карактер нула, а исквареност до срж. Толку злоба збрана во тие млади умови, прикриена со килограм шминка, значи страшно. Што е уште полошо таквите ги сметаат за општествено подобни, кул особи. И не, не стареам, само светот станува се` полошо место за живеење. Доказ? Застанете петок/сабота во 9 на рекорд или југо дрво.
Сакам да ве поздравам сите. Немам време за форумов, но ве читам од време на време. Ми недостига форумов ама тоа е. Периодов за никаде. Болештини на сите страни. Не можам 2 месеци да се излечам, а и повеќето околу мене. Ама ќе помине и тоа ај. Во животов се ќе претрпиме па и тиа.
Иако не се дружиме повеќе сакам да ти го честитам роденденот,ти посакувам се најдобро и се што сакаш да ти се исполни.Ти посакувам се најдобро,може не мислиш така ама од срце ти посакувам да бидеш среќна и да сфатиш дека си многу посилна од тоа што мислиш дека си.
Во недела секогаш ми е досадно посебно затоа што сум на работа втора смена. Ама денеска некако ми е убав бидејќи направив добро дело па убаво ме благословија. Најдов новчаник со пари и документи и успеав да ја најдам сопственичката (преку фб) и да и го вратам. Сега таа среќна и задоволна што нема да трча по нови документи, а јас среќна што ја видов насмевката на нејзиното лице. Сонувам за тоа некогаш да имам поголеми можности за да можам да им помагам на тие што немаат.
Чистам денес низ соба, ја влечам правосмукалката по мене, а една кеса упорно ми се шутка под нозе. Отворам да видам што е и го гледам новото апаратче за кабловска од Близу. Си правам пресметки кога ни го донесе татко ми и сфаќам дека има повеќе од еден месец. А нас уште ни стои ненаместено. Ете колку гледаме телевизија со сестра ми - скоро па ич. Телевизорот повремено го уклучуваме кога го бришеме од прашина, па несакајќи ќе го допреме копчето. Не знам во што е причината, дали поради тоа што на интернет достапно ни е сè, или тоа што нашиве телевизии нудат шунд програма. Одамна не сум гледала серии или филмови со закажан термин, кога испланирано ќе се нацртам пред телевизор. Кога сум веќе кај гледањето серии, недела е ден за шпагети и Скандал. Многу се радувам кога ќе видам дека имам заостанато со неколку епизоди, па наеднаш маратонски ќе ги изгледам
баш сега читнав за кремот Гоџи го препорачува козметолог со 12 годишно работно искуство што чудо ли е ова?
Не ми е јасно за каква група на потрошувачи прават вакви машини за перење алишта? Побогу, кој нормален човек би го имал ова проѕирно диско чудо по дома?
А јас си помислив што би кога би, ако бебуш два саати седи пред нејзе, фасцинирано зјапа и ужива во тропањето . Очајни ситуации, очајни мерки
Дојдов, видов, победив! Грлото не го излечив, ама еве ме со зелен чај во рака и топло џемперче. Неделните обврски завршени, викендов полн топлина, пријатели, убави кафиња, храна и излегувања. И шопинг, нели. Денес манифестацијата помина топ, ни се погоди и времето со оглед на тоа што беше на отворено. Посетеност - солидна, медиумска покриеност исто. Јас со гласчето добро поминав, кога стигнав ми правеа чајченце. Абе души! Луѓенца, луѓенца и убави муабети. Денов топ, работно и релаксирачки истовремено, буквално Истражи ја Македонија. Одам да уживам ситејќи си ги сетилата со органсково зелено чајченце. Повелеле!
Денеска е Недела па да видиме што сакам да кажам .. хмм 1. 150 може да се разложи на 2х50 + 50 2. Искочив на улица, леле едвај им избегав, за малце ќе ме вработеа. Будали вмрОФЦИшта... 3. Ама 150 може да се разложи и на 25+50+75 4. Се сака полова еднаквост а сеуште е останато сметањето дека момчето треба прв да и пријде на девојката. 5. Абе 150 може да се разложи и како 25+25+25+25+50 6. Пушташ 30 минутни Вести на Шител, Анал5, сМРТ и Алфа и 20 минути Вести за Заев.. ПЕРЕЊЕ НА МОЗООООК ! 7. Не, секогаш може поинаку, 150 исто така може да се разложи и како 100+50 8. Ако само здравата храна е за на инстаграм, тогаш зашо и таблетите не ги продаваат таму ? 9. Се уверивме дека може поинаку, ама дали е тука крајот, секако дека не. Значи 150 може да се разложи и како 75+75 10. Се објавува смешка на интернет произлезена од некоја реална ситуација односто некоја нездрава навика на повеќе луге и и лошото е што тоа само останува шега .. 11. 150 може да се разложи и како ...... не, сега веќе знаете дека има уште многу други комбинации. Али 150 е само еден од проблемите но во животот имаме 99999+ .. епа и таму најдете друг начин за решавање на проблемот ако првичното не успее 12. Многу мразам лугето кога се жалат. Ако сите престанат да се жалат тоа не значи дека тешкотиите ќе исчезнат, тоа значи дека само ќе остане време за нивно решавање и пребродување. 13. Еј извинете за долгиот коментар.... или пак што ако беше подолг, ако веќе читаш до тука значи дека имаш слободно време .. не се жалиш, сакаш заебанции и веројатно си невработен/а Поз3З³ ®
Еј зaшo сте тaкви бе? Јaс би Јa видoв вo нептун... мнoгу ми е кул Ај нa сите штo не ви се свиѓa, дoнирaјте некoј денaр и купете ми јa Вaшa М,