19.10.2002 година. Точно 13 години поминаа. Овој датум засекогаш ќе остане врежан со нас до век и векови. Точно 13 години поминати без тебе братучед. Тогаш тој проклет ден, те видов за последен пат...камо да знаев Тe убија, ти ја скратија младоста, животот цел беше пред тебе, само што почнуваше да чекориш кон иднината Секогаш ќе го помнам тој ден, како вчера да беше кога те видов и сите убави моменти со тебе поминати. Вечна ти слава ангелу наш !!!
Наполнив 25 години пред некоја минута и сеа ми текнува дека некој ден се видов со цимерот од 2010 и си праиме муабет леле ама лета времето. И ми вика некако неаме многу постигнато за 25 години Сеа кога размислувам така е, али ај годинава нека биде почеток на оставарување на замислите од 2010, кои морам да призннаам беа малку нереални
Не сум се уклучила од сабајле и бум 48 нотификации имав. Понеделник ми е преполн со обврски. Не стигнав ни да каснам. На четири кифлички и две кафенца бев до пред пола саат. Така ми се спие, мислам ќе се онесвестам од умор, а треба да цртам за утре. Ммм, fun, fun Добра ноќ!
Ќе бидеме среќни денот кога ќе престанеме да се замараме со мислењето на другите, бидејќи животот е наш, а не на другите.
Сум човек што реагира премногу бурно и инстинктивно. Многу работи ги правам непромислено и неочекувано. Многу зборови знам да кажам што не ги мислам. Можда и затоа правам многу грешки во животов, ама јебеш га, контрола немам. Aj можеби ќе ми дојде некогаш ак’л.
За сите невозвратени љубови што сме ги имале или имаме, не треба да жалиме. Баш е убаво, некој јасно да ни покаже дека не не сака во животот . Не му требаме. Ни прави услуга во секој случај. Зошто ни е ? Зарем ние толку не се сакаме па за да бидеме со некој што нас не не сака? Можеме да бидеме со некој кој е луд за нас
Умирам за спиење и дремам сеуште. Нека ми објасни некој зошто.. И сабајле ќе се мавам од ѕидови и ќе трчам низ дома како споулавена. Не сум ништо спремна, ни облека, ни чанта, ме мрзи! Ќе биде сабајле. Ќе трчаш Јанг по автобуси, дреми сега! Добра ноќ!
Живеејки или правејки нештo во животот за што немаме желба односно зашто мораме, исходот од тоа се нарекува стрес, додека пак живеејки за нешто што го правиме од љубов и уживаме во него се вика ПАСИЈА.
Сакам да ве прашам вас кои сте млади брачни парови или луѓе кои живеат сами од скоро или па со години, добро бе како не ви е глупо да се шетате со тенџериња храна од кај вашите? Толку сте неспособни за живот? Не е срамота да знаете да готвите, туку значи дека сте организирани, свесни, структирирани млади луѓе кои знаат да уживаат во животот... Па уште и ако уште немате деца... и муабетот - немаме време... Извини, ти спасувач на светот, втор најбитен човек во универзумов. Важи и за мажи и за жени... ама жени особено ме зачудуваат. Ако одиме праисториски, па побогу вие никад не би биле оплодени и би биле уништени по сите закони на природата. Ќе бидете оценети како неспособни да се грижите за младите и оп каменот по глава. Среќа па сме современ свет, па се спасувате уз некои убедувања - јас не сакам да бидам домаќинка, јас сакам кариера (во банка, на шалтер, ако дозволи милостивиот може и во друг сектор, во осигурителна компанија, брокер... кариера викаш?). Јебала те кариера, знаеш кој атрибут за успешност го имаш и таму? 0! Се плашеле да бидат домаќинки... еве не знам до кај ги превртев очиве... страшно, ужасно... Домаќинка е состојба на ум, а современа жена е способна жена за се, истото важи и за мажот кој не се однесува ко стопан со жено дај чаша вода. Некој ќе рече - ама јас не сакам да готвам. Кажи ми лепото, со што го пополнуваш инаку времето? Се надевам дека конструираш ракета и ја проучуваш црната материја. И ајде не сакај да готвиш, ама моментот - еве мајка ми ќе дојде утре да ни исчисти... плус и не сум по чистењето. Не сестро, не дека не си по готвењето и чистењето, ти си мрзлива и неспособна... па особено неспособна да се мотивира и да најде убавина во секој сегмент во живеењето. Да ти погодам, после 5 години заедничко живеење нема да бидеш ни по сексот...
Знаеш дека некој ги исцрпил сите аргументи што ги имал, во моментот кога почнува со лични навреди. Тука прекинувам дискусија, зашто не можам да дебатирам со луѓе што веќе не знаат што да кажат, па ќе ми кажуваат каква сум јас, или какви се другите. И не знам како да им објаснам, ама таквиот потег не значи подвиткување опашка. Едноставно не вреди да трошиш зборови за луѓе што не знаат цивилизирано да разговараат кога некој не го дели нивното мислење.
Ќар од провокации нема. А да си легнете? Еве и јас време е. Период на Пмс владее на форумов. Јас викам дојдете душмани ќе пиеме,ќе јадеме. Нема со гладна душа да си одите. Сарказам,е да ве оставам така. Срам да ми е. Ај добра ноќ по втор пат.
Мачорот ми пропаднал кај комшијата во гаража Сега ќе плачам со него а во 6 кога комшијата иде на работа, ќе го скршам од мавање. Глупчо еден.
И да се надоврзам, мачорот е спасен благодарение на моите браварски способности Сега не знае каде побрзо да легне на кревет, не знае дали да преде или срце да го стрефи
Не Среќа цел комшилук исти брави купува (катанци читај, ефтини), па се погоди еден од клучевите што ги имам по дома да одговара И него му е мило, не знае кај е од возбуда, којзнае кога се заглавил а јас во 2 си дојдов дома