Незнам за вас но мене времево ми е магија, посебно погледот кон разнобојните лисја и сета фантазија наречена есен. Убаво ми е.. Утринското кафе ми е прекрасно поготово кога го пијам уз раните сончеви зраци. Ќе биде и подобро, но и полошо..
Секогаш кога ќе видам дека си напишал нешто брзам да прочитам Една до две реченици, ама нема утка кај тебе.
Пред точно 3 години, првпат го видов твоето прекрасно лице со очи како сонце сјајни. Од тогаш, до сега, споделуваме различни моменти, среќни, тажни. Никогаш не си ме разочарал. Се прашувам, дали ако не те сретнев пред 3 години, сега би била со некој подобар од тебе? Не. Нека ни е среќна годишнината љубов, уште многу години да славиме.
Денес е роденден на татко ми.Секогаш му правев торта,исто и на мајка ми и на брат ми за роденденот. Но,овојпат нема да можам,овде е малото пингвинче кое не ми дава да одморам ни 5 минутки а камоли да земам торта да направам. Знам дека му недостига тоа,и не само нему,туку и на сите од моето семејство. Секогаш знаев да изненадам со добро парче торта направено со многу љубов и внимание. Како и да е, Нека Ти Е Среќен Родендено Татко !
Ноќеска сум сонувала како пред нос ми украле 500 евра. Станувај сабајлево и си мислам: Леле, добро е што ги немам, па не морам да ги пазам.
Градината во сопствениот двор е декор за душата. Заседете ги саканите цвеќиња и дишете го мирисот на самите себе наместо да чекате да се восхитувате на туѓиот избор од букет цветови. Таму се крие вашата препознатлива индивуалност. Бидете самите на себе најдобрата варијанта од опојни чувства со кои ќе го започнете денот и ќе го живеете ритамот низ сознанието дека тоа сте вие.
Да се пофалам стварно живеам квалитетно.Оваа година дури еднаш отидов на вечера во ресторан. И тоа на свадба. Добро е,лани немав ниедна свадба.
od sabajle po lekari so ednoto,ova doma bebevo nastinato,ke se mrdnam,tolku nezno bebe imam sto sekoj mesec mi e nastinato,se metnalo na mene,i jas kako mala sum bila bolnikava..
Мачката спие, галје си нема. Ако не е Вискас, нема ни да го погледне. Признавам, јас ја разгалив Ама, за краставица душа дава и да и наполниш вода во сад, цел ден ќе си игра Инаку што ќе речев, отсекогаш сум викала и уште еднаш ќе кажам, Бијонсе нема вкус за облекување, едноставно си го нема тоа око за совршено комбинирање.
Доколку имам можност да бирам некоја желба, верувајте ќе изберам секогаш да имам убави и ИСТИ веѓи. Да, со години маки мачам со нив и никако да ги направам исти. Секогаш едната подебела-другата потенка, едната погоре- другата подоле, едната покуса- другата подолга, никогаш исти, никогаш убави. Различни моливчиња им купувам, различни работи ги мачкам пустам, секој ден ги кубам по едно две влакненца и пак не се добри. Доколку видете некое човече со (делумно) средени веѓи а неисчешлана коса, јас сум. Наутро кога одам во вц прво се погледнувам во огледало и си го молам Бога да ми даде живци да ги средам веѓите побрзо. Понекогаш од нив немам време да се нашминам, ама битно први ми се на листата за средување. А искрено под убаво лице јас подразбирам и убави веѓи, а ретко кој ги има. Им љубоморам на оние што се вешти во рацете па си ги цртаат убаво, еве јас не сум толку среќа да ја имам таа моќ. Затоа ќе си шетам со различни веѓи, кој ме сака ќе ми ги сака и нив такви какви што се. Дополнувам: До сега никој ме нема видено со не' нацртани веѓи, само еднаш една ептен блиска другарка ми ги виде и ми се зачуди каква трансформација им правам. Thanks. Ќао.
Родендеееееен! Искрено, не очекував дека ќе биде волку прекрасен овој ден. Можеби затоа што претходните родендени ми беа исто како и секој обичен ден... Ама го тргам тоа настрана сега. Добив честитки од личности кои воопшто не ги очекував. Баш ме израдува тоа. Дури и сабајлево кога станав дома сите ме чекаа за да ме изгушкаат. Сега се враќам, тие чекаат да си дојдам, да ме гушнат прво пред да излезат по нивни работи. Епа си ги сакам! Иииии даааа, најубавиот подарок. Сестра ми ќе си дојде за помалку од еден час. Само една недела ја немам видено, ама премногу ми фали. Едвај чекам да ја изгушкам.
сдк денеска цело време мислам оти е петок а не е уствари утре ќе ми биде исто како петок а среда е среќен ден е нели
Јоу јоу јоу ,, сакам да кажам дека ... 1. Оваа фраза "Сакам да кажам дека" на почеток од секое мое излагање е исто како фразата на политичарите " Почитувани граѓани" 2. Некој сега да ме праша што правиш вака во текот на денот ? Одговорот мој ќе биде "Јадам и планирам што да јадам-16/7" 3. На мојата навика за јадење моите блиски го велат следново. Мајка ми: Ти како скината вреќа си, јас ќе престанам да јадам ми се чини од тоа што на секои 5 минути ме прашуваш што да јадеш. - Татко ми: Абе со тебе и твоето јадење ние ќе банкротираме ... - Сестра ми: Ти освен што вежбаш, јадеш и спиеш ништо друго не правиш. Барем да учеше за тоа време ќе станеше првак на генерација. - Пријателите: Еј, супер ти е тоа бе, одлично чим си имаш навика. -Генерална реакција: Како бе толку јадеш, а види ич не се дебелееш ? Сакам и јас како тебе.. 5. Сега можеби сваќаш а можеби и не дека требаше да напишам "сфаќаш" наместо "сваќаш" 6. "Н" е "П" само со паднат кров .. 7. Зошто паѓаш на иста фора ? Зарем не гледаш дека фали набројуванка со реден број "4" .................. провери ? .. океј, сега одиме понатака.. 8. Сигурно оваа не е 9, али како и да е, последна е .. Поз3З³ ®
Не се нервирај се ќе помине,и јас исто како мала сум била болна секој месец и од малце одма на болница и температура не се симнувала без инекции,но затоа после твоето бебенце ке биде силно.И со мене бело таков случај