... за децата и за возрасните... Пријатно сум изненадена од новите наши деца. И не, не овие од мојата генерација: на факултет или оние кои привршуваат со средно. Баш овие, барем поголемиот дел, се пу пу. Дипломати во секоја смисла. Пример, еден прекрасен калап од девојка: секоја девојка знае дека треба да биде убавка според најновата мода, со вештачки нокти кои месечно си ги средува. Треба да биде насмеана: една широка, огромна насмевка, која некогаш ќе биде претворена во извртена, подадена уста (зашто, нели, некогаш треба да го покаже сексипилот (превртувам очи)). Не треба да се вмешува во политички разговори, но некогаш и таа ќе го даде нејзиното скромно мислење кое главно се врти од зависност за кого е средината, или за кого гласа дечкото. Таа никогаш нема да каже нешто што другите не сакаат да го слушнат, или пак ќе хејта нешто што е општествено прифатено за хејтање. Пред народ ќе се понаша како главната глупачка од шпанските серии, а дома ќе и се качува на главата на мајка и дека немала што да облече. Нејзиниот избор на музика е општо прифатен, како и изборот на љубовни романчиња... Живот скроен ко од бајка. Плус... таа и нејзините инспиративни утрински пораки... ги споделува со другите зашто таа е пресреќна и смета и дека другите нејзини социјални пријателчиња треба да ги мотивира да бидат поглупави. Зборувам за основците и раните средношколци. Ох, луѓе... нивниот хумор! Новите деца не дозволуваат возрасните да и тропаат глупости и да им се прават паметни. Имаат големи телефони, но знаат како да ги користат. Учат со брзина на светлината и ме фрапираат со нивните креативни одговори. Не дозволуваат некој да го вознемирува часот. Имаат мислење за се': и најчесто е интересно, досетливо и искрено. Кога го обработувавме Селинџер, мојата професорка по македонски за сцената кога Холден го прашува таксистот каде одат гуските кога езерто замрзнува, таа имаше еден "генијален" одговор дека тоа е доказ дека сепак тој е дете. Превртувам очи толку многу што ми се некаде на тилот. Добро, што му фали на прашањето? Мислам дека ова го кажа професорката, ама знам дека бев многу навредена од оваа глупа интерпретација. Значи секое прашање што не може да се одговори е прашање на дете. Не знам дали само јас сум меѓу вакви деца или мојот темперамент ми овозможува да се дружам со нив и да се разбирам. Ама само едно знам, без грижа, This kids gonna be all right!
Od sekogas sum mozela da ja razberam coveckata potreba za brendirano.Pretezno tamu lezi i kvalitetot,mada nemora ni da znaci. No nikogas ne sum mozela da ja razberam potrebata za negovo postojano naglasuvanje koga poseduvame nekoe parce.
Во моментов, единствено нешто што ми е потребно е планина. Толку сум преплавена со чувства, што не можам ниту нзс да им најдам. Ми требаат бар неколку дена, каде што ќе бидам сама, само со планинскиот воздух. Не барам ништо повеќе, само неколку дена за себе, да побегнам од ова загушливо место
Не сте хумани со Фемина инстаграм. Само ме примамувате, па и декорации, креативност, и како после да не барам рецепт?! И белја. Мора да направам, па да јадам после. И после дупло вежбање ми треба да ги соборам калориите. Па уште ако е нешто благо. Еве се спремам уште по некој рецепт да барам...
Футуризам? Па мрежана за на глава, како составен дел од работна униформа на пчелар (или некој што се занимава со инсекти) е одамна измислена. Или она тоа не го знае? Едно е сигурно- таа нејзините ги истакнала во црвеното фустанче. Се прашувам, нога ли е, дрога ли е? Можела да се прикрие во некој нејзин модел. П.С. Како сте денес форумџики?
Задникот од милион долари во танга... Наслов кој се почесто се среќава на македонскиве портали, или да ги наречам модерните портарки... Зарем тој силиконски задник не сере говна, зарем е создаден од злато пак да е со толкава вредност, дали е нешто поразничен од онаа природната, од онаа која што не само што знае и умее додека е гола, ами и кога е натуткана во облека која жари и пали додека ја гледаш во очи и ти буди река од емоции и чуства ? Иронично има еден виц.... Педер иде на лекар на рутинска проверка и на крајот од прегледот докторот му вели, господине вие имате сида! Целиот испаничен овај вика, па како премлад сум за тоа...Докторов смирено му одговара без паники во рана фаза е може да се излечи, само треба да земате најсмрдлива и расипана туна, најрасипано месо, најрасипан зеленчук и смрдливо овошје и се тоа го изблендирате и пиете во рок од недела дена, по една недела ќе дојдете повторно... Така и биднало, по една недела иде момаков и вика абе докторе се е ОК ама се отепав од размислување во WC на секои 2 мин идам... Ако ако синко битното сега си здрав излечен си од сидата ајде оди си... Медицинската сестра го гледа зачудено докторов и му вика, докторе зошто го излажавте кутрото момче дека има сида кога и ја нема воопшто... А овај и вика, ако ако нека виде г'з за што навистина служе... Така им треба и на овие, како од порталиве така и на таа опнатата со задникот, да виде дека г'з не е само за сликање ами и за друго... Само треба да се пронајде вистинскиот доктор... Лека ви ноќ луѓенца...
Средина на октомври ми е резервирана за некој. Дождови, тмурно време, проклета меморија за датуми, 2-3 погрешни песни и ете ме некоја прошла година ова време. Драго ми е што запознав таква личност. Извини. М,
http://lider.mk/2015/10/18/bizarna-soobraќajka-krava-od-nebo-padnala-vrz-avtomobil/ Океј, доволно е, гасам интернет за денес.
Има нешто волшебно во тоа да умееш некого да го направиш среќен и да го насмееш кога знаеш дека периодов му е срање. Бидејќи кучката ми се породи, дома бев неколку дена, а он подналутен секој ден, од време на време ќе му текне да рече, без неа не можиш ни еден ден, а без мене по еден месец седиш таму. Собрани му се повеќе работи, ако нека вика, јас приметно мењам тема да нема непотребна напнатост. И денес додека се туширав ми светна идеја да одам за Скопје да го изненадам. И се јавив на мајка му за да е дома да ме пречека пошто он е на работа, немам клуч. И си се избањав, се спакував за добро 5 минути пошто во куферот имам алишта нонстоп, земав нешто перено, долна облека, патиките на мене и го фатив автобусот у последен момент. Стигнав порано еден саат, сварив кафе се напивме со мајка му, и ете го мајмунот мој, си иде стандард со ќеси шо пазарел шушка у ходник, јас се скрив позади врата, си влегува у соба, и јас отпозади го грабнав Фацата шо ја направи беше прајслес! Мислиш од Австралија идам после пола година, абе Љубов! Се смее, туфка, леле леле колку си ладна, како ме лажиш, како издржа да не ми кажиш, колку пријатно изненадување, леле колку ми фалеше, шо убаво мирисаш, утре ќе те частам бурек со месо од омилениот Ќе те носам у Шутка на шопинг ми вика, абе се смееме и се гушкаме. И еве го сега, спие како нацицано бебе, лежевме гушнати додека да заспие, па си станав јас да гледам серија. Сега сум јака, ама ќе плачам утре уште во 8 кога ќе ме разбуде! Ранобуден е, до 6.30 станат е секој ден... Да има една работа шо би можела одма да ја сменам кај него, одма, одма без мислење би била да биде спанко како мене.
Abe ostanala bremena na ovoj vek, a nesakala. Uste li toa go ima po svetov???? Alllooo mladi luge, lugevo pocnaa da se selat na Mesecina, a ne da se zamaraat so nezastiten sex
Колку брзо минуваат годините... 19 октомври 1997, убав сончев ден... Пред осумнаесет години на денешен ден, си го земав во прегратка моето второ синче... Колку беше мало, нежно, со мали стапалца, рачиња, усте!!! И колку само беше мирно и незахтевно, само храна и чиста пелена му требаше, па да биде задоволно!!! Првите гукања, чекорчиња, зборчиња... ме правеа среќна!!! Денес тоа мало човече е ЧОВЕК!!! Повисок од мене за пола глава, со силни раце, а богами и набилдани мускули!!! Со убави зборови и дела, со топли нежни прегратки, гордост на мама!!! Син каков што секоја мајка би посакала!!! Среќен роденден мило мое мало синче !!!
И така денес рано на сабајле бев на фризер коса до рамена. Лешник боја. На изненадување на сите ја скратив косата. Цел живот ја растам и сега ја скратив. И самата незнам што направив али ајде. И додека сум во форма сакам да направам пица. Да частам де за новата фризура.
Ме нервира кога продавачките од Базаро те следат додека шеташ по рафтови или уште полошо, ѕиркаат да не крадеш. Многу лошо изгледа. Сваќам дека има и такви кои влагаат со намера да крадат, ама на чесните им е непријатно.
Во овој мојов апсурден живот никогаш не доцнат сметките, но затоа пак приликите за добивка на финансиски план во рекордно време го губат својот траг. Така, како резултат на долгогодишна макотрпна голгота, проткаена смешни надежи резервирани за подобро утре, чувствувам како полека го губам тлото под нозеве. Исцрпена сум од лаги, полемики и метафори. Ги собирам остатоците од урнатините дур најблиските ми пропаѓаат во нив, а плановите одат во неповрат, како никогаш да не биле тука. Кога ги затворам очите пак, пред мене како за инат стојат топлите улички на Њу Орлеанс, чиј живопис ме протегнува низ хоризонтите на едно изгубено време кое пленува со својот несекојдневен шарм. Тука се` и баровите од дивиот Запад чии дрвени елементи содржат голема вредност, еднакво пропорционална со квалитетно наточеното виски и пригушената ноќна светлина. Пирамидите на Гиза, аурора бореалис - феномени за кои вреди да си жив. Проклето боли фактот што никогаш нема да успеам да ги посетам овие места, и затоа како огромен недостаток ја чувствувам оловнава беда наречена немаштија. И` читајќи го постот на една од најбрилијантните членки на форумов - 1209 сфаќам колку се пронаоѓам низ тие мудро навезени реченици. Проклето ја мразам скромноста...
Да ви стаам до знаење дека ич за ништо не се замарам. Секакви луѓенца држи форумов. Повелете душмани на кафе,ќе ви направам и ручек ќе се насладите па најдете му и мана. Имајте пријатен ден.
Немој да чувствуваш горчина во себе ако луѓето се сеќаваат на тебе само кога ќе им требаш. Наместо тоа, сметај дека е привилегија да бидеш како свеќа... и дека помислуваат на тебе во моментите кога ќе падне мрак...
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/7-znaci-deka-vashite-angeli-chuvari-se-pokraj-vas/ У модерната медицина ова се вика шизофренија, а не ангел чувар... Ама од сега културна за да бидам ќе ги прашувам луѓето - а дали ти имаш ангел чувар? Ако да, на чисто сум, бегај подалеку. Зрела и длабока статија, препорачувам. Хехенце.
Ме прашуваат зошто секогаш сум била средена, а јас не знам како да кажам дека уствари компензирам за хаосов во глава.