Прва во селото, ни последна во градот Инаку, СДК не можам ни да замислам колку им е тешко на луѓето со социјалната анксиозност и фобија. Да не можеш нормално да излезеш на улица, до продавница, на кафе. Тоа е тешко. Замисли се дека си ти во истата ситуација. И највеќе ги мразам оние коментари што им ги упатуваат : "Ајде бее тоа ви е се до психата", демек решете си го. А знаат ли писхата колку е заебана работа? Ако е толку лесно, нема да постојат ни самоубиства, ни убиства, ни ништо.
Imam I jas takva komsivka...uzas...A znam deka go ima toa sto go baram na zaem...Ama ne dava,veli nemam,a jas od drugi ke odam da baram ako go nemam nestoto za da I izlezam vo presret...budala.
Конечно се разбудив сама, наспана, без да ме буди аларм. Убаво чувство. Дедо ми уште рано, рано ми го запалил каминот, за да ми е топло и удобно ко ќе станам да учам. Баба ми ми ги направила омилените јадења и со топло, што туку сварено кафе ме чекаше заедно да си го испиеме. Не пиела кафе без мене. Само кога јас сум тука. Душичка моја! ... Убав е животот! Посебно кога си опкружен со луѓето што те сакаат.
Често победував, но и многу паѓав. Си плачев, ама секогаш станував и се тресев од калта. Секогаш се смеев на болката. Изгубив многу, но и многу добив. Некогаш љубев, а не бев љубен. Некогаш повредував без да сакам. Имаше и денови кога сакав само да побегнам од се`, но и онакви кога образите ме болеа од смеа. Низ годините животот ми донесе луѓе кои дојдоа за да останат, но и луѓе кои дојдоа за да ме научат, а потоа да заминат. Научив да му верувам на она неубавото во стомакот, зошто најчесто баш тоа е во право. И научив дека 99% од времето, луѓето не заслужуваат втора шанса. За овие години, научив дека најважно е да бидеш човек. И кога ќе набројам се` останато, останува она омиленото: За овие години научив дека се` што треба е да бидам искрен. А кога нешто не сакам да кажам, да оставам тишината да го каже наместо мене. Животот е слагалица. А среќата и тагата се` дел од него. После се`, за овие години сфатив дека среќата не доаѓа сама. Среќата е избор
За да најдеш мир треба да бидеш спремен да изгубиш конекција со луѓето, местата и работите кои создаваат врева во твојот живот. СДК ... таа фаза ми е. Треба да одморам глава, да оладам, за повторно да дозволам да ми "бучи" главава.
Да е до мене на секоја продавница би ставила натпис : Кога се влегува во продавница се вика добар ден, здраво. Многу се нервирам кога луѓето влегуваат и не го регистрираат вработениот ако се каже здраво нема да ви се одрони бисерот, а и одраз на култура е тоа.
Додека го носиш кафето,ако го гледаш,ако го пазиш нема да го истуриш.Ако не го гледаш,ќе се разлее низ чашата.Така е и со луѓето. Ги чуваш,им посветуваш внимание,им пружаш љубов,тука се,не одат никаде.А штом ги запоставиш,готово,заминаа. Убав ден жени
@starstar Колку и да е тешко, за се има решение. А јас би рекла, најдобро можат да помогнат најблиските. Споделувањето на овој проблем со нив, да ги уведеш и да им кажеш каква е таа состојба како да си во затвор со умот. Полесно да разберат за полесно да помогнат А и форумот е тука
Она кога дознаваш дека егото на бившиот му е толку повредено што ја искористува секоја шанса да збори невистини позади твојот грб Да не спомнувам дека месеци се поминати од раскинувањето. Дај бе пораснете веќе.
Само што слушнав преубава вест Драга пријателка ми се јави да ми каже дека останала бремена Најпрво се израдував што среќната вест ја сподели со мене, тоа премногу ми значи. Од се срце се израдував,се наежив и солзи ми потекоа од среќа затоа што знам колку се бореа за тоа дете што веќе почнува да си расте во неа. И посакав да има лесна бременост и да ужива затоа што и таа и маж и заслужуваат да имаат до себе многу дечиња кои ќе им ги радуваат лицата и ќе им го полнат домот со убавини
Гледам во последно многу се обидуваат да го изгубат својот дечко после полноќ во кафич или ноќен завлезени во филм...Да разјасниме нешто, тоа не ги прави Пепелашки ами ги прави само пијани магарици!! Убав ден !!!
Ја слушам песната на Адел, и на секое нејзино 'Hello, јас си продолжувам со 'is it me you're looking for?'..ех Лајонеле
Знам се, знам дека најголемата желба нема да ми се оствари. Но сепак продолжувам да се борам за неа до последен здив, до исцрпеност, до последната солза. Таква сум. Кај мене нема откажување па дури и по цена самата да се повредам. Најмногу ме боли кога ќе се сетам дека го имав до мене тоа нешто за кое се борам. И не знам како, но ми се лизна од раце. Со тресок кој го скрши и моето срце. Колку и време да помине, памтам се како да беше вчера. искрата во очите кога ме гледаше, сега е само студ. Како стигнавме до тука? Јас сум виновна, иако ми рече да не се обвинувам. Како, кога бев толку наивна? Ми недостасува. Секој ден се надевам дека ќе помине и дека утрото веќе нема да биде толку болно, но се лажам себе, и ги лажам сите дека сум добра, и на лицето ставам лажна насмевка, и добро се маскирам пред околината. Мислат дека сум девојка полна со живот, на која ништо не и фали, баш исто како порано. Но јас сум сенка на самата себе, тоа го гледам и во огледалото, тоа и го чувствувам. Оваа љубов ме исцрпува и ме разболува, а истовремено таа ми е единствената причина заради која се будам. Сакам само уште една шанса, но се плашам дека и тогаш би го направила истото, се плашам дека и тогаш би кажала се, се плашам дека и тогаш очите и гласот ќе ме издадат. Чекам само да се врати и со тоа да ме врати во живот...
В дневна гори камин. Кај брат ми в соба си има греалка.. Јас в соба си имам... Фен. Надувана сум. Со фенот де.
http://www.telma.com.mk/vesti/kadiev-policijata-kazha-deka-anesteziologot-bil-chesto-pijan Јас аритмии добив од настанов. Трагедија... И да си од камен ќе се распостелеш. Каква ли си ти државо? Не е тој крив, крив е тој што го оставал на работа и после претходните грешки...