Има неколку возрасни граници кај секој човек по што карактерот и размислувањето се менуваат без личноста да забележи. Најинтересна ми е онаа фаза по 25-та, а особено по 30-та година кога од млади се претвараме во возрасни и сите оние нешта кои до вчера ни биле секојдневие во кое уживаме, сега ги презираме. „Брат, шо е со децава денешни, у мое време каде бе вака...“ - од некоја чудна причина ниту еден човек не може да прифати дека времињата оделе и ќе одат напред, а децата биле и ќе бидат деца. Дали се со смартфони, гитари или изврзани камења за даски како инструменти кои во вашето време ги немало, пак се истите деца со истото однесување. Get over it, не живеат децата погрешно, само се деца во поинакво време од вашето. И втората моја омилена работа се вика „Станав тетка/се верив/се омажив“ - тоа се тие животни достигнувања кои на ФБ собираат 500 лајкови и 200 коментари „cestitkiiii <3“. Од некоја исто толку чудна причина, врвот на интересот на познаниците со кои не си се видел долго време, а имаш +30 години е дали си се оженил, па трачот кој го направил тоа и „Ехееее, па Елена више второ роди, ти не знаеше?“ Who the fuck is Elena? За тоа време моите постови за црни дупки, теории за wormholes и змаеви што чинат добри дела за човештвото добиваат по некој лајк и сракастичен коментар од типот „abe odi deca praj ne teraj filozofii“. И кога сме на муабетот за правење деца пред терање филозофии, морам да признаам дека за мене, „терањето филозофии“ е на исто душевно и физичко рамниште со чинот на правење деца. Она седнување на маса со пиво и еден или двајца соговорници кои сакаат подлабок муабет од временска прогноза, размена на ставови, спротиставување на идеи, па дури и бесцелни и беспредметни препирки околу материјалистички и идеалистички сфаќања на нештата ме исполнуваат, ме радуваат, ме движат напред и ме тераат да мислам дека мојата цел на земјата не е да склопам некое дете и да умрам. Секој има уживање и никој не би сакал да биде осуден за тоа. Колку и да е различно од нашето сфаќање за поимот „уживање“, мислам дека секој треба да има право да го практикува она кое го сака. Бесцелни филозофии за црни дупки, федерфуфни за Голф или кој станал тетка... секој со своето.
Не ми се верува колку неблагодарни луѓе постојат а само што помислив дека сум запознала искрена личност со која би можела да имам искрено другарување во секоја смисла. Но не и овој пат сум се прелажала како и секогаш. Очигледно грешката е во мене што секогаш ја гледам добрата страна на личноста! Дури сега сфаќам дека има вистина во онаа изрека дека луѓето те ценат толку колку што имаат корист од тебе! И да сите оние што се фини спрема мене додека им требам ме гледаат само како информатор, база на податоци и знаење а ја будала сакајќи секого да помогнам дозволувам да ме искористат и нормално на крај да те шутнат или евентуално да те држат во игра до следната помош кога ќе им затребаш! Можеби навистина треба да се однесуваш спрема секого како ѓубре од човек за да те почитуваат а ако сепак ниту те почитуваат ниту ти се благодарни барем да има причина зошто тоа е така!
Нели и изборот на филм е пат кој го избираме. Frequencies 2007, кој подолго ми го држеше умот во некоја нејаснотија. Станува збор за константна, статична ниска (сама по себе) и висока (сама по себе ) фреквенција. Висока вибрација знаеме значи привлекување на се она што е добро за нас. А ниската, спротивното. Режисерот го прикажува тоа на начин кој многу не е приступачен за нас. Високата фреквенција ја поистоветува со сивулава, монотона, права линија. Без емоции и нови желби. Безживотна. Што беше многу поразлично од претходните мои знаења во врска со тоа. Затоа јас не се согласувам Е вака ќе си го објаснам. Б А Л А Н С Само кога има баланс, има мир=зен=среќа. Само кога клатното ќе се стави во средина,во мирување.... се постигнува баланс. Балансот е онаа најбитна нишка. Оттука доаѓа и онаа вечита тајна за насмевката на Буда. Првата статуетка на Буда, со блага насмевка тотално избалансирана со неговата состојба. Зборувам за онаа Хинду, а не таа кинезите што си ја измислиле со дебел буда кој се кикоти. Мислејќи дека дебелината означува богатство изгледа, а неконтролираното смеење значи среќа. Ете така. Сега одам. Одам да си кажам една од најдобрите мантри и тоа на глас. Подоцна ќе пишувам една семинарска(иам сукња за теснење , си ја викам јас ) Поздрав.
Многу ме нервираат луѓе кои само маани наоѓаат... Ало бре луѓе, огледало имате? По можност некој да измисли огледало за внатрешна убавина, да се видите колку сте грди....
Луѓето не ја сакаат есента.. не затоа што надвор претежно врне, туку затоа што нив им врне у душа. На оние што се среќни не им е битно какво е времето надвор, ниту колку е саат, ниту кој ден е или месец. Пробајте понекогаш да разберете.... Да си мрзелив и да мрзиш не е исто. Топол чај, чебенце, дожд, влажен прозорец и матен поглед во далечина. Лондон може да биде далеку само за оние со кратка имагинација. Само затоа што некои работи не ни се на дофат на рака... не значи дека не можеме да ги имаме. "Everything you can imagine is real." -Pablo Picasso ******** Не е едноставно кога ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот за прв пат. Го прегледав видеово веќе неколку пати и сеуште ми е екстремно симпатично. Кој вели дека желбите не се исполнуваат?
@Yowannty Еве јас не ја сакам есента, ама не ми врне во душата, ниту пак сум несреќна Не ја сакам, сивило, обврски, кал, се наоблекуваш, се наоблекуваш и пак ти е студено. Лето е лето, коктелчиња, сладолед, сите имаат сјај во очите, дури и дождот во летото е посебен
Колку брзо ми помина роденденов луѓе, уште не можам да поверувам дека наполнив 19 години. Демек златна година,ау бау. Али најбитно од се', денот го поминав со тие кои најмногу ми значат. Морам да се пофалам за еден од подобрите поклони кои ги добив, книга од 800 страни. Како да знаеше дека ми фали нешто за читање. Од сите библиотеки во Скопјево, јас се зачленив во најдалечната. И многу ме боли главата, а ми се трча на дождов. Незаменливо чувство ми е тоа. Расеани ми се мисливе денес. Еве да се почастите за роденденов, со мало задоцнување
Почна носот да ми тече, почнувам и да си кивам и да поткашлувам. Ноу, ноу, никако не смеам да де разболам. Имам испити, па колоквиумска, не бива така. Ама организмот си го зема данокот од сејдневното 4 часовно ноќно спиење, од јадење едвај еднаш дневно и исцрпување од сабајле до вечер. Е затоа денес малку ќе одморам, да си ја вратам силата во телото и утре свежа да учам цел ден. А така ми се прават некои крофни или некој чоколаден колач. Ама готвењето ќе мора да почека до недела. Имајте убав остаток од денот. Јас се почнав под ќебе, да загледам некоја серија и да поспијам.
Не ми се седи дома, не ме држи место. Денеска не знам колку пешачев, но сеуште не сум задоволна. Одејќи накај продавницата по цигари, се загледав во Водно. Тивко е, врне и тук-таму се гледа понекое светло. Планината отсекогаш била мој алтар, мое свето место. Овојпат, Водно ме пoвикува, а ноќта е долга и непредвидлива. Којзнае, можеби душите ќе ни се сретнат таму.
Се вљубила... Е па драга моја две сосема различни работи се кога: - Поминеш со него една врела нож,тој утрото грижливо ќе ти ја тргне трошката од кроасанот на образот,ќе ти го забрише креонот,ќе ти каже дека си најдобра и ќе бидете во контакт. - А сосема друго е кога се труди да обезбеди егзистенција,кога сакаш да раскинеш те фати за рамо и ти каже „не оди,животот ми е бесмислен без тебе“ И не,љубовта не е порака од 5 ден,туку нешто што е во заеднички интерес.
Дел 2 Спојлер Не сакам да ги мешам двата коментара, бидејќи се со различна тематика, па смислата ќе им се изгуби. Секојдневно се среќавам со разочарани луѓе. Дал во реалноста, дал виртуелно. Сите се разочарани од некого, што само ми го поткрепува заклучокот дека се дружат / се опкружени со погрешни луѓе. Па добро, кога приметувате дека некој не ви одговара, било психички (или физички), тргнете се од него. Зошто упорно се повредувате себеси давајќи му дел од вашето време и внимание на некој кој не знае да го цени? Убаво ви е? Резултатите покажуваат поинаку. Се додека не се научите првин да се цените себеси, па потоа другите, ќе влечете огромни камења зад вас.
Знам дека некогаш мислам на некои работи за џабе, за џабе мозокот си го малтретирам, а и внатрешниот мир, не можам да заспијам до доцна, обидувајќи се да најдам одговор на толку многу прашања кои ми се вртат низ главата, а длабоко во мене знам дека одговорот лежи во друга личност. Друго знаев дека се повеќе луѓе се само од корист, да ти наштетат гледаат, ако си несреќен, ти ќе бидат среќни на твојата несреќа и знаев дека сега ретко има другарство, сето е озборување и пак корист, а некни се уверив најмногу до сега дека немам другарки, дека сето е само да излезиш на кафе, да појдиш в кафана и да се сликаш да видат сите на фб леле какво другарки сме, а зад грб ти бодат нож. Мачето не ми беше нешто добро, не јадеше, само лежеше, со тажен поглед, толку многу се загрижив, ама сега фала богу е добро, не знам што би правела без него, толку многу си го сакам.
Што значи да си женско? -Секогаш кога ке си нервозен тоа да ти го препишуваат на ПМС. јаоо боже сваштааааа аман
Понекогаш, гледајќи во огледалото и зборувајќи во себе, многу ми помага. Знаете, неможеме да му кажеме се на некого за нас. Треба да зборуваме со себе си, да си помогнеме себе си. Ако не го сториме тоа, ќе ни помогне друг? Да, сигурно.. Бидете самоуверени, бидете среќни, не се замарајте многу што велат другите, уживајте во животот, смеете се често, затоа што на некој баш му е гајле дали сте тажни или слично.
Денес едно извесно време поминав во чекална на една институција. Случајно до мене седна еден дечко на 30тина години. Додека чекавме разврзавме муабет. За 20тина минути ми го раскажа сиот свој живот кој не бил баш како од бајките. Од смртта на мајка му, проблемите со остатокот од семејството, несреќниот љубовен живот. Се отвори толку брзо што добив впечаток како едвај да чека на некој да се истажи. Ми отвори неколку клипчиња покажувајќи ми што работи. Почна да ми зборува за неговите визии за иднината, разврза муабет и за космосот, за нематерија, за почеток на постоењето на светот.На моменти си помислував во ред ли е дечково? Имав чувство како цел ден да го поминав со него, не ми се веруваше дека поминале само дваесетина минути кога го повикаа. И додека го гледав како со забрзан чекор се губи зад вратата, сфатив. Има толку многу луѓе желни за муабет, разговор, дискусија, а немаат со кого. Ценете го семејството, пријателите. Слушајте ги вашите блиски се додека имаат што да ви кажат. Самотијата е најлошото нешто што може да ти се случи. Добро е некогаш да се осамиш, на мир да размислиш, медитираш, ама кога имаш потреба од друштво секогаш да се најде некој крај тебе. Талентот се гради во самотија, ама карактерот во друштво.
Say fuck u Debby, Debby....fuck u Debby, Debby Remember when Ronnie died and you said you wished it was me? Well guess what, I am dead,dead to you as can be
Во моите очи дрскоста никогаш не била и нема да биде позитивна особина, квалитет којшто би требало да предизвика нечија симпатија или восхит. Изговарање зборови кои можат да повредат чувства на некој што не го заслужува тоа, мрчаторско продирање во секакви ситници што ти пречат низ секојдневието и истакнување на истото како најчеста твоја тема на разговор... колку и да е обвиткано со интелигенција и духовитост, кај мене ти е најдобар рецепт да оставиш лош впечаток. И да, како што љубезноста и искрените зборови не значат умилкување, така уште помалку навредата значи објективна критика и кул плескање на вистината во лице коешто треба да биде проследено со пофалби и одобрување. Има разлика, и за почит се оние што знаат да ја препознаат.
A blood-red comet appears in the sky. Имам златна рипка. И не само шо исполнува желби...туку и Comet се вика. И тоа не обична, ами како од Game of Thrones . pretty, but not so realistic.