^^И јас дојдов истото да го пишам. Не е нормално ова бре,здравството ни е излезено комплетно од контрола. На човек да му е страв да се разболи,да му е страв деца да раѓа.Па какви неписмени работат таква благородна работа? А добро,како можат да живеат со себеси вака кога ќе им почине суштество на екот од животот,па и неродено бебе? Доста се неписмени и арогантни,па и несовесни. Жално за сопругот,како ќе и соопшти на ќерката дека мајка и и сестричката веќе ги нема...
The nerdy English language and literature student, vol. не знам кој... ...Она кога во облачно петочно попладне земаш да читаш книга што ти е дел од програмата за на факултет, се задлабочуваш, препрочитуваш и со пенкалце во боја во рака фаќаш и подвлекуваш реченици од дијалози и цитати... не само затоа што ги сметаш за важни делови кои ќе ти се паднат на испит, туку и затоа што се пронаоѓаш во зборовите, ти оставаат mind blowning впечаток и уживаш исто како да си земала да читаш нешто за своја душа во слободно време. Времево е баш погодено за завршување на обврски што со леснотија ги извршуваш, за Шекспир и кафенце под мека прекривка.
Еве јас ,тука сум... Нит радосна ниту тажна. Незнам дали да се радувам што ќе имаме нов член во фамилија или да тагувам на истата ланска приказна со татко ми,на која лекарите предвидуваат тажен крај ,всушност не ни им верувам.И онака испогрешија и сега 2-3различно кажуваат. Јас сум полна со надеж,гледајќи го сега кревкото тело како спие убедена сум дека и ова ќе помине. Душава ми плаче а се смеам секој ден...ех,животе.
пред очиве ми дојде ангел го видов само 2 пати му ги вкусив само 2, 3 пати усните одлета од мене каде да го барам?Господе помогни ми те молам ангелу мој, биди ми тој што ке ме развеселува, заштити биди ми суден душата само тебе би ти ја дала ТЕ САКАМ
Сум приметила дека луѓето најчесто бараа совет тогаш кога се свесни и знаат кое е единственото решение, ама не им се допаѓа, па чекаат другите да им го соопштат.
СДК Чувам разни пораки во сандачево на Фемина, а најстарата датира од 2 декември 2011 Сега ги читав и што да кажам, еден куп времиња ми се вратија низ глава, лелеее
Стојам пред плакар и се мислам пола саат што да облечам, а до пред 1 саат не ми се мрдаше од под ќебе.Имам лош период моментално и со сите сили се трудам да го избркам,иш иш. Немам волја за учење, немам волја за разговор, само би го слушала yiruma и би пиела топло планинско чајче со лимон под јорган.Ама никого не сакам да видам периодов,станав лошка.И да, цело време гледам само љубовни филмчиња и си плачам, ПМСот убаво ме дотепа и покрај ионака лошото расположение кое владее кај мене во моментот. Излегувам вечер со цел да го видам и да ми стане подобро, и во меѓувреме да каснам нешто убаво.Дома немам никаков апетит шта чеш . Сите кои го читате, па и оние кои не го читате ова имајте наајубава, најпијана, најљубовна, најопуштена, најоткачена петочна вечер.
Ти се јаде солено. -> Јадеш солено. Јадеш солено. -> Ти се јаде благо. Јадеш благо. -> Ти се јаде солено. Јадеш солено. -> Ти се јаде благо. И тоа ти се све циклуси. Може комотно да се пише едно програмче ја мислам. Да си врти до бескрај. Како и да е, не ми се јаде многу, ама со оглед на тоа дека оди колоквумска, нормално дека ќе мислиш на јадење и на секакви глупости. Ај... Поздрав, се читаме во некои подобри времиња.
^поздрав Сдк...Постојат глупи,и натприродно глупи луге... Глупи се глупи ама натприродно глупа е само другарка ми. Не познавам поглуп човек. Се кара за глупости. Ми се скара дека таа е негувателка во градинка и бевме ние две на една претстава со нејзиниот клас. Денес бевме на претставата и пред околу 20 мин. ми пишува на вибер : како рекоа дека се викала жената што им даваше ланчиња на децата ? И кажав и на зафрканција и реков : вклучи ги ушите следниот пат таа дрско ми одговори : која си ти да ми кажиш ? Вклучени ми се ушите !!! Ти си никој и ништо !!!! Јас мирно си и одговорив : зарем си 10 годишно дете и мајка ти и татко ти те научиле така ? Ми испрати едно човече : И се исклучи Натприродно глуп човек е тоа ! Е така ! Добра нок драги феминки кои си легнувате !!! Слатки сништа
сакам да кажам дека нема полошо од тоа да си дома после 4 години студирање во друга држава.. ни мојве можат да се навикнат да сум цело време дома ни јас.. носталгија, депресија.. страшно..
Некои луѓе се толку зафатени со оговарање на туѓите животи и проблеми,па почнуваат да ги забораваат своите.
Ми фали место кое би се викало Дома. Ми фалат родители, ми фали сестра ми. Ми фали хармонија, емпатија. Со радост да се будам, да пијам чај со мајка ми, гледам утакмица со татко ми. Да се кикотам пред спиење со сестра ми, толку гласно што ќе лупаат старите у ѕид, ќе лупаат да се уќутиме. Ми фали едно време. И очајот за ведрина, чувството за хемија. Гласот „биди тивка“, погледот „зборувај!“. Кога се чувствуваш како странец во сопствениот град, ти фали место кое би се викало Дома.
Не сум нервoзнa, туку пиздaм кoгa вoжњaтa oд еднa дo другa дестинaцијa јa пoминувaм менувaјќи песни нa рaдиo и ниеднa не ми се пoгoдувa
Наполнив 21 година и уште немам дете?! А чек, уште не сум ни омажена?!!! Ах...црна јас, сега селаните стара мома ке ме наречат. Гајле ми е бичччч!! ПОНОСНО НОСИМ ДЕВОЈАЧКО ПРЕЗИМЕ..!! Ха ха ха... Горда сум што не си го запрепастив животот на начин на кој што тие сакаа - да бидам мажена на 21 и ако уште немав дете да ме носеа по бајачки, оџи, попој... Оу јее је Оу јееее Е така де, порастив -Imam dovoljno godina sa se uozbilim, al me stvarno mrzi trenutno- xD Ке се потрудам околу ова малку повеќе давам збор И да.. Повелете на торта другарчиња
Лелее како бремена жена се исплакав. Ептен ме раснежни, колку убаво, нежно и жално во исто време. Премногу љубов. Шанса да се простиш од некој со кој си минал цел живот, сите убави и лоши работи, милион спомени. И после толку години на ваков начин да си кажете збогум. Прекрасно!
Луѓеееее, знаете што??? Со цел памет, појдов в кафич и среќа најдов место дирек што гледаше накај него и МУ МАВНАВ СО РАКА, го поздравив додека тој свиреше на гитара (имаа настап) и ме виде и ми кимна со главата. Аааа..Јесссс Бетар од децана сум Аааа... Хеппи.. Срцко плав..... Јес....