Ѕирни во нечија листа на песни и ќе знаеш кои се најдлабоките чувства скриени во душата на таа личност. Секој стих,посебна емоција,спомен,сеќавање...Која од која поинтензивни,само го чекаат моментот кога ќе излезат наеднаш во вид на експлозија.
Сакам да бидам на распуст, како одамна, во средно. И тоа зимски распуст. Стануваш сабајле, ладно е грч, ама радијаторот чури. Надвор дожд, или снег. Си правиш кафенце, седнуваш на компјутер. Или до радијатор, па читаш добра книга. И мачорот си преде, џемперчето топли... Ех, носталгии. Ајде веќе зима нека дојде, душава да ми се растопи....
Со татко ми се расправавме нешто дали акцентските целости да се дел од литературниот јазик. И уз муабет ми вика: - Кога ќе станеш доктор на науки, тогаш да го смениш ова правило. И јас враќам целата: - Не го менувам, убаво е вака, помелодичен е јазикот. - Што? - Што?
Она кога го даваш телефонот на некој за да му покажеш една слика,и почнува да врти низ сите слики.НЕЕЕ!!!
Me bolat godinite shto pominuvaat. Kradat lugje, kradat ubavi migovi, detstvoto ti go kradat... Ne mi se veruva deka go napishav ova Esenta mi sozdava melanholija.
Ништо посебно не сакам да кажам само дека кога го видов ова се убив од смеење ( a не знам ни зашо) !!!!! Некад и јас вака се осеќам . Со љубов, ваша М,
Не се опишува колку ми е мило што го одбрав факултетот кој го сакав. Секое утро се будам со насмевка, станувањето рано не ми претставува проблем. Со мерак си правам доручек, кафе и мислам што ќе облечам. За време на предавањата сум максимално сконцентрирана, без разлика колку долго траат. Професорите веќе ме знаат и по име, активно сум вклучена на секој час и се трудам да извлечам што поголем број на информации. Не ми е проблем материјалот за учење, напротив. Иако не ми се сите предмети подеднакво интересни, учењето ме релаксира и ме инспирира. Книгите ги читам во еден здив, притоа правејќи забелешки што опфаќаат по цели тетратки. Тоа е убавината на избирање смер во кој си заљубена. Факултетот ми е постојан извор на среќа, душава ми е исполнета како никогаш досега
Едно поглавје во животот завршува, започнува друго. Битно е нешто да се случува, и да не биде досадно. битно е во животот да имаш предизвици, да имаш што да им прераскажуваш на своите деца. Јас на пример, ќе им раскажувам каде сум се родила, каде сум живеела, и како сум живеела. Потоа ќе им раскажувам како се преселив во прекрасниот Бар и прекрасниот поглед кој го имав од балконот кога пиев кафе наутро. Како го прошетав целото приморје, и се заљубив во неповторливиот Котор! И колку се љубевме јас и татко им таму. Колку ни беше убав животот таму. Ама стана досаден. Стана живот без предизвик. Некоја рутина. И така, дојдовме во Добој... Да пробаме овде да живееме. Да видиме како е... Во меѓувреме што ќе се случи незнам, незнам ни каде ќе не одведе животот наредно, а ќе не одведе, сигурно. Баш ме интересира на кое место ќе се родат моите деца Well...
Сакам да сум дете и да не мислам на ништо . Да бидам мала и да ми биде неопходна помошта од моите родители.Јас да неможам да донесувам важни одлуки туку тие знаејќи што е најдобро да одлучат како треба да биде.Да спијам без да мислам што ќе биде утре и што во блиска иднина ... Сакам да бидам задоволна од моите одлуки и јас и тој.Заедно да одлучиме но јас искрено се плашам,многу се плашам. Се плашам да не погрешам,да не ми биде премногу тешко ,да не бидам јас виновна заради некоја одлука што излегла од мене ... ...барем малку да бев посилна и побргу да можев да одлучам и решам некои работи
Си одам дома вчера во цели невремиња, ноќе, вее, врне, прст пред око не се гледа и одеднаш слушам машки гласови зад мене. Слушнав јасно и гласно за мене зборуваа, ме коментираа, еј види и го газот, еј види го ова, она....и ај си викам да забрзам малку пошто друг жив човек немаше, и ако им текне нешто на тие да направат...готова бев. Мислам сигурно не беа нормални пошто во цело невреме да одиш по улица и да коментираш девојки, треба тотално да немаш грам мозок. Јас барем од на курс си доаѓав и со причина сум одела по тие ветрови, ама да се акаш по улица тоа време за без врска треба директно во лудница да си се пријавиш... Почнав да одам побрзо, а нив ги слушам се повеќе и повеќе зад мене...беља работа....па тогаш ни кола да помине, ни човек, ништо...Одам брзо, а тие по мене коментираат, кој од кој повулгари работи кажува и тогаш веќе ми пукна филмот, ми дојде преку глава од глупи коментари, како што бев нервозна со чадорот ми леташе на сите страни, лом бев направена се вратам назад, да знаат дека ги слушам и да не ми јадат многу, и кога гледам 3-4 дечишта меѓу кои и братот на другарка ми Готово фацата не можам да му ја заборавам...И намерно се дерам: Ејјјј здраво Тони, ти си? Не те познав, кај одиш по дождов? Кутро дете не знаеше каде да бега побрзо....16/17 год има, значи освен што можат да коментираат по девојки, друго секако не можеле ништо да ми направат, ама ајде на тие години се мислат дека се јаки мажи....почна да дтка, да се брза, зззз здраввво ееевее аај чччаоо.... И ајде не и кажувам ништо на другарка ми....глупа ситуација....или може треба да и кажам за да си го знаат дома што детиште е Инаку сама чувствувам дека крвта ми е слаба, бледа сум, немам енергија баш, губам концентрација, и наместо да одам по доктори сама си се натерав да ја испијам цела тегла таа течноста (сокот) од цвекло Освен што чувствуам киселини низ стомак, досега нема некои промени....
Здраво женски! После толку време се враќам овдека да пишам некоја новост шо се случила во мојот живот. И после скоро 5 години тешка борба со депресијата, паранојата и остали ментални проблеми, сакам, уствари МОРАМ да се пофалам дека конечно ги победив! Не знам како да ви го опишам оваа чуство на среќа, на една слобода, душевна слобода! И конечно после 5 години убаво се осеќам за прв пат! Искрено дури и иде ми се да се гушнам самата себе и да си заплачам од среќа! А веќе и плачам! Толку многу песимистички сум била настроена кон работи шо моментално ме прават среќна и колку многу работи ги правам сега, шо порано сум се плашила дека ќе бидам критикувана. И искрено па и баш не ми е мака шо искусив толку лоши работи на оваа возраст од една причина, научив дека сум била толку многу психички силна личност шо се борев сама со себе цело време, со сите мои стравови и дешавки од минатото, и на крај прославувам ја победата со кригла пиво и паста со топен кашкавал одозгода. А најбитно е шо вистинските пријатели останаа да ме крепат и кога буквално немав никаква воља за живот. Мило ми е шо се селектираа самите. И искрено мислам дека ако сам не си помогнеш на себе си, ниту најдобриот психијатар нема да те извади од било каква ситуација! И уште нешто! Само за две нешта ми е мака. Првото е за тоа шо се замарав премногу за некој нестабилни, ниско интелигентни и ограничени луѓе шо освен да ти го расипат денот и да те озборуват, ништо друго не знаат! И втората шо не си ги извршував на време обврските. Може работите уште од порано ќе беа барем малце поинаку или уште порано ќе бев вака ведра и среќна!
Зошто бе не се родив поглуп, за да не мора да се замарам со некои работи, да си ги прифаќав рамнодушно работите такви како што се а не да се потресувам какви треба да бидат....
Сите вадат пари да ме частат, кој прва плата , кој купил кола.... Ај гратис постришка, ај те частам за енергијата шо ми ја пренесе... Ма не е до тоа, некој треба како феудалец да живее. Мора ли сите да работиме, може за мене треба сите да работат . Шо не е јасно ?
Оди пери, женско си. Оди готви, женско си. Како тоа не сакаш да си домаќинка???? Кој ќе те земи за жена таква??? Не знајш дали сакаш да се мажиш? Земи учи се стара чупа ќе останиш. Преку глава ми е! Преку. Не, не, не. Ова нема вака да оди. Сериозна сум дека ќе го исклучвам секој поединец од животот што ќе ми тепа вакви дискриминирачки муабети кои припаѓаат на 18тиот век. Нема да правам или да не правам работи чисто бидејќи сум се родила како женско- не по своја вина. Има да правам баш се што сакам, и да не правам баш се што не сакам. И најискрено се надевам дека ќе си заминам од овој пекол, во поцивилизирано општество. Фала чао пријатно
Сдк Наминав онака само да кажам дека не ви се криви бе останатите луѓе за вашите падови и разочараности, стравови и комплекси, исфрустрираности и неизживеаности! Еден ден ОЧЕКУВАЊАТА ќе ве убијат!
Има два типа на луѓе: - Паднав на испит! - Немај гајле, види кај си погрешила, нареден пат ќе положиш! - Паднав на испит! - Така е кога не учиш доволно, не ти е виновен некој друг! Имајте убава вечер.
@vitamina , морам да го искоментирам ова за очекувањата. Човечки е да очекуваш онолку колку што даваш, онолку колку ти вложуваш во некој однос, не зошто си направил големо дело, туку кога можеш ти да бидеш човек зошто и некој друг да не биде. Е сега животот не е фер, луѓето не се фер, па се разочаруваш. Некогаш си велам камо ова да го знаев со време, да не ме научеше животот дека секој не е подготвен да направи она што јас би/сум направила за него, па да си преиспитам односи, врски, пријателства. На крајот на денот пак доаѓам до истото сознание, пак исто би постапила зошто таква сум скроена. Само животот ме научил со тек на време разочарувањата да не болат толку. Ова е само надоврзување, не контрирање на твојот став можеби и не ти беше во тој контект постот, само јас се пронајдов кај очекувањата