Денов ми започна убаво, а и така ми заврши. Го знаете она чувство кога некој ќе ви донесе убава вест, која долго време сте ја очекувале, и од радост ви доаѓа да заплачете или во краен случај да се изнавикате колку ве држи глас? Ете така се почувствував. Камен од срце ми падна. Се реши проблем кој долго време вршеше притисок врз мене и поради кој секојдневно се напнував и имав главоболки. Веќе изгубив и надеж. Но, најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекуваме. Ретко го кажувам ова, но СРЕЌНА СУМ. Кога една работа ќе се среди, надежта за работите кои тек од сега треба да се средат уште повеќе се зголемува. А јас, сум станала толку позитивна личност, и верувам дека се` ќе се среди еден ден. Не можам ни да се препознаам. Ниту една негативна работа не допира толку силно до мене, како некогаш. Научив да живеам пред се` за мене и моите, а после за другите.
Пронаоѓањето нови другарки се најдоброто нешто што досега сум го направила,а зачувувањето на старите е најголемата цел што сум ја остварила..........
Се повеќе и повеќе почнувам да мислам дека луѓето се исплашени од самите себеси, од реалноста, нивните чувства. И ајде после некој нека ми каже дека е бестрашен. Аха да. Луѓето се научени да зборуваат за тоа колку е убава љубовта, ама глупости. Љубовта боли. Луѓето мислат дека болката е злобна, опасна.. Па тогаш како, како ќе се соочат со љубовта ако се плашат од чувства. Болката е да не разбуди, да не стави во реалноста. Како еден шамар од животот. И ќе се обидат да ја скријат таа болка, ама бесуспешно. Болката е чувство. Чувствата се дел од тебе. Дел од твојата реланост. Доколку се плашиш од нив, па и ги криеш ќе се уништиш, ќе си ја уништиш реалноста. Треба да застанеш, и да ја почувствуваш болката. It's good in a bad kind of way.
Контранапад ! Значи ми се здосади од луѓе со нивното веќе откриено тајно оружје: контранапад ! Не знае да се извини, не знае да си помолчи, не знае да се промени, не знае да прекини... Не сака да ја признае својата грешка... И по секоја цена почнува со контранапад, целата ситуација така умешно (ама веќе провидно) ќе ја сврти во своја корист за да испадне таа жртвата, невината, добрата... Една личност ме навреди многу со една работа. И дадов до знаење, ама поради својата искомплексираност уживаше повторно да ме навреди. И кога и го плеснав в лице, немаше од неа ни извини, ниту малку срам....туку во очи ме гледа и лаже за да се избави од ситуацијата. Добро бе, нема носот да ти падне, ако бидеш човек еднаш за промена. Доста лазиш како змија по земја и правиш злоба... Нема подобра личност да станиш ако понижуваш некој кој беше до тебе кога сите те напуштија. Стани, исправи се како човек и започни веќе еднаш да се однесуваш како доликува !
Никогаш не научив да премолчам на некое прашање. Настојувам да дадам точен и прецизен одговор, макар и ми го одбиле од глава истиот, по само неколку минути. Не научив да ги пуштам работите. Ако еднаш се воодушевам, запнувам како бик, иако сум изморена. Мислам дека доследноста ме убива. Научив да се продавам. Во смисла, скапо да наплатам и да ги истакнам своите заслуги. Се борам да ги обликувам своите маски, и ми успева. И колку и да не сакам да си признаам, арогантна сум. Никогаш не научив како да ја сокријам острината на погледот. Се научив да го затворам изворот на болка, или барем да престанам да се потсетувам дека постои. Не успеав да пронајдам резерва. А, никако да го потрошам она безрезервното што го имам. Се ми станува досадно. Нема нешто што до крај ќе ме интересира. Никогаш не научив како да си го насочам вниманието, за да остане постојано. Се згрозувам од помислата дека ова е врвот кој можам да го достигнам. И постојано ги барам скалилата над небото. Да живеам во моментот е нешто што никогаш не научив. Моментот е една рамна, безживотна линија, а јас сум убедена дека можам повеќе. Многу повеќе. И да, сеуште не научив да летам...
Си се изнавозив со ролерите овие два дена. Не ги оставив на раат. Ама ако, ми требаше тоа. Обожавам ролери, премногу. Ги возам од мојата шеста година без престан. Сите шо сум си ги сменила, т.е. оние старите ми стојат, си ги чувам, жал ми е да ги фрлам. Мајка ми вели дека само место зафаќале, знам во право е, ама уште ми е жал да ги фрлам. Можеби многу ќе речат голема си за ролери, имаш 21 година, земи прави нешто попаметно, ама гајле ми е. За мене и ова е паметно. Се чувствувам ко децана. Едвај чекам вака да подизгрее сонцево па да излезам и да си се повозам со нив. И така, сега еден туш набрзана па е ланч тајм и за понатаму ќе видиме. Имајте прекрасен ден девојки и искористете го максимално сонцево, дури го има
Откако ја видоа Елен на Оскарите и нејзиното selfie со познатите, нашиве Македончиња научија како се вика кога сам си се сликаш.Не ми е толку страшно дека не знаеле како се вика, туку страшно ми е дека сега откако го научија на секоја слика на Инстагран мора да го пишат, демек се модерни
Денов подосаден ми е. од турскиве серии Ме фати тоа мрзата баш во Недела. Двапати огнот ми изгасна, веќе претерано.. Само крстам нози цел ден. Еве гледам Vikica.cuci се возела ролери, па ми даде мотивација. Сега јас ќе си ги облечам моите и летај по улица.
И јас сум запрепастена, ама еве признавам, не секогаш неделите се досадни.. Преубав ден беше ова, и сеуште ќе биде. Утринското сонце, ме мотивираше да излезам, да дозволам сончевите зраци да допрат до мене, да продираат низ мојата коса, да ме стоплаат. Мрачни ми беа изминатите денови, тмурни, разочарувачки.. Но, денов.. Одамна не сум се чувствувала вака. Исполнета сум, опкружена со мили и драги луѓе. Повеќе не ми ни треба. Нема ништо поубаво од тоа да го поминеш со добро душтво, пиво во рака и прекрасна природа. ** Сакам да кажам дека, денес ни е годишнина со љубениот Драго ми е што покрај себе имам предобра личност, личност која ми нуди безрезервна љубов, која ме разбира, почитува. Личност која пред се ми е пријател, а потоа љубовник Ти благодарам **** што постоиш. Ти си најдоброто нешто што ми се случило. Те сакам!
Се мислев како да го почнам мислењево. Посакав да опишам сè, до најситен детал, како јас тоа ПАДНАВ. На Водно. Само што малку сум уморна, ама ќе се обидам. Горе кога ќе се качите горе кај Милениумскиот Крст, има нели куќарки. Не летниковци, туку три куќарки. Прибидејќи немаше друго место слободно за седење, си седнавме во куќарките. Јас првпат влегов во нив. Се вртам внатре, гледам нема никаде место за седење. Фацката ми беше, како тукушто да сум се помочкала во гаќи. Имаше само едни високи како шанкчиња, со големина колку под пазува. Онака височки. Арно ама, нема ништо, за што да се поткачиш. Треба да земеш залет, да скокнеш и да се качиш. Сите се качија, само јас се врткам ко пувеж у гаќи. - Елена, седни. Пробај. - Не, не. Убаво ми е вака. Како не ми било убаво. Ги извадив ќоровинките :geek: за во случај на опасност, да не ги скршам. И се подготвив за во акција. Рипни, скокни... не бива. Дигни една нога, дигни друга нога, нејќе. Ме фатиле за едната нога, а јас со другата се качам. Аа сигурно, на кукуво лето. Отидоа да бараат камен. Пошто јас нели, многу битна особа сум. Ми бараа камен, да се поткачам. Го довлечкаа некако. Ама многу беше рапав, крив. Море си викам, кај едвај ми го донесоа, јас да ги терам по друг. Ја дигнав едната нога, почна да се клати каменот. Инаку да, се качив! После дваесет и пет минути туркање, рипање, скокање, земање залет. Сите отидоа се прошеткаат, да се проврткаат, само јас си останав во куќичката, за да не ме качуваат после пак. После тоа, да се симнам. Ај си викам, чим се качив, за симнување најлесен проблем. Кооооога... таман пуштив нога, ја слупав во каменот и кога треснав долу... Тренерките, од црни, бели ми станаа. На коленото ми протече крв дури. А најинтересно беше тоа што, откако паднав, си останав да лежам внатре. Они ме дигаат, јас им викам: - А бе остајте ме, да си се посмеам уште малку! Па фала Богу, не се смеев само јас. Десет минути се тресев од прашина. Одвај се исчистив. После тоа они пак се качија, ама јас повеќе не! Како слатко си се изнасмеавме. Дури и најдов јаглен во куќарката, па си се потпишав. Би побарала и гиф, ама немам време. Отидов! Чаоооо.
На баксузот второто име му е Џенифер! Денес беше убав ден, решив да одам со една другарка да се прошетаме. Мислевме каде, каде и ајде ќе одиме на ридот, по карпи ќе се качуваме. :geek: Јаки спортисти шта да ти причам.. Се опремивме, земав вода, земав нешто за јадење, се облековме и мислиш од дома во војска не прајќаа. Да стигнеш до тој рид треба да излезеш од градот прво, а после тоа те очекува една угорница, кога ќе ја видиш за глава да се фатиш. Со офкање, стенкање, пиштење, мачење, плачење ја искачивме таа угорница, живи здрави стигнавме на врвот, таму седнавме да одмориме (читај паднавме/легнавме/умревме). Пред нас се појави ридот, предизвик бр. 2 „искачи го ридот без да паднеш“. Го можам јас тоа. Тргнавме, само што го дадов првиот чекор се лизнав. Го поминавме лесното, сега на ред беа карпите. Моментално се чувствувам како во вајпаут да сум, спикерот. Карпите беа фини, онака карпички за мерак. Почнавме да се качуваме, лесно ни одеше, обрнав и еден камен, да не се урочиме нели. Одевме, одевме, одевме можеби пола час. За мене како цела вечност изгледаше. Ги минавме карпите, се си беше фино лепо. Си слушаме музика, убава природа абе мислиш по небо газевме. Секако Џени д’ босс се измори, мораше пак да седне (легне) и да одмара. Бев многу жедна па испив пола шише вода, а нели вода ако пиеш после тешко ќе ти е. Ама кој почитува правила де. Многу ми беше тешко после, секако, што друго се очекуваше. Не се откажував, другарка ми ми пушти песни да ме мотивираат. Почнавме да се лизгаме, да паѓаме па дури и да се тркаламе веќе. Другарка ми се стркала, лажам јас бев. Ама тревата беше крива, многу се лизгаше. Откога другарка ми виде како се тркалам реши дека го достигнавме крајот и фино лепо ми предложи да си одиме дома. Друг ден ќе искачиме врвот (таа мислеше јас ќе се откажам) Аха, пази. Јас до таму да се качам, па да се откажам, но веј! Ранецот на грб, шишето во рака и продолживме.. Овој пат се појави пред нас едно куче (кучиште огромно ). Јас пребледев, другарка ми пребледе, тревата пребледе, телефонот од страв ми се исклучи, дури и еден ветар почна силно да дува. Да долови моментот де.. Ни требаше некој план, како да поминеме без да не види кучето. Најдобро ќе беше да се откажеме, ама лузерите се откажуваат нели. Тргнавме полека да одиме напред, еден чекор напред, два назад. Кучето не виде, секако. Толкави магарици ќе поминат незабележително, пх. Се вознемири и почна да лае по нас. Ова другарка ми помислила готови сме, ќе умреме. Утре на вести ќе не има.. Јас некако останав смирена, за чудо некое. Инаку вообичаено јас урлам во такви ситуации. Ама адреналиот чуда ми направи. Го викнав куц куц дојди, мирноо мирно . Тоа мило, цуце се смири некако. Дојде до нас, се помилува и си отиде. Се искачивме на врвот, фајнали после некое време. Се чувствував како на месечина да сум се качила, искрено. Иста радост. Прекрасно беше инаку, освен сите тие работи што се случија. Ден за помнење. Инаку се вратив дома и отидов да се туширам и да бројам гребаници. Ги имам 3 на десна нога, 5 на лева. Раката ми е изгребана, челото исто така. Гуд деј.
...и родендените не се тоа што беа.. Јас подразбирав поинаква атмосфера,славење,асален разговор.Бев на роденден каде што имаше деца на мои години. Цело време си седам сама понастрана , а другите сите зберани во круг и сега си седат на фб и ги слушам како даваат коментари од типот: ,,лелеее ти имаш 300+ лајка, а јас 200.Мора да ги покачам.‘‘ или ,,аууу види кој ми дал лајк,гускава што ич не ми оди по кејф.‘‘ Мислам озбилно :geek: ? И нели смислата на родендените беше поинаква до пред некое време, а сега наместо вистинско славење и другарување, до тој степен стигна ? Си дремев 2 часа, искрено ми се приспа и на крај си дојдов дома разочарана. Незнам што да очекувам понатаму повеќе? На секое излегување на фб дремат, каде и да одиш се тој фб го зборуваат, па добро бе до толку ли ви е важен фб -от? лошо, лошо време како бидна работата Спојлер Знам се ,,истурив‘‘ сега но стварно морав да пишам
Какви родители се тие бе шо раѓаат и го оставаат бебето,го носи 9 месеци го раѓа и го фрла т.е го остава на пат,или се изживува во него. Какво срце и душа имаат таквите луѓе,каде им е паметот и совеста,кон што им се насочени мислите Згрозена сум што секојдневно слушам приказни на оваа тема жално е премногу оваа ... Има луѓе што се молат за деца а други пак таквиот благослов не знаат да го почитуваат Каде ќе им оди душата на таквите незнам
Раскинавме.Крај.Не знам кај сум.Не знам што се случува.Не знам повеке ни која сум.Само едно знам.Го изгубив,како не знам,ама знам дека го изгубив.Крај.
Ми се приспа. Кој направи колач зебра? Кој, м, кој? Царица сум. Денес ем нацртав едно цртежче ликовно, во вторник слободна ќе сум. Ама домашно немам напишано, иии да, задачи треба да се решаваат. И јас не знам зошто пишувам, скролајте надолу поарно, глупости само тресам. Си дадов ветување дека активно ќе пишувам во дневникот секој ден, ама ете не можам. Си се оправдувам само со тоа натпреварот, демек немам време. А нема врска, еднаш дури застанав на прозор и (врнеше снег) ќе си одберев една снегулка и ќе ја следев со поглед се дур не падне. Е ајде де. Ми се спие - ми се плаче! Кој ќе пише домашно, амааан. Шмрц. Ај со здравје, поарно да не си го трошам за џабе и ова време(нце) што го имам.