Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Се, се случува со причина обично овие зборови постојано ми одѕвонуваат во глава кога животот ќе ми лупне некој неочекуван шамар...
     
    На ColoursOfTheRainbow, Barbie20, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во средно во класот имавме еден тефтер со дебели корици, во кој ги запишувавме сите интересни случки и гафови. Беше доволно голем за секој ученик во класот и секој професор кој ни предаваше да си има свој профил на посебна страна. Со слика :!: Тефтерот беше во сопственост на другарка ми и секој ден го носеше во школо. На крајот од четврта година, беше испишан со многу интересни случки.
    Некои од нив ги памтиме, ама голем дел од нив сме заборавиле. Па кога седнавме пред некое време на кафе, го отворивме и целиот го прочитавме. Смеење до солзи! :rofl: Со четири другарки редовно сум во контакт, иако патиштата нé одведоа на сосема различни страни.

    Годините во средно ми беа многу убави - пријателството беше поинакво, грижите помали, а слободното време поголемо. Затоа ми е чудно кога ќе прочитам статии со наслов: How to survive high school.
    Како да ги преживеете годините поминати во средно?! Јас ќе напишам статија како да ги изживеете тие години што не се враќаат. Жал ми е кога ќе видам колку млади ликови на форумов своето внимание го насочуваат на тотално небитни работи. Средно е време кога вашата енергија треба да ја насочувате во пронаоѓање на себеси преку најразлични активности. Времето ви дозволува да се пробате себеси во сé што ќе ви дојде на памет, за на крајот да го најдете она во кое може да се видите себе во иднина.
    Само така утре од средношколските клупи ќе излезете како изградени личности.
     
    На Ariel, richgirl998, ilipili и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    [​IMG]
    This was all i was about to say...
     
    На lana.del-rey, LittlePinky, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Кој би рекол дека кон крајот на денов ќе се чувстувам ужасно.Ахх бее посакував да не се нервирам воопшто за него,но ај да те видам сакај го и биди сталожена.Ќе ме умре некој ден најискрено,да знаете за што се работи би ми рекле да се не грижам,но јас ќе пукнм од нервоза и ми потекува по некоја солзичка.Ама јас сама си дозволив некои работи,сама се зафркнав.Наместо цело време да зборувам и да не попуштам,јас го направив и упорно го правам спротивното.Господе,помогни ми аман веќе. :envy: :@
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Утре ќе имаме натпревар, кошарка.
    И поголемите, средношколките (некои се и четврта средно) ќе играат, па ние малите најверојатно ќе се менуваме. Значи, ќе грееме клупи.
    Мали сме, ќе дојде и нашето време. :angel:
    Дресот со број 13 си го чувам за инает. За да докажам дека не е баксузен број.

    А денес си напишав состав за писмена. Задоволна сум. Баш добро излезе.
    Е сега, стилските фигури не се „летна како петерутка“, туку „скокна како шугава мачка во канта“. Се надевам, не е проблем. :wasntme:

    Сите имаме ниски страсти, па и јас. Мојата е анализирање на нечија ретардираност.
    На пример, мислејќи на глупиот братко на карате, дојдов до заклучок дека прави звуци како чајник на рингла, и тоа скокајќи.
    Знам, се занимавам со глупости, но тоа е тоа.
     
    На Papillon.Papi и BlackMistery им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Денеска бев во град, па на ручек кај баба. :)
    Што ти значеле 4кг минус, одма си најдов повеќе работи и сега гледам се приметува да ослабена сум. :)
    Инаку сите раздвижени, кои купуваат кои шетаат, се раззеленило, сонцето прави чуда. :sun:
    Сакам да доживеам љубов како на баба ми и дедо ми. :)
    Спомнав погоре, денеска бев кај нив на ручек, па дедо ми што ли му текна вика јас сакам да умрам пред баба ви, не би можел да гледам како умира. ;( А баба ми вика и јас не би можела тебе да те гледам како умираш. :( Од мали нозе се знаат биле најдобри другари, па на 24 години стапиле во брак, тие се неразделни цел живот. Веќе 50+ години се во брак и секогаш секаде заедно одат. [​IMG]
    Ама стари се веќе 75+, си викам само, нека ги поживее Господ уште 10 години барем да видат како дипломирам, они секогаш ме поттикнуваа да учам и да станам некој, па би им било многу драго да видат како дипломирам. За месец дена ќе станат и прабаба и прадедо, ќерката на тета е бремена 8ми месец и јас едвај чекам да го видам тоа слатко мало бебуле, кое што како слушнав ќе било девојче, уствари не е битно што е битно да е живо и здраво. :) [​IMG]
    И така денеска сум многу распложена, распеана и разиграна. [​IMG] :dance:
     
    На ColoursOfTheRainbow, Barbie20, Papillon.Papi и 5 други им се допаѓа ова.
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Да се бориш?
    За кого? За што?
    За некој кој не прави ни еден чекор кон тебе?
    Не.....Немој. :)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.718
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден денеска :)
    А јас не сум тажна.И не се грижам за утре.Го фрлаш погледот каде сакаш а тој не запира.Само ги милува зумбулите,нарцисите,небото и сонцето.И расцетаното дрво на улицата.
    Колку убав ден.Ме викаат и патиштата и небото.Ми се тоне во таа убавина.Ме вика оваа рана пролет да ја вдахнам и да бидам се уште жива.
    И не се грижам за ништо,ниту за сите проблеми кои ме гушат.
    Денеска е така убав ден.
    Сакам да бидам дел од тој свет кој забрзано се движи и кој цвета.Си велам ....... излези од замката која ја направи за себе и самата се улови во неа.
    Повлеченоста е добра само додека ви одговара.После станува најомразена навика која може да ја имате.
    Чекам и чекајќи поминувам.
    Живот и коментарот на симпатичната бабичка-комшивка.
    -Леле ќерко баш фино си се пополнила.
    Сепак убав ден!
     
    На ozbilnazena, Hipster, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Сите се стремиме кон тоа да сме поинакви, единствени, да се издвојуваме од толпата...
    Ама понекогаш е убаво чувството кога ќе се претопиш во толпата, кога ќе сфатиш дека не си уникат, дека твоите проблеми и маки не се најголеми и едноставно можеш да се изгубиш во морето од сличности и слободно да дишеш.
     
    На ilipili, ozbilnazena, Marossa и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Прееска прочитав на фејсбук... :)

    Еднаш, човекот кој го сакав, ми даде кутија полна со мрак.
    Дури по многу години, сфатив дека и тоа е подарок.

    А јас не можам да се препознаам од пред одреден период, благодарна сум што не ми требаа години да го сфатам тоа. Си го отворив моето подароче, и оп, мракот излезе, за сега да остане една кутија која ја кренав, како убав спомен кој ќе фати прашина по некој период. :) Нервози има, о колку многу и тоа, да ги ринеш со лопата како лајна од штала, и да ги фрлаш во едно купче, и така да направиш барем десет купчиња. Ама имаш избор, секогаш има избор, имам и јас сега, и избирам да не ме заболе таквојата. :D

    Седам, се смеам, и чекам судбината да ми се насмее мене. :D
     
    На LaraSolare, ilipili, Libera и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.448
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден зборував дека сакам нови цвеќиња,свежи бои да си ги подредам како јас што сакам да си ја уредам терасата за ваквите денови како денешниот,за уживање на сонцето и релаксација.
    Мамичка ме израдува денес,ми донесе 20 саксиички со цвеќиња и тоа од тие што ги сакам - циклама.
    Бели,виолетови,розеви,црвени,бордо... какви природни бои :o се радував како мало дете .
    И се фатив на работа :lol: Средив се по мој вкус колку само свежина дава едно цвеќе а не па 20 ... аау абе убавинаа,си ја наместив масичката столчиња,си седнав и уживав,се смешкав сама задоволна :lol:

    Се ми е океј да,еве мама и малите желби ми ги исполнува,со сестра ми фала богу не сум се скарала во скоро време :D тато добар е комуницираме некако во добри односи сме,исполнета сум и среќна од нивна страна,но ОН ми недостига,да љубениот мој ...
    Бројам денови и како мало дете се радувам кога си ја пакувам торбата за кај него,дајбоже деновите да ми минат брзо за среќата да ми биде целосна да уживаме заедно еден покрај друг,се надевам дека во скоро време ќе ја донесам конечната одлука и веќе нема да се измачуваме и двајцата да висиме по автобуси и возови :tmi: се чека мој одговор но,ајде бее има време шо,колку сакам толку и несакам,неодлучна сум |(

    Ааа и оваа сакам да кажам дека ми недостигаат времињата кога со душа чекав да дојде викенд да е спремам еееј по 3-4 саата сум се спремала шминка,фризура,па шо ќе носам ... па дремење на телефон со другарки договарање,па некое винце пред диско ,абе дискоо беее имаше диско а сеа шо ... катастрофа.Се знаеше се и се си имаше убавина,се чекаше петок и сабота за излегување а сега секоја вечер-глупости. Не не сум од некоја постара генерација но пред 4-5 години беше се поубаво од денешната ситуација.Дали е до денешниве деца или до шо е незнам,абе и тогаш имаше уфилмани фаци бе и тогаш имаше фраери ама сеа па само ''фраери'' на секаде ,еее така неможе тоа мене не ми е убаво :D На 22 години да не ти се излегува ,ами на 32 шо ќе праам :?: Ај тогаш па деца маж оваа она друг филм ќе сум тогаш :D

    И ако продолжам да пишувам уште нема да има крај така да најдобро е да престанам,и не се жалам шо убаво ми е и на Фемина отколку со ''фраери'' да бидам опкружена [​IMG]

    Имајте убав викенд сите ,ве љубам најсилно [​IMG]
    Еве ќе ве поздравам и со една циклама [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Marossa, vinozito1, LittlePinky и 12 други им се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Само мене ли не ми се допаѓаат тексас кошуливе :lol: Кога читам по форумов, сите бараат, си купуваат, комбинираат, а јас не ги сакам воопшто, единствена ли сум ? :D Инаку Викторија што коментираше погоре за излегувањето.. искрено и јас последниве 2 години некако немам воопшто мерак да излезам, цело време е тоа исто |( поубаво ми е дома или некаде на раат да си седнам 8)
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.312
    Пол:
    Женски
    Не не си единствена. Ни мене не ми се допаѓаат воопшто. :emo:
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу интересни работи ми се случуваат во животов...
    Промени милион, како да ги побарав со постот тука пред скоро еден месец... Ама ако не се жалам.
    Магистрирањето се ближи, јас бавно ама сигурно го учам последниот испит! Среќата за ова не може да биде поголема. Ќе магистрирам наскоро, а со тоа ќе си ја исполнам и најголемата моја желба. :dance:

    Со него, како во бајките! :l:
    Во последниов период многу често ми беа поставувани прашања од типот како сме ја одржувале врскава на далечина бла-бла...а јас? Јас им се чудам на плиткоста на нивните мозоци и не можам никако да сфатам како некои својата врска ја одржуваат со секојдневен секс, секс за доручек, за ручек, секс за вечера...и како ти после во врската? Супееер!- Мислиш супер ти е сексуалниот живот, сексот е редовен, а за другото има време! Сексот им ги решава сите проблеми и недоразбирања во врската...
    Е неее, јас и мојов не функционираме така. Барем не сме функционирале досега така. Минатата недела имавме прилика да се видиме на 5 минути и луѓе, не можам да ви опишам која среќа беше тоа... обострана! Се изнагушкавме и секој по својот пат, до наредниот викенд. Планови нижиме, ама се‘ по ред, има време за поголеми чекори, кои потајно и двајцата ги посакуваме и често ги спомнуваме.

    Нека се редат коцките, а јас во меѓувреме ќе уживам зошто сметам дека заслужив.


    :*
     
    На ilipili, LaraSolare, mimiiiii и 31 други им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ноќта ја засакав.
    Го засакав мракот.
    Како мала се плашев од мрак, сега го сакам.
    Сакам да седам сама, да размислувам и да си решавам проблеми во глава. Во мрак.
    Во мракот не се гледа ништо.
    Несовршеностите се помали, проблемите изгледаат помали.
    Не може да го видиш, не може да го почувствуваш,
    не може да го слушнеш, не можеш да го помирисаш,
    се крие позади ѕвездите.
    Ја пополнува празнината во душата.
    Со само една свеќа се уништува мракот, со свеќата на животот.
    Сакајте го мракот, ако не беше тој ѕвездите немаше да сјаат.

    Добра ноќ. Слатки сништа, во темнина.
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Значи незнам што ги интересира и што ги боли што правам јас.
    Идам денес во кафич со кучето и две пријатлки,и најнормално пошо е топло времево си земам со мене шишенце вода за кучето,да не им пие од фонтана,оти гнас им било,не дека ми забележал некој,ама забележувам какви погледи ми праќаат заради тоа што пие од фонтаната вода,па ајде шишенце земав.
    И откако седнавме му давам од шише,не од чаша,не од рака,од шише му дадов да пие и забележав какви рекации имаше од соседната маса.
    Ова го правев под масата каде што беше и си лежеше мирно,не да застанам на сред плоштад та да им се згади,подискретно му дадов малку вода,и забележав мрчење,цуцкање и осудувачки погледи зошо му дадов вода од шише.
    Побогу што да правам?Не смее да пие?Многу се заморува и бргу ожеднува,му дадов специјално за него вода во шише на дискретен начин и уште се поткреваат да видат што правам.
    Човеку,ако ти е грозно да гледаш,не гледај сврти си ја главата никој не ти зема твое шише вода,никој не ти застана пред тебе за да мораш да гледаш.
    Неможам да сфатам,никако неможам да разберам зошто мора да осудуваат,се хранат со тоа ли,незнам...
     
    На LittlePinky, Sexybaby86, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Сакам да кажам дека се чувствувам тотално бескорисно!
    Ништо не направив денес освен што го мрднав гзот од кревет на биро.
    Среќа малку подоцна ја зачистив собава, па се размрдав.
    Многу сум станала мрза преку викенд. Повеќе имам желба за работа и учење преку недела кога сум на факс отколку сега. Страшно нешто.
    И ми се пие кафе! Треба да си купам од она без кофеин, па така со мирна душа да си пијам во доцните часови.

    [​IMG]
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    9.141
    Пол:
    Женски
    Кога само би знаела дека се е однапред запишано,зацртано,одредено.Да не се грижам,да не се трудам залудно,да не тонам во длабоки мисли кои ништо не ми откриваат.Кога ќе сватиш дека си дел од се што постои,делче од универзумот.Човека љубопитност или немир?Kој е одговорот незнам.Тишина...таа ќе изговори се со својот нечуен звук,но тој постои .И времето е една чудна работа која плови некаде,и нас не води напред-назад.Велат судбина или избор?Ни едното ни другото,додека крвавото срце ги обележува своите траги.Боли,но повеќе боли неизвесноста.Љубовта-менува облици но никогаш не згаснува.
    По нови патеки,со истото рането срце,чекорам .Компас немам ,имам само спомени и надежи.Преубави сеќавања ,преубави случки врежани во потсвеста.
    Има само една вистина -живот,кој ни носи бои од емоции
     
    На julie77, vinozito1, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Ми се удвараат ко у градинка. Ама баш исто. Следен чекор е да ме праша, сакаш да ми бидеш девојка? и да ме фати за рака и да бидете ете дечко и девојка.
    А јас реагирам исто така како да сум во градинка.
    Ај ако може некој да дојде и да ми пукне една да се освестам, добро?
    Ама слатко е онака, смешно е... ако опишам премногу, се плашам некој бил сведок. Премногу луѓе наоколу, кои посматрале...и се смееле. Двајца, возрасни, седат еден до друг и си делат бомбончиња и седнуваат се поблиску и поблиску до себе и се кезат... и толку. Се чувствувам како да се смалив, се чувствувам како да го разбудив детето во себе кое неуморно бара по интересно, добро, сигурно, пријатно и пријателски. Дете што сака да се гушка, некогаш бара да биде заштитено и секогаш црта сонца.
    Што ли е ова веќееее гад дем ит?!

    Чудно е се. Ова е веќе излегување од комфорна зона до максимум и одиш со сета сила напред, бараш каде јако ќе забиеш. И некако не сакам да се вратам во зоната на удобство.
    Не го сакав она - дипломирај, најди си работичка, било каква, битно со факултет, не е важно дали тоа што ќе го работиш го сакаш, битно е да ти биде по струка ( и биди закоравен МЕНАЏЕР НА НЕШТО-НЕШТО зошто тоа е важно и биди труп за тоа што си ти навистина зад сето тоа), па најди си дечко, омажи се, имај деца и задоволи го целото семејство. Или све тоа, плус ОТИДИ У СТРАНСТВО ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕ.
    Епа првата заработувачка баш од странство, сработени од тука, ми легнаа на сметка и договорот падна на три години! Молим лепо! Убаво ми е зошто ни на крај памет не ми беше дека љубовта кон одредена работа ќе ми го даде и ова добро покрај се! Почнав зошто сакав, го работев зошто сакав, бев заљубена во истото и дишев со истото ИАКО мислев и требаше да биде за смешен минимум или па и ич. Верував и сакав, ова бонусов дојде изненада, но како кец на десетка и како добра лекција за не дај боже станам како оние луѓе кои гледаат се низ призма на пари, мерат во пари, се жалат за пари, со пари купуваат скапи работи за ситна душа.
    Живеј во изобилство, ќе имаш изобилство. Љубов, пријатели, патување, пари...ма што сакаш!!!
    Приетно!

    Соништа се остваруваат. А и го знам рецептот за сигурно остварување. И светот одеднаш е забавен и фин.
    Научив да се исплачам,па да се изнасмеам. Анд ит филс соу гуд!!!
     
    На mimiiiii, Ariel, Trnche и 9 други им се допаѓа ова.
  20. SunshineYo

    SunshineYo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Во последно време сум многу напната.. Ужас! Избувнувам на моменти, незнам што зборувам, се губам... Сакам да дојде лето, да се стопли, да заврши школскава година аман |( Утре треба да учам, а па ќе научам нешто... пфф глупости... Само нервози и нервози и нервози...
     
    На Coco-Chanel и OneHeart им се допаѓа ова.