Драги луѓе, па дали знаете колку е убаво сега на планина, шарено, со сите бои на есента, со сите ветерчиња кои прават да паѓаат листовите, со сите звуци, со сите овошки кои сега мирисаат... Замислете како стоите на врвот на некое брдо, а наоколу само козји патеки помеѓу дрвјата, шумолот нивни и мирот. Нема галама од телевозор, од расипаниот лап топ, од комшиката која крши стакло, од другата која стенка, од ѕвончето на лудиот комшија... Мир, чист мир, полни гради здрав воздух. Јас, тој и малечкото кое не направи семејство, а уште не дошло. Заедно, само, молкум, уживаме во најубавото годишно време, бркаме сончеви зраци, ги ловиме и водиме љубов со мирис на есен. Толку е убав животот, што сеплашам да умрам, а да не доживеам се. Ко овие моменти некаде во планина, кои уште не се случиле. Ама живеам за нив. И ми се плаче од толку многу љубов во градиве, ми се вреска, оти не знам како да покажам колку многу радост носам во себе и љубов кон двајцата. Знаете што значи да полудиш од љубов? Еве ме, ве поздравувам. Поплукајте ме, да не се урочам. Пу пу.
Мојата прва братучеда ја сакам најмногу.Беше во Париз и била на еден ден и Дизниленд. И ми купила привезок.Можеби ќе се смеете...ама малите работи го прават човековото бидие среќно се сетила на мене
Личен став - она што има фали на младите, ама иронијата е што тие го сметаат за тотално бескорисен поим. А тој е се‘, само не е бескорисен. пс.
Сметам дека секој своите заработени пари треба да си ги троши онака како што сака, а не како што другите сакаат што завршува со твоите потрошени пари, од кои ниеден денар потрошен на себе. И сите имаме различни приоритети, некој спортското ливче, некој лебот, некој карминот.
Многу се зборува а малку се знае! Често се случува да се има погрешна перцепција на работите но да помешаш учтивост, љубезност, култура, добронамерност со цел да ти се помогне да се вклопиш во одредена средина, определен круг на нови запознати луѓе никако не може да се поврзе со нападно однесување.
Успех не е никогаш да не паднеш, успех е ако успееш да станеш и ако покрај сите потешкотии и препреки во животот успееш да се издигнеш над сите проблеми и стигнеш до својата зацртана цел. Е дури тогаш си успеал во животот.
Убаво е кога и само нечие присуство ве прави среќни. И само кратките моменти, само погледите... Допири не се потребни.
Во ред е тоа што не ми кажуваш. Едноставно не ме сметаш за доволно блиска личност со која би ги споделила личните работи. Го почитувам тоа. Но, само немој да има 'потоа'. Потоа да ми кажеш. Да ми кажеш, кога инаку сите знаеле за толку голема работа, само јас не, бидејќи 'потоа' јас знам на што сум.
Она кога планот за викенд неочекувано се менува,почнуваш да паничиш,па на крај испаѓа уште поинтересно отколку што си мислел дека ќе биде. Дојдоа другаркиве за викенд овде,да се видиме,па и да прошетаат,договорот беше една вечер две од друштвото да преспијат кај мене в студентски,а другите две мораа уште истиот ден да си заминат назад...Аааааама,кога имаш другарки кои бавно како желки стануваат од кревет и се спремаат,ќе касниш на договорениот ручек кај друга другарка во стан,ќе одиш скоро цел час дотаму иако можеш да стигнеш и за 20тина минути,па ќе се заседиш 3 часа зборувајќи како навиена и ќе го пропуштиш возот за назад. Се враќавме колку што можевме побрзо од кај другарка ми ,ама пак не стигнаа ,па останаа уште една вечер кај мене. Повторно си шетавме,плачевме од смеа,се зезавме,разговаравме за се' и сешто...Си го продолжија викендот тие. Како и да е, не значи ако планот неочекувано се смени дека ќе биде хаотично,напротив,понекогаш станува интересно.Неочекуваните и спонтани нешта се забавни .Ги наполнив батериите за неделава,баш исполнет викенд имав,а другаркиве треба почесто да го пропуштаат возот.
Дојдов со намера да напишам нешто паметно, ама денес ни најмалку не сум паметна па само ќе ве поздравам. Јас сум инаку добро, малку ме фати грипот па по цел ден си туфкам низ дома и пијам чаеви. Сеуште си избирам лоши одлуки за моментална среќа, сеуште сум истото детиште што сум била и пред неколку години. Се присетив на нешто што се случи минатата година на овој датум и ми се плаче кога ќе се сетам дека веќе нема да се повтори и дека е само убав спомен од минатото. Уште си шетам низ град со главата по дрвјата, гледам лисја есенски (лол), а веќе неколку пати моето восхитување завршуваше со удари во бандери, сопнувања и настапнување на различни гнасотии. Шта чеш. Бидете поздравени. Чао.
Многу сакам путер. Ама има и луѓе путер. И тука се заебувам. Во преголеми количини ти предизвикуваат холестерол и затнување на артерии. И после нормално, ти си крив, ти си ги конзумирал во преголеми дози, они само постоеле. А сакам и брокула. Има и луѓе брокула. Човече... дур ги спремиш... смрдат на пувеж. Си викаш, кај сега, па и не морам да јадам баш сега ова. Си мислиш дека се зелени и гадни, ама кога ќе ги гризнеш ќе го видиш богатството и благодетот на ароми и здравје. Луѓе, какви такви, сите ги сакам, од сите можам по се нешто да научам. Ме нервираат само малку повеќе оние нарцисите... кои не се спремни да се согледаат кои се, какви се и ги нервираат критичари затоа што нивното височество е совршено. Такви нарциси кои несакајќи да се погледнат себе си бегаат од одредени луѓе и сакаат да се во друштво на такви кои само ќе ги пофалат, но не се способни да почувствуваат права љубов. Е од такви, исто така можеш да научиш многу - се тоа што не треба да бидеш, а они, секако нема да научат, ни па сакаат да научат нешто од тебе - зошто се нели едноставно совршени.
За секој успехот има различна дефиниција Исто како што некој девојки мислат дека најголемиот успех е да се омажиш Некој сака да биде богат со пари, некој богат со љубов, а некој со богат маж и то је то
Седам наспроти него попладнево и го гледам седнат со скрстени нозе, муабетиме и погледнува де во мене, де во телевизорот. Се трудам да го врежам во меморија моментот, неховото лице, глас, движења. Дедо бе, немој и ти да си одиш! Јас уште баба не ја преболев а сега и ти полека му се измолкнуваш на животот.
Кога ти се јаде благо, ама така почесто ти се приапнува. А имаш длабоки уверења колку шеќерот и глутенот дебелеат, длабоко во потсвеста . И кршиш една коцка чоколадо, малку мед додаваш павлака и ја правиш маската од @Biodevojka . Таман како удавена сум во чоколадо , шо ќе ми е да го јадам .
Овој газдава некако се смири деновиве, незнам зошто ама нее нешто како што треба да биде, да избувнува и се тоа.. Дане е болен Незнам..не делува така. Денес ке одел негде и на смирен начин ни кажуваше што да сработиме за денес пошо имал нешто важно па да го завршиме преку ред нештото.. Ни кажа се што требаше и последно што кажа беше.. "...и да, вадете ги етикетите од новата облека..." и замина. Тоа важеше за мене Е ја заборајв де, не сум ја видела шо да прам. Ама и овој па се да е на место сакат Добро..ја исеков после, ама после
Планирам да менувам фризура, онака мераклиски да се пицнам како Жена и да се освежам од периодот со нова промена и самоувереност во себе, да се завртам едно 3 4 5 10 пати на огледало и да се насмејам онака задоволно од срце. Жената не е жена ако не посегне бар еднаш годишно на фризер со конкретна промена и вистински преокрет. Чуството сепак е онака од срце задоволено. Дојдов и наздравив онака од срце, не, немав посебна причина, освен онаа убавина на животот во себе.. Пријатна вечер дами и практикувајте да правете промени на себе, да се погледната во огледало и од срце да наздравите!
Ми се допаѓа, многу, најмногу! Сакам конечно да се сретнеме во живо и да го гушнам и да го погледнам и да поминам време со него. А се плашам од анксиозноста, да не бидам чудна и некоја глупост да направам пред него. Гајле ми е што е доста помал. Срце е, најголемо. Ќе соберам ли храброст? Ај да соберам веќе еднаш.......
Ахахаххаха драга Џинџер ме изнасмеа вака пред спиење. Мислам дека ова е единствениот начин да се удавиме во чоколадо без последици за линијата!!! Поздрав драга и на здравје третманчето!!! п.с. јас вчера ја направив заедно со пилингот на пареа!!!